(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    :D Сé фино иде. Почнам некој режим и се доведам во ред. Нула потреба за калорични искушенија и ете ти, те ПМС, те стрес некој ќе ме акне и толку од режимот. Не знам како луѓе успеваат да одржат килажа и режим некаков. Можда психијатар треба да си најдам. Демек, емотивен глад. Демек.
    Ханибал (Миклесон) би го таксала да не готвеше така.. sinfully good. :sweat: Плус проблем ми е серијава.:!: :D Легнам со мисла за храна, се разбудам со мисла за храна:^) А не сум тип што доручкува. (facepalm)
    Муабетов ми е.. да си кажам. Се јачам демек.:D Сликава ја видов па..:whew:

    [​IMG]
     
    На Victorian, anakonda88 и mareane им се допаѓа ова.
  2. Kallina

    Kallina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    @Book222
    Јас би ти рекла да не се ставаш на диета и да не се измачуваш на тој начин. Почни така што ќе исфрлиш нездрава храна од менито, леб, чоколади, чипсови,секој вид на грицки задолжително, и сета брза храна, пецива.
    Не биди сигурна дека си дотолку зависна од само јадење и јадење, и јас го мислев истото ама еве испаѓа дека не било баш така. Јас бев буууквално заљубена во храна, не ми беше важно што е, важно да и е убаво на душава, додуша и сега сум ама тоа е забранета љубов.:lol:
    Прво отвори на интернет на оваа тема, не знам точно како да ти кажам, мене ова многу ми делуваше на психа-кога сфатив што се му прави на моето тело "ненормалното" јадење. И како полека полека ќе се таложи на мене, што ем ќе изгледа и повеќе од грдо и веќе знаеш, штетно за здравје.
    Мислам дека никому(освен на оние случаи што ги гледаме на интернет, жени и мажи од по 500кг:|)не му е потребна диета како диета, да ти биде точно кажано што и кога треба да јадеш, со тоа не само психа и организам си гризеш.
    Гледај целосно да се фокусираш нс здрава исхрана, протеини, јаглехидрати, витамини, влакна. Побарај на интернет која храна ти е богата со тоа и така организирај си ги оброците, земај јаткасти плодови, по една рака на ден бадеми/ореви/лешници, и иако се калорични не дебелеат, само добро од нив може да се види(во умерени количини ofc).
    Ова е некој т.н режим, здравата храна си го прави своето.
    Ќе дадам пример што сум јадела денеска: (инаку наутро пред да јадам било што, т.е кога станувам пијам по една чаша вода-не знам кај видов дека забрзувало метаболизам, дали е точно или не-не знам:clap:
    Оброк 1(појадок):овес
    Оброк 2(ручек): Стек и салата
    Оброк 3: Млеко со една пасирана банана и малку ореви
    Оброк 4: Парче козјо сирење(протеини колку сакаш, и да не кажувам колку е прекрасно, препрепре:l:)
    Тоа ми беше денес.
    Физичка активност вклучи, одбери си ти, имаш кардио, и многу вежби, разгледај на интернет.
    Прочитав дека си имала многу вишок, па држи се само до здрава исхрана и самиот ќе се лизне од тебе). Немора да се казнуваш дотолку и да се лишиш засекогаш од слатки задоволства, ретко некогаш дозволи си нешто такво, ама стварно ретко.



    Во темава дефинитивно ќе бидам запамтена по огромниве текстови:whew: :wasntme: :angel:
     
    На Book222 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Book222

    Book222 Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    @Kallina Ти благодарам за одвоеното време и за искрените совети. :)

    За вежбањето, некои девојки ми споделија линк со различни вежби. А вчера пример отидов пешки до библиотеката и пешки се вратив. Богами не е блиску. Не знам колку точно км се. Секој втор ден одам во библиотека и решив наместо со автобус пешки да одам. И тоа е нешто. :) Денес планирам да правам некои вежби. :)

    За ихраната, и психијатарот ми го кажа тоа. Празнината која ја имам ја исполнувам со храна. Буквално со овие зборови ми кажа.

    Се ставив на УН, денес ми е втор ден. И мнооогу сум среќна. :) Се надевам ќе ја издржам цела диета. А некоја храна ја исфрлив, пр, лебот, брзата храна...
     
  4. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    КОГА СМЕ КАЈ МОРАЛНА ПОДДРШКА ЗА ОСЛАБУВАЊЕ.
    СЛАБА СУМ ЗНАЧИ ТЕЛО КАКО ШТО САКАВ, ПОДДРШКА ОД МОЈТЕ ИМАМ 0,0.
    Сега сум и била многу слаба, а кога бев подебела тогаш дебела бев. (facepalm)
    Више не слушам никој, како мене ми одговара така ќе бидам. А бидете си и вие, ако вие мислете дека сте океј тогај не слабејте, ако сакате да слабеете слабејте, ако слушате други далеку ќе стигнете
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Book222

