Не сум на УН . Иако некој денови менито ми се поклопува како на ун Терам некој свој режим две ипол недели па ќе видиме
Нормално ли е да чувствувам постојано жед.? Од кога сменив исхрана стално вода ми се пие. Посебно денес скоро 3 л. Што за мене вообичаено беше 3 чаши на ден.
Слабо внесуваш јаглехидрати,затоа можеби. Намали сол и зачини, ко и кофеин...и пиј течности, колку што ти се пие.
Ме нема мене и вие сите кој каде виде а? Ајде сеа репорт кој до кај стигнал?Кој колку кг има намалено ? јас изтерав два месеци недела време пауза и сега еве трет ден од новата тура коа ке биде 4недели цел да симнам уште 4 кг денес 2 банани појадок ручек свинско динстано со праз манџа вечера исто
Се заборавивме, Алиске Пошто косата па ми се шекна, одмарав од мислење на телото. Ама, се' у ограничени количини, статускво одржано и баш мислев па да се почне со намалени количини на оброците и +вежби. Вишок енергија имам овој пат минимум за тенчење, ама многу за затегање. Ќе шкрабам затоа, чисто оти ме одржува на прав пат шкрабањето фокусирана, кобајаги. Утро, грејфрут и какао. Ручек...манџа гравче чинија. Вечера салата ротквички, марула, варено јајце. Пешачење и малку вежби.
Поздрав и од мене Јас сум на супи деновиве пошто настината Насабајле најчесто банана или комбинација со друго овошје А периодов што измина мноогу салати изедов. А јас сум со хроничен гастрит кој ми се активира на стрес и така сега малку ми е иритиран. Продолжувам со супи и манџурии домашни.
5ти ден од втор циклус појадок банана и цеден лимон ручек и вечера туна +марула мерење вторник овој пат цел се 3-4 кг и веке ке ја достигнам главната цел од -10-12 кг
Jас малку jа утнав работата. Убаво си почнав, ама моите ме зезнаа со месени работи. Те кифли, те мекици. И аj да не проба човек. Од утре пак по старо, оти вака свинче ке се направам
a zamisli kolku lugje ke se zeznat sega za novogodisnive boziknite praznici pa vasilica vodici.... utka 30 dena
Уште една помината недела и резултат минус -1,5 кг одиме на уште една недела веке незнам ни која по ред вкупно -8кг некаде и веке почнаа да фрчат коментари дека сум била многу ослабена ок е значи не си умислувам само јас сепак се познава хахахха Уште две кг до целта од -10
Прв ден Жан Митрев. Цел ми е да ослабнам 5 кила, а ако може да ослабнам и 7 би било уште поубаво. Мерење за една недела. Со среќа на сите
Пошто викендот помина со пита, а овој желудник се' потешко ги вари веќе тестата и празиштата и... денес ќе е ден за течности - какао, млеко со ореви, плус јаболки и некој зелениш. Да се отрезниме, оти уште не можам да се стабилизирам по тој ХЛП оброк, ц.
Јас не би пиела какао - бидејќи е благо, поточно самото какао нема да ти помогне многу ама ќе ти одмогне. Ако сакаш да ослабниш, се исфрла леб и благо. Инаку јади си и не се скратувај од јадење затоа што кога ќе ти заврши диетата ќе си ги вратиш дупло.
лебот и благото се изфрлени одамна кај жабата верувам дека какото и е замена за кафе ја и жабата имаме многу сличен метаболизам и кај нас не делува истото што и кај сите луѓе така да убаво си тера жабата јас денес втор ден од втора недела од трет месец банана +водаааа пилешко +печурки +салата ручек исто и вечера у најава роденден за вечер ама ништо страшно нит ме стрве торта и грицки нит ништо друго ке биде само водаааа
Ако го приготвиш незасладено, тогаш нема проблем, напротив, какаото е одлично. Во 100 гр. содржи 228 калории, 14 масти, 58 јаглехидрати од кои 1.8 шеќер и цели 20 протеини! Што значи, доколку приготвиш 1 шолја со 2 рамни мали лажички какао ќе внесеш околу 23 калории, 1 масти, 6 јаглехидрати од кои 0.2 шеќер и 2 протеин. Одличен пијалок во фаза на слабеење. Башка има и кофеин, што е бонус според мене. П.С. Без разлика дали периодов ќе претерате со понездрава храна или можеби ќе внесете повеќе количински, не престанувајте да си терате и со здравата. Нема потреба да се престане, едноставно кога ќе имаш прилика за поздрав и понекалоричен оброк, искористи ја. Сепак, тоа е филозофијата која треба да се прифати доживотно.
^Самата си кажа какаото содржи шеќери - плус тоа комбинирано со млеко или вода не е добро за здравјето ( настанува тврда столица ). Дури и да го засладиш ќе има шеќери. За мене останува како нездрав продукт, ако веќе слабеам избегнувам шеќери. Понатака вие си знаеме и во претходниот пост напишав дека јас не би го користела. Сепак да бидете цел ден само на течности ми е несфатливо. Енергира од каде ќе црпите? Организмот си бара храна а вие се изгладнувате ако сте само на течности. Се балансира со исхраната ама се внесува количински колку што е потребно.
јас шеќери, освен во форма на овошје, компир... не внесувам пар години - проблем со шеќер. Исто и леб дури и човек да го пие засладено, верувај, се слабее. поз едит: и какао по дифолт не значи какао со млеко. Бар не кај мене.
тоа е природен шекер исто како што го има во овошјето и нема благе веза со овие вештачките шекери коа навистина треба да не се конзумират али да одбегнуваш природен шекер е нон сенс според мене јас вчера бев цел ден на овошје и не го правам сама на своја рака тоа него нутриоцинист ми дава изхрана за мене