јади 5 пати на ден но по малку(на секои 3 саати јади) за доручек јади овесни снегулки со јогурт ужина-овошна салата или зеленчукова ручек-грашок грав ориз леќа месо со многу салата ужина-јогурт 2 чаши, јатки,соја грицки,може и протеинско чоколадо но не секој ден да јадеш од него(од ужинките се прави избор од едно не се од наведеното да изедеш) вечерата-секогаш протеин(пилешко,риба,соја) со салата пиј вода 8 чаши на ден,не претерувај со солта и зејтинот,повеќе варено јади не пржено и ако можеш вежбај 2-3 пати неделно
Искрено не знам по кој пат се приклучувам на темава(се надевам последен) Сеуште сум истата килажа претежно варирам килце,две.Се решив дефинитвно да ослабнам до летотo и треба да симнам 10 кила,so here we come. Веќе 2 дена како сум на диета,не баш на диета туку се трудам да го исфрлам лебот и благото.Си формирам некој мој режим на исхрана кој се надевам ќе го испочитувам.
Доста беше јадење кифли, руска, мафини и благо. Го прекршив режимот и од денес пак почнувам по старо. Цел ден сум на овошје и 2 посни сарми без леб. Планирам после да си пуштам некоја серија и да вртам орбитрек, мора да почнам и со вежбање од денес. После ќе јадам ананас и ќе си сварам чај. Мора да се доведам во ред деновиве.
Поздрав до сите диеталки. Воедно се извинувам што многумина од вас ми пратија ЛП. А не успеав да одговорам. Сакам да кажам бидете истрајни во својата цел. Пронајдете го вистинското Зошто сакате да го одстраните вишокот на килограми. Верувам дека нема да се откажете после првите резултати. Знам, разбирам како е. Во иста состојба бев јас до пред 10,5 месеци. Но само бидејќи трошев повеќе време да ја убедам околината дека неможам да ослабнам, јадам 'малку' а се дебелеам, вода да се напијам се 'фаќа' за мене итд.... Во стварност на никој од страна не му е гајле за нашето здравје, пред се. После естетскиот проблем. Се се промени одкако си поставив јасни и предизвикувачки цели во даден временски период. Ја негував и сеуште ја негувам мотивацијата бидејќи знам дека правам нешто заради себе. Ако мотивацијата е потикната од погрешна работа, површински , тогаш голема е веројатноста дека ќе се откажеме. Почнав да верувам во себе, се изненадив од успехот кој се здобив. Во моментот кога се скарав со сестра ми почна мојата трансформација. Оние што ме читаат , знаат за што пишувам. Сега знам дека се што ми кажала -било за мое лично добро, само бидејќи била навистина загрижена за мене. Сега и благодарам. Но, тој момент одлучив почнувам СЕГА а не следниот понеделник, месец. За кратко направив цели, предизвици. Секој успех ми е запишан во оваа тема. Немам слики како слабо девојќе. Одсекогаш бев дебела. Да, дебела. Но, сепак имав своја замислена слика како сакам да изгледам, како не сакам да изгледам. Места и планови каде би се почестила за моето достигнување, како награда. Гардеробата по која копнеев. И слично. Врската со сликите и мотивацијата беше и сеуште Е се поголема какк почнав да ги постигнувам резултатите. Визуелизацијата е моќна сила која може да ни го промени животот во позитивна насока Сега, од 110 кг можам слободно да се пофалам со 64 кг! Да, се гордеам со себе. Најголемата награда за мене беше кога сестра ми ми рече 'Се гордеам со тебе'. Да. Сега ја забележувам справата за вежбање, вежбам. Здравата храна која порано ја прескокнував. И покрај толку празници, одење по ресторани јас успеав да балансирам Се и се придобив со -800 гр. Благо, алкохол знам да се почастам, но успешно го компензирам. грицките, пржената храна, тестенини, секаков вид на сокови , брза храна-не постојат во мојата исхрана, трпеза. Да, сега со нова личност. Ми се промени погледот кон животот, успеав да си докажам себеси дека не постои пречка која што ќе ме одалечи од успехот. Се потрудив да ја објаснам мојата трансформација, се надевам некој нешто ќе извлече позитивно. Тоа беше мојата најдобра животна одлука, зад која што стојам и ден- денеска и до која ќе стојам до крајот на животот. Ви посакувам среќа и успешни трансформации. Уште еднаш. Напишете си ги вашите цели, фотографии какк сакате изгледате, направете се што е потребно да бидете опкружени со визуелни симболи на вашата цел. Изговорите оставете ги во минатото. Почнете да пишувате нова книга, полна со успеси.
Како точно се мери струкот?Кај папокот или над него?Ако некој знае нека ми каже точно кај да мерам,ме интересира колку ми е струкот а има голема разлика меѓу мерките на овие две места.