    Book222 Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Мојата докторка, која има големо знаење и искуство ми кажа дека родителите се такви какви што се, додека не сакаат супер, а да не се замараме за ситнци. Јас и кажав дека имам прпблеми со татко ми и таа ми кажа дека премногу предавам значење на нешто што не би требало. После разговорот со неа јас татко мо 2% не го рецкам и воопшто не се грижам за тоа што тој збори. На луѓето не можеш да им ја затвориш устата. И мноогу поубаво се чувствувам. :)
    Јас верувам дека твоите се само загрижени за тебе како и секој родител. :)
     
  6. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    724
    Па не верувам дека е загриженост, мајка ми цело време ми збореше, превише си поправена за твоите години и висина, треба да ослабееш, а татко како татко на него му е сеедно каква сум, дечко ми несака да сум слаба бидејќи се издолжив одеднаш и сум како него станата а бев помала за неколку цм. А кога зборам за мајка ми, таа сега е подебела и мене ми замерува што сум ослабнала, значи сакав да кажам дека каква и да сум била не им одговара и каква сум сега исто, сега сакаат да се здебелам малце ова она. Глупости живи, не треба докторка за да се советувам или било што на млади години бев, сега ме само нервираат кога зборат, а немаат значење кај мене тоа.
     
  7. Book222

    Book222 Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски

    Се ми јасно, мене поентата ми беше, беспотребно се замараш. :) На родителите им е работа само да зборат а на нас да не се замараме.
     
  8. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    ајде мотивацијаааа
     
  9. meinenameis...

    meinenameis... Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Девојки пресна мамичка сум и имам ненормално зголемен апетит и многу се поправив.. Дајте соодветна диета (бидејќи дојам синчето ^_^ ).. пред да влезам во гинис за најдебел човек на планетата
     
  10. Kallina

    Kallina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Имам да се пофалам:angel:
    Ослабена 4.5кг од јуни 30ти досега. Ова е неопислива среќа, не очекував.
    Не знам точно кој датум беше(20-30 јуни) се мерев, 56кг, тогаш сеуште не бев започната со режимов. Сега, на 17ти август 51.3(poolparty)

    Не ми е толку битна килажа ако не сум задоволна од телото, ама ова, ова е среќа:D

    Не се откажувајте!
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Пoсле некoлку неуспшни oбиди нa ун решив дa се oткaжaм oд леб и блaгo еден месец дa видaм кaкo ќе ми делувa тaквa прoменa. Првиoт месец oслaбнaв 5 кг сo тoa штo aкo немa леб немa и пржени рaбoти :) Нaјчуднo е тoa штo ниту еднaш не се oсетив кaкo дa сум нa диетa зoштo немa брoење кaлoрии грaмoви немa вaкoв тaкoв ден. Прoдoлжив тaкa дa се хрaнaм и пoсле двa месеци неплaнирaнo еднoстaвнo леб пoвеќе не ми требa oд блaгo си јaдaм слaдoледи и си се oпуштaм пoнекoгaш зa прoслaви кaфaнa oвa oнa и тие двa месеци oслaбнaв уште 5 кг. Не сaмo штo зaгубив 10 кг зaгубив и нaјмaлку 5 гoдини oд лицетo. Изгледaв тoлку oстaренo. Акo пoрaнo едвaј чекaв пaузa зa ручек и целo време мислев штo ќе јaдaм сегa се мaчaм дa решaм штo дa јaдaм декa немaм желбa зa хрaнa. Тoa билo тoa кoгa сите збoреле мaaнете диети нaчин нa живoт требa дa стaне тaквa нaвикa зa исхрaнa. Имaм уште зa слaбеење и знaм декa вaкa немa дa се oткaжaм. Пoлекa сугурнo и без непoтребни зaмaрaњa oкoлу бирaње и брoење нa хрaнa
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TrapQueen

    TrapQueen Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Прочитав некаде по фејсбукот дека жена ставила пред спиење на стомакот оцет и го покрила со фолија и завој мислам и сабајлето изгубила 6цм во обем. Па, да прашам дали некоја од вас пробала или пак ако има друг начин да го намалам стомакот некако. Освен со вежби да не има и некаква диета што ви помогнала?
     
  13. Kallina

    Kallina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    @TrapQueen не можеш магично да го намалиш стомакот преку ноќ, процес е тоа. За тоа со фолијата не знам дали работи, ама нешто што ти гарантира резултати е здравата исхрана и вежбање.
     
    На anakonda88 и TrapQueen им се допаѓа ова.
  14. TrapQueen

    TrapQueen Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Офф кога го гледам стомаков ми иде со нож да си го исечам, ама па и пред циклус сум, па можеби и затоа вака се депримирам. :(
     
  15. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Дали може некоја да ми предложи диета која не содржи месо и јајца, а да не е УН? Не сум веган/вегетаријанец ама не сум и голем љубител на месо. Ги имам прочитано сите теми на форумов за диети, пред две-три години ми има легнато диетата на ирена многу добро, ама сега не можам да издржам :(
    Имам 55 сакам да стигнам до 48 (многу сум ниска).
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.316
    Допаѓања:
    179.220
    за една недела -1,5 кг
    дал да плачам ил да се смеам
    јадам само салати и протеини
     
  17. Kallina

    Kallina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    @Оленка*
    Колку си висока, т.е како што велиш ниска?

