програмата и да ви ја пишам ке е џабе бидејки е правена за мене која сум со одредени здраствени проблеми Затоа не сакам на некој да сторам полошо од што е
Јас започнав со УН Диетата и уште сум на почеток за понатаму ке видиме. Само да не ми се вратат килограмите како што напишала членката погоре.
Нема да ви се вратат килограмите доколку одржувате дневен внес на калории 1600-2000 и притоа поголемиот дел од исхраната е што помалку процесирана и што повеќе полна со протеини, влакна, добри масти, витамини и минерали. Што е можно повеќе свеж зеленчук, сезонско овошје, варен зеленчук и варени мешунки, печено месо, интегрални зрна, итн.
Јас од понеделник си реков дека ќе почнам со таа диетата што трае 21 ден. Ќе споделувам што како јадам и дали ќе има воопшто резултати.
Јас пред 5год ослабев 30кг и сега се здебелив веке 3год постепено но пак ги вратив кг. Се нервирам многу едвај наоѓам алишта за мене а сепак немам никаков интерес само на јадење мислам и кога не ми се јаде пак седнувам на маса со другите и јадам од навика.Незнам што се случува со мене но очигледно не е во ред. ги гледам сликите кога бев слаба но 2часа правам планови што да јадам како да ослабам но сепак од наредниот ден пак ништо.Порано имав многу голема желба да ослабам и ослабев но веке незнам што се случува со мене.
Уплатете во некој добар фитнес центар/теретана за да се мотивирате, од луѓето кои што ке ги гледате само, а ако имате повеќе финансии и еден личен тренер.
Зошто морална поддршка за сите што сакаат да ослабат?! Мислам дека живееме во 21 век и мислам дека не треба да има предрасуди за лугето со прекумерна тежина,искрено јас имам вишок килограми и не ми претставува проблем бидеќи се навикнав и убаво ги носам ,комплекси одамна ги загубив имам висока самодовербаи мислам дека секоја жена е убава на свој начин.Главата горе сакајтесе себеси такви какви што сте работете на вас и нека не ви биде проблем тежината во секојдневието. Животот може да биде убав и за нас дебелите луѓе бидете среќни што постоите
^Ако сакаш да ослабнеш не значи дека си имаш комплекси. Еве јас немам комплекси, дури поубаво изгледам со 10 кила вишок бидејќи добивам на облини. Ама кај мене проблемот е што ми тежат тие +10 килограми што ги имав од нормалната тежина. Сега сум +5 од нормалната тежина и си осеќав дека ми тежат тие +10, не знам како да го опишам тоа чувство. Исто ми правеше проблем за облека. Кошулите не можев да си ги закопчам, прслуци од лиска што давав еден куп пари за тие исто ми беа мали и тоа ми беше најголемиот проблем. И плус ми беше страв дека ќе продолжам да накачувам кг ако продолжам вака бидејќи што ќе биде кога ќе останам бремена, тогаш ќе почне и на срце и на други органи да ми смета.
Немам јас проблеми си вишокот кг,самодовербата итн. туку мојот ендокрин систем има проблем ради вишокот кг. не ми дава да забременам. Инаку во право си секој си има право на живот и здрави и болни и слаби и дебели. Јас се гордеам со секоја килажа во секоја животна фаза што сум ја имала тоа било одраз не мене, моето однесување кон моето тело, начинот на доживување и прифаќање на нештата. Денес постепено намалувам кг. иако и ослабена пак сум најтешка досега во животот(не кријам 90кг). Но сум многу физички активна и пресреќна. Знам да направам многу здрав оброк но знам да изедам и наеднаш пола милка чоколадо. Мој живот мој правила на игра. @minne992 И јас бев ваква до пред летово. И решив ќе бидам физички поактивна и малку ќе припазаувам на исхрана и така во лето не јадам многу и ете ги -7/8кг. Не следам некој режими строго, си јадам што ми душа сака. Но физичка активност, спиење на време, релаксација со книга,домашно готвење. Едноставен и мирен живот со по некој стрес понекогаш ама тоа е.
Несакам да бидам погрешно сватена само искрено незнам зошто се крева толкава галама во врска со крупните жени..но до негде разбиирам дека ако имаш здравствени проблеми тогаш нормално дека ке биди здравјето на прво место но бидеќи не сум имала досега проблеми никакви поради килажата затоа сметам дека треба да се поштова сечии избор.Нормално дека би сакала да бидам витка и така натаму но мислам дека само ке си дојди..
Аууу бравост една планина другарки ми дошле да ви кажам досадно ми беше да си пишам тука сама со себе ајде барем си имам другарки сеа ке си даваме подршка и ке се тешиме заедно јас утре сум на мерење и мислам дека оваа недела нема да симнам ни грам туку дека ке бидам и у +на вагата така се одекам подуена и поправена до сега-4кг за еден месец и многу изгубен обем
Јас дефинитивно се запишав во теретана на вежбање . Мотивација ми е другарка , која што од 118 кг за 8 месеци (со режим и многу вежбање) дојде до 67 кг и сеуште вежба и не се предава
Дечки само да ви кажам дека ако сте многу упорни, ако постојано мислите на тоа, ќе успеете. И за после враќање на килограмите да не се секирате, може да вратите 3-4 на почеток дур се прилагоди малку организмот на повеќе храна, бидејќи за одржување на килограми малку повеќе ќе си јадете нормално. Еве јас прекинав со диета веќе скоро 3 месеци и на почеток вратив 3кг, ги симнав и тие, без некој труд, туку со вежбањето ваљда и си ги снема, а може па и малку повеќе течности сум внела тој период, па тоа било тоа и сеа сум си иста килажа, а се хранам здраво, некогаш дури си дозволувам и нешто покалорично да си каснам, луѓе сме си вреди. Ако вежбате редовно после слабеењето нема да имате гајле и секако колку толку да припазувате, не може секој ден после тоа пак нездрава храна
Лавице19 ти изгледа немаш 30кг вишок и воопшти незнаеш колку е тое многу.Многу се 15 20 кг вишок но веке 30 значи неможеш ни да замислиш како ми е.Верувај дури и во 21 век и те како е потребна подршка живеејки во овој суров свет. Да во право си секоја жена е убава на свој начин а дали знаеш дека нема ни една жена што најмногу што посакува е да ослаби, бидејки незнаеш како е да бидеш исмејувана дури и од најблиската фамилија.Како е кога ке бараш фустан за свадба на сопствениот брат и кога во 9 од 10 бутици ке ти кажат извинете немаме бројче за вас сите ни се стандардна големина и со тоа ке те потсетат дека ти си нешто што излегло надвор од нормалата.За на крај да мора мора да купиш било што бидејки е тое единственото нешто што воопшто ти се фаќа и на таа свадба да се мразиш самата себе бидејки си најдебелата личност таму и изгледаш како мечка а не како човек.и како можеш да се сакаш самата себе.Што да сакам.Зарем некој ми рече леле многу убаво ти стои дебелината???? Знам како беше кога бев многу слаба и верувај огромно е чувството на самодоверба и ведрина штом го имав тогаш.Неможеш да коментираш нешто кое што всушност неможеш ни да го замислиш какво е.