Дадов пример само, секако дека и овошје и салати се јадат. Салата скоро со се, а свежо овошје за ужина секој втор ден. За чоколадото направив крвна слика и шеќерот ми беше 3,7, малку низок. Затоа 2 пати неделно имам темно чоколадо.
Жени , јас веќе 4ти ден држам диета , благо и леб сосема исфрлив држам протеинска диета. Сакам да прашам општо за било која диета е дозволено да се јадат семки , сончогледови и од тиква?
Јас не би ги исфрлила, сепак користа од нив е огромна посебно ако веќе исклучуваш јаглехидрати. Правилото вели дека првите две недели не се јадат, ама јас умерено јадев цело време, 20-30 грама отприлика ( или бадеми, фстаци, лешници, а не треба индиски ореви) и воопшто не се одрази на резултатот.
и јас ја држев диетава и дава резултати .јас пешачев за време додека ја држев и за неполни три недели ослабнав 8 кг.има добри резултати но јас се придржував до правилата поточно погрешно имав разбрано наместо забранети виршли и салами јас ги имав запишано во дозволени но и така имав резултати.таа диета е најефикасна за 0 крвна група за другите незнам .кажувам од свое искуство зошто сум 0 а и по форумот сите што пишеле така рекле .со среќа и се надевам ке имаш резултати
Јас навистина не знам што се случува со мене..Вчера ја почнав диетата на ирена денес пак се прејадов...кога јадам ми е убаво ама после многу се нервирам..Никако не можам да почнам а имам за слабеење 25 кг.Помош ве молам од срце..
Мoжеби зa истaтa диетa збoриме сaбaјле се пие вoдa, пoтoa се јaде oвoшје пa мусли незaслaдени пa јaјцa вaрени 3 жoлчки и еднa белкa и зa ручек месo 100гр кaквo сaкaш и пo 2 чaсa oaк 100 гр сo некoјa сaлaтa. И oвa дo 5 чaсoт пoплaдне мoрa дa се изеде. Инaку и јaс сум нултa крвнa групa се нaдевaм ке имaм некoи резултaти бaрем сoсемa блaгoтo и лебoт ги исфрлив
Ми се допадна диетава. Незнаев каде да ја сместам па еве тука да ја споделам и со вас ИНСТАНТ СЛАБЕЕЊЕ ЗА 20 ДЕНА! НОВАТА ХИТ ДИЕТА! Авторката на режимот тврди дека ако ги спазувате стриктно правилата и полниот циклус на диетата кој трае 3 недели ќе намалите минус плус 10 килограми. Пијте најмалку по 2 литри вода! Понеделник – секакво овошје со исклучок на бабани. Вторник – секаков вид зеленчук, зачинет со соја сос, оцет или горчица. Среда – Сите видови овошје и зеленчук, со исклучок на банана. Четврток – пет банани со 3 чаши нискомаслено млеко. Петок – телешко варено, пилешко месо или риба на скара со свежа салата. Сабота – телешко и салата. Недела – риба и салата. Ова е основното мени за секој ден, а вие треба да си го распоредите истото тоа, на помали порции во текот на еден ден. Ова се повторува три пати, односно истото мени за овие 7 дена го продолжувате и во наредните две седмици. Понекогаш наутро може да си дозволите кисело млеко со малку мусли, ако не можете да издржете.
Со овааа "диета " поради нискиот внес на калории би симнале килограми ДА , но тоа е истоштување на организмот, исцрпување на течностите и со ваквите диети секогаш се јавува т.н јо-јо ефект, како и ред нус појави како истоштеност, депресија, главоболка, кршливи нокти..... Основните темели на нутриционизмот и на диететиката како науки е РАЗНОВИДНОСТА и УМЕРЕНОСТА на прехрамбено - нутритивни состојки, рамнотежа помеѓу вистинската потрошена енергија и енергијата внесена со храната.
1. Треба да имаш желба но и голема решителност за да ги промениш навиките за исхранување. 2. Поддршка од семејството (посебно од мама во изготвување на главните оброци) 3. Правилно слабеење ќе успее само со правилна исхрана и секојдневна физичка активност 4. Исхраната за секој човек е индивидуална, па не треба да се водиш од различни таканаречени "диети",( по месечева диета, протеинска, диета според крвна група и какви уште не... ) Секој од нас има различен метаболизам и различно реагираме на нутритивните состојки.
да се издржуваше така лесно цел ден на овошје , самите ке си јадевме само овошје , не ни треба диета некој да ни кажи. Патем јас ја имам држано оваа диета само што беше со супа од зеленчук , како издржав јас си знам , и одма ми се вратија кг , седнав да се најадам зш бев гладна од диетава.
