@d(r)ama Лелее немој со бејк ролсот. Прво девинитивно не е за слабеење, второ воопшто не е здраво. За тие 450-500 калории што ги има во него, ќе се најадеш со нешто поасално, што ќе те држи сита и ќе внесеш повеќе протеини. Тие работи се без врска, буквално. Не гледам некоја причина да не носиш овошје во школо. Јас скоро секогаш носев. Ниту ме исмејуваа нешто, ниту ме гледаа од косо. Ај салати ни јас не би носела, ама едно јаболко, банана, можеш да изедеш. Втора варијанта, можеш понекогаш да носиш, 50г на пример, непечени индиски ореви или бадеми. Вака изгледа мала количина, ама е здраво и + многу заситува. А можеш исто така да јадеш здрави сендвичи. Две тенки интегрални лепчиња, едно јајце, и нешто зеленчук (краставица, патлиџан..) Никој нема да ти гледа што имаш во сендвичот, ако ти е до тоа.
Од следната недела морам нешто да сменам. Прво, да воведам физичка активност, второ - мора да сменам нешто во исхраната, ептен јака стагнација ме има фатено. За месец и пол 2 кг. Сабајле тежев 100 г помалку и се скапав од радување. Мислам, 100 грама, пола чаша вода. 2 кг се надокнадуваат со едно опуштање, а да не зборам колку софри ме чекаат периодов. Цел труд за џабе. Како што може да се види, благо сум разочарана од напредокот
Исто и јас стагнирам со недели дури и малку покачувам а се мачев 3 месеци да ослабнам 5 килца и откако ослабнав некако изгубив волја и дисциплина а и сега со празнициве во право си Ариел не 2кг и повеќе ќе ставам
Дечκи, јас имам една многу лоша навиκа, помагајте κаκо да се одвиκнам. Цел ден моρа нешто да јадам, сабајле јадев ваρен ѓевρеκ, после тоа κаснав едно јаболκо, па месо, па две ваρени јајца, па мандаρина, па два оρеви, и еве сега паκ јадам јаболκо. Се плашам да не внесувам повеќе од 1200 κалоρии.
waterllady па подели си ги оброците на секои 3 саати јади.На пр: во 8ч доручек,11ч ужина,14ч ручек,17ч ужина и 20ч вечера.Пет пати на ден јади и ке бидеш сита
d(r)ama и TheBlueMoon, јас не гледам причина зошто и салата не би носела на училиште. Не, нај озбилно јас додека бев на диета на почетокот почнав само по некое јаболко или портокал да си носам на училиште и сите знаеа дека јас сум на диета, еден школски се мајтапеше со мене, „овде демек на диета, јадиш јаболка и портокали, а дома гнетиш чоколади“ и после не само овошје, туку се почнав да носам на училиште и од тогаш збор не зуцна. Салата од зелка, краставица, морков, цвекло, имам носено овесни снегулки со јогурт и сето тоа убаво спаковано во пластично, плус вилушка, лажица и нож по потреба. Исто така и смуди од овошје во шише. Сите ме имаа видено, сите знаеа дури и професорите, и со тоа добив само пофалби и голема поддршка од соученициите и професорите. Нема врска дека си била на училиште, битна е мотивацијата.
arontt едно од најдобрите мотивирачки постови во последниот период! Инаку, во целост се согласувам со твоето мислење. Кога се сака, се се може. А, нема ништо за страмота, исмејувачки. Баш напротив, за поздрав , бидејќи правиме нешто добро, пред се за нас самите, за нашето здравје. Да си кажам за мене сега. Тридневната детоксикација ја поминав успешно. И, одлучив по една ден да бидам на овошје -зеленчук н секои 10 дена а три пати месечно. Денес доручкував корнфлекс и млеко. За ручек домашна супа и салата. Салатата ми содржи краставичка, две јајце (без жолчка, - едноставно не ми е составен дел во декорацијата, па затоа ја исфрлам. ) , една плескавица на скара. Малку лут буковец. Малку сиренце, чисто да вкус. и добар апетит! За вечера туна. Кога веќе ја спомнав, едно месец ипол има одкако не сум јадела туна, почна да ми недостига. Ќе биде уживање во денешното мени. Денес вежбав 40 минути. Доволно е, некако сум изморена и неможев повеќе. Задоволна сум, се на се. Утре повеќе, поголем предизвик. На вага не сум застанала одамна, многу одамна. Последно имав 68 кг. ми се расипа мојата. Вистински предизвик ми се бутчињата, ќе биде навистина тешко. Но каде со мене, тие. Ќе ги совладам.
