(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    143.077
    Мене многу ми е убаво откако ја достигнав посакуваната тежина. Искрено, не можам да се изначудам како порано не собрав сила да ослабам, неколку години се измачував со еден чекор напред, па еден назад.

    Комплименти од сите страни, задоволна сум кога ќе се видам во огледало и можам да си купам каква сакам облека, што ми е најголемата мотивација. Претходно само барав нешто што ќе ми го сокрие стомакот, нема да ми ги истакне бутовите, па и многу слабо има избор за поголемите броеви.

    Поголем зависник од благо од мене не верувам дека имаше. Апсолутно ништо благо немам ставено во уста веќе 7 недели. Јадам овошје, мислам на работи со шеќер. Веќе немам никаква потреба од благо. Ако ги преживееш првите 3 недели, после тоа веќе преминува во навика.
     
    На Speechless, Freya123, Tajnaotrovna и 12 други им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Браво, Ariel те читам одамна по темиве и баш ми е мило што конечно го доби тоа што го сакаш, пишувај ни овде пак ќе ни треба мотивација, јас сфатив дека се е до тоа што ќе си ставиш во глава, само цврст став, мене проблем ми е што сум емоционален јадач, ќе почнам да намалувам ќе ми се појави некое проблемче и се враќам назад. Кога ми е убав периодот слабеам, стресен период се дебелеам.
     
    На Ariel и anakonda88 им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.821
    Допаѓања:
    163.173
    Аууу и јас сакам пред и потоа слика од Ариел.
    Ариел баш си мавнала во центар, си ја нашла правата причина што те мотивира, затоа си дотрајала и си ја постигнала целта, па сега уживаш во секундарната - изгледот. Браво!
    Јас се уште трагам по мојот вистински мотив, ама сега за сега, здравјето и изгледот не ќе да се. Не знам што тогаш е? Си се прашувам секој ден, кај и да е ќе искочи и тоа. Не стојам лошо во моментов, ама си барам траен одговор за себе, онака, можда дека ми здосади генералната причина зошто се ова се случува, а ние таквите, не добиваме соодветна терапија.

    Нејсе, убаво си објаснила, ама кога ќе имаш време сподели отприлика како изгледал еден ден, да направиме една фина рамка како тоа изгледа, за да си имаме водич ние другите.


    Надвор од темава, жено ме потсеќаш на една моја госпожа што редовно одам на релакс муабети. Ама сто посто не си таа, но многу ме потсетуваш, не знам дали го имам кажано ова некаде до сега. Енергетски (па дури и преку форум) така те примам и тие сте, исти, скроз!

    Болката мора некаде да оди.
    Ако не се цигари, тогаш е храна, ако не е храна, тогаш е алкохол, ако не е алкохол, онда прибегување кон религија, ако не е религија може е нешто друго. И така се до недоглед.
    Не ти е апетитот во прашање. Вакво адиктивно однесување кон нешто, до степен на порочност е нешто друго во прашање.
    Пробај јадењето да го замениш со друга, но продуктивна активност која ти предизвикува исто така големо задоволство, но не е негативно.

    Што се тиче мене, јас генерално сум жива гладна, јадам свежо и варено и уште не јадам леб и се со глутен, освен по исклучок и потреба, да немам избор. Имам проблем само со газирани сокови кои ми се гилти плежр кое малку одповеќе си го дозволувам... а не сакам, зошто гледам дека има разлика.
     
    Последна измена: 24 септември 2015
    На Ariel и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  4. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Сакам да ја почнам диетата на доктор Mc Dougall- The starch solution, има успешни стории, пред се со оваа исхрана се лекуваат болести, а плус и се слабее, па затоа викам ајде да пробаме...одамна се токмам да станам веган, па да видиме како ќе оди :)
     
  5. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    18
    Исто и јас за неполн месец 6-7кг, некој кога е под стрес и нервоза нејаде. Кајмене обратно,, бутам,, сто ке ми дојде до рака како провосмукалка посебно благо и тестенини
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    143.077
    Откако решив да внимавам малку со храната, еве како ми изгледа исхраната во вообичаени денови:
    09.00: овес, јогурт и овошје
    12.30: обилна салата
    17.00: стандарден македонски ручек без леб
    21-22: овошје, морков или двете
    Дополнително пијам по 2-3 филџани зелен чај, а понекогаш и свежо цеден сок. Многу ретко знам да лапнам и по едно лажиче мед.

