Јас почнав со хроно на почетокот на јули месец, значи не ептен строго но благо не внесував, сокови, компири, ориз итн. Во август не ми дојде, фактички ми касни еден месец. Дали е нормално од диета да ти касни толку, искуства? А сепак психата ме тепа да не има нешто хаха.. Инаку ослабев околу 5кг..
Луѓе, губам контрола со јадење. Мислам дека ако продолжам вака ќе се здебелам многу. Насабајле здрави навики, појадувам секогаш некоја овошка па подоцна 2 лажици овесни во јогурт со лен/чиа/сусам/сончоглед, што имам во моментот. За ручек често знам да изедам без леб, но споредбено со луѓето околу мене количински јадам речиси дупло повеќе. А после 5 попладне губам контрола и почнувам да јадам се што има околу мене, ко да не сум видела јадење. Навечер кога сум со дечко ми или со друштво обавезно јадеме нешто калорично, чипс, пиво, лазањи, тестенини, пици, газирани сокови.. Ако не сум со нив мачкам крем или нешто слично. Не го правам тоа од што се осеќам гладна туку настрвена. Од кај сум стрвна па и количински го јадам многу. Не знам како да си се придржувам на тоа што сум замислила, се би било совршено ако си го продолжам денот со една ужинка и некоја супа или салата навечер. Имал некој вака сличен проблем? Не сум дебела, имам 56-57кг на 160-тина cm ама познавајќи се себеси, ако продолжам овака нема никогаш да се вратам на старо.
Да почнеш повеќе вода да пиеш и пред и после секое јадење, на половина час - час по една чаша од 200mg водата го одложува гладот а и ете сама си свесена дека претеруваш место пици пива лазањи касни салата овошна/зеленчук дома кога си исто овошје такви лесни работи, сама ако не пресечеш никој никогаш нема, сама ке кажеш НЕ на се што е не здраво. На млади години ако не си ја средиш килажата колку што дтарееш се потешко е, можеш и да почнеш да вежбаш така и ке губиш калории. Половина час или 40мин. Не се ништо во денот амс за одржување на линијата се таман.
Почни така што ќе ги промениш грицките. Кога ќе те фати стрвост ќе си спремиш краставица, морковчиња, чери домати, оризови галети, овошје. Со друштво е речиси невозможно, но пробај барем издржи само со една шака чипс или едно парче пица, чисто да си ја задоволиш стрвноста, а да не претераш. Мислам дека на секого му се случува истото. Еве јас на пример многу се трудам да контролирам што јадам и колку, но има периоди кога паѓам под искушение и потполно истото го правам. Ќе затерам така и по неколку дена и после прекратувам. Знам дека е тешко, скоро како зависност е, но мораш да прекратиш. Бодри се дека си подобра од искушението, прави си планови што ќе јадеш/колку/кога и давај се' од себе да останеш на таа цел. Напочеток ќе биде тешко, веројатно ќе делува невозможно и како да не вреди, но истрпи го тој период на одвикнување и после ќе биде полесно да ги надминуваш искушенијата. П.С. Пробај и вака: повеќе јади за појадок и ручек, мислам дека помалку ќе ти се јаде понатаму. Внеси повеќе и протеини, но и јаглехидрати, за да те држат позаситена подолго време. После 5 практикувај го тоа што го кажав во втората реченица.
Едно прашање Зошто кога вежбам поинтензивно (на пр. кога трчам) ме чешаат некои делови од телото? И тоа многу. Некои ми викаат дека може да доаѓа до триење на местото, ама мене конкретно ме чешаат надколениците и половината, таму нема триење. До што ќе да е?
@waterllady истото ми се случува и на мене. Мислам дека е од тоа што се потам и плус од облеката. Ама најчесто е на место каде сум испотена.
Може да е од облеката, воопшто не ми текна. Добив одговор и дека тоа е од што се топи сало, може има некоја веројатност и во тоа
Почнав со диета и вежбање.Е сега јас сум во нозете и задникот тенка т.е. слаби ми се ама имам широки колкови и малце меше не сум рамнаимам градизатоа малце горе поширока изгледам.Сега почнав да вежбам на орбитрек и кардио и за две недели има ефекти сите ми кажаа дека сум ослабена али јас само во нозете се осеќам....Што да правам да се намалам во половината и стомакот тоа ми е најголема желба,мислам дека никогаш нема да ги тргнам секогаш ќе ги имам
Kakva ti e ishranata od nutricionistot? Ako moze podetalno da ni objasnis za menito na ishrana , veruvam deka na mnogu od nas bi ni bilo od golema pomos! Fala
Јас вчера почнав со диета 7 дена. Набрзо имам свадбаза блиска роднина и морам да ослабам. Решена сум. Ако сака некој нека ми се придружи
Јас решив од понеделник почнувам, се разбира не некоја строга диета затоа што немам многу за губење а и не планирам после да се здебелам 10 кг наеднаш како што ми се деси со УН диетата, затоа што нагло престанав,туку ќе исфрлам благо, освен црно чоколадо, по 2 реда дневно за почеток, ќе исфрлам газирано, бел леб и нема јадење после 5 саат. Тоа барем не ми е тешко затоа што поради обврски сега порано си легнувам. Иначе само сакам во стомак да ослабнам, т.е. спојлери, нозете и куковите си ги сакам Се надевам ќе биде добро Иначе браво девојки на упорноста