Немој да седиш во иста соба со ситниците, или излези негде, пиј вода, кафе било што. Или извежбај асолно па ќе ти биде жал да јадеш.
Јас почнав од денес со диетата на Ирена, и станав физички по активна, се надевам на резултати, барем 4-5 кила да симнам.
Фала Eве ја диетата : 1 ден Доручек:овошје или зеленчук а може и комбинирано и чај да се пие. Ручек:макарони со сирење или јогурт. Вечера:супа од зеленчук 2 ден Доручек: овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек: варен компир со салата Вечера салата 3 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек печен компир со една чаша јогурт или кисело млеко Вечера едно парче овошје 4 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек 1 варено јајце плус домат\краставица и едно парче сирење Вечера едно парче зеленчук 5 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек шпагети со сирење или јогурт Вечера супа од зеленчук 6 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек пасиран компир без сол со една чаша јогурт или едно парче сирење Вечера едно парче овошје 7 ден Доручек овошје или зеленчук а може и комбинирани и чај да се пие Ручек пилешко месо или риба со ориз или компир но варен или печен без зејтин Вечера салата
Лолита за 20 дена 7 кг??? Тоа е многу да знаеш, па нели исправно беше 1 кг на недела . Јас да ослабам толку за 20 дена ве частам. Ме мотивираш да продолжам со диетата. Јас синоќа бев на вечера и пиев вода обична и јадев цезар салата. Знам дека има мајонез ама ајде се тешам дека беше само некои 20-30 грама и дека ручекот ми беше ептен скромен . Но затоа денес од сабајле јадам само овошје и веќе имам испиено литро и пол вода. Значи појадував цеден лимон, една банана, една шака цреши и еден ред милка. Сега го чекам ручекот- полнети пиперки. За вечера планирам само некој домат и краставица. И толку. Од денес построг режим и планирам да почнам со зумбата, ама ќе видам како ќе ми оде(си имам јас проблем ).
Aј да си ја олсенам душичкава,бев на гости-не вечерев пред да отидам,и каснав 1 парче од пита,и 1 лажица руска салата и тоа е се,сега јадам портокал
Диета за физички неактивни, диетата на Иренна...ја имаме неколку пати спомнато. Ви благодарам девојки на подршката...значи добро било... Се разочарав зошто според диетата на Иренна за 10 дена се слабее 4 кг. па затоа очекував помалку килца.
Да си прашам... На туната пише 561 kJ, па сакам да прашам колку kCal е тоа? [PS:Најдов „134 kcal/ 561 kJ“ па дали е толку или?]
Луѓето, кои користат еден или два изговора за да го прекршат здравиот начин на исхрана, имаат 76 проценти помала шанса да ослабат од луѓето, кои си пронашле своја диета базирана на здрав начин на исхрана и притоа ја приспособуваат на ситуациите. Значи променете го режимот на исхрана комплетно, но без некои строги правила. Скратувањето на калориите предизвикува нивото на серотонин (хормонот за среќа) драстично да опадне, па вие се чувствувате лошо расположени, раздразливи и кавгаџиски расположени. Флуктуациите на шеќерот во крвта ве прави раздразливи според Бостонскиот медицински центар. Според истражувањата треба да внесувате омега 3-масни киселини бидејќи тие помагаат во борбата против депресија и ја забавуваат дигестијата, што ви овозможува да останете подолго сити. Значи внесувајте лосос, маслиново масло и ленено семе за добро расположение. Цените на здравата, хранлива и диетална храна, како што се интегралните житни зрна и немасното месо пораснале за речиси 30 проценти, за разлика од цените на слатките и безалкохолните пијалаци кои пораснале за само 15 проценти, според универзитетот во Вашингтон. Значи дека се повеќе луѓе држат диети или се придржуваат кон здрав режим на исхрана. Дури 41 процент од жените, како причина зошто не се хранат поздраво, навеле дека немаат доволно време, а 40 проценти од луѓето, кои изгубиле значајно количество тежина, однапред ги планирале своите неделни оброци. Значи клучот за успешна диета е предвременото планирање. Група испитаници со вишок килограми биле замолени да направат неколку мали животни промени: редовно појадување, консумирање зеленчук по желба со секој оброк и гледање телевизија колку што вежбале тој ден. Тие во просек изгубиле околу 4 килограми за само 2 недели. Значи клуч за успешна диета не се екстремните режими, туку малите промени со кои нема да морате да се откажете од секое задоволство во исхраната. Go girls
