Го чекам денот кога ќе седнам да јадам и да не мислам дека сум дебела и треба да бидам на диета. Последниве 2 год само со слабеење се замарам и пак ништо секакви диети сум пробала ама после кг се враќаат. Сега решив целопсно да го исфрлам лебот од исхраната а постепено и благото. Би сакала совет бидејќи сум прва смена во школо што да јадам насабајле? После за ручек ќе јадам од тоа што ќе има дома ама секако без леб, а за вечера салата. Измеѓу доручекот и ручекот ако ми се јаде ќе јадам овошје и ќе пијам повеќе вода и зелен чај.
МОЈАТА МОТИВАЦИЈА: ВАЖНА Е СРЕЌАТА,НАПРАВЕТЕ ГО ОНА ШТО ЌЕ ВЕ НАПРАВИ СРЕЌНИ,ЗАДОВОЛНИ ОД СЕБЕ! ЗАМИСЛЕТЕ СЕ САМО КОЛКУ МОЌНО ЌЕ ЧЕКОРИТЕ ПОКРАЈ ЛУЃЕТО КОИ ВЕ ИСМЕВАЛЕ И ВИ ВЕЛЕЛЕ ДЕКА НЕМОЖЕТЕ! МОЖЕМЕ ЛУЃЕЕЕ САМО НАПРЕД! Ве сакам сите...
Купи си интегрално ѓеврече или сусамка..не се стегај до толку! Вежбај пиј многу вода..само исфли ја брзата храна,газирано сокови,ќечап мајонезз салами и такви глупости,а да и благо! Поздравв
Еден мој совет до сите што држите диета:Појадокот ви е најважен и не го прескокнувајте никогаш,исто така гледајте да ви биде пообилен јадете додека не се заситите.Подобро насабајле да јадете повеќе отколку да се прејадете за ручек и вечера,затоа што имате цел ден да ги потрошите тие калории од појадокот.Избегнувајте бел леб и слатки.Пијте до 2 литри вода и јадете што повеќе зеленчук и ќе имате ефект
Епа девојки понеделнички јас се враќам на мојот режим, нема веќе стрвост мора тие два три килограми што штрчат да ги нема. Поздрав D
нема да се стегам толку многу, ама сепаќ ќе внимавам. И пред да почнам вака построго, јадев на училиште elvita или bake rolls со balans+ама после јадев повеќе, така да сега ќе внимавам. Денес за појадок elvita и balans+, за ручек пржено јајце и ајвар со 1 парче црн леб и не вечерав ништо, а и не чувствувам глад. Се надевам дека и сега нема да се одкажам како што правев досега..
Јас од денес се стегнаувам па си викам добро бе 20 кила ослабе сега не можеш две, јас не знам што е изгледа годините ме стасале . Доручек овошје и мусли, ручек салата со туна и грав, вечер од истото за ручек. бај д веј вежбам 4 дена по ред денес правам пауза, па среда пак.
Знаете ли дека цело време се диети диети а околку мене сите ми викат дека сам поправена и во право се.Почнам на дета 3-4 дена тмн мешето се повлече 5 ден прејадам се и се така..Е сеа ко почнам диета и некогаш ко не јадам главате се ме боле...кога одам на школо секогаш е така,а на пример за време на летото не ме боле главата.Ама иде нова година и и реков на мајка ми несакам црна роба иако знам дека црното праве послабо,а за да носам нешто друго треба 6-7кг да намалам(треба дури 15 ама ќе бидам и со толку задоволена).Знам дека можам да издржам ама главата се ме боле..дали треба со тек на време да го исфрлам лебот а не наедншка.Физичка актовност 2пати неделно на од понеделник до петок пешачам...Дајте ми совети што да јадам за да бидам посита а главата да не ме боле?
Ајде да си кажам дека имав 95 кг , па од летото сум на режим имам пишано погоре , резултати 76 кг имам сега , продолжувам уште , сега почнав активно да вежбам да го средам малце телово и мојата крајна цел е 58 кг , очекувам дека до следното лето ке ја имам таа килажа , и што да кажам друго ... идемо напред и не се предаваме
Браво,каков е тој режим твој,јас имам 82,моментално на УН-диета т.е.на крај ама не ослабев нешто многу башка многу прекршоци,а план ми е барем до 67кг да стасам,
Прво да кажам огромно браво за @anakonda88 и за сите други девојки што успеале во својата борба со килограмите Најискрено во последните неколку месеци ама ич не ми беше гајле за килажата и јадев под изговор дека од понеделник сум на диета или строг режим ама тој понеделник никако да дојдеше Секогаш наоѓав по некој изговор за да јадам и затоа сега се познаваат сите изедени пици и чоколади Мислам дека единствениот проблем кој го имав беше немањето на мотивација, но бидејќи сум премногу компетитивна единствено нешто што ме натера да се ставам на режим пак е кладбата со една другарка. Па решив да и докажам и нејзе (а и себе си) дека можам да ослабнам. И знаете што после една недела јадење само салати и овошје (+пешачење по 1 час) веќе ми нема 1кг (И замислете од инат успеав да кажам не на пица ) Од утре бидејќи започнуваат божиќните пости ќе станам веган за 40 дена Бидејќи се познавам и знам дека многу повеќе ќе се придржувам до постот отколку до режимот Ви посакувам на сите успех и уште мноооогу намалени килограми
Скоро исто, имам 80 кг почнувам со УН неколку пати цело време со прекршоци, планирам барем до 68 да стасам, ама веќе построго со диетава.