Со банана денешниов ден започна и цеден лимон со вода. Цел ден зеленчук ќе јадам, за ручек варен за вечера салата. Ден за прочистување е денес Утре точно 7 дена откако сум на режим, ќе се мерам и ќе видам дали вагата ме сака или не
Девојки и јас решив да слабеам. Почнав да правам детокс вода со лимон и краставица, бљак! Вие како ја правите? Купив и чаеви, почнав да пијам од денес чај од магдонос. Купив тонус леб без квасец и брашно и се надевам ќе има ефект. Ќе пробам да се збогувам со пржената храна, благото и газираното.
За појадок цеден лимон и цитрон +банана ручек грашок вечера салата од краставица ус пат и 3л вода ке се изпие
Уф денеска катастрофално мени Појадок : цеден лимон , банана, 5интегрални бисквити Ручек: мораше во менза да јадам па немаше нешто избор: гулаш и ориз Врчера: мислам само една обилна салата
Помагајте девојки!Секој ден викам на диета ќе бидам и до вечер ништо.Сите диети ги свртев.А вака само се прејадувам и качувам на килажа.Утре сакам нешто посериозно да почнам со вртоглави 97 кила.од 82 вака стигнав до 97!!!
Иииии, не знам кој ден по ред ќе му дојде, ама..нешто ко триести, триеспрви ден режим Жабулеску. Нити еден ден гладување, нити некое планирање - денес скроб, утре протеин, задутре зеленчук... туку, што се има на шпорет у рерна, што сите јадат - тоа се срка и крка во мала чинија, дијаметар колку ракава, некад и репете,да не се лажеме,особено кога беа манџите а манџите беа чести. Вежбање - минимум... во смисла, не интензивнии тренинзи од по 40 минути...ем и големо забушавање имаше во овој дел.... што не е океј, ама па сеа, стар човек сум јас, јбг-а. Кревко здравје, кревко срце, кревко тело и волја. Како и да е... стегнато тело, стомак и задник прибрани, нема спасувачка гума околу половина, чварки драстично намалени по цело тело. Е, сеа, разлика од претходните мои диети и сега, не сум исушена до коска и не добивав напади за се' што као, не си дозволував да јадам..типу, благо, грицки ко чипсови итн. Може комотно да се продолжи со вакво хранење. Чим косава не почна да паѓа ко луда, не квакнував, ко што квакнувам, значи дека... Онда, поштовани публикуме.... настављамо. Овие два дена ги оставам ептем во фри стајл (ќе одморам од рапортов)..., тешко дека ќе измрдам од количината што стандардно ја јадам...прибидејќи, и немам некоја волја за товење.
Првиот месец -3кг а вториот плус 1 што значи за 2месеци само 2килограми.Да вежбам а за јадење незнам на пр на во училиште јадам банана и кога дојдам одма се фрлам на леб..Незнам што ми е и главата ме боле цело време заради притисокот.Имам мотивација ама.веќе 2месеци ја само 2кг ослабнав.До нова година има месец и 25-26дена и сакам нешто убаво да носам.Ве молам помогнете ми во што е проблемот? Убаво бев ослабела за 2ипол месеци 7кг.Но гк вратив послето не можев да се контролирам...А вишок имам над 20кг а до сега само 2симнати.Срам ми е веќе и во теретана одам а нема никаков напредок.И одам пешки а до теретаната имам 30минути одење..Дајте мк некои препораки.Почнав со ун на јх се прејадов од благо.Вчера ми беше овошен јас дојдов прва смена од училиште и бев прегладнета и се прејадов јајца павлака ајвар леб...Никој не ни сака да излезе со мене ваква..
Проблемот е во болдираните работи: Сакаш до НГ да симнеш килажа? Во тој случај, до НГ ќе внимаваш да не се прејадуваш. За почеток, нема да внесуваш повеќе од 1500 калории дневно. Ќе правиш подобар избор во храната од леб, павлака, ајвар и благо. Ќе се фокусираш на зеленчук (свеж и варен), месо (пилешко, говедско, риба, туна), мешунки, овошје. Барем 4-5 недели ќе исфрлиш благо, во моменти кога ќе ти се пријаде, ќе каснеш јаболко, мандарина, портокал, банана. Барем 4-5 недели ќе исфрлиш масло, ќе се фокусираш на свежа или варена храна. Секако ќе исфрлиш секакви пијалоци освен незасладени кафе, чај и какао. Секако ќе исфрлиш грицки (џипсови, смоки, итн), наместо тоа ќе грицкаш (многу умерено) јаткасти плодови и семиња. И тоа... ќе се контролираш одреден период и нема да се прејадуваш.
Појадок: лимонада +банана + две шаки бадеми Ручек: варено свинско +мнооогу салата Вечера: помалку месо со салата Браво @zhap4e !!! Баш ме мотивираше со постот!! Инаку девојки дајте пишете што ве мотивира на истрајност во моментите на искушение?? Јас си гледам слики од времето кога без слаба и згодна правам споредба со сега и срам ме фаќа Сакам да бидам пак старата јас. Тоа е мојата цел.