Јас сакам нешто да прашам. Прочитав дека со чучњеви и класични стомачни ти се „пумпале“ бутовите т.е. се зголемуваат.Јас имам проблем со тој дел,односно секаде слабеам освен во бутовите,сега би требало да не правам чучњеви или...?
Комбинација на кардио со вежби за цело и плус калориски дефицит. А тоа дека се пумпале нема врска. Да беше така сите ќе бевме напумпани
Еве како бразилките ги пумпаат бутовите: Spoiler: Вознемирувачко видео Знам дека е одвратно за гледање, ама тоа е тајната на сите оние совршени задници.
^ Можеше барем во спојлер да го ставиш видеово. После оти сум се гадела од дупчиња. Не го ни отворив, доволно беше да го видам. Сега се наежив како коковче и цел ден ќе ми испаѓа сликава пред очи. А успешно ја заобиколував низ сите весници и статии.
Зошто морав пак да го видам видеото Првиот пат некој го имаше постирано на фејсбук, јас сум лесно гадлива и после цел ден ми беше во глава Инаку, јас се вратив на вежбање денес, после пауза од две недели. Се чувствувам толку млитаво и надвор од форма, едвај издржав.
Овде ми е местото !!! Spoiler А досега освен во темета Бебе на друго место и ме немаше После бременоста не запнав да слабеам, туку јадев како стока . Никогаш во животот не сум била дебела и искрено тешко ми паѓа кога ќе помислам дека после 8 месеци од породувањето јас сеуште имам 4+кг од тежината кога забременив. . Цел ми е да се вратам на тежината пред да останам бремена (а и тогаш бев здебелена 3-4кг. како резултат на кломифен претоставувам) ама засега ќе се усреќам ако ги скинам тие 4кг,за понатака ќе видиме. Од вчера почнав да внимавам што јадам...поточно колку јадам. Не појадував (скоро и никогаш не појадувам), ручекот си го преполовив буквално (наместо 2 парчиња леб изедов 1 парче црн леб, повеќе салата и половина од храната во чинијата). Пешачев 3км - малку е знам, ама со мало бебе оставено на чување не можам повеќе да си дозволам засега. Вечерав туна без леб...и се принудив да легнам порано оти ќе паднеше во вода цел напор да јадам помалку. Ме фати криза, ама легнав со празен стомак. А искуство со диети скоро и да немам,се надевам темата ќе ми е од помош. Вака од почеток ептен залетена сум Само да ме држи волјата... се надевма ќе успеам
И јас ќе ви кажам како ослабев.Не слабеев брзо,а и така е подобро,за 3 години од 68 кг се спуштив на 50.Појадокот ми беше најобилен и сеуште ми е,ручекот среден,а вечерата најлесна или ја прескокнував.Режимот ми е нешто слиќен со хроно исхраната само што во мојот режим се дозволени и јогуртот и благото млеко и овошјето и благите работи.Благите работи најдобро е да ги јадете меѓу ручекот и вечерата,а не наутро,затоа што даваат енергија,но таа енергија брзо се губи.
ако не ти е тешко напиши ни пр,за доручек ручек( дали мешаше протеини и јх)и вечера и дали внимаваше на количината тнх ми се допаѓа хроно исхраната ама неможам да издржам без овошје и благо бидејки дојам, би сакала да ми дадеш насоки
Па вака: За доручек можеш да мешаш протеини и јх,поточно треба да ти биде најобилен. За ручек манџи,печени меса,риби со салата и треба да изедеш максимум 1 кришка леб,а пожено е и без леб да го јадеш ручекот. Меѓу ручекот и вечерата можеш да си каснеш овошје,благо зашто насабајле не е убаво благо да се јаде,а овошје можеш и меѓу доручекот и ручекот. А вечерата треба да ти биде најлесна,да не мешаш јх или скроб со протеини(јх или за вечера НИКАКО)можеш на пример месо или риба со салата,или млечни производи со салата или јајца со салата.Но можеш и само салата или само протеини.И да напоменам никако не мешајте млеко и месо,риба и млеко или јајца и месо.И кога ќе осетиш дека се се најала да престанеш да јадеш. @rokiroksana се надевам дека помогнав.
да да баш одамна и се мислев на хроно исх.ама неможам во целост да ја следам па кога го прочитав тв,пост баш ми дојде олеснително дека може да се ослабе како твојот режим фала ти
ако јадам само овесни снегулки и јогурт има ли шанси да ослабнам ? и јас само доручкувам а потоа ако ептен не можам да издржав без јадење ќе си каснам нешто и вода пијам около литар ипол понекогаш и два литра ...
Така само го успоруваш метаболизмот, поарно јади 3 пати во денот ама по малку ама здрава храна и вежбај