Ме мачи стомакот, никако да го намалам неколку луѓе и ме прашале во кој месец од бременоста сум, па ти види сега дали не сум дебела..
Дa ти кaжaм искренo и мене ми здoсaди дa си уживaме кaкви сме тaкви сме битнo е дa сме здрaви имa и пoлoши oд нaс
Има и полошо од н(в)ас ама и многу подобро, а тоа подобро секој може да биде. @missgretta @Nona13 не можам да кажам дека не се трудите доволно, тоа не го знам, можеби и премногу се трудите а не успевате, ама ако не е така тогаш вложете го максимумот и не може да нема резултат. Дали ќе се забележат за брзо или подоцна е само прашање на време. Искрено и јас не сум некоја трпелива, очекувам за 1 месец се да бидне ама ете треба повеќе, и колку и да треба не ми е важно затоа што знам дека можам да успеам, како што може и секоја од нас овде и секој човек воопшто. Си се чудам на оптимизмов, иначе не сум оптимист некој, ете во случајов..
ti ochekuvash za eden mesec? jas se trudam od mojata 19 god pa se dosega koga imam 22 i edno golemo nishto..neznam shto e ova, imam stomak kako 5ti mesec bremena
@missgretta па не се изразив баш како што сакав, требаше да пишам, сакам за еден месец, а дека очекувам, па и не баш, треба да си помине некое време Од 19г се трудиш и ништо не постигна за 3 години? Ако не ти е тешко, пиши што подразбираш под тоа, мислам, некоја диета, твој режим, вежбање и да нема резултат?
i dieta, i rezhim na ishrana i vezhbanje i se i 0 rezultati, valda taka mi e so stomakot radi problemite so zheludnikot
Ако ти со 156 цм и 53 кг изгледаш како да си бремена тогаш јас со 157 цм и 83 кг изгледам како 9 месец трудна со тројка. Девојко таман си. И за висината ич не се јадосувај. Да си жива и здрава.
Девојки... пред 2 години во октомври почнав диета да држам и од 77кг симнав на 64 за околу 5 месеци. Бидејќи долго време не држев диета качив некои 4-5 кила и решив пак да слабеам. Режимот не ми е толку строг но сепак, не јадан леб, пржено, мрсно, благо избегавам колку што можам.. Веќе 3 дена сум на диета и ги чувствувам првите резултати... Промена на килажа сеуште нема но пополека ќе се покаже. Убаво е да си на диета, ваквиот начин на исхрана ми одговара, полесно се чувствувам, особено во горештиниве. Преку ден работам по нешто што вклучува физичка активност колку толку, и мислам дека за брзо ќе имам резултати, па ќе се пофалам Иначе диетата почнав да ја држам оти навистина ми смета вишокот килограми, плус имам полицистични јајници и наслагите собрани на тој дел од стомакот уште повеќе ја влошуваат ситуацијата. Мислам дека сум единствена затоа што искрено се радува дека држи диета Од кога видов што значи промената на килажа и колку позитивно ми се одрази и на здравје и на личност и на приватен живот, не чуствувам никаква потешкотија да слабеам (освен првите неколку дена дури ми се јаде се и сешто ). И така.. одвај ги чекам првите "скинати" килца... Се надевам дека ќе се пофалам за брзо
Девојки/жени би ви била благодарна доколку одвоите време да го искажете своето мислење во врска со мојот проблем. Јас имам многу вишок. Почнав да се дебелеам откако почнаа проблемите, навистина поминувам низ тежок период во мојот живот. Празнината која ја имам ја исполнувам со храна. Некогаш не сум свесна колку јадам и колку сум изела. Се ми е на психичка база. Сега велам доста е. Не сакам да сум дебела. Но, многу ми е тешко да започнам. Ова всушност не е борба со килограмите туку со самата себе. Зависна сум од храна. Како дрога/алкохол ми е. Кога ми е најтешко посегнувам по храна. Дозволив проблемите психички да ме уништат и тие да владеат со мене. Навистина, сакам да се ставам на диета и да ослабам. Но како да започнам и да не се откажам до крајот да одам?!? Ви благодарам.
На ова всушност никој и не може да ти каже прав одговор. Одговорот сама мораш да си го дадеш, а сите други може да ти дадеме само некои наши совети. Знам дека е многу тешко некои навики да се укинат, но најпрво е потребна многу волја и психичка подготовка. Ако ти решиш дека вртиш нов лист во својот живот и правиш промени - ќе ги направиш без разлика на сѐ. Кога ќе ти се јади напиј се чаша вода: многу почесто чувствуваме некој си фантомски глад оти не знаеме што да правиме со себе. Или земи грицкај некое овошје или зеленчук, бар во овој дел од годината го има тоа во изобилие. Кога ќе се почувствуваш нервозна или тажна, најди си некоја друга занимација која тебе ќе ти одговара, наместо веднаш да тргаш накај кујната. Цртај, пишувај, читај, пеј, танцувај, скокај, трчај, чисти по дома, изнеси го миленичето (ако имаш) на прошетка, јави се на пријател/ка да се најдете негде... Идеи има многу, ти само треба да си го одбереш она кое тебе ти е најзгодно. И почни да вежбаш. На почетокот ќе ти биде многу тешко, да не се лажеме, ама ако од ништо друго, ти од инает кон сама себе си биди упорна и не се откажувај. Потоа кога телото ќе ти се навикне самото ќе почне да ти го бара тренингот, како што сега ти бара храна. Само, пак ќе кажам: промената започнува од твојата психа. Јас искрено се надевам дека што и да е она кое во моментов ти е препрека во животот набргу ќе се реши, но и да не е така, ти мора да се помириш со себе си и со фактот дека не можеш да продолжиш да се уништуваш до бескрај. Ако ти треба каков било разговор, поддршка, идеи, макар само некој да те сослуша, можеш да ми пишеш во лична порака, во било кое време. Со среќа во што и да одлучиш.
Многу ти благодарам за одвоеното време. Си реков или ќе успеам или нема. Морам да успеам. Утре започнувам со диета, поточно со УН па ќе пишувам редовно. Ќе го применам твојот совет. Ќе се занимавам со нешто. Еве на пример обожавам да читам книги. Сакам да научам нов јазик. Итн.
Само немој да заборавиш и на физичката активност. Ако само гладуваш, а при тоа воопшто не се движиш, џабе ќе си го измачуваш организмот со диетата и сето тоа паѓа во вода. Ти можеш и да читаш, и да учиш јазици, и што и да е она што те интересира, но не заборавај и да одвојуваш време за вежбање, или макар пешачење.
Поминала недела ипол од кога сум на диета! Кога би... Килцава многу пополека се слизнуваат, ама промената на мене се гледа. Најпрво на лицето, ко стално, па на рацете, па на грбот и на крај - стомакот. Најтежок ми е за слабеење, особено оној долниот дел. Вагата покажува само 1-2 минус, ама не ми е и таа за верување, шашава е целата Последниве 3-4 дена се опуштив малку.. морам да се стегнам! Ајде од утре со нови сили и нови надежи..