Пробај да го замениш појадокот со овошје, овесни снегулки или комбинација од овие две во шејк. Исфрли го лебот целосно Истото важи и за лошите шеќери (купи си стевиа ако не можеш кафе без шеќер) Не јади овошје минимум 5 саати пред спиење Форсирај салати и протеини Среќно
Јас имам Орбитрек и не го користам ич ама не сум размислувала за продавање...Искрено и јас како тебе, го купив зошто ми беше далеку аеробикот и ене го сега прашина фаќа...премноогу досадна справа е за вежбање
Caloriecount.com вика дека има 160 калории во 28 грама. Според мои пресметки во 165 грама околу 900 калории
Да ви се пофалам со мојот голем резултат, за кој жалам што немам after и before слики За 7 месеци, мојот резултат со здрава храна е 18кг. Уште 5кг ми фалат до целта I did it
Идем на нутриционист. Она ми го даде режимот и се хранам по него. Прекршувам, ама сепак не сум толку навлечена ко порано по нездрава храна. За скоро ќе пишам подетално како воопшто започнав Поздрав.
значи, пешачам секој ден по 60-100 минути и брзо и бавно... јадам околу пет..и почнав пуканки и јаболки секоја вечер да јадам значи,не јадам многу и се осеќам поправена во нозите,имам крушковидна формма на тело..Зошто се поправам?
феминкиии до каде сте со слабеењетоо ? Јас мака мачам сеуште и вагата веке долго време не мрда , се трудам везбам кардио , вежбам чучњеви , вежби од julian , али пак ништо , што мислите што е проблемот ?
Нема проблем, таа килажа му одговара на организмот без разлика што тебе не ти се допаѓа, ќе постоиш малку на тоа место потоа ќе продолижи падот. Добра си ти, не знам како јас ќе се оправам
ма дај ти се молам , не сум јадела тоа што душа ми сака долго време , се убивам од вежбање , и пак ништо , па ај да се дружиме и да се бодриме па да дојдиме до посакуваната килажа ! Дали ти си на диета ?
За диети книга можам да напишам, како девојче држев диети за глупости, сум сакала 3кг помалку па, стомачни ... ма, глупости. Е, сега последниве години навистина имам проблем, хормоните партал ме прават, сега пробувам ама овој начин на живот не дозволува, доаѓам преморена или прегладнета некогаш, заборавам цел ден да јадам и навечер пред спиење ќе се најдам и почна килажата нагоре и нагоре, не знам како и која диета веќе да ја држам, а за физичка активност и да не зборувам, мора нема врска слабеењето ама за тоа не е проблем брзо се враќам во форма, само време и воља за себе да си купам Ти си цар за тоа кажувај што да се прави, не можам вака, ништо не сум си купила, не и се допаѓа како ми стои и не купувам.
Се случува килограмите да стагнираат, па да почнат да се намалуваат.Да не правиш нешто погрешно?За вежбање се препорачува или насабајле или 2-3часа пред ручек или 2-3часа после ручек,тогаш има највеќе ефект.Ете и јас првите 2 месеца на хроно -6кг ама не вежбам ич,а еве сега од 14.12 до сега немам изгубено ни 1 кг ама не се предавам
јас вежбам мн касно пред да си легнам , некои држат малку диета и не вежбаат а одма слабеат , јас се убивам од вежбање и ништо , размислувам за протеинската диета , мн е тешка за држење но има резултати
Немој протеинска јас качив 3кг од таа и нулта крвна група и се, ама сум пиела кафе со шеќер и затоа немало резултат во бараната насока, а се изнамачив, не сум некој месар Ќе морам распоред како за др работи така и за вежбање и храна, не бива поинаку Тоа што вежбаш е супер, се оформуваш убаво, не се измачувај толку и некоја облина убаво стои, барем тоа го согледав за овие години Обиди се како мене, од секогаш сум била таква, џабе се тешам ... земи 2л леден чај и цел ден биди актвина, оди некаде и ќе видиш како паѓа килажата, и туршија ако можеш јади од тоа памтам за 2 дена ослабев 1 кг, сега ми текна на тоа одамна не сум го применила ова.
дај некој нека каже некоја диета каква што треба , оваа хроно ми изгледа добра али она што треба да се јаде јас уште повеке би се здебелила , ако некој знае добра диета нека пиши , само да не е досадна како УН!
Ја само од хроно досега сум имала резултат за брзо време и само така ти се чини, нема да се здебелиш.И ова не е диета туку најправилен начин на исхрана.Сите така мислат затоа што се јаде доста додека не се заситиш ама и брзо се слабее.И плус не треба којзнае какво вежбање доволно е само 30мин дневно брзо одење и има резултати.Нека ти пише и некој друг некоја друга диета што помага па одлучи се.Ако се одлучиш за хроно тука сум за совети
Некои диети како што читам и јас би се здебелила од толку храна, најдобро е сама режим да си направиш, ун е досадна ама наметнува начин на исхрана не само диета, јас пак до тоиа би се придржувала.
Дечки дали некој ја држел 8 часовната диета? Ја читам по српскиве форуми викаат добра била. Ако има тука тема за таа кажете ми, зашто јас барав и не можев да најдам.