    Можеби некому му изгледа малку, ама потребите на 15, 25 и 35 години се сосема различни. Јас и претходно количински не јадев повеќе, напротив, помалку.

    Наместо овес и јогурт наутро јадев по некоја коцка чоколадо плус сладолед. Салатата некогаш ја прескокнував, а некогаш ја заменував со геврек. Сега решив дека колку и да имам обврски на работа, ќе најдам време да јадам салата, па ако треба да довршам нешто ќе останам после работно време. Навечер наместо овошје или јадев по нешто благо, или пиев пиво. Исто така пиев и по 5-6 кафиња на ден, без шеќер, ама со млеко.

    Ручекот го јадам без леб уште од првата диета што воопшто ја држев, кога бев во средно. Воопшто не е тешко, навика е. Јас бидејќи немам навика, и на децата заборавам да им понудам леб за ручек и ни тие немаат навика да јадат манџа со леб.

    Овошје навечер не треба да се јаде според ниедна диета, ама еве, и со овошје ослабев. Имав потреба од овошје повеќе и решив да си го слушам организмот.
     
    На Doozy, Bozica1980, Rose-tulip и 3 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Не ме сфаќајте погрешно, не сакам да навредам никого тука, ви ги сфаќам маките иако никогаш не сум имала проблеми со вишокот килограми (јас се борам да накачам некое кило, а верувајте и тоа не е баш лесно) . Влегов во темава од љубопитност и забележав нешто кај повеќето, сите вие јадете премалку. Како издржувате така? И тоа повеќето сте млади, верувам и доста активни, а калориските потреби за девојки до 25 години се од 2000 до 2500 калории дневно. Читам-овошје за појадок, четири семки и јогурт, и ништо за вечера и навистина не можам да разберам како го поминувате денот. Со тоа нејадење само го забавувате метаболизмот и предизвикувате телото да ги чува резервите, нормално, затоа што некои од вас буквално се изгладнуваат. И да ослабете со изгладнување, што ќе правите после тоа? Вечно ќе останете гладни? Не, нормално, затоа што храната е и задоволство, сите сакаме вкусна храна и нормално е да си ја дозволуваме. Погрешно е и нездраво е доколку се опседнете со ова, доаѓа до нарушувања во исхраната. Поопуштено и само имајте повеќе мерка. И кога сте на диета не одете никако под 1600-1800 калории, доколку вежбате потребни ви се и повеќе. Само јадете вистинска, природна храна, а намалете со преработена и брза храна, но не ја исфрлајте целосно, затоа што не постои целосно добра и целосно лоша храна.
     
    Последна измена: 8 октомври 2015
    На Doozy и CrazyOne им се допаѓа ова.
  8. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.993
    Женски каде да најдам мелено ленено семе? На виталија има ли?
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Дечки дојдов да ви кажам само дека многу заситувачки делува путерот од кикирики! :) Нели се е тоа индивидуално ама сепак да!

    Јас имам зборувано на темава, немам проблем сега а сум имала и исто ве разбирам, имам 58 кг, изгледам океј. :)

    Вегански путер од кикирики на р`жено интегрално лебче, со парченца свежа банан врз него (пола банана или 1/3 ) и кафенце со млеко со ова е идеална комбинација! Must have.

    И овесот со јогурт исто, отсекогаш најмногу ме заситувал како варијанта за појадок. :)
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    5.145
    Пол:
    Женски
    Во продавниците за здрава храна го мелат семето.
     
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    moralna podrska za site sto sakaat da oslabat ? A kade e vo posledno vreme moralnata podrska (motivacija) vo temava?
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    43.263
     
