(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972

    За жал нема да одам во Скопје, слободна сум јануари и пола февруари и ќе си бидам дома, па таму ќе одам на вежбање. :DВо Скопје одамна заклучив дека не се нормални со цените, 1800 и нагоре е навистина премногу, со тие пари ќе поминам две недели. И да давам од мои пари пак ми е многу, 30 евра за теретана, па не сум до толку истрауматизирана, топ сум си и вака :rofl::rofl:

    Тоа е, или да се потстопли малце, па може на кеј да се оди, ама не им уплаќам две илјадарки за 3-4 пати неделно па не знам што. :D
     
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Твоето не е издржливост, туку гладување. Да, слабееше, затоа што си во калориски дефицит, но ќе видиме на долги стази колку е здраво внесување едвај 600-700 калории дневно. Ете, самата гледаш дека со малку качување исхрана веднаш си качила 3 килограми. Нема вечно да издржиш. Или ќе папсаш физички и психички, затоа што организам со толку малку храна не може да функционира, или ќе почнеш да слабееш споро, ама здраво.

    Имаш волја, но ова што го правиш некој при здрав памет не би го работел.
     
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Колку (не)самоуверен треба да бидеш да навредиш некого а не го ни познаваш. Тоа се прашувам.

    :bow:

    Толку имам да кажам.

    Аха, заборавив. Успат да тркнам да си направам една мимоза.

    Ај наздравје да ми е.:hai::rofl::lol::lol:
     
    На crimson, Cka, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Па според тоа што го имам читано,Зека добро се храни,скоро се што јаде е здраво и вежба.И помалку калории да внесува од 1200,барем преку здрава храна ги внесува а не како некои од смоки,чипс или чоколадо.Мојот прв ден помина успешно,сабајле јадев едно варено јајце со малку таратор,за ужинка банана,ручек риба со малку компир и за вечера уште малку од рибата :)
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Алкохолна диета :D

    Утрото после добро налевање, кое не е придружено со јадење, сум секогаш полесна. Треба да почнам да излегувам секој ден :D Башка следниот ден пола ден ништо не ми се става во уста.

    Е втората половина од денот... јбг. Пак ручече, друштво, еден куп калории...
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во тоа дали храната е здрава или нездрава, проблемот е во тоа ако се внесуваат помалку од 1200 кал. дневно прво го успоруваме метаболизмот, а второ не е возможно цел живот да внесуваш по 800-900 кал. и секој пат кога ќе се внесат повеќе калории од тоа резултатот на вагата е плус неколку килограми.
    Иначе Зека секоја чест на мотивацијата што ја имаш, ама мој најдобро намерен совет е да го зголемиш дневниот внес барем на 1200 кал.
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teateevska

    teateevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас треба да симнам 3 кг само ама веќе 7 дена вежбам и слабо некако зошто јас и онака не јадам многу ,а имам и проблем со тироидна :( ама ќе продолжам со вежбање и пешачење. Секој ден гледам барем по пола сат да го прошетам кучето, бидејќи немам секогаш време и секој ден почнав со вежбање денеска ми е седми ден таму од вторник ќе се мерам зошто вака ќе застанам на вага ,ќе ја видам килажата и се нервирам.
     
  8. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    @pato благодарам за добронамерниот совет.

    Јас кога се мерев бев во пмс. Плус добиено. А, тогаш знаеме дека имаме покачена телесна тежина.
    Со тоа, сакав да кажам дека ми беше мотивација да се вратам на здрав режим на исхрана. Иако истите кг не беа реални.Никаде не пишав дека цел месец буткав што ќе ми дојде, неконтролирано ,па затоа имам 68 од 65 кг. Беше сосема спротивното, не вежбав, јадев во несоодветно време, недоволна количина што знам дека си го успорив метаболизамот. Но, немора баш до детаљ да се изјаснам за некој да ме прогласи за:sun: ,(facepalm). Тоа не е мојата намера на овој форум и моето постоења тука. Ако сум и ненормална за некој, јас сум горда на себе што успевам во својата цел. Што се враќам на прав пат.. Сите знаеме за себе низ каков период се поминале.

    Крај.

    На денешно мени:
    Појадок, краставица и јогурт, таратор засладено со малку сиренце и буковец.
    Ручек, спанаќ со јогурт и сиренце. Плус салата.
    Вечера, истото од ручекот.

    Плус, додска се вратам од работа си земав 3 овошки, банана и мандаринки.
    ДодекА ручекот нестрпливо ме чека да си дојдам од работа. :smoke:

    Друга цел за денес:
    • Да вежбам со справите час и половина. Да внесам мали промени, големи резултати.
    :toivo:
     
    Последна измена: 22 декември 2014
    На Cat.G и pato им се допаѓа ова.
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Слабо нешто присуство на темава, ама после празниците верувам дека ќе има гужва :D

    Јас сум во стагнација едно две недели, а и како да не бидам, кога немам променето ништо ниту во исхрана, ниту во движење.

