Хељдата има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамини Б1, Б6, П. Нутриционистите често препорачуваатлуѓето кои страдаат од анемија, хипертензија или болести на јетрата да ја вклучат хељдата во својата исхрана. Диетата со хељда се држи 14 дена, во текот на кои можете да изгубите од 7-12 килограми и воедно да го исчистите својот организам и да ги одморите органите за варење. Хељда можете да набавите од која било продавница за здрава храна. Треба да набавите хељда во зрна. Зрната хељда треба да се прелијат со врела вода, потоа да се процеди водата па повторно да се прелијат со врела вода, да се поклопи садот и да се остави да отстои во текот на ноќта. Не треба да се вари, само се прелива со врела вода. На една чаша хељда во зрна се става 1,5 чаша вода. Во текот на диетата можете да јадете хељда колку сакате, нема ограничувања, но треба да се јаде без зачини, сосови и сол, единствено можете да додадете соја сос. Во текот на денот исто така треба да се испие 1 литар кефир или јогурт со масленост од 1%. Треба да испиете најмалку 1,5 литар вода дневно. Можете да пиете и зелен чај, а доколку пиете кафе, ограничете се на две шолји дневно и тоа без шеќер. Пожелно е последниот оброк да ви биде 4 часа пред да си легнете. Се препорачува и дополнително да земате витамини, како и кај сите диети. Во текот на денот исто така можете да јадете и овошје и зеленчук – јаболка, зелка салата, суви сливи, лажичка мед и т.н. Диетата со хељда не е гладување, треба да јадете нормално и да се чувствувате сити. Секако, не треба да се прејадувате.
Возможно е, зошто да не? Јадат по 7 банани за доручек, тоа се отприлика 700 калории само за доручек. Плус и за ручек пак околу толку, а за вечера и поише, пошо таму може и компир, ориз итн....Моја пријателка откако почна вака да јаде се стопи. Затоа викам дека не ми е јасно и ако некој знае би сакала да ми објасни, мене само ме интересира зашто и јас го делев твоето мислење ама сега ми се докажува спротивното...
Станува збор за квалитетни јаглехидрати. Колку пати до сега сме прочитале-не внесувајте празни калории? Милион. И не е за џабе. Празните калории веднаш преоѓаат во сало, додека квалитетните го хранат телото, а тоа што е вишок се исфрла. Знаејки го тој факт, можеш слободно да се утепуваш од јадење ориз (пример) и цело време да слабееш. Диетата на Геишите е прекрасно нешто. Истовремено си преполн со јх, и истовремено слабееш да не речам, се сушиш.
Вусшност метаболизмот е клучното за фит изглед, а тоа што е утешително е дека метаболизмот се менува не е однапред преодреден за некого, секој може да го убрза или успори Грешката која сите ја прават се брзите и неправилни така наречени јо јо диети со краткорочен ефект и несакани последици. Како да се убрза метаболизмот не е тајна, активен живот, многу вода и честа исхрана во мали количини. (пожелно е разновидна исхрана, не придржување кон строг режим на едноврсна храна, нема потреба од многу ограничувања, битно е да ги опфати сите нутрициони вредности, затоа што не е целта да се биде само фит, туку и убаво да се изгледа, а тоа подразбира и свеж тен кој нема да изостане со ваквиот начин на живот Во суштина не е потребен многу труд, треба да е навика а не нешто кое го сфаќаме како "замарање", почетокот е најтежок а навиките се ствараат, само преостанува да се решите.
Да да, тоа е најлогичниот одговор. Сега сум во транзиција, а од 23ти февруари почнувам официјално со таков начин на исхрана(таман со постите да се вклопи), па ќе видиме што ќе биде, ќе кажувам
Висока сум 154 а имам 64 кг.Почнав со хроно исхрана ама нешто овие последни 3 дена утнав.Од утре ќе почнам ново на ново бидејќи 38бр на фармерки ми се фаќат а сите ми се 36бр.Додека не ми се фанат фармерките ќе бидам на диета значи до кајј 55кг.После полека полека ќе ѓи симнувам.Ќе почнам да трчам и секој ден по 100стомачни ама само едно ми треба а тоа е мотивација
Мора да најдеш конкретна цел или твое ЗОШТО, зошто сакаш да ослабеш. Пр. како што пиша да го намалиш бр. на фармерките тоа е конкретна цел. Со одредување на конкретна цел или твое Зошто ќе останеш мотивирана и секогаш кога ќе сакаш да се откажеш помисли на твојата цел и твоето зошто.
Првен да се извинам но незнаев каде да прашам.. Дали можете да ми кажете здрави јадење за ручек? Затоа што стварно не знам што да јадам за ручек.. П. С ово лакто вегетарианец сум.
