(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. butterflyyy

    butterflyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    59
    Јас имам околу 15кг за симнување. Пред еден месец почнав со протеинска диета. Ги исфрлив од исхрана леб, компир, ориз, благо никако. Исхраната ми се базира само на салати, зеленчук, овошје, протеини т.е. месо, јајца, риба и јаткасти плодови. За еден месец симнав 3кг, и малце се разочарав бидејќи многу малце килограми симнав, бидејќи покрај диетата и редовно вежбам во теретана, и се мислев да се префрлам на УН диетата, но сепак се одлучив да продолжам со овој вид на исхрана бидејќи веќе организмот ми се навикна на оваа диета. Сепак покрај слабеењето треба главна цел да ни биде здравиот начин на живот и здравиот начин на исхрана и се надевам со тек на време килажата да си дојде на место.
     
  2. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Имам околу 8-10кг мах за симнување, ја држам УН диета и за 10 дена симнав 3 кг. еве денес ми е 15ден и мислам дека добро ми оди за сеа :)
    Иначе вежбам и 3 пати неделно поинтезивни тренинзи на аеробик во комбинација со инсенити..
     
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Јас сум 160см и имам моментално 56, не можам да живеам со себе ваква, идеална тежина за нас би била 49-50 кила, но сепак се зависи од градбата нели?
    До септември имав 51 најмногу и си бев океј, но изгубив желба за вежбање, јадев повеќе и оп прасенце сум. Не се многу килограми, но мене и те како ми се гледаат. Затоа пред некој месец почнав со лесни вежби, колку да фатам темпо, и да не забушавам. Утрото ми започнува со чаша цеден лимон, топла вода и мед. Отсекогаш сум се хранела здраво, со многу овошје и зеленчук, леб скоро и да не јадам, но обожавам месени кифлички, пити, и ме предизвикува пред се благото, без него не можам. Но, го намалувам постепено, тоа ми беше прва цел, бидејќи јадев и по цело чоколадо на ден, или две-три парчиња торта и така секој ден.. Од минатата недела започнав и со некои поинтензивни вежби, па се надевам ќе бидам истрајна. Мене џабе ми е да внимавам на исхрана ако не вежбам, а кога вежбав по 2-3 часа дневно, богами и две парчиња торта секој ден си имав убава тежина. Така што мора да се мотивирам уште повеќе да вежбам.
     
    На crazylady и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    11.685
    ја па висока сум 165 а тежам 65 кг а треба да симнам 15 кг порано ја држев диетата на иренна и за две недели ослабнав 8 кг а сега никако неможам да ја почнам и се нервирам :D :*
     
  5. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Обично се гледа минус 10 да биде за некоја си "идеална тежина", НО за оние коишто вежбаат во теретана не е битна вагата, затоа што се губи многу на обем. Значи само гледање во огледало и полека панталоните ќе почнат да ви паѓаат. :)
    Не е иста тежината на мускулот и салото.
    Пример

    [​IMG]

    односно

    [​IMG]

    Не треба да се изгладнува организмот, затоа што така се троши мускулот (што е многу лесно да се потроши, треба да се троши салото). Треба да се отфрли брашно, шеќер, сол.
    Вода рано наутро на гладно, јаболки, варено месо/риба во мали количини (100гр на оброк), меѓутоа повеќе пати, храна богата со протеини; несолена урда, туна итн.
    Пиење МНОГУ вода, за да се отфрли вишокот на вода во организмот.
    Физичка активност, потење. Ама не после режим да се вратиме на старо, затоа што одма си доаѓаат и килограмите. Треба да се навикне начинов на исхрана.
    Јас моментално имам 51 килограм на 160цм висина. Сакам уште малку да го намалам обемот на нозете, ама сум многу задоволна од истрајноста и од резултатите во споредба со тоа каква бев пред неколку месеци.
    И овојпат бев (и се' уште сум) стварно решена. Нема враќање на старите килограми. :D
    :hai:
     
    Последна измена: 25 мај 2015
    На IronLady, Annath, PinkDramaQueen и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Според висината треба да имаш 49кг, нормално кило помалку-повеќе.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tropicjuice

    tropicjuice Нов член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на форумот и мислам дека ова е најсоодветна тема за мојот проблем. Пред две години кога бев 14 години за околу 2 месеци ослабнав околу 10 кг и целосно се променив бев како друга личност. Но тоа не траеше многу време за неколку месеци повторно ги вратив сите килограми и дури и накачив. Оттогаш па наваму трае мојата бобра со килограмите. Не постои месец а јас да не држам некоја диета макар и на неколку денови.
    Мојот проблем е тоа што се прејадувам многу, многу. Постоело е и периоди кога по два месеци сум на здрава исхрана не ставам благо во уста и одеднаш еден ден ќе се прејадам како за три дена. И тоа не трае само тој ден па да се вратам пак на старото туку продолжува по цел месец. И после пак повторно се врти се' во круг. Мислам дека псхички сум пореметена од толкавата опседнатост со храна и мојата тежина. Моментално сум 167цм и имам 68-69 кг. Мајка ми ми вели дека треба да ослабнам и јас самата знам дека треба но веќе немам желба ни надеж дека ќе успеам во тоа. Во последно време размислувам за посета на психолог но во мојот град нема стручен токму за нарушувања во исхраната. Сакам да си помогнам на самата себе и дали можете да ми препорачате некој од Скопје или било каков друг начин како да си помогнам?
    Благодарам на читањето.
     