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не ми се верува дека дојдов на темава за конечно да ја раскажам мојата успешна сторија.
    Од мои 16 години се мачам со вишокот килограми, како дете бев екстремно слаба се додека не влегов во пубертет па од неколку вишок килограми тогаш со текот на годините се претворија во десетина, кога имав 22 години имав едно 15 килограми плус кои ужасно ме фрустрираа, ми ја намалија самодовербата и едноставно не се чувствував убаво во својата кожа.
    Пробав какви не диети, мислам дека сите овие на форумот ги пробав, па медицински ми препишуваа, па алкални, мислам дека во текот на годините нема што не пробав и верувале или не се беше безуспешно. губев по некој килограм, само што откако ке ја прекинев диетата мислам дека не само што ги враќав килограмите туку и качував редовно по кило-две плус.
    Броев калории, опседната станав со тоа да не изедам нешто повеќе од што треба, исфрлив благо сокови, пиев по 4 лимони исцедени во литар ипол вода и јаболков оцет но кога и да застанев вагата не покажуваше резултати, фрустрацијата беше огромна, не беше тоа мојата кожа, не е тоа телото кое го посакував.
    После толку безуспешни обиди дигнав раце од диети и од тоа што е најправилно да се јаде, кога да се јаде и колку калории треба да внесам. Тврдам дека најдобра диета и најуспешна е да имаш МЕРКА. Да бидеме реални, ниедна од нас не може да го исфрли благото за навек ниту пак газираниот сок. Исто така мрсната и брза храна, значи колку и да сме на строг режим на исхрана ке дојде ден кога пак ке посегнеме по некои од овие намирници се додека повторно не ни станат рутина, тука се губи волјата зашто сме подклекнале на искушението, диетата паѓа во вода, јојо ефект и ете ги повторно килограмите. Мојот случај речиси секогаш беше ваков, претпоставувам и на вас останантите што се мачите со години со килограмите затоа што храната е задоволство но и потреба од која тешко може трајно да се откажеме.
    Моето слабеење беше долго, траеше околу година ипол и изгубив 17 килограми, сега дури сум и преслаба и се трудам да качам 5 килограми за да ја имам идеалната тежина. Јас сум склона на дебелеење и брзо можам да добијам некое килце плус но пак ке повторам со мерка успевам да ја регулирам веќе подолго време и немам никаков проблем. Заборавете на броење килограми и да се тресете од глад секогаш кога има нешто вкусно по дома да се јаде а вие не можете затоа што деитата вели нешто друго. Ако ви се јаде чоколадо, земете 2 коцки а не три реда. Ако ви пие сок дозволете си во 3-4 дена една чаша, ако ви се јаде брза храна земете парче кашкавал зденка и парче сув врат на пример, тврдам дека од толку малку не можете да се здебелите а ке се чувствувате подобро и истрајно и ке си ја намалите желбата за храна. Јас постепено така ослабев, пиев многу вода со лимон јадев се што сакам но без леб и се трудев тоа да биде количински малку но доволно за да ми ја убие желбата за таа храна, многу е подобро да земеш малку и да пробаш отколку да го гледаш на маса лиги да ти течат и да си забрануваш, тоа создава фрустрација на која после некое време обавезно и потклекнуваме и почнуваме да јадеме неограничено и во големи количини при што јојо ефектот си го прави своето. Јадев многу овошје за да ми го замени благото но си дозволував еднаш или два пати неделно да си ја почестам душичката со некое чоколадце или чоколадно млеко. Тостови јадев секој трет ден но кога почнав да ги јадам 2 пати мо месец само ја забележав разликата. Од една страна душичката ми беше задоволна и се наградував на некој начин себе си а од друга страна не претерував, 2 пати у 30 дена да изедеш тост и не е така страшно како што мислев додека ги држев диетите. Тестото најмногу го избегнував, но исто така еднаш во два месеци си дозволував да јадам пита или нешто месено, повремено си дозволував и чаша кока кола. Јас сум голема мрза и мислам дека не постои некој на овој свет кој повеќе го мрзи да вежба од мене. Почнав еднаш неделно да вежбам по дома и тоа не којзнае какви вежби, не ги ни правев правилно но се трудев и најважно од се си по мрднав дебелиот газ па макар и за краткотрајно вежбање, и тоа ми ја подигна самодовербата плус зашто си мислев дека којзнае колку слабеам од таа физичка активност. Резлутатите почнаа не веднаш, дури по неколку месеци ама беа повеќе од очигледни, сега добивам пофалби од сите страни, сите ви викаат дека не само што сум ослабната туку и сум разубавена а самодовербата ми е најголема откако паметам за себе. Научив дека клучот на мојот изгед е во имањето мерка и знаењето кога треба да кажам доста, а најмило од се ми е што не мораше да кажам доста на ниту еден продукт туку едноставно го смалив количеството кое ке го внесувам, ем душичката намирена ем килограмите на број. Здравествени проблеми немам, крвната слика одлична, килажата едноставно си ја одржувам, мислам дека конечно после толку диети го открив она што најмногу ми одговара на мојот метаболизам и конечно сум презадоволна од својот изглед. Ви препорачувам и на сите вас да ги оставите тие мачни диети затоа што јас сум најголем доказ дека немаат ефект или е само краткотраен. Пробајте на мојот начин, може ке ви треба повеќе време ама полесно се издржува, не се опседнуваш со броење килограми а резултатите сами по себе ке ги забележите, нема да се прегладнувате и килограмите нема така лесно да ги вратите, сега јас ги контролирам нив и по потреба качувам и симнувам некое килце а не како порано кога вагата и вишокот килограми ме контролираа мене, Едноставно си го пронајдов мојот режим на исхрана не само за сега туку мислам за цел живот.
     