Јас сакам да се ослободам од големиот стомак,онака слаба сум и кога ке накачам некое килце се ми оди во стомакот.Сега задоволна сум како изгледам,и задникот конечно малку ми се зголеми,добив облини,но ме нервира ваквиот стомак.Може ли некој да ми каже како да го намалам тој дел од телото притоа да не ослабнам?Инаку везбам редовно,последните 2-3 недели прекинав затоа што имав некои проблеми,а веке 4 дена пак вежбам.Бу била пресрекна доколку некој ме советува од лично искуство
јас имам само стомак и не е мал... долго време се обидвам да ослабам ама кога и да почнам за 1 недела завршвам.преку лето одам на тренинзи и тогаш малку намалвам стомако ама кога ќе почни учебната година пак го зголемвам... ако можи некој да ми кажи како са ослабам.. П.С. најдов едни вежби овде на фемина и ги праев околу 1 недела со помалку јадење и веќе почна да ми се намалва стомакот ама сепак неможам да останам само на то.. :/
Олаа девојчиња Веќе една недела од кога сум пак на диета, -1кг, ама во понделник имам систематски, па ќе видам колку сум ослабнала На денешно мени имам: јогурт+мелено ленино семе, јаболки и една-две банани + кафе
Еве ме мене пак. Ајде малце да ве мотивирам (пошто сите знаеме колку тешко се слабее). Денеска правам 2 месеци откако почнав со диета и вежби. За тие два месеца ослабнав 8кг (можеби и 9кг но тоа зависи вагата како ќе ми покаже) ЖЕНСКИ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ!! Ако сте почнале одете до крај. Јас стигнав скоро до пола пат. Ми требаат уште 8,9кг да ослабнам и ќе бидам среќна. Иначе почнав исто така и да трчам. Цело време си наоѓав изговори да не трчам. Пушач сум ,не можам, вака така... НЕ!!!! ПОЧНАВ! Тешко беше на почеток. Не знам како истрчав 20мин со три паузи... Денеска истрчав 25мин без пауза, потоа 3мин брзо одење, и уште 10мин трчање. Воопшто не ми е лесно ама додека трчате, вежбате повторувајте си во глава ЈАС ГО МОЖАМ ОВА, ајде уште малце, никој не се удавил во пот, нема да умреш, издржи, можеш, замисли се слаба и колку убаво ќе изгледаш...е ова си го зборам додека трчам или вежбам. И да ви кажам успева. Чувството после трчање е прекрасно! Инаку има денови коа трчам и вежбам во ист ден но тоа зависи како располагам со време. Но никоаш не сум се оставила во денот ништо да не направам. Или трчам и вежбам, или само трчам или само вежбам. Ако не го направам тоа чувствувам грижа на совест. Баш пред некој ден ми се деси, бев на работа цел ден и имав толку многу обврски што коа се прибрав дома бев кома и така лежам во кревет и нешто во мене не ми дава да продолжам. Преуморна бев но морав нешто да напраам. И правев стомачни, околу 8 вежби со 30 и 20 повтроувања. Пак ќе кажам. СЕ Е ДО МОТИВАЦИЈАТА. Пред некое време каснав благо. Значи не е ништо страшно да си ја заблажите душата понекоаш со малку благо ама тоа да биде поретко. Затоа што многу ќе биде лошо коа ќе завршите со диета да му се нурнете на благото ко никоаш да не сте виделе и тогаш ќе стане еден огромен FAIL! Такада можете да си приуштите понекош. НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ! ЌЕ БИДЕМЕ СЛАБИ ЕДЕН ДЕН! Имајте убав ден.
Jas Nemam problem so tezinata Sega,no imase period Koga Imav.i toa kako Imav . Najlesno i Naj efektivno oslabev so ISHRANA SPORED KRVNATA GRUPA. Voopsto ne e izmacuvacki,nema ogranicuvanje Kolku da jades.a Sepak slabees.i toa brzo i nepovratno.no sekako,treba da se pridrzuvas.
Последниов период многу си се опуштив и дојдов до ужасните 70 кг. Еве веќе неколку дена сум на здрава исхрана и сум -3 кг. Врска немам кога почнав, можеби пред 1 недела, можеби пред 10 дена, не знам. Ама еве денешниов ден ќе го сметам како за почеток, бидејќи од денес почнувам да вежбам. Инаку, недела ќе го сметам како ден за одмор од вежбање, и ќе си дозволам по едно од Vitalia granola bar. Ама тоа од другата недела. Ако не почнам со вежби денес, и каснам благо, ништо од диетата, ќе се откажам. Секогаш така. Денес станав касно, кај 11, и каснав едно јаболко. За ручек јадев салата од 3 средни варени компири и малку кромид, и динстано месо. Предосеќам салатава ќе ја јадам цела зима, омилена ми е. За вечера врска немам што да јадам. Најверојатно тоа ќе биде урда или 2 варени јајца, а во меѓувреме обавезно ќе си каснам едно јаболко. Утре сум на систематски, па ќе видам точно колку кг сум. 67 сигурно, ако не и повеќе. Ќе ми биде срам да им ја покажам книшката на мама и тато, најозбилно. Зошто да се срамам вака цел живот?
