Сакам да ослабам 3кг за 3 недели, без да држам некоја диета, туку со мали промени во исхраната. Што би ми препорачале? Инаку висока сум 166 и имам 58кг.
Vi se ima li sluceno 7 dena pred ciklus da imate kilo kilo ipol fazla iako normalno se hranite kako i sekogas? Obicno nasabalje sum 51 sega meram 52 53 so e nevoobicaeno stvarno
здраво на сите ја најдов темава и режив да се исповедам ахахх.. вака имам 15 години од кои 6 години тренирав ракомет и дур тренирав имав дали 10 кила (највеќе) вишок,но се повредив ми излезе зглобот операции чуда 2 месеци носев гипс бев неподвижна и се поправив многу ама многу од тогаш се затворив во себе не излегувам нигде,дечко не сакам да си фатам дур не ослабам (не ни можам да си фатам пошто никој не ме сака) мислам дека ако ослабам ќе можам да се фатам со тој што го сакам поради тоа што не сум ружна ама сум дебела,читајки ги коментарите од утре ќе почнам само со супа месо и салата, сакам да успеам,гледам по филмови,и другарки дека ако си слаб се можеш и така е.... сега ќе бидам 2ра година до матура има уште многу врееме ама килограмите не се симнуваат така лесно затоа ќе почнам сега за да не бидам дебела матурантка,еден ден сакам да одам во турција да бидам успешна жена,мајка и хирург.
Драги дами Кажете некои ефикасни диуретици во форма на апиња, не ме интересираат на природна база, кои навистина делуваат во подуеноста и се ефективни ??? Фалааааа
Еве ме и мене повторно на категоријава диети. Цел живот си држам некоја килажа 55 56 сега се опуштив и летна вагата. Зимата стигнав најмногу 66 но со медицинската диета (таа со портокали) и таа 8 кг за 8 дена симнав до 61 (не ги издржав цели и двете). Денес имам 63 кг и почнувам една десетдневна модиета што ја видов по руските форуми. Бидејки ја нема на форумов диетата моите исповеди, маки и страданија ке си ги пишувам на оваа тема . Прв ден на менито- 6 јајца и чај од шипки.
Де раскажи каква е таа диета...може че ми фати око...односно стомак Сериозно...Сум на размислување али до сега само на размислување....а веќе мора и на дело, пошто сум одена упм со килава и лично ми смета во седење, клечење, па и движење. Не сум слон...али не е симпатично веќе ова. БМИ ми 27 а оптимумот е 22-25.Дефинитивно ми треба намалување како за почеток барем 5, а за повеќе полека полека. Некако несакајќи како да започнав од вчера. Планот ми е без леб, без благо и без газирано- како за почеток. За појадок да биде нешто околу мусли со јогурт, овошје, варено јајце, патлиџан, сиренце...секако не сето заедно. За ручек што за другите- тоа и за мене, без леб секако. Вечера салата, шопска, зелена, туна, по потреба во екстра гладни вечери- варено јајце . на сабајле топла вода со лимон...и тоа што треба а јас не практикувам е внес на многу вода. Не можам да се обврзам на конкретна диета пошто сум многу работно зафатена, плус обврски а и домашната мајка -на 2 деца- само по себе збори, па да треба башка за деца башка за маж башка за мене да спрема- не е возможно. Би се обидела вака. Шо викате вие? На леб и газирано ќе одолеам. Грев ќе ми биде благото, но еве 1-2 неделно да си го дозволувам, нема да е тооолку страшно , или?? Нешто слично но построго имам држено и намалив прилично, ама стоката од Еспадрила доминираше и се падна у вода Ај да видиме овој пат како ќе е. Среќно на сите.
@Espadrila Јас ти ја препорачувам медицинската (жан митрев диета, диета со портокали и јајца, цитрус диета) секаде различно е пишана. Најдобри резултати сум имала со неа, ни крв ослабена ни изнемоштеност ништо. Е малку портокалоте гребат на желудникот ама затоа сода бикарбона или ренитал пиев и бев супер. ова ке го терам . Оваа сега слична е како таа 8 дена- 8 кг брзи монодиети за тие што имаат малку килограми вишок . Мене и таа тука и медицинската многу ми одговараат но веке ми досадија. Оваа сега е следна 1. ден 6 јајца 2 ден риба варена или печена 3 ден варено пилешко 500 гр 4 ден 5 варени компири 5 ден 500 грама говедско месо варено 6 ден овошје, само не банани 7 ден зеленчук салата, може една лажица масло 8 ден 500 грама урда или сирење 9 ден и литро јогурт 10 ден само чај од шипки И цело време се пие тој чај од шипки ваљда заради витамин ц. Тешка е диетава многу ете има искуства по руските форуми http://www.calorizator.ru/diet/moda/time/10days с
Тенк ју..али малко не ми верно ова. Во еден ден 6 јајца??? па и ден само со овошје и само со чај...Не сум тај тип јас едноставно. Знам без мака не може да има ефект ама си го познавам телото. Ќе се тресам и припаѓам. Може некоја комбинација со некој ден да применам. Воглавном, за сега ќе одам вака без леб, благо и газирано. Па не мора 8 кг за 8 дена, пошто после ќе ги направам 18 кг за 10 дена
Првите 2 што ќе ми пишат (информации, што колку јадете сега, колку сакате да ослабете, за колку време итн) ќе ви направам бесплатно програма персонализирана, специјално за вашите потреби, најкасно за 2 дена. За останатите, не ветувам ништо, незнам како ќе имам време, ама можете слободно да прашате нешто ако ве интересира во врска со исхрана и тренинг . Тие што планирате да се пријавете, ќе мора да ми испратите слика од вашето тело и да ме известувате на секоја недела, исто со слика, секоја вечер ќе ви праќам мени што да јадете, до 14 мениа, потоа ќе почнете повторно од првото. Ама ќе морате да бидете искрени ако сакате резултати, ако изедете нешто повеќе од што сум ви кажала, кажете си, ништо нема да постигнете што ќе криете, вака ќе можам според тоа да го составам следното мени. Се што ве интересира слободно можете да прашате, ќе се потрудам да враќам што почесто. *Пријавување прифаќам само во ЛП*. Со среќа на сите со слабеењето.
Девојки каде можам да го најдам овој појас велат дека е ефикасен бар малку помага ако знае некој нека пише ве молам
@Sara mila ja имаш диетата со портокали на форумот како Диета на жан митрев и Медицинска диета. Две различни теми се но се работи за сличната диета. Види таму резултати, јас сум многу задоволна. резултати од мојава диета 0 ден 63,2 1 ден 62,2 2 ден 61,7 ( тоа е денеска имав риба на менито и веке јадев) Знам дека треба да се мерам насабајле ама дека нередовно спијам, се мерам секоја вечер после вечерата.
Никогаш нема да ослабам.. Освен ако не јадам ништо ама баш ништо можеби тогаш ќе намалам некое килце.. Иначе 68 сум на 170цм.. Барем до 60 да стасам
Отвори на фб Купи од дома, го имаат за 500 или 600ден. Јас го купив лани 1500,и така прашина фаќа во плакар. Ефикасен е ако вежбаш со него,само со носење не.
Како да ги откажам благите работи? Некое чаре? Се друго може да откажам и да не jадам, ова бре не знам како.