Масло од ленено семе кое ке ти послужи да си спржиш нешто од виталија или некоја туна мммм.Тоа е и мојот избор скоро секогаш
Омлет со печурки и сирење правено во тефлонска тава или пак со минимално масло од ленено семе или маслиново. Печурки на скара со салата Ориз со мешан зеленчук Плескавички од тиквички Плескавички од леќа Крокети од компир Варен компир со сусам и сирење Рижото со печурки Кус Кус со зеленчук Интегрални тестенини со органски доматен сос Киноа со кари и зеленчук
Сакам да си испржам јајца во тефлонска тава, дали такви ке бидат многу калорични иако ставам по една капка зејтин? Благодарам.
Не ситничари до толку, ништо нема да биде од малку зејтин од време на време. Ако не сакаш зејтин, стави некое друго масло, кокосово/маслиново. Тука негде се со калории, ама се поздрави.
Нема да бидат многу калорични , али веке ако ги прзиш подобра варијанта ти е да ги пржиш со капка маслиново масло
Почнав по малце да слабеам.Режимот ми е сличен на хроно исхрана.И дневно правам по 50 стомачни а вчера и 20 минути вежбав.А денес ќе вежбам вечер 25 минути.Па држете ми среќа да ослабнам
После намалени 9-10 килограми,сеуште се обидувам да го задржам режимот на исхрана. Но,почнав да внесувам благо во поголеми количини и имам потреба да јадам и навечер. Мислам дека ќе си го извадам мозокот на моменти што ми го тера умот да шета по "забранети" дестинации.
Да се прикличам и јас овде , иако ми се чинеше дека никогаш во животот нема да си го дозволам ова Значи не се работи за некоја прекуметна тежина и не дека држам којзнае каква диета , висока сум 158цм а тежам 51.5 до 52 кг ( никако не можев да се договорам со вагата ) Значи сакам да имам некаде 48 кг , искрено никогаш не сум се замарала со бројки , ниту пак сега , туку ја сакам онаа тежина во која јас ќе се чувствувам најубаво.Мислам дека некоја оптимална е 48-9 кг од моето досегашно искуство. Целосно го исфрлив белиот леб, место него јадам двопек и сум во конфузија дали е ова добро ? Зошто по толку прочитани статии на интернет и толку разгледани таблици гледам дека имаат слично калории како со белиот леб, па некој совет дали да продолжам вака? Благото ми е сведено на минимум , јадам јаткасти плодови најчесто индиски ореви, од зеленчук скоро секој ден јадам краставица и понекогаш си дозволувам геврече за доручек.Како што напоменав не сум нешто ригорозна значи во главно не се изгладнувам претерано. Маргаринот го заменив со зденка мислам дека и тоа не е нешто што е препорачливо да јадам ама не можам без ништо а како што успеав да сфатам маргаринот има повеќе калории Откако се здебелив ми се појави и целулит и дали за да го тргнам е доволна физичка активност и да внимавам колку толку на исхраната?Инаку пијам многу вода, не затоа што е препорачливо туку од секогаш сум пиела и на 20 минути мочкам , сеуште не сум сретнала човек што тоа го прави повеќе од мене , едноставно сум зависна од вода и секогаш имам чаша до мене. Ме интересира само од некој што повеќе се разбира дали сум на добар пат Порано вежбав доста редовно ама едно време не живеев тука, живеев доста брзо и престанав и тоа некако ме исфрли од колосек и допринесе за сегашнава ситуација. Денес се измерив и сакам да се измерам повторно за 15 дена се надевам ќе има некои резултати Стискам палци на сите
@LaraSolare Мислам дека ти е подобра варијанта интегрално лепче на тост место двопек. Место маргарин, дефинитивно путер( многу поздрава варијанта ) и исто така краставиците би ти препорачала да не ги јадеш на празен желудник( за доручек), може лом да ти го направат желудникот, мене тоа ми се задеси летово и лошо е, верувај. И обавезно физичка активност бар три пати во неделата(пешачење, трчање, планинарење, фитнес итн...). За водата те поддржувам 100%, продолжи си така и јас сум иста, си најде и друга одлепеница ко тебе А за целулитот е се горенаведено, значи да пазиш што внесуваш, многу вода и физичка активност. Се надевам помогнав малце- одмалце. Гуд лак
ja kolko sho se trudev da osoznaam za dietite do sega,svativ deka balansirana isxrana i fizicka aktivnost se tklucot protiv debeleenjeto.ne deka sea i jas sum fit daleko sum od toa ama vo poslednive dve nedeli se trudev da malko bar namalam lebot povecam proteinite i so igranje so tezinite bar pola sat dnevno uspeav da namalam
uspeav da namalam dva kg. da se redaktiram.samo blago ne isfrliv i mlecni zasto mi treba energija za krevanje na tezinite.deseti iziigodini se boram so kompulsivno prejaduvanje i daj boze konecbo da go pobedam.samo silna volja i upornost i se stiga do celta.duri i koga se gresi vo denovite so isxranata i togas da ne zastanuvame tuku pak da prodolzime.se