Слабеење до Нова Година И јас ви се приклучувам од денес, добро е што ве најдов баш ми треба ваков мотив, многу сум разочарана бидејќи за кратко време се поправив сигурно некои 15 кг. ни не сакам да се качам на вага да видам точно, но се започна кога решив да намалам 3-4 кг и почнав со некои диети и после секоја диета ќе ослабнам па ќе се поправам па па диета ќе почнам па нема да ја завршам и еве ме не со 3 кг но со 3+15 кг. вишок Почнав и да вежбам од вчера на орбитрек кој ми стоеше како закачалка до сега. а сега не почнувам диета но како што велите и вие сама ќе си направам режим на исхрана. Се надевам дека ќе има резултати но ми треба мотив за тоа пишувајте и кажете како ви оди.
Слабеење до Нова Година И ЈАС САКАМ ДА ОСЛАБАМ ДО НОВА ГОДИНА САМО БЕЗ ДИЕТИ СО ПРЕГЛАДНУВАЊЕ .САКАМ САМО ВЕЖБИ
Слабеење до Нова Година И јас така ке пробам без диети. Вежбам на орбитрек еве оваа недела што помина секој ден (само 1 ден изостанав) и јадам помалку, се јадам благо не многу (и не сум некој зависник од благо) и ич не ослабев ама не се ни здебелив, ама не се обесхрабрувам и се надевам дека ке има резултати до Нова година А мајка ми почна да пие едни апчиња за слабеење 1 850 ден се и ич нема апетит ич не јади и за 3-4 дена се секава ослабена а јас мачи се вежбај пак ништо
Слабеење до Нова Година јас од понеделникот до сега ослабев 2кг и навистина сум решена да симнам уште 10 до нова година. ке пишам пак следниот понеделник. значи сите што сте на диета објавувајте резултати секој понеделник за да се мотивираме едни со друг
Слабеење до Нова Година Како ви оди слабеењето се придржувате ли до правилата, јас си го купив шејкот од Хербалајф па да видиме дали ќе има некои ефекти со него.
Слабеење до Нова Година Од утре и јас ви се приклучувам, сакам да ослабнам само 3кг се надевам ке успеам, оти што помалку толку потешко се симнуват..
Слабеење до Нова Година Само вежбање без режим на исхрана нема да ве ослабе,напротив. Ако ви треба само затегнување,да вежбањето е доволно,но ако вишок килограми се во прашање,мора редуцирана исхрана. Намален внес на храна без диета,има слабеење,намален внес на храна и вежбање и те како слабеење,само вежбање,нема промени или повеќе мускулна маса,што на вагата ќе го покаже како плус,а од надвор ништо не се покажува...Ова од искуство и доста читање за диетиве.
Слабеење до Нова Година Никогаш во животот немам држено диета, одсекогаш сум била многу слаба... ама сега стварно претерав, од летово имам качено 5 килограми Веќе една недела има како почнав да си вежбам по дома и ја намалив големината на оброците и ветив дека нема да јадам касно во 3ч хаха па кај мене би требало да има резултати зашто имам многу брз метаболизам. Цел ми е до нова година да симнам 5 кила и ВЕРУВАМ дека ќе успеам, а притоа и не би ми дошло лошо и мало затегање Само упорност и мора да не биде
Слабеење до Нова Година И јас ќе почнам пак од понеделник со хербалајф да видиме до нова година со придржување колку ќе симнам
Слабеење до Нова Година Има резултат од вежбање на орбитрек,јас практикувам дневно барем еден час да вежбам.Кога вежбам се чуствувам полесно и посреќно.Е сега важно е кога ќе почнеш да вежбаш треба тоа да биде континуирано и секое вежбање да не биде под пола час.Ако вежбаш 15-20минути па прекинеш,правеш пауза час-два па пак вежбаш мислам нема да има толку добар резултат отколку поеќе да вежбаш.Јас се навикнав и додека еден час не извртам не се симнувам.А секако дека има резултат се нмалуват килограмите,телото се повеќе зацврстува.Секоја диета е поефикасна кога е пропратена со физичка активност,тоа е докажано.
