не знам бе теди, се нормално си јадам! вчера таратор со јајце и крастајца, и црешки само! денес ова... не јадам некоја тешка храна! појма си немам више што да праам ти утре што планираш да кркаш мор?? Jас не знам, немам нешто конкретно во план, ама добро би ми дошле некои идеи
Јас сум утре со план сабајле малку жито да јадам ( житарки ) а за ручек шницла стек печен со марула. А да не јадеш овошје после 12 саат ???
охо, секогаш пијам многу вода, и кога не сум на диета! по 2 литра пијам! и многу мо*ам... Hе знам дефинитивно, ќе видам утре како ќе се пробудам! Aма ме ирититра чувствово, не се осеќам ко да сум на диета! Hели кога си на диета, треба онака лесно да се разбудиш, со лесен стомак, а јас се будам, чиниш цела фамилијарна пица сум изела ноќта ќе се депримирам више! и сега некои киселини ме мавнаа од овоа сармиштево! аааааааааа, од утре само супа со јогурт, па белќи ќе се осеќам лесна џоа пердув Spoiler E сега ако можете да ми обајсните како се прави домашна супа, вкусна, не некоја без вкус
Од онаа со коковче(коцката), ќе вариш, плус мевце(претходно сварено и изчистено) ќе сис тавиш компири сецкани, некоја шпагета, морковчиња, домат, се што јадеш всушност, магдонос, сол ..(кромид и лук по желба -непрепорачливо ) ... и вариш и вариш и ја вадиш од шпорет и јадеш
само немој да се отрујам домат во супа??? леле прв пат слушам не сум јадела вакво нешто! абе без коцка, каква коцка, мрснотија е тоа невидена
Аааа па зошто да се отруеш Ако јадеш домат во зелка варена ќе го јадеш и во супа Само рецептот не ми е испробан, смислен е моментално А без коцка не знам колку ќе е вкусна. ЈАс некогаш знам да си направам и само коцка, малку фиде и пилешко месо и превкусна ми е.
Jaс појадував еден исцеден лимон, неколку црешки и 2 парчиња леб намачкани со мармалад. За ручек еден домат, баничка ама мала, не беше ни цела и маслинки. Намерно јадев покасно бидејќи треба да одиме на вечера. И ете ти проблем, што да вечерам сега. Шопска ли или да си порачам стек? Ама таму не ми го даваат само стек туку со некој сос и печурки. Ајде малку помош, не знам дали е многу да го јадам стекот. Инаку секоја вечер вечерата ми е до 8 часот, а си легнувам во 4. Леле колку сум гладна, ама ајде ќе издржам . Мора!
Денес буквално се прејадов од 5 ќебапчиња. Не, не се занесувам, дома ми се смееја, татко ми вика - ајде петтооделенче, земи барем уште едно. Ама доволни беа 5 со сосем малку салата. Инаку, тешко се издржува водениот ден, ама после тоа чувството е супер. Желудникот се полни со многу, ама многу помалку храна. Денес не ми требаше ниту супа, ниту млекото од соја. Поминав со чинија јаготки, 5 ќебапчиња и салата. И 2 литри вода. Baby steps... се чувствувам ко некој зависник... ден по ден... до успех.
Девојки, ќе глеам да не надминувам 1200 калории, за да не се здебелам. Јадев милка со лешници (580 калории цело - 1 ред на мама = 580/5=116 калории=580-116=420 калории), за доручек палачинки (инаку правевме со мама, 5 изедов = 650 калории), после милката 100 цреши (191 калории) и тоа се беше пред 13ч. . Во 16ч. чаша посен јогурт (ДУКАТ со 0,01% мм, 125 мл = 60 калории), во 18ч. уште една чаша и толку за денес. Сеа се ѓолам ИЗВОРСКА, троа CardioX вежбав и 30 мин. зумба = минуснекои600калории.
Девојки јас сакам да почнам некоја диета, ама нејќам да се прегладнувам и сл. Почнав да правам вежби за стомак и да трчам, па сакам да ве прашам за некоја по „лесна“ диета, ама сепак да има и резултати. Фала ви
Еј женски малку спојрлерче сега знам дека е за подршка групава НО се ви е џабе колку и да броите калории колку и да се обидувате да бидете слаби можете тоа да го направите само на одреден период бидејки пред се тука улога игра генетиката, а и не си ја мачете душичката со такви глупости какви сте такви сте бидете задоволни со себе какви што сте си природно.Што е до мене само напред ја имате мојата подршка
E не е многу, ама ако си на диета, не е препорачано пиење алкохол, зашто спречува топење на маснотии ! после џабе ќе гладуваш, кога нема да ослабеш Sunflower види ја медицинската, лесна е, и има доста ефекти! или онаа на ирена зависи колку сакаш да ослабеш