(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Discussion in 'Диети' started by Vampire-Girl, Jun 26, 2010.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    3,889
    Likes Received:
    13,461
    Како да ослабнам неколку кила само со рестрикција на храна? 2-3?
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    По мое скромно мислење...
    Помалку благи нешта, елиминирање на белиот леб, а употреба на интегрален, исфрлање на газирани сокови, повеќе вода.
    Но сепак би ти препорачала само малку повеќе физичка активност, макар и пешачење. За краток период ќе го добиеш резултатот.

    ***
    Ајде ви се придружувам и јас во тајфата на ослабувачки :D. Оставете тоа благите во ф.и. што ги постирам, тие се за тие што не сакаат да ослабат :wasntme:.

    Крајна цел ми е некои 12 килограми што си ги добив од бременоста, а терминот е некаде до мај-јуни, ама секако.
    За почеток потполна рестрикција на благо, газирано не пијам, заменет е одамна белиот леб со интегрален, кафе еднаш месечно (стандард шема за мене)... Ме фаќа за око хроно исхраната зашто е дозволено се’ да се внесува, но сигурна сум дека ќе правам отстапки со оглед на постот кој започнува нареднава недела.
    И најважно... повеќе физичка активност. Засега го „изморувам’’ орбитрекот некои 40-50 минути и дополнително движење надвор :).
     
    bojana.pec and Doozy like this.
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    3,889
    Likes Received:
    13,461
    Благо не јадам, многу ретко едвај 2-3 пати во месец, бел леб избегнувам, освен ако немам друг избор, газирано исто така не пијам. Само проблем е што во школо јадам цело време тостови и слично, ама па немам никаков друг избор. Сакам да си носам од дома ама не знам што. Сподели нешто интересно ако имаш идеја, мене ич не ми текнува за храна нови идеи.
    Ќе се обидам нешто да вежбам по дома барем 30тина минути. :)
     
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Нема врска тоа каква храна јадеш, туку колку храна јадеш.

    Можеш да слабееш и со бурек јадење се дур знаеш колку трошиш и колку внесуваш, но разликата е нутритивните вредности што ги внесуваш во организмот преку исхраната.

    Сувомеснати производи имаат огромен процент на масти, благото има огромен процент на рафиниран шеќер, газираните и алкохолните пијалоци имаат доста калории. Таков вид на исхрана не носи никакви витамински бенефиции на организмот. Тоа се празни калории.

    Пилешко, телешко, риба, говедско, ориз, тестенини, спанаќ, грав, компир, леќа, компир чорба, урда, млеко, јогурт, овесни снегулки, зеленчук и овошје се храната од којашто треба да се засновате.

    Секоја храна има калории и дебелее, но поентата е што со другата храна ќе внесувате витамини и здрави состојки, а ќе јадете и многу повеќе.

    Мој ручек денес: 250 грама пилешки батак, 500 грама зелена салата, 250 грама пире, едно парче црн леб, малку урда и феферонки. Ова храна ќе ме држи сигурно 5-6 часа без проблем. За градење и оформување на тело есенцијални се протеините што ги внесувате. Женско тело со 60 кг тежина треба да внесе околу 110-120 грама протеини, а тоа е 500 грама пилешко месо.
     
  5. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2012
    Messages:
    469
    Likes Received:
    1,721
    Gender:
    Female
    мало дополнување :) препорачливо би било овој оброк што го кажа да се подели на три мали оброци за да се одржува брзина на метаболизам, колку повеќе оброци толку побрз метаболизам и побрзо трошење на калориите.. (веќе сите ова го знаеме aли не е на одмет мало потсетување) :)
     
  6. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Па, не би се сложил. Повеќе оброци за да бидеш повеќе време сит, но тие се тие калории. Телото препознава само калорија и ништо друго :)
     
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2012
    Messages:
    469
    Likes Received:
    1,721
    Gender:
    Female
    не е точно, а можеби и не ме разбра, на пример тој оброк што тебе те држи сит 5-6 саати, ако се подели на три оброци, истите калории се внесуваат а придобивката е голема, го забрзуваш метаболизмот (со самото активирање на дигестивниот систем, метаболизмот се забрзува а во твојот случај мирува) а метаболизмот (меѓу останатото) е клучен за побрзо согорување калории. (освен со почести а мали оброци метаболизмот се забрзува и со физичка активност и голем и чест внес на течноти)
     
    Annath likes this.
  8. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Вода ќе пиеш колку ти се пие, а не колку ти кажале. Храна ќе јадеш колку ти се јаде, а не колку ти кажале.
    Зошто да пиеш вода кога веќе твојот организам ти кажува дека не ти се пие?
     
    bojana.pec likes this.
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Joined:
    Jan 3, 2012
    Messages:
    469
    Likes Received:
    1,721
    Gender:
    Female
    Ако идеме по твојата логика, ќе јадам благо колку ми се јаде а не колку што ми кажале и така ќе си терам инает, и ништо од диетата. И мене не ми се јаде брокула, но има нутритивни вредности кои што ги нема кај останатиот зеленчук или ги има но во многу помали дози, и сеа да не ја јадам зошто не ми се јаде, и на кого терам инает? на сама себе.

    Нели под диета се подразбира здрава исхрана и здрав начин на живот а не слабеење само. Луѓето генерално внесуваат многу помало количество вода од потребното (докажано). 70 проценти од човечкиот организам е од вода, логички е да ни е потребно да пиеме повеќе вода, макар и кога не ни се пие (за хидратација, за посвеж изглед за здрав начин на живот) а со инает само можеме да тапкаме у место.
     
