... Сепак ве подржувам во диетите бидејќи најголемо задоволство е да застанеш во огледалото и да викаш дека идеалот од тело кое го замислуваш го имаш. Поетски, нема шо . PS:Сега до недела дада ќе ја придружам во диетата, само нема да успее бидејки е стрвна по благо - сеа дојдоа наши другари и бев со веспата да купам нешто и купив штрудли - абре очите и се насолзија .
Ок е ти да не поддржуваш, ама морална поддршка. А не да бидеш со килограми помалку од нормалната телесна тежина. Околу 50 и нешто треба да тежиш а ти си играш. Сигурно не сакаш да те посетуваме во болница. Ај оди мавни една милка или еден магнум и не се блесави. А мене ми се јаде ми се плаче ... пмс пусто да си остане. Ама се лакирав сега и да сакам не можам да земам нешто. А попосле ќе се напијам пак нес, и марула ќе јадам или нешто слично.
Јас на 18 години имав 44 кг и таман бев сега се борам со 60 и нешто да се вратам на 58 и само таратур цела недела и чај
Леле немам никаков апетит - во 12 и 30ч. јадев доручек според таа диетана и сеа ништо не ми се јаде а е време за ручек-.-
Ве следам јас, добри сте девојки само храбро, можете вие. Ако не држам диета, најголема поддршка имате од мене, зошто знам како е да бидеш со килажа испод нормална па и нормална, па после да качиш повеќе од нормална и да ослабеш и да имаш нормална килажа. И бидејќи знам дека сум на вистинската тема, овде сигурно знаете, не бројам калории и затоа не ни знам што колку има, ама ме интересира сок за растворање од лимон и боровинка колку калории имаат, дека повеќе се на вода или имаат повеќе шеќери и од овие купечките сокови ? Во последно време многу пијам сок за растворање. П.С што викате да имаме една тема (колку за уште поголема мотивација) за пријаување кој колку вежбал и што во текот на денот ? Може да се вика Вашата денешна активност или нема потреба од ваква тема? Модератор на фитнес може исто да каже мислење за предлогов или е глупав/непотребен покрај другите теми ? Ако давате зелено светло одма отварам
Гага,да сум ти мајка на доктор би те однела.Твоите не забележуваат дека не јадеш доволно?! Јас кога имав 44 кг на твојата висина и ги имав твоите години,бев болна со инфузија во рака (не од анорексија де ,туку од нешто така тро посериозно).Нозете ми беа ко чепкалки и не можев да се поднесам кога се видов потоа.Се чувствував ко маче и се фрлив на дебелеење со 6-7 кг и качив убаво мевце.Тебе ти треба вежбање да качиш мускулна маса и тежина со тоа и повеќе јадење,а не диета!
Гага е навистина фан на Гага И таа од салце сега оди кон анорексија па вистински фан мора да го следи тоа нели- NOT! Инаку јас сега се лажам со 3во1 кафе а ми се јаде ми се плаче
ке ве замолам апомош,ако некој знае како да ми помогне да се ставам на диета,не ми е проблем гладот туку психички сум уништена кога сум на диета и секој момент се колебам дали да ја прекршам диетата или не ..и сепак на крај ке јадам и ке речам од утре на диета и така секој ден и ништо
Мислам дека немаш доволно занимација во животот па цело време на тоа мислиш. Најди си нешто што ќе те држи зафатена по цел ден, излегувај цело време, некој спорт, некој курс....и така ќе немаш време психички да се замараш со јадењето Барем кај мене е така ова, ако по цел ден сум некаде, неми текнува на јадење, ептен глад коа ќе осетам, а коа сум дома по цел ден, јадам и коа не ми се јаде, онака од досада и психа
Од кога не сум пишала на темава. Не за друго, нема што да се каже. Добро се држам, не сум се мерела, ама дефинитивно има некоја разлика во стомакот, спојлерите, рацете Си ставив и јас таков тикер(да не останам покуса де ), и не ми се верува дека поминале само 14 дена откога сум на "диета"! Јас мислев дека поминале повеќе од три недели Како и да е, ме интересира дали сум загубила макар едно килце две, па ќе одам сега да се измерам Едит: -2 кила за две недели. Не цели, претходно бев 63,5, сега сум 61,8, ама сепак има напредок Се надевам до 30 ќе ослабам уште 4 и таман ќе бидам