    Наутро цеден лимон со ѓумбир, потоа 1-2 овошки, на пладне главно салата (иако понекогаш се случува да јадам геврек или пита (facepalm)), попладне чорба или некое посно манџиче и за вечера 1-2 парчиња тиква. Само последниве 2 недели тиквата ја зачинувам со мед или маџун и цимет, па уште и по некоја семка од тиква или сончоглед. Вчера ме фати некоја емотивна криза, утепав 3 парчиња тиква со мед и семки. Тиквата и циметот се ок, ама семките и медот (facepalm)...Арно порано јадев само тиква и цимет, како се навлеков на мед, и тоа невечер, ич не сум среќна.

    Со вежбањето сум во блага стагнација, а како што стојат работите, така и ќе остане. Прво проблеми со колената, после нешто и со матката поради што не смеам да се напрегам премногу, и излезе дека најдобро да одам на базен. Евентуално орбитрек на лесен отпор да вртам, а муж ми никако да ми го поправи.
    Многу сакам да пливам, ама одењето на базен ми утепува 2 саати - по 20 мин во правец до карпош, соблекување, облекување и саат време пливање.. толку е. А супер си бев оптимизирана дома, ставам ручек за наредниот ден и додека се прави јас си вежбам. Ама ќе морам да најдам време за базен, барем 3 пати неделно.
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Денот го почнувам со сок од цвекло,морков,јаболка,цитрон,мандарина и исцеден лимон,сите состојки помешани во блендер. Дозата ми трае три дена.
    Утрото пред работа една чаша,џоа нова сум освежена и спремна за работниот ден.
    На Првата пауза јадам една банана и измешано јаткосто овошје потпечен лешник,бадем и ореви, отприлика една шака. Не дај боже да ми припадне за јадење, во резерва носам едно црно лепче( за панагија) со сусам, семки од тиква и ленено семе.
    За ручек во кантината јадам по една супа или салата и главното јадење е меснато (пилешко, свинско или телешко месо) со причог од варени компири или ориз и обарен зеленчук. Шеќерот тоталка го исфрлив, освен саботнот и неделното утро кога ми е резервирано за турско кафе т.ест македоснко како некои шо милуваат да кажат со парче сува торта.
    овој начин на исхрана или диета не знам шо е поправилно, го практикувам три месеци и резултати се видливи на штета на целулитот и на масните наслаги на стомакот.
    Инаку да, во замена за млечното чоколадото кое ми беше вистинска пасија и нешто од кое бев 100% зависна јадам црно чоколадо со минимум 70%какао и со помал процент на шеќер или овошен шеќер.
    Во однос на вежбањето по кардио тренинг на статичнио точак кој трае 15 до 20 минути, правам вежби со растеглива трака и пилатес топка според вежби на youtubeа а од неодман си купив и тегчиња за нозе за поголем отпор при вежбање.
    За заокружување на диетата најважна е Дисциплината и дооследноста да се придржуваш до одговарачкиот режим за видливи резултати. Тоа шо си го наметнал какп здрава диета во еден момент станува нормален дел од секојдненото исхранување
     
  11. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Женски помагајте! :( Од мене ништо не бива.... Се трудам,цело време читам за здрава исхрана,планирам оброци,имам желба да ослабнам и да живеам здрав живот ама после ден два,ке ми се пријаде и ке си се изнајадам добро.Работата е што најверојатно е психички проблем,јадам на емотивна база,а и кога ке прекршам имам грижа на совест и знам дека не е логично ама место да престанам јас јадам додека не ми се слоши.Претежно со благото претерувам,а многу лошо ми влијае,некогаш после тоа имам и главоболка и киселина ,се осекам лошо и си викам никогаш веке не јадам ама тоа не трае долго.А и живеам со цимерка што дома има во секое време еден куп залиха на благо,така што тоа ми ка отежнува малку ситуацијата.Ајде дајте ми совет,мотивација,се чувствувал ли некој друг вака како мене или јас сум безнадежен случај? :(
     
  12. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Користи го правилото 80/20, 80% од храната дневно да ти биде здрава, а останатите 20% дозволи си нешто што е "нездраво".
    А што се однесува на задржување на мотивацијата мора да го пронајдеш во себе твоето ЗОШТО, зошто сакаш да ослабеш.
     
    На Blindfold му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teateevska

    teateevska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случува тоа. Осебено кога ќе сум нервозна и тажна знам да се прејадам. А , и кога имам за учење секогаш имам потреба да јадам малку повеќе зошто исто се нервирам . И сега имам 3 кг вишок нонстоп вежбам , јадам само варено на вода , свежо овошје и зеленчук , и гледам да не се прејадувам. Само имам еден проблем што незнаам како да го решам, зошто секогаш седам до доцна 1-2 некогаш и повеќе посебно во петок и сабота и тогаш почнува да ми се јадеее многууу пр. во 3-4 наутро :(. Е уште тоа да го решам да не јадам навечер и ќе сум нејсреќна. А сеуште немам смелост да се измерам дури откако ке завршам со 30 дена бежбање тогаш ке се измерам . Сега немам храврост :(
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Alkoholna dieta. Posle sekoe zestoko izleguvanje imam 1 kg pomalku :)
    Se poraduvav denes, iako znam deka utre ke bide po staro :).

