јас ја почнав ун диета ама ручекот не го јадам само доручек едно овошје и вечера..........ке има ли така ефект?
Здраво, Јас сум иста со тежина а висока 162, а дали јадеше леб ??? Мене ми е слаба страна лебот . и благото..ама ај некако со тоа можам да издржам. Сакам да прашам дали има некоја мамичка тука со ем дои ем сака да ослаби , ова е случај со мене,,и како сте ослабиле, ако има некоја ...
diorsa Приметувам многу мајки ги плаши држење дита дека дојат што е апсурдно бидејчи диета не значи да се изгладнеш па да не продуцираш млеко туку само начин на исхрана кој ем че направи да имаш повеќе млеко ем, ем ќе намалиш килограми ем ќе имаш енергија цел ден. Јас сум пример што доеше 18 месеци, 6 месеци екслузивно, а пазам на храна од првиот ден. Здрава храна што друго да речам . Редовни оброци, дисциплина. Ако сакаш имам свое мислење и план би ти предложила но јас не сум професионалец па ако сакаш мислење пиши ми.
Pa leb prvo jadev dodeka da mi se navikne organizmot ama integralen po edno dve parcinja, a blago jadev od cokoladite na vitalija so low fat... A za doenje nemlzam da ti kazam jas uste ne sum nemam deca
Да така е...здрава исхрана и се ќе биди во ред.. иако мислам дека не јадам многу не-здрава храна,(на пример како што си знаат другите на утро салами, виршли, или пак чипси, газирани сокови и мнг дрг ) Па сега веќе почнав до ручек да јадам само овошје,(јадам и банана, дали сметаш дека не треба да се јади банана ?оти некои викат дебелее бананата, ) потоа ручек нормален, не со мнг леб, а после тоа салати и семки , ореви лешници, бадеми.. Дали ти имаш нешто да додадеш во сето ова ..јас пробвам вака да држам "диета" но не сум мнг упорна за жал
Луге а кажете ми јас како да ослабам секоја вечер легнувам со помисла дека од сабајле почнувам со ун диета, сабајле станувам ке видам некока грицка или чоколадо ке каснам и после си викам кај можам строго да се придржувам на диета , 80 кила се имам направено депресивна сум и нервозна а никако да си ставам во глава дека морам и морам дури и маж ми ми рече дека сум како мече направена
хахах јас секој понеделник ја почнував ун диетата и секогаш ми текнесе дури вторник...стави се на инат со самата себе еве јас веке 4ти ден ја држам....па срекно
Замисли си го организмот како машина. моментално таа машина е полна со некои отпадоци и по споро работи. Секој здрав оброк, е како прочистувач, а не здравиот трупа отпадоци. Фокусирај се на главната цел, а тоа е перфектно добра работа на машината. Малку не добро го објаснив сето ова, денес некако слабо ми оди со зборовиве, али се надевам ми ја сфати поентата. Мене ова ми е единствениот начин на размислување кога држам диета. И секако најомилената реченица... Ќе ги издржам деновите за диета и после пак ќе си каснам малку што сакам, нема да избега. Фактички моментот дека жртвата што ја давам моментално не е страшна, а резултатот е супер. И така константно.. периоди на прочистување и периоди на задоволство... можеш на годишно ниво, или месечно или неделно. Јас еве втора година по ред , правам околу 2 месеци диета после пожиќ и нова година , т.е. 5 дена диета два слободни. Али и во слободните се трудам да не јадам ептен не здраво, туку умерено. И другите месеци, пак ќе се најде по некоја недела на диета, зависи како ќе се почувствувам. Поздрав и ти посакувам добри резултати
Во право сте морам да ставам инат ај деновиве ке почнам со диета да приставам уште некое килце на мене .. Си мислам да почнам на строга диета една недела барем и после да се префрлам дирек на ун ,,, демек за побрзо ...
Па мислам дека е многу малку тоа . Да, здрава храна, но редовни оброци,балансирани, по помалку повеќе пати (не нон стоп). За сабајле само овошје не сум бидејчи не те најадува и после се фрлаш на храна. Јас би: за сабајле - смуди (со банана, со се што сакаш) па доручек од типот чинија овес, омлет, сутлијач. за ручек- 1 чинија „ручек“ што и да си јадете дома само без ИЧ леб и многу салата. вечера- салата, јогурт, јаткасти плодови. И истрајност, месеци...не 2 недели и толку.
Мојот предизвик е 10 кг за 1 месец.Ја почнав Аткинсоновата диета еве 3 ден ми е,па ке видиме ке ве известам за резултати.Него незнаев каде да го сместам прашањето па еве овде.Вчера јаде в намаз Маза на Здравје Радово со маслинка и лута пиперка. Што мислите во ред ли е да јадам намаз за време на диета?
Дали и за колку ввреме ќе симнам три килограми со следново темпо: Појадок: овошје Ручек: домашно приготвен, со или без месо сеедно... Вечера варен зеленчук, салати, варени јајца и слично... + вежбање 2 пати неделно
Со сигурност. Се зависи од организмот и би ти препорачала да одиш по крвната група што ти одговара а што НЕ.Имаш на Фемина табели.За 2 недели би требало да симнеш.Пак ќе кажаж до организмот е и до крвната група.И јас се борам со вишокот килограми.Успех @frosyGrc
Иако ич не сум за јадење вакви намази сепак мислам дека во аткинсовата е дозволено. Налесно е да видиш колку протеини, јаглени хидрати и масти има. Види сигуирно има табела на канчето. Ако ЈХ се најмали можеш да јадеш.
Здраво девојки. Сакав да прашам дали за доручек подобро е варен ѓеврек или интегрално лиснато со јогурт,што е помалку калорично? Морам наутро да јадам нешто вакво бидејќи на училиште сум.фала однапред позз.