Слабеење до Нова Година Девојки добро е што ве најдов... Нова сум на форумов ама дефинитивно ви се придружувам во слабеењето до нова година (може и малку порано дее). Цела недела се трудам да почнам ама некако сама тешко ми оди,подршка од никој немам,но сега добро е вие што вие сте овде па сигурно ке ми биде полесно.Сакам да ослабам 8-9 килограми од денес ја почнав диетата на искричка за оние без физичка активност ама сега ке морам и да се активирам . Ако некоја од вас има искуство со оваа диета нека ми каже. Секоја чест за темава,па GOOD LUCK на сите!!!!!!!!
Слабеење до Нова Година е значи и мене ме мотивиравте и јас од денес ке почнам со овој режим на исхрана+тае бо вежби+степер ми треба да ослабам добри 15кила ке ве известувам како ке ми оди п.с.ви благодарам на сите за мотивацијата
Слабеење до Нова Година Не дека мора да биде до нова година, ама решив и јас малку да се упристојам. Последниве неколку месеци ставив неколку килограми. Не дека е тоа нешто ново, секоја година варирам по 10-тина килограми. Проблемот ми е што почнав премногу да јадам благо, а јадам и доста тесто во последно време - тоа ми е најблиску за купување од работа. Дома доаѓам преморена, и немам сила да правам салата. Ај што сите алишта пукаат на мене и почнувам да добивам коментари од типот - да не си се поправила малце - туку ме загрижува веќе и здравјето. Слабокрвна сум во последно време, имам грчеви во нозете што значи дека имам недостаток и на калциум и/или магнезиум, и косата ненормално многу ми опаѓа. И сигурна сум дека се ова во голема мера е резултат на неправилна исхрана. А, да, и целулитот исто, за малку ќе го заборавев Не мислам да држам некоја посебна диета, веќе смачено ми е од диети, само се трудам да јадам поздраво. Од пред некој ден повторно се навлеков на оној сајтот за броење калории - ама овој пат со друга цел, да видам дали внесувам доволно железо. Ама се трудам и да не претерам со калории. Па ќе видиме и резултати и истрајност. Морам да си ја средам и зависноста од чоколади. Мразам кога нешто е посилно од мене! И како ме мрзи да вежбам, страшна работа е тоа!
Слабеење до Нова Година Ariel кога те читам како јас да сум пишувала се од збор до збор А кој е тој сајт за броење на калории ?
Слабеење до Нова Година http://caloriecount.about.com/ Имам отворено и посебна тема во врска со тоа, во диети треба да е. Супер е сајтов, ако има човек време и желба да му се посвети.
Слабеење до Нова Година Вака: нова сум во форумов,уствари прво мислење ми е како шо гледате минатата пролет ослабев 6кг, ама сега качив пак две,па се плашам од јо-јо ефект и групава ме мотивира да почнам веднаш од утре. цел ми е да ослабам 6кг, да дојдам до 52-51 и повеќе да не се замарам(иако и вака не сум лоша ама може да биде и подобро ) ќе ве известам за резултати во текот на следните две недели, ако некој се интересира де, оти знам мене ме интересира како напредувате вие. поздрав!
Слабеење до Нова Година Здраво девојки ! Ајде и јас да ви се придружам Пред 4 дена почнав да одржувам некој посебен режим на исхрана и досега имам изгубено 1 кг. Би сакала до Нова Година да ослабам уште 4 до 5 кг. Не држам некоја посебна диета, само што не јадам благо, ниту леб ( во текот на овие 4 дена само 1 парче леб сум јадена ), не пијам газирани пијалоци и внесувам значително помали количества на храна (и тоа здрава и нискокалорична). Исто така пијам 2 литри вода во денот и јадам мнооогу јаболка Па и еве од понеделник на фитнес почнувам ) Само ми треба малку повеќе мотивација, зошто мноогу ми е тешко што не можам да си каснам од омилените јадења Еве затоа форумов ќе ни помогне и сите заедно ќе успееме Да се надеваме дека ќе има резултати, поздрав до ситееее !
Слабеење до Нова Година Деновиве нешто се нервирам, и во такви денови не можам да внимавам на исхраната дури и се прејадувам Ај белки брзо ќе ми мине па ќе се ставам во ред.
Слабеење до Нова Година Хаха, јас викам од денес за утре и никако да почнам. Ама од утре почнувам, само потешко ке ми биде кога ќе бидам на школо па нема да можам да јадам здраво.