    Rabotite se otideni do tamu da site mi vikaat da prestanam da slabeam, na nisto ne sum licela :). Imam uste stomak, nikako da go batalam. Ama aj, ke bide.
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @Ariel Да не се спремаш догодина да се сликаш за календарот на Пелистерка?:rofl:
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Последен пост за оваа година.

    Исхрната ја средив. Внесувам до 1500 калории дневно. Орбитрек, степер , тегови 1 час секако, но знам и до 2 часа да вежбам. Секој 4ти ден ми е ден за одмор. Мене овој начин на исхрана, вежбање ми одговара, тоа е најважно.

    Се измерив и вагата покажа 64,8 гр. Но по огледало ми изгледа дека имам поголеми резултати.

    [​IMG]

    Третата сликичка е од денес.

    Убаво да си ги поминете предстојните празници и без поголеми последици. Мислам на килограмите.:rofl::toivo:
     
    На Giovanna, Lux, crimson и 16 други им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.278
    Зека, секако дека имаш поголеми резултати, се забележува тоа на последната слика, намален ти е обемот на струкот и колковите.
    Не се раководи повеќе со бројот на килограмите, штом веќе активно вежбаш си создала повеќе мускулна маса, а знаеш и сама дека 1кг сало и 1кг мускул не зафаќа иста површина.
    Јас би ти советувала да правиш и вежби за раце и грб, некако имам впечаток дека повеќе си посветена на долниот дел од телото, а не треба да го занемариш и горниот, со вежбите за раце и грб ќе се добие една убава целина.
    [​IMG]
     
    На mims-89 и Annath им се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    @zeka 1.500 калории ти се сосема доволно количевство калории што ги внесуваш, затоа што ќе ти дадат ситост и енергија, а изгладнување на организмот само ќе ти го успори ослабнувањето. Поради тоа што вежбаш многу ако чувствуваш глад и немање енергија накачи за 100 калории дневен внес.
     
  19. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    @sesilija , Најпрво ти благодарам за твоето мислење, подршка. Во право си,целосно сум посветена на долниот дел од телото. Го занемарив целосно горниот.

    Со сигурност ќе внесам промена, вложам и таа негатива да ја преточам во моја позитивна страна.
    Имам и желба и воља.
    До Март месец верувам дека ќе дојдам до мојата првична цел, потоа со нови цели и предизвици.

    @Петре Прличко , ти благодарам исто и на тебе.
    знам дека си во право. Јас годинава имав два лоши периоди што не внесував доволно хран, не вежбав. Но брзо се исправив на прав пат. Што сум горда, не кријам. Да не навлегувам во детали, сувишно е.

    Благодарност и до останатите членови од овој форум, да не ве именувам , ве има многу а се знаете самкте кој сте. Секој од вас ненормално позитивно влијаевте врз мене, мотивиравте и подржавте.
    знам дека често бев и напорна а ниту во еден момент не ме испуштивте од рака.

    :bow:

    Уште еднаш, благодарам и убаво да си ги поминете предстојните празници а желби и честитки ќе си посакаме во новата година.:hug:
     
    На bucimir, mims-89, Ariel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. bucimir

    bucimir Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    дрн дрн јариња..... добро бе,мислите дека порано мереа калории?!? па знаете ли од кога се внесе тос состојки и калориска вредност?!!! Од кога почнас секакво ѓјубре да се служи и ние го јадеме. Порано видете слики од родителите и ќе видите сите сучки, во тесна панталона и тесни кошулки, сууучки! Арно ама ви текнува колку јадевме благо како деца!?? јас сум 76 генерација и знам кога јсдев сладолед беа снежец бел пс после чоколаден, бснана вкус во чинивче и топче. И јадев еднаш неделно. А надвор бевме цел ден. Пешки на школо,пешки надвор, шеки на плажа, пешки по планини....сега, трт оп водно со колс,жичара...трт оп шлажасо колс, оп школо со автобус...се до г'с и се дебелееме.
    Јас сум случај да кога бев 56/со 174 јадев многу салати и риба и пилешко. Не дека диетишев туку ете, тоа јадев. Па аеробик три пати па водно секој викенд па точак, па пешки оф кисела вода до факс до ваму до таму и оп......од 75 ојдов на 56. Имав друг проблем,како да престанам да губам тежина и верувајте дека е исто тешко како и диета. Хух!
    Калории не броев, ниту ме интересираше. Зека според мене си јаде нормално, кога ќе и треба верувајте телото ќе даде знаци. Некои луѓе функционираат со помалку калории, исто ксако шро некои луѓе функционираат со помалку спиење.
    Јас тупук сто пати почнав и сто пату заебав работа. Еееее многу се нервирам пошо не ми е карактерот за откажување ама ете.
    Браво зека и само напред!
     
    На zeka, Snow-Star, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.