  8. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    18
    Зека каде си дај малку мотивација, без тебе не е интересно
     
    На Pinklips и molikaMk им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.021
    Пол:
    Женски
    Јас од Февруар држам диета, ама не конкретна, туку јас одлучувам што да јадам. И да ви кажам многу полесно ми е, еве 9 кила имам скинато, без никакви вежби ни ништо. И веднаш сите ме приметија.
    Сега сум 54 кила, а сакам да бидам 50. Ајде уште малце. :muscle:
     
    На simoncelicius, Nausicaa и Miss.N им се допаѓа ова.
  10. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    како ли ослаби? што јадеш? :)
     
  11. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @QweenSM честитки за успехот, се надевам дека за брзо ќе ја постигнеш твојата идеална тежина Ќе ни биде мило ако ни кажеш дел од твојот режим на исхрана што јадеш...Поздрав
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    35.021
    Пол:
    Женски
    @Miss.N @Aquarius21 Како прво, ви благодарам за убавите зборови, истото и на вас ви го посакувам.
    Па знаете како, претежно сум повеќе на салати. На пример, денеска ќе јадам 1 рибанка црн леб со шопска и тоа ќе ми биде за појадок. Е за ручек, денеска си направив 1 стекче и пак со шопска, ама без леб.
    Гледам дента да ја поминам само на 1 рибанка леб. И потоа за вечера, повеќе гледам да одбегнувам да јадам, а ако толку многу ви се јаде, направете си лесна салата, немора шопска, а може и овошје секако. Јас синоќа за вечера каснав малку јаготки и црешки. И во буквала, тоа е женски. :)
    Благо, газирано, никако! Во никој случај. А за леб, ви препорачувам црн. Со среќа!
     
    На Aquarius21 и Miss.N им се допаѓа ова.
  13. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @QweenSM фала многу мене ме интересираше за сестра ми таа се обидува со секакви диети да ослаби али никако не и успева. Поздрав
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Незнаев каде да го поставам прашањето, па затоа тука..

    Дали има некој што повеќе се разбира за сумплементи ?
    И ако може да ми пише во инбокс, да прашам нешто само
     
  15. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Драги мои диеталки :toivo:

    Одамна ме нема да напишам збор, два. Редовно ве пратам, но во трка со времето немам доволно време да бидам активна во темата.

    Јас дојдов до 63 кг од неверојатни 110 кг. Ослабнав без последици, без висната кожа и останати последици по здравјето. Се трансформирав во нова личност.
    Психички и физички.
    Сакам да кажам. Бидете конзистентни, пронајдете го вистинското Зошто- ке ја постигнете вашата цел.
    Не се затрчувајте по брзи резултати, тие се со краток Век и со голема веројатност со последици врз здравје.

    Клучот на долготрајно ослободување од непосакуваните килограми е - правилна исхрана (никако прескокнување на оброци) и редовна физичка активност.
    Дневно внесував од 1200 до 1500 калории. Со подолгото изгладнување можеби има `ефект` но тоа што се губи е всушност мускусната маса.
    Друго, бев свесна во секој момент што и каква исхрана конзумирам.
    Најважно е пред себе да бидеме
    Искрени
    Прецизни
    Целосни
    Конзистентни

    Подобрувањето на нашето здравје зависи од нашите желби и потреби! Славеењето и правилната исхрана се сведува на нашата ментална сила. Воопшто не е невозможно, непостои тоа, само треба да си го истренираме мозочето да размислува здраво.

    Јас, веќе секогаш сум подготвена да работам (да вежбам) и да инвестирам. Порано мислев дека треба да се жртвувам, но не е така. Секој резултат за мене е огромна мотивација и ми носи плус самодоверба, ме поттикнува да продолжам, победата ја користам за да си поставам повисок стандард кој со понатамошната работа и залагање достигнам, додека, спротивната страна, односно поразнот го користам за да ги видам сопствените недостатоци и се со цел со дополнителна работа да ги надокнадам.
    добриот резултат најлесно делува за да се зголеми мотивацијата.

    Успехот првенствено е последица на нашите напори,секогаш пред мене има предизвик и потешко остварливи цели а нивното спроведување само ја потврдува мојата компетентност.

    [​IMG]

    и за прв пат во фустанче.
    [​IMG]
     
    На crimson, anuskaNESTLE, Srckata28 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    @zeka честитки за постигнатиот успех , ако може да споделиш што јадеше и дали вежбаше ?
     
  17. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    Од утре започнувам со интензивна диета и теретана, целта е за 2 месеци да симнам 7 килца (8 би било топ) и да не се кријам на плажа како демек ми е комотно со пешкир/марама да шетам.
    Уач аут бичез ај лет д догз аут. :dance:
     
    На anakonda88 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  18. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Една ствар која сакам да ја потенцирам за сите што планираат да слабеат.

    Не се ограничувајте временски за слабеење одреден број на килограми. Тоа ви е краткорочна цел, но што подоцна ? -Пак назад?

    Додека веќе слабеете и почнувате "здрав" и активен начин на живот тоа гледајте го на долги патеки, како животна цел. А не нешто како периодично и моментално.

    :l::l:

    Среќно..
     
    На crimson и SV1911 им се допаѓа ова.
  19. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    Не се ограничувам, ама за два месеци одам на одмор и ако не сум како Северина на плажа јебешга мотивација за здрав живот, ќе ме најдете пред Ројал со бејкон чикен и солзи во очи.
     
    На Saki15, Bloom19, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Секогаш ограничувајте се. Давањето рок држи мотивација-значи имаш цел пред себе. 8 кг за 8 недели и не е нешто многу. Тоа е 1 кг на недела. Среќно.
     
    На Nita25, Viktorijaaa5 и popovich им се допаѓа ова.