Камо да има повеже храбри како тебе и да започнат да прават измени, нема врска дали се на диета или не ама важно е дека со тоа се крева свеста кај останатите за здравата храна. Инаку кај мене никако не оди, се обидувам, вежбам, сменив уште нешто и во исхраната ама еве сеуште немам резултати. Ама еден ден ќе ги имам сигурно! Да ве прашам нешто дали е можно од чајот од ѓумбир да се дебелее? Јас и претходно пиев ѓумбир и имав како контра ефект, ама сега реков ај ќе го направам со поинаква постапка и од почетокот како да забележав позитивни резултати во однос на подуеноста, ама сега некако пак се мислам дали можеби тој не ми дозволува да ослабнам.
Можеби последниот пост што го напишав навистина беше мотивирачки но овај сигурно нема да биде. Долго време се трудам да си ја воведам исхраната во ред но не ми успева. Начитана сум доволно, студирам нутриционизам, имам искуство со диетите така да знам што треба и што не треба и пак не ми оди. Последниов период навистина не сум како што треба, немам никаков ред ни за јадење, ни за спиење, ни за ништо. Секој втор ден планирам диета, не јадам ништо 2/3 дена и после наредните 7 се прејадувам. Чипс, смоки, топено сирење, тестенини, мајонез, Милки од 300г... и тоа исклучиво во ноќните часови, после 12 и се до сабајле си внесувам еден куп калории плус и почнав по една пакета цигари на ден да пушам. Можеби малце избегав од темата на која треба да пишувам, ама се си е поврзано. Затоа од утре планирам конечно да почнам со диета и ќе си го воведам во ред и спиењето. За почеток во план сум да држам една 7 дневна диета во која секој ден се јаде различно, па после ќе смислам нешто друго. Ми изгледа баш како за мене и се надевам дека ќе издржам 7 дена на ваков режим, а после лесно е, ќе бидам веќе навикната, почетокот е само тежок.
@arontt Во потполност те разбирам. Но, не би ти препорачала да се ставаш на диета веднаш. Одлично е што сакаш да си го средиш спиењето, затоа што верувај 7-8 часовен сон и те како игра улога во функционирањето на организмот. Нема подобро од убаво одморено тело и рестартиран ум, спремни да се соочат со нови предизвици. Пиј многу големи количини вода, што ќе ти помогне да ги репарираш органите во целина. Не се дрзнувам да те советувам во поглед на овие краткотрајниве диети, бидејќи ко што и самата кажа, упатена си во целата работа. Како и да е, одлуката е во твои раце, ти си единствената што може да го конторлира своето тело и ум! Ова се однесува на сите приказни прочитани во темава, не се измачувајте со диети кои нудат wow резултати. Порано или подоцна, телото ќе ви врати за теророт што го има претрпено. Затоа девојки, хранете се здраво, добро џвакајте ја храната, размислете пред да ставите било што в уста, спортувајте, сеедно што. Бидете здрави и среќни. Верувајте тоа е најважното, се' доаѓа одвнатре! Уф, колку клише беше ова, Магијата ја поседувате Вие. Бидете паметни.
И уште еден неуспешен ден. Цел ден бев на вода и чаеви и нормално после полноќ се залажав со чоколадо, си реков, ајде нов почеток немам гајле ако згрешам и изедам малце чоколадо... еден ред... и од еден ред стана чоколадо од 200г. и после чоколадото следеше и тост. За денес ништо од диетата, здравата храна и легнувањето на време. Навистина не знам што ми се случува овој пат... 06:55 а јас за 2 часа сум на факс заминав јас да одморам малце, па кога ќе станам ќе го започнам денот со чаша зелен чај и јаболко, а за остатокот од денот не се знае, ќе ве известам вечер.
Кај мене засега се е во ред. Намалив рекордни 9-10 кила во рок од 3 месеци. Не избегнував оброци. Благото и тестенините ги намалив на минимално ниво. А,овошјето зачести во мојата секојдневна исхрана. Значи јадев се,само во одредени количини и ги комбинирав оброците. Ииии само да ве поздравам. Без навреда,форумџики. Не се откажувајте!