Гага имам прашање до тебе...си ставила дека си МАШКО(сега видов) па дека имаш 21 година ,па велиш имаш 44кг па дека ти трба диета (да ослабнеш) па дека си висока 165см... И ме интерсира што е точно од сето ова ? Затоа што овде сме да си помогнеме еден на друг , да се поддржиме а не да се лажеме и да измислуваме басни за мали деца... Не мислиш дека е малку иронично да кажеш дека си на диета и да збориш колку малку ти јадеш со твоите 44кг (ако е тоа така)...овде луѓето имаат проблем....не треба да се ситиш на туѓа мака огледај се малку на LUтаа секогаш само бодри) потруди се да бидеш како неа... п.с.Реков дека нема да пишувам повеке но стварно ме изнервира мразам луѓе кои се смеат на туѓа несреќа, и кои се не искрени -еднаш вака , после така , а утре.. е тоа е веќе друга приказна
Гага, до некаде ќе ја разберам твојата моментална тежина зашто веројатно нагло си се извишила, сепак имаш 14, ама те молам не се будали и не се обидувај да си интересна, да привлекуваш внимание и слично, со држење диети на таа килажа, зашто еден ден многу ќе се каеш.Може се навреди, ама го мислам најдобронамерно
де бе луѓе сфатеде дека е дете,м 14 години има, дури и да не е дебела таа можеби така го гледа тоа! Hе мора одма да ја нападнете, па таа не се исмејува со никој! едноставно е дете, во тие години е со бубачките! Kолку млади девојчиња дури и да не се дебели, во мозокот им се има увртено дека се! или некој можеби се зезал со нив, па тие сериозно си го сфатиле! Hајголемите комплекси се лепат на тие возрасти!
Јас на 18 години тежев 48 кила исто висока ко Гага и држев диети за да слабеам, za да бидам 44 Цел период од средно школо, всушност од 7мо одд. го имав поминато во диети држење. И кожата си ја гледав како сало и коските мислев дека ми се многу широки и што ли не. Не оти имаше што да се слабее, ама огледалото бе клето така ми викаше
Баш ради тоа што има 14 години и веројатно си набила комплекси, треба некој да ја освести и да и каже дека тоа што го прави не е нормално. За да не си ги поминува најубавите години во животот држејќи непотребни диети, мора да сфати дека не е дебела!Ние овде не знаеме како изгледа, ама самата бројка 44 кажува доволно.
Ок сваќам дека е сеуште мала но немора да лаже за годините, за полот... да ова е слободна држава имаш право на избор ... но не го злоупотребувај тоа особено не на вакви теми ... а и мислам дека многумина од нас кажаа кој тежина ја имаат ...разгледај види до кај си ....па не е глупа има способност да прави разлика ...и кога си мал треба да слушаш и да учиш од постарите а не да делиш совети...(особено кога гледаш за што станува збор) јас мислам дека сите ние бевме јасни, па научи нешто....она не пишува последниве 2дена па да не и е јасно ...веќе 3недели е на темава.... ако до сега не не свати... Тогаш јас дефинитивно треба да почекам за да имам дете, зошто очигледно нема да си го разберам
Коловоз, не лажам... Што кажа лудо пост погоре - тоа сум. Инаку тоа ти е баш у некои фантазии сум, али реков после недела си јадам нормално (популарна е таа реченица кај мене и пак се враќам на старо). Тато и мама ме мислат дека јадам али сепак пола од тоа што мислат дека јдам го јадам. По оваа недела навистина си факам хранење без диета, само да изгурам до пон. со дада и толку. Дај сменете темата.
Познато, јас ја валкав само чинијата пред да дојдат моите, со она што го имавме за ручек, да изгледа демек сум јадела. И тоа продолжи се додека не бев во состојба да не можам да се движам и да се онесвестувам ко коковче по пат. Озбилно престани со ова што го правиш, затоа што си штетиш на себе. Тргни се од огледалата, мој совет. Јас долго време ги избегавав. Ми ги тргнаа од дома тие големите за да не си го меркам телото и стана некако подобро. Си се прифатив каква сум.
Јас ќе сум слабеела Што убави кифлички прави мама, а и сладоледчено во фрижидер ме чека...ОД УТРЕ СУМ НА ДИЕТА....