    На Peperutka17, Mrs.Bass, anembu и 14 други им се допаѓа ова.
  14. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    Bravos za tebe manja,jas cel zivot se macam so kilaza no nikako ne odi
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    i jas isto :(
     
  16. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    Од ко се породив многу ослабив наеднаш или зош ја доев малата , после два-месеци леле ко ми се отвори апетит стеашнно , и еве за 10 месеци 10 кила плус ,и апетит пак имам само џоа почнав диета да видиме колку ке издржам
     
  17. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Јас одам на школо.Кажете дали е добро ако на прва смена јадам житарици со млеко или јогурт или пак варено ѓеврече а на втора смена бејк ролс а дома вечера салата а ако сум прва смена за ручок што има дома(секако да не е прженици и без леб) а на 2смена за доручок овошје или житарици.Дали ќе ослабнам а физичка активност пешачење од 2до 3км. и 2пати неделно и на фзо што вежбам.Сакам да ослабнам до нова година со 155висина и 67или 68кг што е многу многу е....Кажете да пробам со оваа исхрана од понеделник или ако имате подобра идеа кажете....
     
  18. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Оваа година решив дека сакам да ослабнам. Не се во прашање многу килограми, но доволно се за да ми одат на нерви. Неколку пати ја почнав УН, па ја прекинав, па пак ја почнав и се така. Почнав да вежбав, првите недели ми одеше супер и мотивацијата ми беше дека конечно ќе почнам да слабеам, ама нели, старите навики тешко умираат, па така следните недели мотивацијата премина во „ај сега со вежбање ќе ја стопам пицата од преска, благото од пред пола саат“ итн. Многу ми е тешко на моменти зашто се осеќам како да сум во искушение секој ден. Има денови кога јадам здрава храна, вежбам и се радувам што конечно работам на тоа да го имам телото од соништата, а веќе утредента како тоа да не ми е толку важно и се враќам на старите навики. Прво беше ај до лето да ослабнеме, ај за време на лето да ослабнеме, и еве сега ај до Нова година. Колку ќе биде успешно не знам.. Ќе видиме.
     
  19. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Не се ставајте на диети ,ни УН,никаква.Само вежбајте,пијте многу вода и не внесувајте газирани сокови и чипсови.Обидете се да внесувате што поздрава храна(немора цело време да јадете овошје,зеленчук или да пиете зелени шејкови или незнам што таму) јадете нормално и пробувајте да не внесувате многу мрсна храна.Јас на пример во текот на цела недела се обидувам да внесам што поздрава храна од таа што сум ја внесувала порано и во петок или сабота кога излегувам имам слобода да јадам нешто покалорично.

    Со текот на времето сакам да почнувам да јадам се поздрава и поздрава храна,а не веднаш драстично да сменам и да се откажам како порано.Порано и многу се ограничував,мораше за 1 или 2 месеца толку и толку кила да симнам,но сега сакам да го претворам ова во навика и lifestyle,не се мерам на вага и се трудам секој ден да вежбам.Порано мислев дека заради учењето немам време за вежбање,ама не е точно кога размислив поубаво сфатив дека за се имам време.Нејќам да се мерам на вага затоа што тие бројки не значат ништо за мене,сакам да да бидам задоволна со моето тело и да се чувтвувам удобно,а сепак да го направам тоа на здрав начин.До сега не сум знаела колку вежбањето може да влијае врз расположението,начинот на размислување и самодовербата.Во теретана ќе почнам да одам за распустов можеби,можби покасно,тоа зависи од обврските затоа што повеќе време ќе ми треба за во теретана отколку дома да вежбам ама ќе биде и тоа.Сега за сега кардио,пилатес(повеќе се сконцентирам на стомакот и грбот) и јога.

    Мотивирајте се,ќе биде тешко,ќе сакате да се откажете ама не се откажувајте,само почнете и до пола сте таму.
    [​IMG]
     
  20. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.787
    Пол:
    Женски
    Да така е то, ама јас сум тип што ако не држам диета нонстоп нешто јадам нонстоп нешто во уста да имам, после голем љубител сум на грицки и благо, цел живот сум била пополна и цел живот се борам со килажа