Правиш огромна грешка. 3 оброка и ужина меѓу ручекот и вечерата . Со ова ти што го правиш, метаболизмот го ставаш во survival mode или сите калории што ти ќе ги внесеш ги складира. Иначе овесните ти се одличен избор за доручек ама додади и протеини бидејќи тие се тие кое држат ситост.
па како да јадам 3 пати на ден и ужина да имам кога станувам около 1-2 а најдоцна треба да вечерам до 8 часот ?
Правилото е всушност да се јаде минимум 2 часа пред легнување, зависи кога легнуваш. Е сега во секој случај подобро е да се станува порано, па потруди се да стануваш порано па така ќе можеш да вечераш најкасно до 8. Или ете ако можеш прескокнувај ја вечерата, ама ручекот нема потреба да се прескокнува(тебе ќе ти дојде како вечера). И разликата меѓу главните оброци треба да е 3 или 4 часа.
ја поправив грешакта мислев на секој сат ипол пр во 1 ми е доручек во 2 ипол ужина во 4 ручек во 5 ипол ужина во 7 вечера...
Таа ќе слабее се дур има калориски дефицит. Тоа нема врска дали јаде на 2 или 4 часа, дали има 3 или 5 оброци. Многу читате статии по интернет. И, таа не се занимава со професионален бодибилдинг, туку рекреативно, а се дур јаде помалку од тоа што складира ќе губи тежина. Поентата со повеќето оброци е да биде сит во текот на денот и да ги храни редовно мускулите. За губење тежина тоа нема никаква врска. Што ако некој ги внесе потребните калории во три оброци? Нема да слабее? Глупости.
Да ќе слабее се дури е во калориски дефицит ама тој дефицит не треба да биде поголем од 500 калории дневно а во нејзиниот претходен пост она кажа дека има само доручек што значи дека дневно е во огромен дефицит и со тоа му наштетува на метаболизмот и тоа има контра ефект врз слабеењето . Поентата на 3 оброци и 1 ужина и јадењето на секој 4 часа е во тоа што инсулинот ќе биде на нормално ниво и како што кажа ти ситост и ќе може многу полесно да контролира тоа што го јаде.
Здраво нова сум на форумов.И пред да станам дел од Фемина секојдневно ја посетував оваа тема затоа што мислам дека од кога знам за мене сум на диета и сакам да ослабам. Но еве последнава година ипол успеав во тоа, и симнав некаде горе доле 18 кг. Секако не наеднаш туку постепено.Мислам дека упорноста е најважна.
Ја имам некој план за од понеделник, да не јадам леб, благо, грицки, газирано и прженици, планирам да почнам да вежбам некои вежби и планирам видливи резултати после 2 недели...Само незнам со кои вежби да почнам и кои вежби имаат најмногу ефект?
Јас почнав на тој начин, а не со некоја посебна диета.Значи благо,газирано,леб,пржена храна,грицки максимално одбегнував, посебно лебот и благото.А за вежби да ти кажам на почетокот не вежбав,а потоа да и тоа си правев комбинација гледајќи од интернет и гледав кога вежбав максимално да се испотам.Да спомнам и дека одреден период пиев ѓумбир, да можеби има некој ефект, но мислам дека сепак треба да се внимава што се јаде, а ако се седне и убаво да се прејаде мислам дека и ѓумбирот не помага.
@Sasha...pobaraj na youtube, ima razlicni videa samo zapisi za sto sakas. Ima i celosni vezbi od poznati fitnes instruktori.
ДИЕТА СО КИСЕЛО МЛЕКО: ПЕТ КИЛОГРАМИ ЗА 10 ДЕНА Диетата со кисело млеко може да ви помогне да ослабнете 5-6 кг за 10 дена. Киселото млеко ја нормализира работата на дигестивниот тракт, го зајакнува имунитетот, помага за прочистување на токсините од телото, ја подобрува размената на материи и го активира метаболизмот. Еве од што се состои оваа диета: – Кисело млеко 500 гр дневно, – Овошје 300 гр (со исклучок на грозје, диња, банана и други со висока концентрација на шеќери). – Зеленчук 300 гр дневно, – Зелен чај, 3 чаши дневно, без шеќер, – Од 150 до 200 гр варено месо (пилешко, мисиркино, телешко) или риба. Вие ги комбинирате овие продукти и сами го создавате дневниот редослед на исхрана. Освен што се слабее, оваа диета е мошне здрава, така да воопшто немате никаква опасност од загрозување на здравјето како некои диети на пример. Дали некој ја има пробано оваа диета ???
Нема магична диета, таблетка што ќе го реши нашиот проблем со вишокот на килограми. 5 кг за 10 дена? Одлуката лежи во нас самите. Дали сакаме да ослабнеме и на каков начин. Дали ке ја избереме Поздравата исхрана и ќе вклучиме физичка активност. или... ќе бидеме во потрага по 'диети' кои ветуваат 'успешно' одстранување на вишокот килограми без да размислуваме на последиците од брзото слабеење и рестрикциите во исхраната. Едит: Од малечка бев во потрага по диети кои ветуваат многу, не размислував на последиците, секогаш крајниот исход беше разочарувачки. Целата енергија ја насочив кон такви диети, таблетки и убедување себе и останатите дека и вода да се напијам сефаќа на мене. ПОГРЕШНО! Се едуцирав и целата моја енергија ја насочив на правилниот пат и УСПЕАВ! Сега сум здрава, нормална девојка. Со бројот а килограми, секако. Кој разбира, ќе ме свате.