(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Јас не го исфрлив скроз, а ослабев.. ќе јадеш минимално, пример еден сладолед околу 13ч, а во 16ч ќе вежбаш 1ч и ќе потрошиш и сладолед и се...е сеа ја ако јадев благо исфрлав ручек или бев на смути за ручек само за да не внесам многу калории
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    19.947
    Пол:
    Женски
    @Dream-Girl Не чини ни пак скроз да се откаже благото точно. Се додека се jaде умерено е таман.
    Проблемот каj мене е што немам некоj ред. Станувам рано, а jадам дури накаj 12-13 часот. Што мислам дека ми е грешка. До 12 сум на кафе и вода. |(
    И навечер можам буквално се да измешам, тогаш се ми се jаде и сум невиден намкор.:D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    И јас порано така, а сеа после 16-17ч не јадам и сабајле у 9-10 станувам гладна ко волк и јадам доручек со мерак. Затоа исфрли вечера и ќе видиш сабајле као ќе ти се јаде, а благото ич не е проблем во мала количина и кога се има физичка активност :D
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  4. meganbaby

    meganbaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Замени го со нешто, повеќе овошје, мед, суво овошје. На пр банана и мед е многу блага комбинација и би завршило работа. Ама, главниот проблем е во психата, телото нема потреба од бел шеќер воопшто, само што тебе ти е во умот зацртано дека неможеш без благо и толку е. Постави си прво помала цел, пр 2 недели без благо, и откако ќе видиш дека можеш и без благо, ќе се навикнеш и нема ни да помидлиш на него. Само замоли ги тие околу тебе во тој период да не ти спомнуваат благо, да не јадат пред тебе, да не носат дома, и помалку ТВ, затоа што ова рекламите, секоја втора е за јадење. Верувај, во психата е, ако си кажеш нема да јадам, ништо не те спречува во тоа, освен ти што се спречуваш самата себе.
    А ова погоре, дека не е добро да не се јаде благо (ако мислеше на бел шеќер, пр чоколади, сладолед, торта, слатки)...wtf? (facepalm)
     
    На CrazyOne му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.097
    Допаѓања:
    19.947
    Пол:
    Женски
    Сигурно еден ред чоколадо или повремено едно парче торта, нема да те убие. Затоа и пишав се што е умерено, за мене е ок. Секоj ден да jадеш многу благо, се согласувам не е во ред. И на краj нели секоj си прави како што му одговара.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. meganbaby

    meganbaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Не велам дека еден ред чоколадо ќе те убие, туку така ја формулираше реченицата што испаѓа дека ако не јадеш воопшто благо, тоа не е добро за тебе. Можеби ти не мислеше така, но така испаѓа според тоа како е кажано, дека на тоа се мисли. Точно дека не е страшно малку благо ако се конзумира, ама далеку од тоа дека јадење благо е здрава и добра навика.
     
  7. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    902

    Те молам пиши ми ЛП ако сеуште даваш овоа дека јас незнам како ..
     
  8. Snegulka1996

    Snegulka1996 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Колку кила се слабее месечно и дали стварно има ефект диетава? Имам 89,сакам до 75
     
  9. Sara mila

    Sara mila Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2017
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2017-07-28-20-33-30.png девојки го има ли некој користено ова има ли ефект..
     
  10. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    После 17h, ништо ли не јадеш се до сабајлето?!?! :o
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.342
    Пол:
    Женски
    Да, навика ми е веќе стварно ептен не ми се ни јаде ноќе, добро некад исклучоци ако сум искочена знам да каснам и тоа со сила. А у период од 9-17ч јадам доволно добро за ич да не ми се јаде после, а и прилично рано легнувам последниве месеци 23-00 и неам проблем :rofl:
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Диетата што сум ја пишала пред некоја страна не ја држав строго ама ете за 10 дена, 4 кила.
     
  13. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    Ќе те карам :!: :!:
    Бар салатиче да јадеш за вечера.
    Барем тоа хахах.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да споделам нешто
    Почнав со внимавање на исхрана пред точно 20 дена.Исфрлив благо,газирано а леб јадам само насабајле.Затоа што сум слабокрвна насабајле и навечер пијам био спирулина и барем еднаш во денот гледам да пијам чаша цеден лимон со вода.
    Секогаш сум држела диети па сум се откажувала и не сум успевала да постигнам некакви резултати. Стварно се зачудев што за 20 дена без никакво вежбање успеав да симнам 3,5кг можеби се премалку но јас сум пресреќна и секако продолжувам со овој режим.
    Ви посакувам среќаа на ситее,со упорност се постигнува баш се!
     
  15. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до феминките кои често јадат овесни каши ,дали слабеат или одржуваат килажа?Иначе имав пријателка на која некој нутриционист и имаше кажано да јади само јаглени хидрати никако протеини, и таа знам секој ден јадеше овошни каши, само со различно овошје ,јатки ...и се случи што после свати дека со диетава се имаше неколку кила поправено.Потоа се префрли на протеини и сега е како манекенка ,леб не јаде ,тестенини, благо никако во секој оброк имап ротеини и салати. Искрено мене ми е страв да јадам баш ради тоа.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Се мешам во секое прашање на темава, ама не можам да одолеам да не споделам мислење. [​IMG]

    Најважно нешто што мора да се знае и запамети, слабеење не се случува од одреден производ или тип на храна, слабеење се случува кога внесуваш помалку калории.

