Здраво, од месец февруари сум тргната да сум на диета 2 месеци не држев некаква диета јадев само салата за ручек и за вечера не ослабев ни грам а камо ли кило, ајде разочарана реков ќе ја почнам диетата на жан митрев ја почнав не е толку тешка можев за издржам после недела дена намалив 3 кг бев среќна баш си реков најдов решение, но пак ништо вагата се качи на минус 1 килце, после две недели прастанав да ја држам, и сега барам читам некоја друга диета нешто имам 25 дена само (толку ми останаа) до одморот, па ајде нешто мотивација да ми дадете гледав за ун диетата сите ја фалите ама незнам некако треба леб да се јаде треба благоо... и да пијам многу вода 2 до 2.5 литри дневно, незнам за колку време би ми помогнало за целулит и за побрзо слабеење
И јас имав малце целулит па решив да почнам активно да вежбам, секој ден кардио по 1 час, па потоа почнав со тежина, моментално сум на протеинска исхрана и сум затегната меѓутоа имам 1,5 kg плус од мускулна маса. Тоа е за мене добро, но овој режим на исхрана е стварно тежок јадам баш обемно но за половина час сум пак гладна. Се трудам да јадам варено и печено и свежо овошје и зеленчук. Пијам протеински шејкови и по 2л. вода на ден. Никако не конзумирам газирано и брза храна. Досега сум презадоволна со резултатите.
Јас ви се приклучувам во темава, претходниве денови неколку пати пробав да држам некаква диета,ама тоа заврши неславно. Па затоа си реков да ви пишам овде и да се држам до кажаното. Значи ден 1.
10dena bev na post i oslabnav 1 kg i za edna nedela si dodadov +3 . Jas stvarno nz kako moze da oslabnam i da ne se zdebelam haha ne jadi blago leb gricki gairano se probav i nisto haha izrod
Според мене само вежбање, благо и леб исфрлете и никако јадење после 7 саат навечер. Јас се обидувам да се придржувам кон ова ама кога оди, кога не оди..
барам подршка цурици 4ден на аткинс резултат -1,9кг мерев и денес обем на стомак па ке видам дали ке намалам и таму цел -7 кг најмалце
знам сум ја држела и предходно ме заебава едно чоколадо со го има дома ми крше план ама не се предавам
http://karas4training.com/mk/nutrit...adrcore-na-olimp-do-30-dneven-sliming-tretman Дали некој има пробано од наведените суплементи ако да пишете мислење,критика,сугестија
Луѓе совет како да ослабнам 4-5 кила за 15-20 дена. Некоја исхрана да ми препорачате, бидејќи за вежбање вежбам. Од денеска ја почнав диетата на Ирена и не знам дали ќе има ефект совет некој што ја држел?
Јас и маж ми комплетно сменивме режим на исхрана. Се префрливме на Warrior Diet, што е страшно чудна, ама со нашиот начин на живот се вклопува тотално. Се базира на праисторијата и на античко време, кога луѓето дење ловеле и јаделе само плодови што ќе ги набереле, а уловот го јаделе вечерта. Денот се дели на 2 фази: 1 (денска) фаза на постење и 2 (ноќна) фаза на прејадување. Денски се јадат салати, овошје, јаткасти плодови (по можност непечени и несолени, ама ние ова баш и не го почитуваме многу), парче фета или варени јајца (не повеќе од 2), може да се испие мал јогурт или кефир, парче фета или варени јајца (не повеќе од 2) свежо цедени сокови. Ограничување во количина нема. Фазата на прејадување трае 4 часа и по можност се држи после зајдисонце. Главниот оброк треба да е протеински, печено месо или риба и салата, со тоа што пак нема ограничување на порцијата. После 3 недели може да се јаде и тестенини, со тоа што се препорачува да се избегнува леб. Резултатите се забележуваат брзо, и тоа најмногу во обем, а дури потоа се гледа разлика на вагата Маж ми за еден месец симна 7 кг, а кај мене затоа што сум послаба оди малку побавно, и за скоро 2 месеци симнав еден конфекциски број. Downside на режимов е што не може да речеш: од утре сум на диета, и да ја почнеш нагло, туку треба постепено да се почнува, инаку може да има вртоглавици и несвестици! Прво го исклучивме појадокот како таков, туку го заменивме со јогурт, или варено јајце. Сега сме скоро 3 месеци на режимот и оброците ни се обично вака: Кафе, за појадок смути (без млеко или јогурт, само овошје и вода) или 2 јајца варени, ужина една рака јаткасти плодови, кефир или јогурт, за ручек салата, потоа како ужинка јогурт, кефир или парче овошје, дома се прибираме после 6 и тогаш го јадеме главниот оброк. Најинтересно од се е тоа што после главниот оброк може да јадете што сакате во период од 4 саати. Само што после некое време самиот организам се навикнува на помалку храна (во фазата на постење добива многу храна, организмот се „програмира“ дека вие не го изгладнувате и ги троши резервите), и по главниот оброк тешко дека ќе можете да изедете многу. За диетава има цела книга и многу информации на нет. Јас лани кога ја држев прв пат, отворив тема на форумов, ама мислам дека тогаш и сама немав толку многу информации, и темата немаше некој посебен интерес.
Вака.. Пред 3 ипол месеци се видов трома. Да многу трома. Имав вишок 20 и кусур за симнување т.е појасно да биде - после пораѓај. Многу вода, строга рестрикција на храна збогатена со здрава исхрана пред се. Оброк еден во денот. Измеѓу салати.. Овошје и зеленчук. Леб скроз малку, шеќер само во кафе. Долги брзи прошетки. За 3 ипол месеци отидоа неверојатни 14 кг. Имам уште.. Здравје само.. Морална подршка за сите!! Ако се сака се може