Мила моја Гага јас ке ти речам живеј го животот .... сега на таа возраст се ти е опростено ....треба да си среќна , полна со младост , да се забавуваш, да мислиш дека цел свет е твој- и е твој, да имаш 5 симпатии па и повеќе, да се зезаш по телефон со нив, да знаеш дека си совршена онаква каква што си , да правиш милион работи , да носиш кратки сукњи,голи стомаци....се што ти душа сака ....има време за диети...има време за ова твое размислување...живеј си ја младоста ...а кога ке остариш и не дај боже здебелиш ниепак ке сме овде (само малку постари ) и ке те подржуваме .... а сега вакај патот за надвор и полна со самодоверба во акција по твојата симпатија ако немаш најди си ...па лето е
Да си прашам јас, дали е можно од пренапорно вежбање на орбитрек да ме болат рамењата и вратот? Ме болат ептен, дури и на допир, како модрица. Вчера и некња вежбав по 2 саати на орбитрек и уште при вежбањето некако ме болеа рамената и рацете, ама денеска е неподносливо . И чудно ми е зошто ниеден друг мускул не ме боли, ниту нозете, ниту рацете, ниту абдоменот...
Jас јадев за појадок таратор со краставица, за ручек чинија црешки и за вечера таратор со краставица и 1 јајце Mалце не е само таратор и краставица , ама сигурно повеќе од 800 калории нема бидејќи не сум активна, само на фемина, и книгата во раче, не ми ни треба повеќе калории Aма после испитиве, ќе почнам поактивно, со трчање и зумба зумба па ќе видиме за 10 дена вагата ќе покаже де за утре не знам што, се мислев таратор, ама ми се згрози веќе и од него, само тоа јадам, покрај салатине мајка ми има во план лозова сарма само со ориз (без месо) и полнети тиквички со морков и патлиџани, па може за ручек тоа ќе јадам 2-3 малечки сармички и 1 полнета тиква! A и црешиве греотка е да не ги јадам, и тоа ќе си јадам, па толку се убави големи крупни крв црвени A јас со тараторон се замарам
Можно е да, ако ги имаш користено и рачките ако не ти биле во фиксирана позиција да. Макар што и да биле фиксирани, ако многу си ги стегала рацете додека си вртела исто. Имаш воспаление на мускулите ќе ти помине ништо страшно. Ако долго не си вежбала, требало со помалку да поченш, не одеднаш 2 саати ти ептем си се запнала
Да, да, ги користев и рачките намерно, за да ми се затегнат и рацете Инаку, вежбам од поодамна, ама зумба вежбав дур бев во Скопје, а сега од кога си дојдов дома му се фрлив на орбитрекот Ама вежбав два пати по 1 саат, не наеднаш два саати, не сум разјаснила во претходниот пост
Да ви доловам една ситуација. Се кандисав да одам до дневна кога таму: татко ми јаде смоки( да му поминеле киселините демек ), брат ми јаде пржени компири и до него една вреќа ресани за десерт, и мајка ми јаде риба ... Не, сакаат да побудалам. А јас, како да имам во стомакот игли од што ми е надуен, во желудникот како машинка за нескафе да ми врти од што ми се јаде, ци*ките за 5 броја поголеми, зглобовиве крцкаат како рѓосани, во исчекување сум и на главоболките неколку дена и конечно нека дојде менструацијата, не можам ... ме уништува секој месец !!! Тоолку ми се јаде ауу, а денес многу јадев ... Сабајле нес и цедевита, макарони со сирење, па 120 грама пуканки, па пак нескафе, па сега една шака компир пржен, скубнав и риба( ептен малку), и огромен патлиџан со сол и една чаша јогурт ... Сепак не е премногу во споредба со се што конзумирав порано во пмс ... Ми треба многу храброст деновиве да ги издржам ... поготово пошто се осеќам како балон подуена ... Морав тука да се олеснам, зашто ќе пукнам !!!
Епа Теди мече, ја нема да те карам или осудува што ти се јаде зошто немам право, а и организам нормално човечка потреба. Ама за да не ти се јаде, оттргни ги мислите од јадењето, тоа е многу битна работа, искушението, да се научиш пред тебе да има полно јадење, највкусно нека е , па макар и твојата омилена храна, а пак да не ја вкусиш, е тогаш да видиш како ќе бидеш горда на себе, а не да ти биде мака што не си каснала. Некогаш и од лакомоста, ако не си гладен пак ќе мислиш дека си. Јогуртот би требало да те засити или макар да ти го намали гладот . Ако уште ти се јаде, изеј едно јаболко или напиј се една чаша вода. Ја денес ич овошје немам јадено немам дома јаболка , ама пак 3 чаши сок за растворање испив и пак не ми кажавте колку има калории во една чаша со растворен сок .