Јас до сега бев на шопинг Си купив пак вакви зашто напросто ги обожавам, си јадам по две претежно насабајле. Си купив патлиџани, краставици, нескафе, многууу малку масно млеко, чоколадо за готвење, 4 огромни води, пуканки по 100 грама пакетче за во микро, индиски оревчиња за 50 денарчиња, бадеми, црешки, туни, марула, црн шекер, соино млеко... И тако то. Друго не ми текнува Морав да се пофалам. Знам дека има во некои од намирнициве ептен калории ( како во индиските ореви ) ама пример од нив јадам само 7(омилениот среќен ми број) преку неколку дена, и пак ќе си терам како и до сега што си терав. Пуканките и во вита кога одев ми ги даваше жената, па некогаш навечер ќе си ги практикувам. Не ми е тешко, еве денес јадев макарони сабајле и сега 7 оревчиња од пуст мерак. Полека но сигурно ќе слабеам. Подобро ми е полека отколку наеднаш да се пресечам од се и да земам да се откажам. Јок. Вака цел живот можам да терам. Покрај начинот на исхрана и зумбата сигурно ќе слабеам. Туку срце јуначко не издржа го измерви обемот во пределот на стомакот, 6 сантиметри даун. И дечки, не се потребни коментари дека не смееме да згрешиме, па добро ние луѓе сме или само дека сакаме да ослабеме како под казна некоја да сме за сторено злосторство. Да ми извините дека мајка ми кога ќе направи пита нема да пробам. И за мене не е диета, а уште помалку здрав начин на исхрана оној тип: лелееее изедов кришка црн леб со половина патлиџан ... како една свиња да си изел зборуваш побогу. Не е за вас, пример од животов. нека е среќна особата што си го исконтролирав смеењето. И така девојки, убава ми е темава, можам на секој пола саат да пишувам, многу полесно иде кога има некој со тебе и кога знаеш дека не си сам. А уште полесно е кога вашите две најдобри другарки од пелени ќе ви речат жено горди сме на тебе. Да. И јас сум горда. Ем јадам ем слабеам. Горда сум и повеќе од што треба.
Сдк ми се расипа дигиталната вага за мерење Неможе да се поправи а умирам од желба да застанам на неа после оваа исцрпна недела пропратена со едночасовно напорно вежбање. Ама ај ќе си почекам до утре, не се обесхрабрувам! Ќе ме мерат таму и ќе ми кажат. Се молам за 2 кг. да сум симнала, а може и 2 ипол. Додека во обем и самата можам да си забележам дека сум ептен клизната, поготово во бутовите (впрочем тоа ми е и најпроблематично место после рацете секако ) И така си се молам и чекам до утре...
Јас денес од едена особа од спротивниот пол си добив комплимент дека сум ослабела Ама Денес толку сум јадела што ми е срам да ви кажам право Добро, возев точак, па зумба прееска и вечер пак, колку-толку да потрошам некоја калорија
И јас,и јас,пуштам две плстиња,вчера ми рекоа дека сум многу слабичка,ко пред неколку години! Фала,знам( )и мускулчињата почнаа да ми се отцртуваат на нозете,стомакот и рачињата! Јухи,јухи,јеееј! Трчај Петко! Денес сум на домати,краставици и малку сирење,немам апетит,ама ич.Ме маваат вакви периоди кои многу ги сакам.
И јас почна една диета, прочита ја тука некаде , ако не се лажам Тренадфилка кажуваше дека била ногу добра. Доручек 1 портокал 4 двопека кафе... ручок 1 јајце, домати.... И треба ѕа 5 дена 2-5 кила да ослабееш. Е јас сум дефинитивно некој изрод Држам ја 4 дена .... се како шо треба под ред. дури вечерата ја прескокнувам не можа да јадам... И ослабната дури 1 кг вежбам стомачни грбни за нозе све.... Овака не изгледам како да не сам ослабнала ама у килажата ЈОК А успеа да улезам у едни фармерки шо не ме збираа пред 1 месец Некоја диета така шо по брзо се кинат килограми
Еј, ако си влегла во фармерки што пред месец не те збирале, значи си ослабнала цел еден конфекциски број што повеќе сакаш за 4 дена. Радувај се будалче и продолжи си.
Женски а колку калории се трошат на еден час на орбитрекот? овој мојов мора да е грешка нешто, ми покажува дека за еден час вртење сум потрошила над 2000
хахахах бравос за твојот. Мојот обично некои си 300 и нешто покажува за 1 саат. Зависи брзина и напор во возењето, ама горе долу толку покажува