Било што од тие две работи со јогурт, наутро ти треба најмногу енергија, па комбинација од јаглехидрат+протеин ќе те држи долго време. Потоа во текот на денот не јади леб, т.е. ако баш мораш, само 1 кришка за ручек.
Женски од каде купувате малини, капини, рибизли или било што од бобинки? Не зборам за замрзнати, туку свежи евентуално, и манго, папаја и сличните? Никаде неможам да најдам да има скоро се, или едно манго во Рамстор или ниедно
Аронија свежа има во здрава храна продавнициве. Малини капини од пазар купувам кога ги има па ги ставам во замрзивач и си вадам по малку. Манго и папаја има нон стоп во тинекс а добро манго да се чудиш ама има во Кам.
Девојки сакам совет од вас која диета е подобра Ун диета или диетата на ирена,бидејќи се двоумам која да ја држам,а имам за слабеење околу 20 кг. Мислам дека поздрава алтернатива е Диетата на Ирена,ве молам ваши мислења,многу ми е важно..
Здраво девојчиња најпрвин пооз до сите ама најголем од ми треба совет бидееќи имам проблем.Пред 3 год ги откажав цигарите поради здравстени причини од тогаш па наваму имам страшен проблем со килажата од 65 дојдоб до 86 СТРАШНО ја дршев ун диетата и сум презадоволна со постигнатото арно ама мотивација падна паузирав неколку месеци ја држев аткинс сеа некои си мислат дека е штетна но јас сум презадоволна стигнав до 66 арно ама фатија новогодишни,божиќни празници ,слави итн итн и да си бидам реална и неодговорност,недисциплина јас се вратив на 74 и сеа сум прасе започнува повторно лошо расположение нервози и ред по редум ајде барам помош од вас дајте ми малку мотивација ве гушкам сите
@R.o.s.e @saymyname jas sum za Un , od utre pocnuvam i jas i ke se motivirame , Zaedno sme posilni bitno e da pocnite i jas imam 20 visok
Почнувам и ја од утре,ама со хроно диетата.Ја држев 2 месеца имаше супер резултат,ама ја прекинав.Па од утре почнувам повторно Со среќа на сите па наскоро да споделиме добри резултати.
Лекот бил 5 пари ама кој да ти го знае. Си купив облека помал број и тоа бааѓи помали и сега кога и да сакам да каснам нешто ќе си ја погледнам убавата блузичка и се откажувам од јадењето. И те како ме мотивира.
Девојки епа ајде ние три четири колку сме да се консултираме и бодриме , без разлика на која диета сме.јас од утре почнувам со диетата на Ирена.Држете ми среќа и ќе ви пишувам секој ден ,бидејќи многу ми треба поддршка. Бидете активни
Здравооооо, диетите со ограничено јадење само одредени работи не се добри за организмот. Наутро како заменски оброк ти треба витаминизиран оброк со протеин кој ке те држи 2 часа здраво заситена и полна со енергија, после во текот на денот ти требаат 3 ужинки и 2 добри оброци со сите потребни материи во организмот. Ако сакаш правилно да се храниш, а да имаш одличен резултат за 3-4 месеци и никогаш да не гладуваш, ти нудам помош. АКо те интересира за што се работи, слободно пиши ми, ветувам дека нема да зажалиш и ништо со сила нема да ти биде наметнато. Поздрав
Плус, белото печиво од сабајле и кафе не дава резултати, како што не дава резултати и јадење само на одредена храна, со тоа секогаш ќе бидеш без енергија, да ќе губиш кг но ќе гладуваш и ќе имаш тон целулити, од искуство ти зборувам, а чувство на среќа и задоволство ќе имаш поретко...
Пред година и пол ослабев 22 кила со почетна тежина од 133кг за 6 месеци. Вежбав и одев кај нутриционист. После околу 8 месеци (последните 2месеци не мрднав со тежината) престанав да одам и на вежбање и на нутриционист. Првите 6 месеци губев килажа во поспоро темпо, ама сепак губев. После почнав да некачувам пак. Не јадев здраво. Се вратив на чипсови, тостови и пржени работи и не само што ги вратив 22 кила, туку и качив 3 кила плус. Се мерев пред 3 недели. Бев 136.7 кила. Се запрепастив. Не мислев дека толку се имам здебелено. Ми падна психата премногу, дури се мислев дали ми вреди да почнувам пак или едноставно да не ми е гајле. Две недели само тоа ми беше во умот и некако дојдов до заклучок дека морам да почнам пак со здрав начин на живот, друго нема! И едвај се натерав да се вратам на вежбање, Денес ми беше прв ден и имавме аеробик и прејако беше! Ахх, колку само ми недостигаше ова! Не бев толку без кондиција колку што мислев. Се изненадив колку сум способна после година и пол лежење. Утре со нови сили пак ќе одам! Се мерев сега и за една недела ослабев 2.7 кила. Моментално се чувствувам добро и мотивирано!
Не се обесхрабрувај, на грешките се учиме Одлично што си почнала да одиш на аеробик, верувам дека веќе знаеш да ја прилагодиш и исхраната. Штом еднаш си успеала, ќе успееш пак!
Браво, ти честитам, но внимавај на исхраната, таа влијае 80% во секоја диета =) Ако не се храниш правилно,можноста да ги вратиш килограмите е голема.Внимавај на исхрана =)
Благодарам на зборовите! За исхраната веќе 2 недели си ја прилагодувам. Сама си ја водам овој пат со MyFitnessPal и знаење од на школо(средно медицинско сум) и истражување. Сокови, чипсови, пржено се тоа уште првата недела тргнав. Имам малку проблем со јадење на школои со тестенините. Секој ден имам по 7 некогаш повеќе часа и морам доручекот и 2 ужини да јадам на школо. Но, оваа недела видов дека има инстант житарици од Виталиа што ги јадам со овошен јогурт и после тоа имам 1 ред темно чоколадо и ако имам потреба и 50гр. сува брусница. За тестото нема што да се прави, ќе се издржи! Хахах
И јас учев средно медицинско, убави спомени Знам дека знае да биде напорно, и најчесто ќе прегладниш и грабаш што прво ќе ти дојде до рака. Ок е пециво+јогурт наутро, ти треба енергија, мој предлог за ужина е да си спремиш и свежо овошје (јаболки, мандарини), подобро отколку чоколадо или сушено овошје (многу се калорични). За ручек и вечера без леб, ручекот нека ти биде месо или нешто готвено+ салата, а вечера салата само, или парче кашкавал, туна и сл. (некој протеин). Само гледај да не прегладнуваш зашто така е поголема шансата да јадеш нешто што не треба. Од време на време (еднаш-двапати месечно) не е грев да згрешиш со нешто ако се настрвиш. И пиј 2-3 литри вода дневно. My Fitness Pal е одлична апликација