Газирани пијалоци и грицки не јадам тоа исфрлив и шеќер не користам многу чајот и кафето без шеќер ги пијам.Проблем е лебот и главата постојано ме боли.Оваа недела бев прва смена и јадев во училиште банана те вчера јадев банана и јаболко и кога дојдов дома се качив на вага и таа не мрднала и зедов изедов се што имаше.Сите ќе ги разочарам.Моите знаат.дека се хранам здраво и ми купуваат банани јаболки а јас во некои кризни денови се изедам.Те сабајлево станав и се прејадов.Штом станам првата помисла ми е храна.Па не бев ваква пред некоја недела.За теретана имам мотивација одам вежбам на точок и на степер вежбам 50минути и 1час пешачам.Јас можам значи 2месеца се исхранував многу убаво и вода пијам доволно но како да се оттргнам од таа помисла кога станам сабајле и одма посегнувам оо храната.Многу ми е полесно кога јадам здраво.Тамн дојдов во контрола.И јас сакам да носам робички за викенд.Проблемот е во мене ама како да се ослободам од него?
Немој со диети... Почни малку по малку, исфрли пр. газирано ако пиеш прво тоа, после намали со благо... Не од еден ден да се откажеш од се што си јадела до сега, нема да трпиш многу. А и за подолготрајни резултати, чекор по чекор ќе исфрлаш нешто од исхраната. И нема да гледаш на тоа како нешто страшно леле сакам благо и сл. туку ќе се почитуваш себе, ако си решила значи крај. После ќе се гордееш. Поздрав.
Ништo престaнaв,a бев месец денa нa хрoнo,штo рестрикцијa штo вoнрестрикцијa,и сaмo 2 килa....aмa свaтив декa хрoнoвo не е зa мене,еднo штo немaм време,другo штo незнaм дa се oргaнизирaм,.. Oбединети нaции ми беше нaјдoбрa,туку кoј дa пoчне... Мoментaлнo сум нa тoнус леб или месен oд дoзвoлените брaшнa зa пoјaдoк и зa ручек штo имaм тoa,не вечерaм aмa зaтoa секoјa вечер се чaстaм дaли сo смoки или сo Милкa,Гaлеб или Дoринa... Нештo кaкo хрoнo ќе му дoјде Имaм 16 килa зa симнувaње(мнoгу се знaм),ми требa пoдршкa,зaтoa терaјте ме,бoдрете ме.... @ALISA0000@zhap4e нa кoјa диетa сте?
Супер,и јaс имaм еден режим oд нутрициoнист,кoлешкaтa ми гo дaде и сaмo си гo листaм и читaм,oд кaј дa знaм дaли ќе ми oдгoвaрa нa мене..... Нaцииве дефинитивнo ќе си ги пoчнaм..
Нели цело лето зборевме... биди решителна, овојпат победи ја битката ти Најпрво, многу брзо очекуваш резултати 10кг имав симнато, па 4 месеци никој не ме приметуваше Најбитна е упорноста. А не вагата покажала 500 грама плус, па одма ќе се фрлам уште толку да изедам повеќе и уште 500 грама плус да докачиш Имаше денови кога вагата ми одеше 3кг плус, денови кога вагата одеше 5кг минус. Чуден метаболизам ама си го прифатив И сега ми се случува, варирам 2кг плус де 2минус ама се оддржувам, навикнав дека кај мене е така Најбитно е да си упорна и да не се откажуваш. И да се случи еднаш да јадеш нешо нездраво, заборави и продужи си даље ама да не ти стане навика. И нема зошо да ти е срам да одиш у теретана ако немало резултати, па само 2 месеци се Дај си време, не брзај, не е само оваа нова година. Побитно е да успееш на подолгорочен план. Дај си 3-4 месеци со здрава исхрана и вежбање, а никако откажување. И исфрли работи како ајвар и чуда и некои работи пример јајца, павлака најдобро е да ги конзумираш за доручек Леб не мора да исфрлиш ама земи си црн тонус, ја на таков сум и бев на таков од кога почнав диета, па не ми сметаше 25кг да симнам Батали бели пецива, бел леб тоа све. Благо не мора скроз да исфрлиш ама колку повеќе намали количини. И гледај да го внесуваш у право време, а не навечер пред спиење, кога потешко се вари храната. Еден ред чоколадо пред вежбање нема да ти напраи некој голем проблем искрено у 3-4 дена колку да си задоволиш потребите, само битно е да научиш за мерка. Ден денес, после слабеење ми остана навика у само одреден период да конзумирам некој вид на храна, навечер ми остана навика да не јадам и благото колку можам да го елиминирам. По некој период ти станува навика, а не измачување. Само дај си време и биди упорна. Без упорност се е безуспешно
Девојки денес јадев за доручек 1 јаболко и житарици со оризово млеко За ручек пилешко со ориз и печурки салата и тонус леб. А за вечера бадеми. Дали се слабее вака? Сакам да пробам една недела вака.За појадок и вечера стандард а за ручек што има.Дали ќе успеам да намалам некој килограм?
Планирам за доручек да јадам две јајца, за ручек салата и за вечера овошје. Дали е ок распоредот, или за доручек да јадам овошје, за ручек протеини и вечера салата? Совет?
повеќето доручкуваме овошје банана нај ок ми делуваше Ручекот нека ти е салата+протеин или мешунки, компир, ориз со некој зеленчук. Избегавај прженици. Користи минимум масло. Минимум, ептем ретко леб. Вечерата можеш салата, можеш и варено јајце, нешто млечно - ко јогурт, кисело млеко со нешто плус итн.
Според мене е добро, ја вака слабееев. За доручек сметам дека најголем број калории треба да се внесе, да ни даде енергија така сабајлечки. Мене овошје за доручек само погладна ме праи шознам...