Фала Лукс ... Водам јас борби ... Неколку битки победив, па дури ни сладолед немам пробано, како да не сум горда на себе Сега не е грев и да се скубне од нешто, ама чудно ми е после совест те јаде и од едното залче Инаку тие сокови имаат многу калории и штетни се, содржат многу конзервасни и шекери, ако можеш одбегнувај ги. ( точен број калории не знам) експертот лудото или некојд руг нека превземе И да, дојдов до еден заклучок, човек најпрво слабее онаму каде што е најслаб
A Tеди Tеди знам како је пмс мене треба да ми дојде за 7-8 дена, и знам дека 3-4 дена има да ми се јаде урнебесно ! уф тогаш можам цела торта да мавнам! Aма ќе се потрудам да се контролирам! ко за во пмс не си изела многу, е сега и утре ќе те маваат истите кризи, затоа мислам насабајле, кога ќе станеш, најади се убаво со леб, да речеме во 10 саат сабајле. после за ручек и вечера нешто полесно! и малце прошетка, пропешачи Hе се лишај од храна знам дека е многу тешко во пмс, затоа подобро насабајле напукај се, да не ја направиш бељата пред спиење
Да, тоа со грижата на совест е интересна работа, изгледа ко ќе имаш зацртано дека не треба, не треба, не смеам и ко ќе си дозволиш макар и 3 касајчиња те јаде после цело време. Ама не се лишувај од храната, јади ја паметно ко што би рекла, полека, но сигурно и во помала мера па макар и половина парче торта да е за да можеш побрзо да ја свариш и да можеш да ја истрошиш, или да надокнадиш енергијата што претходно си ја внесла, абе стратегии .
Абе убаво си седев во соба и си играв дебилни игри на интернет Знам дека моиве се полни со пороци што ме тераше доле да се симнувам Се шалам, не се претерано страшни кризите, ама мора човек да се навикне, одамна ваков глад бре немам издржано. Сега ќе си легнам, да не мислам на храна, а сабајле и така ќе имам три саати професор математика, блив ми и пмс и што сака нека е, после тоа нема да ми се јаде Психата на луѓето е чудна работа, тоа со грижата ... бре ќе те изеде совеста како најголем криминалец да си ако поткаснеш нешто
Јас пак ништо не јадев денес. Едно мевце само сабајле и толку. Цел ден заглавив натаму-наваму и немав време да каснам, а сега дома немам ништо, освен праски. Сакам сега да зумбам, ама не знам дали ќе бидам во стање. Теди, земи грицкај краставица
иде лето мора да се слабее .. ајде јуни нека биде за диети, а јули за уживање на плажичка иначи јас веќе три дена вежбам и држам една диета па ќе видиме што ќе биде
Што ми требаше да ве прочитам дека сте биле умни и вредни денес ... Јас си ја прекршив диетата денес а и зумбата ја намалив за 15 -20 мин па секако со полн стомак кај се скокало ?! Ах таа чинија со шпагети што ми направи... имам грижа на совест
Гага имаме тема за зумба, инаку ако вистина имаш 44 на толкава висина(не дека е нешто малку или многу), немој многу да се оптеретуваш со диети, сосема нормално и во ред и на тие години да се размислува и за поздрав е тоа што внимаваш, ама не е убаво да се оптеретуваш, секоја диета колку што е корисна и е толку штетна тоа го знаеме, ама и кога си во растот не е убаво да се ограничуваш, па треба да внесуваш храна со растителни влакна, јади си се, ама умерено, тоа ти е најдобра диета .
Гага,те молам за Зумбата на соодветна тема.И не ме интересира дали те мрзи или не,таа си е темата,тука е за морална поддршка. Него јас денес сум принудно на два средно големи,варени компири сум и околу 100 грама мешани,чајни колачиња.Повеќе од 500-600 калории немам у себе и ми се јаде,а храна штом внесам... .Ќе си помирувам,ама нит се води,нит се тера.Од нејадење ти се слошува,од јадење пак ти се слошува,шо да праам?!Најубаво на инфузија да одам!!!
Леле како ке се издржи да не каснам пржени печурчина-лисичарка како?????Леле ке цркнам,цела куќа ми мириса на печурчина а јас не смеам да каснам....ми се плачи
Jас сабајлево каснав јаболко и двопек,и после заминав на англиски 5-6 часа,и ми се вртеше,и си зедов од мекдоналдс ова,ама и не е големо многу Spoiler згрешив ама сега пак ручав според диетата,и пак ке ја продолжам