брза диета: три дена само обично млеко по 1 кг разделено и чај - три кг и несмееш да ја повторуваш 15 дена за тие денови нејадиш само леб се друго јади си ама ограничено
И јас се приклучувам на таборот диеталци Внимавам на исхраната, пијам мноу вода, јадам повеќе салати и овошје, избегнувам леб, гледам да не вечерам ( е сега ако ми се пријаде многу каснувам некое овошје или пак салата) и внимавам да не ја мешам храна ( протеини со јаглени хидрати итн) - како некој вид на УН диетата ми доаѓа. Планирам од утре малце построго. Возам велосипед приквечер, од утре ќе почнам да правам вежби - ветувам и да зумбам, а вечерва наместо зумба ( зашто слаб ми беше нетот и не ми ги отвораше видеата) си пуштив ора на компјутер, се замотав во најлонска фолија и се разиграв. Еден час активно скокање - опа иха и жива вода се сторив, но се чувствувам полесно и попријатно во кожава. Ајде, сигурна сум дека ќе биде и ова-некое килце минус. Ви држам среќа и вам! Поздрав!
како мислиш 2,5 цм? долга?? па мала е таа, повеќе од 100 не верувам да има ако е долга 2,5 цм, а широка 4цм колку што сфатив
Широка 2,5 цм и долга 4 цм. Вкусна со мармалад, купечка. Утре планирам да купам 3-4 али некако многу ми е 100 калории за 1, така да ќе се задоволам со нешто помалку калорично.
Диеталки имате поддршка од мене. Немојте да се откажувате по првиот обид ако немате разултати, пробувајте, пробувајте и пробувајте затоа што на крајот трудот се исплати и се наградува(со една палачинка, Милка чоколадо.. ) И јас се решив(не знам колку цврство) од утре да станам тревопасно животно. оВај да се хранам со салати и да вежбам зумба. Не е некоја посебна диета, туку е прегладнување. Знам дека е штетно, ако кога е дојдено нож до гуша.. Шта се мора - мора се. Ви посакувам среќа да не се откажете, пуштете една шака среќа и кај мене да не се предомислам од утре.
Ауу абе оваа диетата на Ирена многу добра била Јас првпат ја гледам, зошто обично кога сакам да слабеам не држам пишани диети, имам лошо искуство со таквите. Ама оваа на Ирена е супер! Па јас јадам многу помалку од ова што е пишано да се јаде, не само количински, туку и си скратувам многу, пример благо мнооогу ретко јадам. И сето ова само за одржување на тежината го правам . Е готово. Од утре ја почнувам оваа диета, па можеби конечно ќе го поминам мојот минимум на килограми, кој инаку е 55 . Ова мојата психолошка граница де Едит: Имам две прашања во врска со диетава: 1. Дали разликата помеѓу оброци може да биде подолга од 5 саати? 2. Бидејќи имам небалансиран начин на живеење( еден ден може да станам во 7 сабајле, друг во 3 попладне ) , дали тоа влијае на резултатите од диетата? Т.е. Има ли врска ако денес појадокот ми е во 8 пример, а утре во 14 часот? И дали може пример денес разликата помеѓу оброци ми била 5 саати, а друга ден разликата е пример, 7-8 саати?
Лудо не си единствена со таа мака, еве и јас 42 дена како што сум на УН диетата и само 2 кила и тоа едвај, не се ни приметува на мене дека нешто се стопило и со вежбање и се и веќе ми здосади право да ти кажам и ова јадењево не е само еден ден, секој ден треба да се мислам што да јадам. Така да немој да тажиш, јас се тешам со тоа дека ете мојот организам не е ист како останатите на форумов, дека му треба време да се распали и да почне да се топи. Фала му на Бога што има уште некој како мене на форумов , почнав да се осекам осамено и дека си имам некој проблем што не можам да слабеам и покрај сите маки
Нешто ве нема денес девојки Не дека многу коментирам ама секој ден ве читам а денес баш ми фалите некако
^Баш фалат. PS:Лудо[expert for calories]едно готово тесто за пица колку калории би имало? [онакво од 20 ден.]
Фала женска! Задутре ќе се прави предлогот од Фемина - блага пица со крем и банани, па да прашам. Значи 350+200(крем)+100(банана)=650(целосно). 650/10=65 по парче.
Вчера изедов две сендвичиња со оние четвртастите сечени парчиња леб, кои имаат некаков благ вкус според мене. Немаше друг избор, бев во Маврово и поминав со двете сендвичиња и банана за појадок. Испешачив некои 6-7 км, се качив во пештерата и денеска нозете мислам дека ќе ми експлодираа од болка. Немам што да се пофалам, менито ми е стандардно, 2 цедени лимон со лен и чинија јаготки наутро. Чаша млеко од соја. 5 ќебапчиња (again) и салата од краставица, домат и пиперка. И тоа е, се чувствувам преполнета. Ова пред две недели ќе ми беше само третина од изеденото за цел ден...
Цел ден се убив од вежбање а сеа им седнав на макаронине ко да немам видено никад Мнооогу паметно!!! И исто не ми е јасно како на оваа килажа што ја стигнав сеа коа бев помала боље изгледав?? Или се трипам?? Ич незнам дали сум објективна ја се гледам у огледало и гледам камион Али ај ќе биде...
Жалам што ќе го кажам ова, ама јас почнав да потфрлувам со слабеењево. Немам вежбано три дена по ред, а и како повеќе да јадам. Сабајле изедов голем тањир јуфки со сирење и околу 6 саат домашно пире со салата од марула. Некако тешко ми е, не се осеќам така лесно како пред некој ден. Доста се жалев, морам одма сега да се фрлам на вежбање!
кремот на 100 грама има 500 и кусур калории, а тебе ко ништо ќе ти отидат 100 грама за таа твоја пица гага не се лути, ама дефинитивно премногу си го замараш мозочето, а немаш со што! Kога си слаба, и се уште си дете, ја не знам што се замараш толку
Станав со помислата дека од денес сум на диета, односно не јадење ништо и направив лоша работа. Прво отидов кај другарка па кафе, па сок, колаче и тука готово прекршив диета, потоа си спржив компири за ручек па ајде со сирење, кечам и мајонез. Потоа некако се почувствував виновно и ја исфрлив сета храна со . Па накај 7 часот си направив мало сендвиче, го изедов и пак јас виновна и пак си ја гушнав ВЦ-школката. Не знам бре што ми е, ама од утре ке почнам количнски да намалам храна, прво со тоа да почнам, а не одма со прегладнување.