Погоре пишав како правев се до пред некое време а сега сум стрвно малце Појадок овошје, не јадам леб ни сега, а за благо може малце некогаш да ме намами некое чоколадце ко на пример чоко-бисквит, или пак блокче од 5 денари хаха и после имам грижа на совест.Сега гледам мајка ми често пати купува Evita па некогаш за појадок каснувам од тие со чај.Но овие две три кила плус мислам дека ми се од тоа што некои денови во последно време пред да ги качам килава прегладнував заборавав да јадам од обврски и така само од нога овошје или нешто ситно, а кога ќе дојдеше викенд и кога ќе се собереа сите домашни ќе каснев можеби и нешто плус и затоа 2-3 кг плус.Ама девојки утре овошен ден и ќе дојдам пак до 58-59, па ќе ве известам
О морам и ја некој таков резим да си ставам,ова вака изгледа лесно,ама кај мене проблем е лебот,без леб не мозам,не ми идат чорбите без леб,газирано не пијам,благото го смалив на минимум,ама лебот........проблем Ти пишувај ни почесто може ке не мотивираш да го почнеме твојов режим А ѓумбирот како го пиеше,во комбинација со што?и ѓумбир корен или во прав?
Луѓе, останав без идеи за доручек, појма немам што да јадам. Некој здрав предлог? За ручек знам, за вечера секогаш јадам лесни работи ама доручек стварно немам идеи.
Што да птраваааам што да чинааааам навечер се ми се јаде многу ме гризе желудник ептен вие како зависна станав што да јадам а да не сездебелам нешто солено се научив со друштво секоја вечер грицки и се навикнав склонен ми е организмов на јадење станав зависна прееска си цикам еее нема да јадам ама неможам се нервирамСтомак пуштив
Уште 6 кг до моите најпосакувани 66!!! Многу шестки за до крај и на крајот За почеток е супер, сакам до Нова Година да имам т.е. да немам уште 2,3 кг. Совет може? Дали во теретана повеќе да ја тормозам лентата или статичниот велосипед?
Еве од моето искуство досега да ви дадам поддршка.Ја почнав со хроно исхрана и сум презадоволна,веќе месец и некој ден сум на таа исхрана и изгубив 4 кг што е нормален и здрав режим.Треба да се има обилен доручек и со самото тоа се намалува желбата по цел ден да се грицка нешто и да се јаде благо.За ручек се јаде обично месо и салата а за вечера риба,белки од јајца или некое лесно месо со зелена и бела салата.Ако некој е заинтересиран ќе пишам нешто повеќе
Секако дека може Првото правило е дека не се мерат количините се јаде додека сме гладни,три пати на ден во период од 4 до 6часа,најправилно е 5ипол. Наутро прво се пие билен чај(овошни не) или млака вода со лимон па дури после пола саат може да се доручкува.После пола саат откако ќе доручкува се пие кафе без шеќер или само со стевиа. Од месо и риба се јаде се само што се знае што кога смее За доручек може домашно суво месо,шунка,печеница и понекогаш сланина. Само за доручек се јаде млечни производи и тоа кисело млеко,грчки јогурт,фета или младо сирење и понекогаш павлака или кајмак ама на почеток да се избегнува.Јогурт не смее. Само за доручек се јаде леб и тоа направен само од следниве брашна:ржано,хељда,јачмен,овес и поретко спелта. Од семки смее сончоглед,лан,чиа,сусам...(најчесто се ставаат во лебот) За доручек се јадат цели јајца во секој облик,а за ручек и вечера само белки Не се комбинираат два протеина(риба и белки),два вида месо,два млечни производа и јајца со млечно Може да се прават палачинки,мафини вафли но само од дозволените работи За ручек се јаде некое појако месо со салата може и зелена и црвена. Не смее грашок,пченка,компири,грав,ориз,боранија. Цвекло,морков,целер се јадат само свежи За вечера се јаде лесно пилешко,риба,белки и само зелен и бел зеленчук. Смее путер и маст и умерено маслиново масло,не смее оцет и маргарин. Пиеме повеќе течности до 2 литра(вода,чај,лимонада) ама не смее бар пола саат пред доручек и пола саат после доручек Кафе се пие само 2 пати дневно и тоа пола саат Ги мериме количините за овие работи:јајца до 8 неделно цели а белките се неограничени,3 пати по 3 лажици семки неделно,4 чаши црно вино неделно(само црно вино смее од алкохол),млечни производи до 4 пати неделно и путер до 20грама дневно За подетални информации ЛП
Ѓумбирот во прав..еднаш на ден во комбинација со лимон..а зовривав водата додавав ѓумбир една лажичка а потоа пак враќав на ринглата заедно да поврие и после оставав малце да постое се пие жежок.Јас не го прецедував додавав само половина цеден лимон.Но може и прецеден.
Кај мене додуша не се 3 месеци минус 2 килограми,успевам до кај 10 кг. ама дефинитивно побрзо се дебелее отколку што се слабеее
И јас бев во иста ситуација како вас седев до многу касно и само ми се јадеше не можев без благо и без грицки но, со Хроно исхраната го решив тој проблем
и јас сум со вас еве втори ден на протеинска диета добро оде не сум гладна насабајле пијам пола лимон со млака вода јас имам за симнуванје некои 5-6 кг со оваа диета секогаш сум симнувала брзо па сега ке видиме се што ми треба е само мотивација