Денес за доручек кафе и бразилски орев. Ручек туна и патлиџани салата ммм, супер ми иде сега за сега слабеењево.
Ариел од мое искуство смени диета ако имаш слаби резултати од оваа јас бев почесто на аткинс од поцетокот симнував многу брзо ама после ептен слабо и бавно па ја сменив со 7дневната терам втора недела имам симнато 5кг за некои си 14 дена си ја модифицирав по мое пр денес имав јајце и парче сирење ам ајас си изпрзив јајца со урда и пиперки пробај смени нешто мора да има реакција
И денов супер ми помина. Туна со патлиџани, кафе, вода многу, 1 парче тиква печена и 5 маслинки за вечера. Издржувам, мора да ослабам.
Сакам да намалам килажа,внимавам што јадам,ама на школо ми е проблемот,неможам да носам овошје и салати во школо нормално.Ми рекоа бејк ролсот,посебно тој од сол,бил за слабеење.Мислите дека би можела да јадам?И да ми предложите нешто друго освен бејк ролс?
Можеш во продавниците за здрава храна или на Зелено Зазарче. Јас земав од Зелен Пазар од продавничката на Био Космос, во последно време се купувам од таму. Еве ти линк од нивната интернет страна можеш за се да си видиш, сурутката им е 160 ден таа со 80% протеин, а обичната е 87 денари за 200грама. http://www.biocosmos.mk/ Инаку на темава дојдов да поставам една слика која Стеф ја има поставено на неговиот рекламен профил за да продискутираме. Мене искрено сликава ми ја уби секоја желба за правење чучеви. Еве нека каже дали ова може да се направи само од правење чучеви со тежини многу нормално или потребни се и „суплименти„ , иако на сите ни е јасно. Ве молам не станувајте вакви и не се палете на ова, претходно девојкава била сто пати позгодна, а сега бутот и е
Мене ми е чудна една работа. Намалив неколку килограми(од 75 на 67),во бутовите намалив,и прстите од рацете ми се ослабени ама стомакот не. Не јадам премногу јаглехидрати(понекогаш- по едно парче леб и толку за два дена ме држи). Пијам течности,зеленчук,овошје задолжително. Вежбам,ама стомачево не се намалува. Помош?
Пробај да не пиеш вода 2 саата по ручек, овошје не јади навечер, само до 4 саат. Пиј лимонада, чај камилица, нане, магдонос.
Едно време ми тргна работата. После тоа стоев во место. Ми тргна пак, ама брзо ми згасна мотивацијата, па почнав да се дебелеам. Сега се решив конечно да ја остварам целта! Од вторникот сум на моја диета. Сеуште нема резултати, рано е за тоа, ама јас важно сум си задоволна уште од старт. Мотивирана до даска! Исто така оваа година сериозно ќе се посветам на каратето.Одамна тренирам, ама последниов период, бев малку неактивна. Планирам асално да вежбам, барем 3 пати неделно да дадам се од себе. Е сега за жал неможам да трчам, надвор е бррр од сабајле. А и страв ми е, нема жива душа надвор. Ама од пролет натаму, кејот е само мој! Ќе си терам јас со моево диетиче и еднаш неделно ќе пишувам тука за резултатите.
Вчера каков зулум направив, денес реков дека не заслужувам ни вода, ама сепак изедов две парчиња тиква и една риба. Долг денот, не се издржува Леле каков период ме чека од четврток до недела - софри и частовки на секој чекор, од јутра до сутра. Како ќе го поднесам и како ќе се одрази врз резултатите не сакам ни да мислам. Ај, да сме живи и здрави.
Божеее, на ништо не личи бутот Не ми се верува дека некој би вежбал со ваква цел. Ми изгледа ко напумпан да и е или евентуално грешка во фотошоп. Еве не знам.. Инаку нека не ти се убива желбата за чучњеви. Јас правам без тежини и сум далеку од ова, за среќа.
Значи нема да ти се направи вакво телото од чучњеви, не се секирај. Јас колку време вежбам и чучњеви и се, а имам природно јаки бутови, па не ми се направиле вакви....За ваков резултат треба и суплементи и тежини и мнооогу храна и мноогу часови во теретана итн, така да немаш гајле
Зека се враќа со нови планови, цели и стремење кон идеално тело какво што одсекогаш сум сонувала! Следните 3 дена планирам да бидам на овошје и зеленчук. Еден вид детоксикација на организамот. Ова не сум го правела порано, ниеднаш. Сега верувам дека многу добро ќе ми дојде. Од овошје располагам со киви, лимон, круши, ананас, мандарини, цитрон. Ке има вкусни овошни салати. Од зеленчук располагам со краставички, цвекло, морков, брокула и домати. Добро ќе ми дојде да ги почистам гревовите од викендот! Малку се опуштив, но не ми е мака, воопшто. Добро е да се опуштиме два пати во месецот. Од четврток после детоксикацијата повторно си направив измени во исхраната. Да додадам малку свежина. Да ги симнам и преостанатите 15 кг (читај за цел ми се 53 кг ), не сум променила ништо во однос на исхраната а не сакам да стагнирам. Значи, во исхрана додавам и овесни снегулки, мусли и корнфлекс за појадок. Млеко ке земам со најниска млечна маст. Вчера во 11 пред полноќ вежбав на степер 35 мин.Утрово вежбав цели 45 мин, на степер. Утре ќе комбинирам и степер и орбитрек. Во среда и орбитрек, степер и тегови. Убаво ја затворив изминатата недела а уште поубаво ја почнав предстојаната недела! Тоа е мојот план за неделава. Мора зека да се доведе до ред. Подолго време ги мислам тие 53 кг. Значи до крајната цел ќе бидам - 57 к. Дополнителна мотивација ми се минусираните 4 цм во бутовите. Прилагодената кожа, воопшто немам висната кожа. Има наде за зеки.. Вчера брат ми за прв пат ми упати еден комплимент, коментар кој ми го стопли срцето и ми даде поголема сила, мотивација да продолжам со својата цел. Убаво е чувството кога најблиските те подржуваат. Е така.
Еве ме и мене во клубов (по не знам кој пат) Седењето дома си го прави своето. Денес веќе си почнав мој режим, т.е. без многу филозофии: леб и благо НЕ. Додека правиме вакви или онакви менија, полесно е вака си скратиш (т.е. ЈХ). Просо, кафеав ориз, гравче, грашак се супер јадења и не сметам дека треба да се отстранат од исхраната, всушност не треба да се прејадуваме и тоа е тоа. Овој пат мотивација ми се хулахопките кои ми се скинаа кај бутките. Премногу ги напнав, а и салцето немаше веќе каде да бега Ич не ми е смешно, ама еве ме фати инат - одиме до крај!
И јас сум тука, не се откажувам Овие денови ќе имам систематски преглед во школо, и ќе Ви напишам колку кг сум Денешно мени: јаболко, банани, јогурт и кафе секако
Ne znam dali jadev mnogu denes Ama Se osekjam podueno mozhno e od kompirot, ispiv mnogu voda isto. denes na menito-doruchek-jabolko I kafe,ruchek-dva sredni kompiri pecheni vo mikro krishka leb I zelka salata,vechera-lupeno jabolko so puter od kikiriki posle vecherata izedov ushte edno jabolko.Ova Se e nekade okolu 900cal ne znam sho me pravi tolku poduena. se izvinuvam za lat od telefon sum.