ЕВЕ - иако не внимавам, готвам и со обична сол и со стандард масло.... - Режимот се состои од 5 оброци на ден кои се задолжителни. - Се јаде на секои 2-4 саати. - Храната мора да е варена или печена. Со маслиново масло и калиумова сол. Доручек: - 2 јаболка + 20 бадеми - 2 лепчиња `ржан леб намачкани со изварка со 2 парчиња пилешки гради и салата - 2 варени јајца, 2 лажици изварка, 2 парчиња `ржан леб со салата - 2 лажици овесни трици, 1 лажица пченични никулци со кисело млеко, јогурт или млеко со намалена масленост + 1 јаболко, цимет и мед Ужина: - сите видови овошје со исклучок на бабана. Ако јадете јаболко треба да изедете 2 јаболка, 2 круши, 2 праски или 4 мандарини, 4 киви итн итн... Ручек: - стек до 3 парчиња со салата - телешко месо со салата - риба со салата или вариво - грашок, грав, боранија, леќа со салата * без запршка* - полнети пиперки до 3 парчиња со соја и мелено месо со салата - ќофтиња до 4 парчиња со салата - омлет со 3 јајца со изварка и шунка со салата - ѓувеч со месо по избор со кромид и салата Ужина: - соја 75гр. - бадеми до 20гр. Вечера: - стек до 3 парчиња со салата - телешко месо со салата - риба со салата или вариво - омлет со 3 јајца со изварка и шунка со салата - 2 лажици овесни трици, 1 лажица пченични никулци со кисело млеко, јогурт или млеко со намалена масленост + 1 јаболко, цимет и мед Доколу сте гладни после вечерата може да јадете пуканки. Може да се јадат сите видови на крем супи или домашно приготвени супи од зеленчук. Задолжително се пие вода.. се почнува со 500мл и на секои три дена се зголемува дозата од 500мл. Водата се пие онолку литри колку што сакате килограми да изгубите. Ако саката 15кг пиете 1,5л вода итн.. Килограмите се губат многу брзо.. режимот се држи се додека сакате вие. Значи не сте ограничени со времетраење. Бидејќи сепак се работи за режим на исхрана во кој нема гладување.
@jasmina00 а може ли да се намали режимот на пр. во ужината многу се 4 киви или 2 јаболки наеднаш да се изедат ... и што е изварка ?
По 2 овошки е најдобро - јас бар така јадам и не јадам секогаш 100% како што е да си бидам искрена. Ми се случило некогаш и една банана да јадам - зависи како сум на работа.... ама 2 е најдобро заради шеќерпт во овошјето. изварка е урда ))
На кој јазик е урда ... многу храна вака ми стои јас не би можела сето да го изедам, можели сетоа тоа на половина и да има ефект ?
хахаах е незнам како да ти кажам ))) изварка урда.... а иначе не треба да се јади сето наведено истовремено ) немој немојјј.....од нив треба избор да правиш еве мое мени Појадок: 2 лепчиња `ржан леб намачкани со изварка со 2 парчиња пилешки гради * некогаш јадам геврек и јогурт * некогаш црн леб со салата (домат и краставици) Ужина : 2 овошки Ручек: месо со салата или зависи што имам дома - без леб секако, обавезно салата ако можам Ужина : грицкам лешници, бадеми, соја.... Вечера: јогурт чаша со 1 лажица снегулки, никогаш месо некогаш ми е малку, некогаш ми е многу, пробај ќе видиш
За да има ефект, не е важно мислам дали ќе изедеш 4 кофтиња или 2.....важно е да ги јадеш сите 5 оброци, да не ги скокаш оброците...аха сега не ми се јаде ке скокнам. Ако не ти се јадат 2 овошки, земи една мала кива или мала мандаринка, важно да се џвака нешто 5 пати на ден
Значи сонувам за денот кога ќе се пофалам во групава дека ја имам постигнато посакуваната тежина! Ве читам и ви се восхитувам на сите што се успеале. Браво, баш сте инспирација
Значи добри две години со диети качи симни килограми и веке почна ниедна диета да не ми делува се мислам да посетам нутриционист дајте совет што да се прави 5 кг се проблем?
