Конечно вагата ми ја покажа долго посакуваната бројка - почнува со 6. Последен пат ја имам видено пред 11 години, пред да забременам со првото дете. Се имав приближено многу пати, ама никако да ја достигнам Се надевам дека уште 3 кг ќе бидат доволно за да влезам во конфекциски број 40. Тоа ми е мотивацијата, не конечната бројка на вагата, иако и вагата многу ми влијае на мотивацијата
Купи си рачен блендер во замена на погоре спомнатите два, ем ќе ти врши работа и за супи и мн други работи, ем ќе ти ги бленда и корите од јаболката, семките од кивито итн. што е голем плус кај smoothies ) Јас си купив пред некое време од TechnoMarket, Phillips HR-1600 со јачина од 400W што е и повеќе од доволно. Јас кога го земав беше на попуст, околу 1300ден., сега е поскап :/ Еве линк како изгледа http://www.technomarket.com.mk/products/09123941/philips-hr-1600
Благодарам,јас имам Nutri Bullet но мора продуктите фда се излупени но тоа е подобро, т.е лимоните ги блендирам со кора
Се радувам кога читам позитивни искуства во темата. Ариел браво, секоја чест. Од самиот почеток верував дека ќе успееш во својата цел. Подршка и за преостанатите 3 кг! Одамна се немам мерено, искрено не очекувам бомбастични резултати. Најбитно, полека се враќам во колосек. Одам напред и славиме на фемина во Март месец!!! За две недели се мерам и пишувам резултати.
a кој режим го користеше!!?! јас бев на south beach две недели и сега планирам да почнам нешто ново. Не диета туку чисто онака, поздрава исхрана. Ама ми треба организација инаку сум изгубена во простор и време. Некигаш е добро човек да укаже со критика, но не треба да се претерува зошто може да има негативен ефект. Маж ми е многу онака про...помага колку може, проблемот е до мене зошто сум уморна додека се врати и само одлагам. Слушај....купи оние пластични бпа free food containers, со прегради....и оди на youtubd , i ,побарај организација на храна за држење диета. Храната како храна не може да седи долго време но девојкиве имаат толку добри идеи што паднав на г'с јас јадам глупости од што не седнувам да јадам...доручек, ручек,ова она и поминал денот и дури да седнам оп ужинка спремам за бебуш. Е сеа ќе се организирам да праам секои три дена храна, и да ме чека за ручек. За доручек ќе праам овесни снегулки во фрижидер и нека стојат преку ноќ....сабајле оп троп ќе ги мснам пиши ми пораче слободно ако нешто ти треба. Инску те сваќам....јас нон стоп дома ,коса од глава ми се крева! Или е +50 или е -11надвор.... јас почнав леб домашен да месам...арапско пита лепче од 100% интегрално брашно дури и маж ми покушавам да го навикнам
Здраво на сите. Сакам да ве прашам за мислење, дали моите 6-7 кг вишок би можела да ги симнам со УН диетата или воопшто да не се мачам? Се мислам дека од јх ден нема да ослабнам, бидејќи пред 4 год ослабнав без јадење на леб и благо, но последнава год се вртам само во круг, неколку денови се изгладнувам па следи прејадување...затоа ми треба ваше мислење, совет ?
Единствен и долгорочен начин за да ослабнеш е преку броење на калории и калориски дефицит. Ни една од овие диети неможат да послужат на долгорочен план затоа и се во временски опсег. Неможеш ти цел живот да имаш посебно ден за јаглехидрати а посебно за протеини. На организмот му се потребни сите макронутриенти.
Аман веќе, од ова предновогодишните вечери човек не може да мрдне. Види се со ова друштво, па со она друштво, ова кафанче, она кафанче, и се тоа навечер... сабајле кога ќе рипнам на вага ми иде да се расплачам. Периодов веројатно треба да се задоволам со тоа да не се здебелам. Слабеење е нереален сон.
Јас не знам како и каде битно МОРАМ ДА ОСЛАБАМ вчера ме навреди еден другар и ми рече ДЕБЕЛА не знаете како се почувствував јас во тој момент ми идеше во земја да пропаднам и да рикнам на цел глас од плачење ама не заплакав пред нив
Види вака тоа што некој навредува или исмева нема никаква врска со тебе туку со со неговата самодоверба. Немој никогаш ама никогаш да обрнуваш на таквите луѓе тоа се само луѓе кои имаат голем проблем со самите себе.
Морон! Никогаш не дозволувај некој да те навредува или исмева. Знам дека е тешко и дека треба тренинг но ако им дозволиш на луѓето да те газат, тоа и ќе го прават. Немам зборови за луѓе кои се толку .... их, ај да не користам зборови, ама срцка ....тој и воопшто не ти е некој другар очигледно. Има разлика меѓу добронамерна критика и исмејување и навреди. Така да, ич ама ич не се нервирај за коментарот. Е па сеа, некој дебел, некој дебил...тоа ти е секогаш прави работи од типот на слабеење и вежбање за себе, само за себе!!! јас сакам да ослабам за себе си, и за никого друг. А што ќе речеле рајко, петко ич не ме интересира. Си имам плачено доволно, и доста ми е. Така и ти .... крени глава високо, испрчи носето и шибај! Оние кои те сакаат и ценат не гледаат однадвор,туку одвнатре.
А дали ви имам кажано колку ги мразам диетите и колку веќе ми е здосадено. Од кога ослабев се мора да пазам што да јадам, деф им завидувам на оние кои се јадат и пак се слаби! Гледам дека сум поправена и можам многу бргу да се вратам на старата килажа, но немам воља. Многууу се нервирам дури ми се плаче колку и да звучи смешно...