    Annath and crimson like this.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Јас јадам благо, т.е. крем, маџун, суво грозје :D

    Под диета се подразбира здрава исхрана тоа е точно, но денес нема здрава исхрана, туку поздрава:P

    Цвекло, зелена салата, кромид, лук, спанаќ, феферонки, брокула е здраво иако ни јас не јадам многу брокула.

    Водата не е докажано дека ги намалува мастите и салото во организмот. Тоа е повеќе мит, а инаку нормално дека треба вода да пиеме.

    Добро тело се гради со исхрана, но и со стероиди и хемија срце :)
     
  11. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    708
    Likes Received:
    8,328
    Не требаат никакви научници да ти докажуваат, пробај нормално храни се како досега и пиј вода. Многу вода.За месец дена ќе ослабеш јас ти гарантирам. Башка и што си има и други благодети, ама нели за слабеење и топење масти правиме муабет. Како нејзе нема ништо поефикасно и побезбедно, како за здравјето така и за изгледот, па и за расположението.
    Јас јадев нормално, без пазење и пиев ненормално многу вода и за многу кратко време ослабев 5 кила. И не ги вратив. Башка ваљда и си слушнал или си видел луѓе кои на лето се слаби, а зимно време се дебелеат. Токму поради водата е така, нема врска што зима имало празници или не знам што. Жешко е, се пие многу вода и таа е причината за слабеење. Ете докажано е сега :)
     
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Салото и стомакот го намалуваат само калориите и ништо друго. Дај да се запознаеме приватно, ќе ти распоредам моја исхрана, јади толку и пиј вода, па ќе видам дали ќе ослабнеш :D
     
  13. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Joined:
    Aug 24, 2010
    Messages:
    3,889
    Likes Received:
    13,461
    Како го спремаш пилешкото? Какво купуваш? Батаци, од тоа цело што е бело (поим неам као се вика, ниту пак нешто во врска со цена/спремање/протеини итн..)

    И плус, која храна го дуе стомакот?
     
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    500 грама пилешки батак има околу 105 грама протеини, но без кожичка. Со кожичка има малку повеќе масти.

    Го спремам без воопшто зејтин. Всушност во ниедно јадење не ставам зејтин, може само 1-2 капки чисто. Всушност, не чувствувам некоја разлика дали дека сум се навикнал.

    Пилешко месо е добар извор на протеин како и говедското. За купување мајка ми купува :D
     
  15. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    708
    Likes Received:
    8,328
    Па не зборам за да ја јадам твојата исхрана. Зборам да си јадеш нормално како што си јадеш секогаш. Ти твојата, јас мојата досегашна исхрана и плус многу вода. Ако направам промени во исхраната тогаш дефинитивно ќе има и промени при дебелеење/слабеење и нема потреба да и препишуваме нешто на водата, знаеме од што сме се здебелиле или ослабеле. Од промената во исхраната. А јас ти зборам само промена да ти биде пиење многу вода.
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Joined:
    May 4, 2011
    Messages:
    3,479
    Likes Received:
    6,483
    1. Не е точно дека телото распознава само калорија. Едно е 200 калории од протеин, сасим друго е 200 калории од јагле хидрат или масти и шеќер. Не мешајте баби и жаби.
    2. Летно време не само што се пие повеќе вода, туку човек и повеќе се поти. И ако не сте приметиле,и повеќе се движиме летно време него ли зимно така да -да водата помага,но не е клучен фактор.
    3. Не можеш на женско да му дадеш да јаде исто ко за машко. Ако за машко кое има интензивен тренинг секој ден и се прави исхрана за слабеење, во зависност од метаболизмот, ќе се направи од 2 грама на кг можеби. Додека кај женско ако има БРЗ метаболизам се иде грам на кг, или ако е СПОР се оди со минимално (0.5 гр) на кг од масти шеќери ИЛИ јагле хидрати. Најчесто се исфрла шеќерот скроз.
     
    calliope, Annath and crimson like this.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    Телото треба да има и протеини, јагленохидрати и масти. Се туто комплето.

    Кога се слабее се намалуваат јагленохидратите зависно колку си висока и тешка, а и пол, но и движење. Ако вежбаш секој ден интензивно по 45 минути тогаш ќе зголемиш исхрана.

    Јас искрено не сакам брзо топење, туку споро со тек на време. Тоа е многу подобро отколку првото. Нормално секој сака брзи резултати, но вака е поздраво и подолгорочно.

    Ако сакате да слабеете најважни се само калориите и точка. Ако сакате да градите убаво тело битно е се:)
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Joined:
    May 4, 2011
    Messages:
    3,479
    Likes Received:
    6,483
    Значи почнуваш добро а после сам себе го убил. Сам кажа дека јагле хидратите се варираат а потоа викаш калориите се најважни и точка. Значи сфати-не може калорија од протеин да дебелее исто како калорија од јагле хидрат. Јади туна и пилешко секој ден и здебели се ко леб да си јадел да видам.
     
  19. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Joined:
    Nov 10, 2014
    Messages:
    330
    Likes Received:
    387
    За да слабееш треба да имаш калориски дефицит и тоа е. Не знам што тука не е јасно?:)
    Протеини се внесуваат да не се изгуби мускулната маса.

    Што е лошо ако јадам крем со две парчиња леб и млеко ако тие ми се пресметани во моите 250 грама јагленохидрати на ден?

    За да не се дебелееш ќе си планираш колку внесуваш.
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Joined:
    May 4, 2011
    Messages:
    3,479
    Likes Received:
    6,483
    Сакаш да кажеш дека ако денес внесеш 500 калории од чоколадо и тоа ти е за цел ден побрзо ќе ослабеш од да внесеш 1000 калории од здрава храна!? (facepalm) Скриј се негде молим те. Јас ја напуштам темава. Те молам не ме цитирај, поздрав.
     
    Annath and Bufi like this.