    И јас имав многу слична цел на твојата, на почетокот на летово имав 56кг и сакав 48, моментално имам 51. И пресреќна сум за тие 5кг што се лизнаа ама сфатив дека и килажата не може да ми биде некоја цел ако на мене не го видам тоа што го сакам, продолжувам вака небитно до колку кг. Мада, да не се лажеме, среќа е кога вагата ти покажува помалку секој нареден пат:D
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    19.924
    Пол:
    Женски
    @Оленка* моja препорака е да намалиш на оброци, а да зголемиш физичка активност. Искрено и jaс не сум некоj jадач на месо, освен пилешко. Намалив оброци, многу пешачам, многу вода пиjам и веке за некоj ден имам резултат.
    Искрено не се мерам, ама деновиве нон стоп идев пешки и има резултат, фармерките што не можев да ги закопчам, вчера ги облеков, таман ми беа
     
    На Оленка* и Milica Chelsea им се допаѓа ова.
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    6.391
    Пол:
    Женски
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Во ред... малце да се мотивираме.
    Не сум имала ригорозни проблеми со килажата освен ете, како малечка, некаде четврто-петто одделение имав малку поголемо стомаче ама дете ко дете, шо знаев, не ми сметаше, арно ама, тука се јавува влијанието на поголемата сестра, а ако го занемариме тоа, почна некако да ми смета волуменот на стомакот хаха, а и маичките не ми се допаѓаа како ми стојат, па почнав едно време да се жалам дека сум дебела, ама онака детско „дрецкање“. И тој миг ми е како во магла, ама доста пресуден момент, сум одлучила да слабеам, не знам дали сум одлучила да слабеам или едноставно сум се впуштила во нешто без однапред некоја цел, велам дете, ни ја не се ни сеќавам, единствено што се сеќавам е дека сум била дете шо најверојатно сакало многу грицки, а посебно чипс и некаде на одмор се сеќавам дека ме нудеа чипс, а ја само го мирисав и велев дека нема да земам, тоа му доаѓа пред 6-7, максимум 8 години, на тој одмор сум видно ослабена и како во магла се сеќавам дека 8 месеци сум немала ставено чипс во себе. Значи, кога дете од 10-11 години може да се контролира, може секој.
    И од тогаш си симнав килажа, постојано си ја одржував, изгледав убаво, се сеќавам точно пред 3-4 години ми беше врвот на најслаба килажа, после со тек на време качи се-симни по едно, две кило, некогаш и си се качувале со текот на годините, мислам свесна сум, сум растела, сум одржувала една иста килажа иако човек се менува и не стои ист, ама јадев сѐ, благо контролирано, грицки и еден тон нездрави работи, нормално...избалансирано со здрава храна, тоа е и клучот.
    И еве ме сега, зимата сум потфрлила, мислам дека имав плус 5-6 килограми, сум ги качила несвесно, сум се опуштила претходната година или во текот на зимскиот распуст сум претерала со јадење, ама интересен е фактот што и со тие плус 5 килограми воопшто не сум изгледала лошо, малку кај бутовите и газот, колковите и малку сосем во стомакот. Дојде лето, верувам дека ми засметало малку и почнав малку по малку да го применувам претходниот успешен метод за ослабнување, иако досега не ми потребало и сум немала искуство ни пак обиди за нешто да слизнам. Исклучив грицки од исхрана, благо, тестенини конзумирав, ама не ми се проблем затоа што во 3 месеци 3 пати ако каснам од нив, пица, сендвичи и такви работи нормално не, повеќе здрава храна, овошје, зеленчук, протеини многу, јаглехидрати само прости, овие во овошјето, леб на почетокот конзумирав, после некако немав потреба, а првобитно немав замисла да го исфрлам.
    Еве, сега си имам 49 килограми, цело лето напорно тренирање, со кардио (орбитрек 60минути) и плус тежински вежби, тоа што ги стопив отрпилика масните наслаги на стомакот не е крај, треба уште многу работи, затоа што првата цел беа 48килограми, а после сфатив дека и сега и со минус две или плус две килограми се сакам, здравата храна останува, имам и јас некои прекршоци од типот црна чоколада или пиво, кикиритки и такви работи ама кога не сум се дебелеела умерено кога сум јадела некои нездрави рабпти, па за вакви работи не е проблем, ионака цели три месеци од летово немам многу прекршоци од таков тип.
    Другата цел е стомачни, веројатно ќе преминам на друга тема и нема да ви одземам време, ама на крај да ви посакам на сите продуктивно и лесно слабеење, никако гладување, само позитивни мисли и трпение, сѐ што ќе посакате - тоа и ќе го остварите. Тоа е ваше тело, ваша одлука и вие ќе го обликувате како сакате, кажете му кој е сопственик. Контролирајте се, некогаш правете намерно некој прекршок, не можете цел живот да живеете на овошје, зеленчук и по некој протеин. Бидете истрајни, вие го можете тоа!:muscle:
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.