    Друго, според мене протеинот е најважен, баш напротив, тој не смее да се изостави од исхраната, тоj на некој начин помага и за регулирање на гладта и доколку вежбаш и сакаш да зголемиш маса, во зголемување на мускулната маса. Е сега, тука има утка во муабетов бидејќи овесот има високо количество на протеин (да, има има и многу ЈХ, но спаѓа во протеинска храна), што значи пријателката твоја не го послушала нутриционистот и внесувала доста протеини. :wasntme: Тоа ти е доволен доказ дека сето тоа нема врска. Тоа што има врска е внесот на калории. Овесот е доста калоричен, па уште во комбинација со овошје (и ако додавала и засладувач), целиот оброк има поприлично калории (кои според мене вредат), па најверојатно јадејќи го сето тоа (а особено ако јадела баш ова повеќе пати во денот), ја надминувала "дозволената" граница на дневен внес на калории и со тоа не само што не ослабела, се поправила.

    За крај, јаглехидратите не се лоши и според мене, не треба да се изостават од исхраната. Но, обично храната со поголемо количество на ЈХ има повеќе калории и поради тоа, многу ја одбегнуваат, наместо да ја избалансираат со протеини. Значи, и двете да, но поголемо количество на протеини, а помало количество на ЈХ. Исто така, јас се (трудам да се) водам и кон тоа да внесувам ЈХ само во првата половина од денот, што значи вечерата најчесто ми е комбинација на зеленчук и протеини (туна, нискокалорични млечни производи како урда и кефир).

    Што е до благото, на сите ни е познато дека шеќер има во речиси се'. Но има разлика дали ќе изедеш едно јаболко или што знам, 2-3 ресани или ишлери. Исто и за шеќерот има "дозволен" дневен внес, но признавам, и мене ми речиси невозможен секој ден да го одржувам. Но, повторно ќе кажам, има разни начини на внесување на шеќер.
     
    На sorbet, crimson, Dream-Girl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Овесот е житарка која како и сите житарки пред се е ЈХ ,која е најпогодна ради растителните влакна кои ги има па ја забрзува перисталтиката и ги чисти цревата ,произведува гел кој олеснува движење на храната во цревата аибитно се забавува ресорпцијата на шекерот па се останува подолго време сит ,е сега баш протеинска и не е можда има ама малку, многу повеќе од неа имаат гравот и мешунките ,а кога имаме комбинација од јаглехидрати и протеини баш напротив се ослободуваат гасови при варењето и оние не сакани појави после тоа,вистински протеини има во животинските продукти .Прашав зашо видов некои феминки секојдневно внесуваат овесни каши ,и баш сите со комбинации и со овошје.И пријателката моја изгледа доста често ги јадеше,пошо беше втора смена секогаш а си носеше за ручек,во нив имаше многу јатки ,суво овошје , свежо,а знаеме се тоа е мошне калорично.А финтата беше нутриционистов и имаше кажано како нова диета во која никако протеини да не се внесуваат( се мисли од животинско потекло) ами само јаглегидрати,и да јади колку сака ,...каши ,варен компир ориз и салати.И као што реков се здебели.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Се' што кажа е вистина. Но, овесот во споредба со другите житарки, има далеку повеќе протени. Секако, има и големо количество на ЈХ (како и калории севкупно), но се рачуна во протеинска храна бидејќи ретко која храна има толку големо количество на протеини, а да не е месо.

    Што е до гравот и мешунките, секако, и тие имаат голема количина на протеини. На пример, оној стандардниот бел грав, на 100 гр. има 6 г. протеини, додека пак црвениот грав на 100 гр. има 24 гр. протеини (разликата е очигледна). Но, треба да се земе во обзир дека 100 гр. бел грав има помалку од 70 калории, додека пак црвениот грав 100 гр. има 330 калории! Исто така, белиот грав 100 гр. има околу 15 ЈХ, а црвениот грав 100 гр. има 60 ЈХ. Поентата ми е, има разлика кој вид на грав конзмираш.
    Мешунките се одличен извор на протеини (и севкупно се пониско калорични и прездрави), на пример на 100 гр. грашок добиваш околу 5-6 гр. протеин; на 100 гр. леќа добиваш околу 9-10 гр. протеини; на 100 гр. наут добиваш околу 19-20 гр. протеини. Што значи, освен наутот и црвениот грав, ретко која друга храна има високо количество на протеини како овесот.

    Заклучок, овесот е добра протеинска опција за појадок (претпоставувам ретко кој би се нафатил да јаде црвен грав наутро [​IMG]), a гравот (и останатите мешунки) за ручек.
    И убаво ги посочи бенефициите од јаглехидратите, што може да заклучиме дека и тие се важни.
     