Здраво! Денес пак се мерев и сега сум 132.5 кг. За 5 дена ослабев 2,2 кг. Секој ден вежбам. Понеделник аеробик, вторник боди комбат, среда пешачење 5 км, четврток боди комбат, петок зумба, сите по 1 час и после дома вежбам 30 минути за мускулатура вежби. Денес малку претерав со вежбање, па ми отекоа нозете и лигаменот на едната го истегнав(го скинав лани, па сега имам малку проблем). Од сега со стегачи ќе си вежбам. За исхраната го послушав советот на една феминка и од сабајле јадам ѓеврек со јогурт или житарки или сендвич со урда, пилешка салама и салата. Исто така сувото овошје го заменив со свежо. Пробувам 1-2 во денот да јадам салата, најчесто марула или зелка. За вечера одбегнувам да јадам голем оброк, туку чаша млеко со мед и малку ленено семе или салата со туна( маслото од туната убаво го цедам и ставам маслиново ладно цедено). Не се држам толку стриктно како кога бев под надзор на нутриционист, но слабеам повеќе. Секако, и се движам повеќе, па веројатно затоа. Утре одам на пешачење, а во недела ќе одмарам. Поздрав и ви посакувам продуктивно слабеење!
Супер само така продолжи, но почетокот на денот мора да го смениш, треба да го започнеш со детокс пијалок најпрвин ( може со млака вода + лимон, вода+магдонос изблендиран, вода+ ѓумбир изблендиран). По половина час откако ќе изделува чистачот на токсини, следи појадокот кој треба да е САМО на база на јаглехидрати за енергија през целиот ден ( безглутенски житарки, смуди од свежи овошја + семиња...) Good luck
Пијам еден час пред појадок вода со лимон, но баш сакам да го пробам тоа со магдонос зошто го обожавам! А може да направам чај од магдонос и да го пијам или мора да е изблендиран магдоносот?
Добро би било да е свеж, бидејќи секој зеленчук подложен на висока температура ги губи помалце/повеќе од своите нутритивни состојки ако имаш нешто што те интересира во врска со нутрицијата, слободно пишими ЛП
Иако немам проблеми со зголемена килажа, сепак се чувствувам компетентна да напишам нешто тука, за сите што имате проблеми со дебелината, зашто имам доста познати (пријателки, роднини) што веќе со години се борат со вишокот килограми, и гледам кои грешки ги прават постојано. Прво, не ми е јасно како некои си дозволуваат да стигнат до запрепастувачки голема бројка на вагата. Толку ли е тешко да контролираат што внесуваат, и веднаш откако ќе забележат дека накачиле неколку кила, да намалат малку со храната? Исто така не ми е јасно како до сега не стана јасно дека краткотрајните, ригорозни диети не даваат резултати на долг рок? Тоа е само џабе измачување. Изгладнувањето не делува, никогаш не ни делувало. Се залажуваат со брзите диети, зашто се губи вода од организмот. Потоа, нормално, седнуваат и се прејадуваат без мерка, и на тој начин човек останува заглавен во еден круг од постојани диети, изгладнување, и потоа прејадување. Тажно е кога читам за диети од типот сабајле две јаболка, за ручек варено јајце, и за вечера краставица. Само умереност, од се по нешто да е застапено во исхраната, и никогаш нема да имате проблеми со килограмите.
еве јас ке ти одговорам , знам дека немаше лоша намера со постов , но си слушнала ти за бавен метаболизам? имам другарки што јадам цели наполитанки и се слаби а јас да јадам еден сладолед ке ми се цементира во задникот! Некои имаат срека да јадат све а да се слаби , некои немаат срека јадат малку и тоа малку им оди во бутовите! значит секој си е прича за себе , али тие глупави оговарања како сте можеле до толку да се здебелите чувај си ги за тебе , и биди срекна што имаш брз метаболизам!
Кажа убаво anakonda88, има милион причини поради кои некој има проблеми со тежината, некои од нив и сериозни здравствени проблеми, така да ако не си била во нечија кожа нема потреба да солиш памет, колку и да е тоа "добронамерно".
@anakonda88 Нормално дека немав лоша намера. Само кога некој веќе е свесен дека има побавен метаболизам, може да внимава постојано (Не да се изгладнува, туку да јаде редовно и помали порции ) На тој начин нема да дојде до ситуација да има 20+ килограми вишок. Го пишувам ова затоа што решението најчесто е тука пред нас, а луѓето самите си го комплицираат животот. Значи НЕ за диетите, умерена и балансирана исхрана е тоа што треба да се практикува Не зборувам за луѓе со здравствени проблеми, тоа е веќе друга работа. Зборувам за дебелина предизвикана од прекумерно внесување на храна
Душо јас имам бавен метаболизам , сум била мн пати 20 + , а не сум се прејадувала , не јадам благо ( некогаш мн ретко , едно парче торта во два месеци ) , пешачам секогаш , но ете имам вишок на кг , со кои се борам подолго време! , значит све што кажуваш пага во вода , додека нешто не осетите на своја кожа не коментирајте ! од јули месец сум на режим али не сум задоволна! значит овде е морална подршка за слабеење а не омаложување!