Па јас волку многу на ден да јадам ќе се здебелам! Не знам по кој пат ќе кажам, најбитна ви е физичката активност. Без неа џабе е се. Ќе ослабете, и ќе ви висне кожата. Мора да се затегне. Доволно е и секој ден да пешачите, и бар по пола час да вежбате некои полесни вежбички. Потоа како ќе добивате повеќе кондиција вежбајте повеќе. Мотивација нека ви биде сликата во огледало. Кога доволно силно сакате да смените нешто и да подобрите кај себе ќе го направите тоа! Со среќа девојки Ама мила на фитнес ти добиваш мускули, го оформуваш телото, го зацврстуваш, но тоа не значи дека ќе имаш помалку килограми. Продолжи да одиш на фитнес, храни се здраво и ќе забележиш голема промена кај себе. Вагата некогаш не е веродостојно мерило.
Така само изгледа навидум дека е многу храна, и јас мислев но не е многу. И повторно ќе кажам - и да пишува пример 4 кофтиња - јас не јадам 4 јадам 1 / 2 зависи и да пишува 2 овошки - јас некогаш јадам 2 помали некогаш 1 - зависи (што се 1 мандарини или 1 кива....) важно е да се јаде 5 помали оброци на ден - не ја исклучувам и физичката активност секако режимот и активноста во комбинација се добитни
Некаде прочитав дека за поуспешно да се направи навика од вежбање, да мислиме на чувството по вежбањето, отколку на самото вежбање. Така повеќе се се осетиме дека сме поблиску до посакуваната тежина. Еве ја мојата дневна инспирација, се надевам и тебе ќе ти помогне
Колку грами протеини е потребно да се конзумира, ако сакам да зголемам/одржам мускул, односно да не губам мускулно ткиво туку само масни наслаги, за време на диета?
само протеинска исхрана , ама треба да вежбаш , без вежбање нема ниту да имаш мускул ниту пак да одржаваш , брачедами коа дојде од Америка (таму вежба редовно и се занимава со бодибилдинг) овде не вежбаше али јадеше протеинска храна и избегнуваше јаглехидрати и шекер и си беше океј
Здраво девојки Погоре некаде на темава имав пишано но еве сега малце детално.Сега сум четврта год средно и сум 61кг.Во прва година бев 85 кг Со режим почнав некадев втора година и постепено слабеев и стигнав до 58кг мај месец 2015.Е сега летото се држев до 59 кг, но сега дојдов до 61, 62 варирам и тие плус неколку килограми ми сметаат и неможам да ги симнам.Сакам пак да дојдам до 58-59 но некако не се симнуваат.Постојано имам некои комплекси дека сум здебелена, дека бев послаба и страв од тоа пак да не се здебелам. Го напишав ова од една страна за да ве мотивирам да бидете упорни, а од друга страна да се исповедам за овие две три кила плус што на живци ми идат.
Тие 2-3 кг варираат речиси кај секоја втора жена. Многу е нормално. И покрај сонцево, доаѓа зима, организмот ни бара повеќе енергија која ја внесуваме од храната - главно преку јаглехидрати. Не би сакала да те убедувам во точноста на горново, точно знам како се чувствуваш, ги имам поминато тие денови. Едноставно движи се, запиши се на зумба ако ти се спортува за да немаш грижа на совеста. Пиши ни што јадеш во текот на еден просечен ден, да ти посочам на некои стварчиња во врска со исхраната. Поздрав мила.
Епа еве вака прво почнав со УН диета и некако ќе симнев некое кило па ќе се застрвев и никако не одеше и не само со УН диета се пробав..и немаше чаре мораше да се ослабе.Почнав со тоа да одбегнувам благо леб газирано.За појадок варено јајце со двопек и чај или пак двопек со мед, овесна каша и така правев комбинации.Ручекот ми беше повеќе леќа, спанаќ, супа или некоја манџа и многу салата, инаку кога зборувам за манџа мислам на нешто полесно.Но после некое време го отфрлив и двопекот и почнав појадок овошје ручек исто супа салата, леќа салата (скоро секоја ден бев на тоа) некогаш и само на салата бев за ручек.Потоа си воведов еден ден во неделата овошен, по одреден период два дена овошни и на тој начин се прочистував. А да морам да напоменам дека пиев и ѓумбир.А да си направив тефтер и си пишував што треба да јадам денеска и на крајот на денот ако сум го почитувала ,,црниот тефтер,, јас така викав си пишував реализирано. И така девојки постепено јас си ослабев.За вежбање да може имаше моменти вежбав, ама тоа не беше кој знај какво вежбање стомачни чучњеви ама се додека не ме фатеше мрза.Така девојки тоа е мојот режим, ако можам некако да помогнам пишете. Е сега малце почнав да сум стрвана, ама од утре реков ќе внимавам сакам пак да бидам 58 кг