Ако било за да споделиш искуство, пеки...не наметнуваш, но бараш да се согласам дека си во право, хм. Темава е полна со наши мислења и совети, ко и мислења и совети на други луѓе. И сепак, кога и да дојде некој...се почнува од почеток со истите објаснувања. Ако тебе не ти прија какаото во ред- не го пиј. Мене ми е замена за кафе. Ем има поголема корист да го пиеш ради железото, фибрите... одошто кафето. *кофеинот ја намалува абсорпцијата на железото. Ама, повеќе од шоља 250мл, лошо ми станува, пример. Нема апсолутно никаква улога во дебелеењето.Други се работите што те дебелеат, ко и мене, ко и сите. Никогаш во мојот живот не сум доручкувала. И не можам да доручкувам. Не е тоа, гладна се будам па избегавам да јадам. Гладна може да се разбудам само ако претходниот ден не сум јадела доволно. Ако ти си од луѓето што во принцип се будат гладни (или било кој друг), тогаш и треба да доручкуваш/-те. Ама, луѓе кои не се будат гладни, нема потреба да се тапчат со храна уште рано-рано, со сила. Овошје и какао за доручек е повеќе од доволно во вакви ситуации....внесуваш фибри - му помагаат на метаболизмот. Плус, не е работата надоручкувај се ко крал... оти демек доручекот е најбитен, него, битно е целокупниот дневен внос на калории и други состојки - И за слабеење и за нормално функционирање на организмот.
Дечки, ако може, дискутирајте слободно, ама без да се навредувате меѓу себе. Секој има различно искуство со одредени работи, и тука сме да ги споделиме. Фала
Предложете ми диета ... Шекери јас и воопшто не внесувам , благо нејадам , газирано не пијАм т.е никаков сок непијам , леб јадам но не толку многу , и се прашувам зошто не можам да ослабам ?! Не јадам количински ...
затоа што гарант скокаш појадок и касно појадуваш односно ручаш и гарант немаш редовни оброци па ти е забавен метаболизмот мораш да го научиш на три главни оброци за да троше и он
појадок банана+водааа ручек мелено месо со праз манџа исто и вечера од вчера до денес -700 гр а при крај на циклус сум не е мозно ова изгледа вагата не е како шо треба
Комбинирам.... Некогаш сум цел ден на јогурт , другиот ден на вода , третиот ден јадам што сакам и тако даље ... Лебот ми е исфрлен , благото.... Од летото се маткарам со диети ... И споро ми оди слабеењето
Еве ме пак. Ради здравстени и други причини паузирав од режим. една недела. Се враќам пак со нови сили од утре .
Си читам на темава и се радувам многу на тие што ослабна, браво за вас. А јас пак, летово ми е свадбата, знам како можам да ослабнам е неможам да се откажам од храната. Стигнав до најтешката тежина што досега ја имав, 80кг висока 172цм. Ми недостига мотивација. Не знам како да се убедам себеси дека доста е и треба да престанам со јадење. Се лажам себеси дека сум убава без разлика на тежината, но во последно време многу лошо се чуствувам со изгледот. Си почнувам со диета ден два и после пак по старо.
@Visab Здраво. Навистина можам да те сватам како ти е и како се чувствуваш. Јас сум личност што од како знам за себе сум дебелка, еднаш успеав да ослабнам и си ја задржав таа килажа добри 3 години, се до оваа последна година кога ја достигнав најголемата цифра на вагата. Но, искрено гледав колку сум дебела, ништо веќе од алишта не ме собираше, но не престанав да јадам во преголеми количини и си го уништив телото! И јас на лето правам свадба и решив дека сакам промена, сакам да ми е пријатно и да се чуувствувам самоуверено. Почнав од пред 2 месеци со диета и мислев немам резултат се додек нр се измерив пррд два дена и не видов дека имам намалрно 12 кг . Мене ми требаат барем уште толку да намалам, но сега сум уште по мотивирана и се надевам ке ја постигнам целта! Имаш убава причина за да почнеш, но прво мораш психички да се спремаш, да бидеш решителна и самата кажуваш дека знаеш на кој начин да ги намалиш килограмите! Ти посакувам среќа и успех и двете да бидеме згодни невести !
Не мораш диети класични да држиш, туку да смениш начин на исхрана. Мораш да пробуваш за да видиш што и дали ќе има ефект кај тебе. Пробај исфрли целосно бел леб, намали со благо, немој да јадеш после 19 класичен оброк, исфрли од исхрана прженици, чипсови, газиран сок. Кога ќе осетиш криза за јадење пиј повеќе вода и зимај салати зеленчукови или овошни. И најбитно, мотивација нека ти биде ете свадбата и тоа дека сакаш во огледало да видиш друга фигура. Повеќе физичка активност, ако ништо друго пешачење. Слабеењето е долготрајна борба, не се случува преку ноќ. Првата недела е тешка, после тоа станува навика
Не е диета, ама за разлика од кифли, салати и месишта мислам дека денес пројдов добро. Доручек: Мусли со млеко. Ручек: Подпечен ориз со сирење и малку урнебес салата. Вечера: Вода изгледа само, или ако купам бадеми малце.
Јас бидејќи сум во странство кога дојдов најлесно ми беше да ја држам УН диетата, лесно си се снабдував со продукти. Ја држев месец ипол ама искрено повеќето време си чувствував глад и решив да преминам на хроно исхраната. На хроно сум некаде 15 дена веднаш си продолжив и сега за сега сум супер, глад не осеќам воопшто. За резултати ке видиме на крајот на месецот.
што мислите за кокосовото масло за длабеење, има ли некои искуства? Иначе јас за 15 дена изгубив 2кг и 5цм во обем (што мидлам дека повекето беше вода) само до вежбање и здрава исхрана! Шеќер никако, бели производи кско леб, макарони и сл никако! и помалце сол во храната. Исхраната ми беше базирана на житарици, овошје, зеленчук... Само воља треба и упорност! Но сакам да пробам со кокосово масло и зелен чај... има ли искуства ??
Косовото масло го користат за слабеење ,во исхрана незнам во што го ставаат,исто и зелениот чај но треба внимавање со него да не ти лупа срцето .