волфче. Eве ја диетата на ирена Ајде јас да ви кажам една диета. Прво и најважно нема забранети јадења, значи се јаде се, само се пази на комбинацијата и периодот на внесување на храната, јас ја држам оваа диета 10 дена и до сега ослабев 4 кила. Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини Јас денес доручкував еден Pop-cake, банана и кафе( насабајле може шеќер во кафето ) Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате. Вечера : Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи . Јас обично вечерам марула со варен или испечен стек( месото може и на тостер) вчера вечерав салата од зелка со канче кисело млеко и 150 грама сирење. Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера. И треба да имате 4-5 саати размак помеѓу оброците. Ова не е диета туку правилен начин на исхрана, се си јадете само се внимава на комбинациите. Јагленохидратите и шеќерите внесени за доручекот се трошат во текот на денот, ручекот е нормален а вечерата е лесна и без леб. За вечера имате белковини и протеини што значи дека ќе слабее салото а не мускулите, од ништо не сте лишени, се се јаде. Мајка ми за еден месец ослабе 7 кила а јас за 10 дена 4 кила. Ако некој реши да го проба овој начин на исхрана нека пише ќе напишам подетално што со што да се комбинира А ќе заборавев, јас и немам некоја физичка активност,онака нормално што се движам инаку не вежбам.
денес за мојата диета имаше вечера едно парче овошје јас изедов едно јаболко и потоа маку цреши не можев да им одолеам ... иначи ја држам 2 дена се чувствувам полесно и вагата покажува -1кг... плус наутро трчам
Добро утро згодни дами ....вчера и денес ми се 6 и 7 ден....и мислев дека старно се е дозволено и така не кој знае што ама јас во текот на денот бев примерна не претерував ама вечерта излезени сите перкат пица па и јас СИ ВЕЛАМ ЗОШТО ДА НЕ ДЕНЕС СЕ Е ДОЗВОЛЕНО и сега се будам виновна заради тоа....и денес ке јадам она сто треба и утре..поздравче
денес веке 4 ден,утре 5,после пауза,па четврток пак на диета Cабајлево се напив 1 капучино,и немам апетит денес,ама време е за ручек,ги немав намирниците за ручек,па направив марула салата сега ја јадам и тоа со сила
Ако не го замениш капучиното со чај (препорачувам зелен) без шеќер, џабе се изгладнуваш. Ако пак не можеш без шеќер, купи темно жолт или кафен.
здраво цурки, како сте Jас станав пред 1 саат, и не ми се јаде многу-многу и ќе го чекам ручекот а ручекот ќе биде мусака од тиквички ! 100% зеленчук и ништо друго! мф мф мф, вкусно и диетално, цел ден само тоа ќе си јадам најлесната храна! и решив овие 8 дена да го тргнам сирењето од исхраната, можеби повеќе ќе ослабам ќе видиме, на 20ти е мерењето! Hе се качувам сега да не се разочарам за 8 дена може некое килце ќе отиде во минус! инаку имам цреши и праски за извоз! зашто татко ми, на викендицата има една огроооомна цреша,и 10 дрва праски, еден куп род оваа година може и само на овошје да се ставам деновиве ќе видиме, имам доста комбинации, веќе не знам која да ја изберам но салатите, тараторот и варените јајца тука се секој ден ... сега, салатата со домат и крастајца ќе ја правам со малце зејтинче и сол, бидејќи но мор чиз и това цурки, ајде идам јас да читнам нешто, па после 18ти, ве придружувам и со зубата!
Лудо, ти препорачувам до 18ч. овошје а за вечера зеленчук со јогурт/кисело млеко/сиренце. За да не ти идат у неповрат мускулите! БајДВеј, растително сиренце.
Јас рано станав, што да ви кажам бе се осеќам како да сум најслаба на свет Стек дома нема, до продавница ме мрзеше да одам, па пиев нескафе и во фрижидер си најдов од макароните пред некој ден па си ги дојадов со домашно салце и сирење. За денес тоа планирам да е доволно, освен ако не ме фати некоја криза до после па да поткаснам уште некоја ситница.
Mало лично разочарување, само што се мерев...20 дена на диета, а само 7 кг. помалку...очекував барем 8-9 кг. Сега имам 59 кг. Ама не се откажувам, продолжувам со диетата на Иренна..само малку построго. Почнав и стомачни да правам...за сега 2 серии по 15..па постепено ќе зголемувам.
Лоли, 7 кг е одлична бројка, не се разочарувај и немој построго. Сепак мислам нашиве тела треба да ги држи нешто да не се ничкосаме во прва прилика.
ууууууу лолитаааа, немој да бидеш толку не захвална Tи знаеш ли што се 7 кила за 20 дена? некој за 30 дена не слабее, еее, јас за 20 дена дали 4 кила се на се сум ослабела! Cе зарадував со тие 3, за утредента вагата на ми ги украде 7 да ослабев ќе летав човек, ќе се лансирав до Mарс и назад! тоа е многу, на секои 3 дена по 1 кило си слабеела! баш напротив треба да се радуваш едит- е Tеди јас па се будам како да сум најдебелата не светот, не знам веќе што ми е со овој меот мој никаков бре, подуен подуен, мислиш сум се на диета за дебелеење а не за слабеење! веќе не знам што да правам
А ти да поднамалиш малкуцка со водата, и малку намали со тараторот, може во стомак почнале краставици со кисело млеко да ти растат Се шалам, ама лудо стопли го малку стомакот, види што е работата зашто ти се дуе, и мене ми се дуе обавезно еден период во месецот, еве и сега може неколку дена во вц не сум била, ама јас сум навикната. Ти види испробај и најди кај лежи зајакот. И се шалев дека се осеќам како најслаба, малку да се посмееме Још сам дебела
Може од некој вид храна да ти се прави. Труди се колку што можеш поразновидна храна јади. И помалку преоптерерувај се.
абе викам да не е зашто треба да добијам, ама треба за 6-7 дена да добијам леле, се осеќам ко да сум јадела јадела јадела јадела јадела јадела и јадела пред спиење, и станувам со полн мев го мразам чувствово значи, не е од водата веќе не знам а вчера јадев во 19 последен пат, и си легнав во 1 замисли ништо не јадев 6 саати до спиење, и пак бре пак подуена се разбудив, ко дебело гроцаво се осеќам!!!!! пич мајчин веќе Merlin не е за преоптоварување, туку ме иритира само чувство, ме депримира
Епа сигурно ти е дека си период пред добивање, ако си во овулација или нешто така. Ќе помине Јас така се чувствував пред некој ден кога пишував со игли во стомакот како да сум. Секогаш ми е така некои 4-5 дена обавезно. А мојава тетка уште ја нема, јас не знам што ја боде втор ден касни. Можеби дека сменив начин на исхрана. А можеби и не