@S.o.F.i ретки се тие што се јадат и се слаби, и обично таквите сакаат да се поправат маж ми е еден таков и еве го, сака да поксчи а не може. Јас па сакам да намалам....мораш да трошиш повеќе отколку што внесуваш, значи движење, вежбање,....инаку цел ден дома не се фаќа. Заеби она миење чинии толку калории ,смукање толку...ако беше до тоа јас ќе бев сучка....а богами не сум
Знаете што? Не сум повеќе на диета, престанав да бројам калории. Сега можеби внесувам над 1200 калории, ама знам дека тие калории се здрави и ми се потребни. На пример, денешните оброци ми беа: За доручек сендвич со црн леб и кисели краставички, за ручек зелка салата + 2 мали печени компири + цвекло + 2 моркови, за вечера варено јајце, салата зелка и 2 банани. Денес бев на еден добар шопинг низ пазар, се вратив со марула, краставици, банани, лимони, суво грозје и лешници. Дома располагам со компири, моркови, кромид, јаболка, мандарини, замрзнати сливи (суви и свежи). Плус од животинско потекло, јајца, месо (свинско и риба) и млеко. Задоволство ми е да си приготвувам оброци од сите овие намирници. Секој оброк си го приготвувам со радост и уште поголема мотивација. Ете, среќна ме прави. Планирам по малку да го зголемувам количеството на храна, бидејќи јадам многу малку откако почнав со овој начин на живот. Или храната ме прави сита, или не знам, воопшто не ми се јаде. Не сум се мерила на вага, не ме интересираат веќе килограмите, не ме интересира ни слабеењето. Ме интересира единствено здравјето, иако знам дека ако продолжам вака ќе го добијам и долго посакуваното тело. И среќна сум.
Ма искрено ти сигурно не внесувсш многу повеќе од колку што мислиш. Браво!!!! и ти посакувам успех со прекрасни резултати. Уф ќе заборавев, сита си ради влакната во храната..храна што ја јадеш те заситува зошто благото и јаглехидратите се всушност оние кои не дебелат...еве јади маскарони и после пола саат или саат си пак гладен јас како дебел експерт можам да ксжам...килажава стои позади мене за покажан резултат од исхрана со јаглехидрсти (кај е она смајли што се самошамара?!?)
Каде сте диеталки? Осеќам за едно 15 дена ќе имаме нов бран на диеталки!!! Сирота зека, ќе направам една година и неможам да дојдам до посакуваната тежина. Ама, ако ни е. Кога цел живот не сме внимавале и сме достигнале цифра која ни малку не е незагрижувачка. Јас во пмс се мерев и 68 кг. Знам дека не се реални, за2 недели ќе се мерам повторно, но сакам да кажам: Покачените 3 кг ( иако најверојатно се резултат на пмс) ме потикнаа да се вратам на мојот стар режим на исхрана кој воедно највеќе ми одговара. Денеска бев на малку поголем шопинг. Си купив кошулки какви што одсекогаш сакав да носам, блузи исто така итд.... Мотивација. Си ги земав справите и вежбав 1 час. Без разлика што имав малку лош период, нема да дозволам да изгубам контрола. Тоа се само изговори, со нови сили продолжувам. Би било убаво да се приклучат и други феминки, озбилни, со цел и кои што се подготвени за промени. Пред се за нас самите, за нашето здравје. Денес на мени: појадок, краставичка и јогурт. Таратор. ручек, супа зеленчукова, краставичка и една плескавица. вечера, мимоза салата.
Ма нема бре поента, притисокот ми се качува, од софра на софра сум, од кафана во кафана, се наливам вино, само нешто се слави, нешто се наздравува, само некој нешто части, готви... Ќе плачам во јануари. Нешто ко @Ariel сум, мада што се помирив дека во периодов некако истешко оди диетата и пазењето. На една ќе пазиш, на две, на три, ама не можеш никаде ништо да не јадеш и да не пиеш. Ептен демотиватор, здравје од 12 јануари најдов групичка, почињам на вежбање, па испити ќе имам, може тогаш некој посалам грам да симнам. И гуша почнала да ми расте бе, леле, ќумрам Порано порешителна бев, ќе речам не јадам и стварно, а вака ќе речам не јадам и две недели не јадам, па пак по старо.
Женски и јас ви се приклучувам ама да ви кажам дека ни јас веќе не си верувам на самата себе и плановите што си ги правам во врска со исхрана и вежбање Со години се мачам,има околу 15 кг за симнување,ама секогаш подлегнувам на благото Поздрав за Зека и браво за нејзината упорност и решителност.А Doozy,какви групи за вежбање најде ти?Јас скоро прашував во Фотнес Револуција,1800 денари е за 4 пати неделно ама некако не ми се дава толку пари,пред некое време купив добри тегчиња и сега глупаво ми е да фаќаат прашина дома а јас да давам 1800 месечно за таму.Ајде од утре и јас ке пишувам што ќе јадам,денеска јадев благо,не се важи
Благодарам @Blindfold Морам вака посабајлечки да се фалам. Денес одвоив време за пазарење. Се наоружав со овошје и зеленчук. Друго, вежбав точно 1 час. Многу ми е мило што се враќам во форма. Старата зека. Денес на мени: Појадок: краставичка и јогурт, таратора засладена со многу малку сиренце. Колку за вкус. Ручек: Една пастрмка од 250 гр и салата од домати и краставици. Вечера: Мимоза салата. Успехот е триумф на упорноста И издржливоста.