  19. martovsko cveke

    martovsko cveke Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2017
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Сама го даде одговорот ....ама зашто се конзумира наутро? затоа што наутро организмот има потреба од енергија,дава енергија а држи ситос,а енергија даваат јаглените хидрати а протеините учевствуваат во изградба на ткивата и мускулите ,а не демек спаѓа во протеини,навечер не е препорачлив за јадење,доколку беше протеин ке требаше навечер да се јади.Друго зашто е препорачливо да се јадат протеини во втората половина на денот ,организмот има потреба од енергија ,која ја добива од јаглените хидрати,а претставници се житарките и (компир ориз ....),затоа лебот и други слични продукти во рестриктивните диети не се препорачливи, и зашто во аткинсон нема житарки?? доколку беше протеин овесот сигурно ке беше прв на листата за аткинсон,е сега кога нема јх а организмот добива само протеини настанува процес на неогликогенеза што претставува ,претварање на мастите у енергија која организмот пред се мозокот ја искористува..Доколку ти внесуваш овес или било која житарка ,организмот добива јаглехидрати и процесот на неогликогенеза се стопира ..иначе и млекото спаќа во протеини ,ама има млечен шекер лактоза ,и како такво е забрането во протеински диети ,баш поради лактозата ,зашо занемарливи сепротеините онаму каде се мешавина со јаглехидрати ...иначе организмот ,да, има потреба од разновидна храна ,,наутро јаглехидрати од ручек само протеини и салата или доколку се јаде јх може со салата па вечерта протеин (месо ,риба ,јајца со салата ) ,и најголем ефект е ако нема ,мешање на протеини и јх секој се јаде засебно ,а навечер обавезно протеини ...а мешаните продукти (мешунките)еве дури и у хроно се забранети во рестриктивниот период,баш поради тоа.
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Овесот несомнено има големо количество на протеин. Овесот не е протеин, туку е храна која содржи протеини. Исто така и гравот, сите мешунки, разно-разни житарки, месото, разни млечни производи и слично. Тие НЕ СЕ ПРОТЕИН, тие се храна СО ПРОТЕИН. Да, овесот (како и други видови на храна) има високо количество на ЈХ, но исто така, има и високо количество на протеини. Затоа, овесот секогаш се наведува како пример за храна со високо количество на протеини.
    Реков дека веројатно наутро би го јадел, зошто во тој момент го споредувавме со грав, а помеѓу овес и грав, претпоставувам наутро на никого не би му се јадело грав, па би земал да јаде овес.

    Не е препорачливо протеини да се јаде во втора половина од денот, протеин треба да внесуваш во секое време од денот, во сите оброци и сосема е во ред да ги искомбинираш со ЈХ, бидејќи на некој начин, протеинот е мускулот, ЈХ се енергија и взаемно си помагаат. Навечер препорачливо е да се избегнува ЈХ бидејќи организмот поспоро ги обработува и полесно се складираат како масти; шеќерот поготов прави проблем (кој е ЈХ).

    Не знам кој е аткинсон.
    Белот леб е тој што сите го исфрлаат и целосно се сложувам. Но, што има лошо во останатите житарки како пченица, 'рж, хељда и ОВЕС (тој е житарица)? Непроцесираните (или интегрални) здрави се, полни со витамини и минерали, висок број на јх (поготово влакна) , релативно висок број на протеини. Можеби ги одбегнуваат луѓе кои не сакаат да внесат јх, не знам. Но на која основа некој тврди дека ЈХ се нездрави?

    Стварно не знам кој е аткинс, но овесот кај сите е во листата на храна со протеини. Не прв, но во топ 10 сигурно. А кој е прв на листата за протеини кај аткинсон?

    Да, со овес и други житарки организмот добива ЈХ, но добива и протеини. Што значи, јадејќи ги овие јадење, си внел и протеини и ЈХ. :D

    Да, млекото има доста количество на протеини, а има и шеќер како што велиш. А шеќерот знаеш што е? Јаглехидрат.
    Повторно, не знам зошто се занемаруваат комбинации на протеини и јх. А која храна нема протеини? Ај еве, месото нема ЈХ, ама која храна нема протеини?

    Пак ќе кажам, храна со висок број на протеини може да се јаде во било кое време од денот.
    Храна со висок број на ЈХ се одбегува навечер зошто како што кажав, поспоро се обработуваат. Јас се сложувам со тоа, а житарките бидејќи се со висок број на ЈХ, затоа се избегаваат навечер. Технички, само навечер не комбинираш ЈХ со протеин, бидејќи избегаваш ЈХ. Инаку, во остатокот од денот, нема проблем комбинација на ЈХ и протеин. Тоа би значело дека ќе јадеш само месо и екстремно ограничен број на видови зеленчук и овошје, бидејќи во месото нема ЈХ, а ретко каде бројот на протеини се на ниско ниво за да можеш да речеш дека не си ги искомбинирал.

    Мислам, ако на било кого му одговара да избегава ЈХ, тоа е сосема океј. На кој како му одговара.