појадокот е секогаш овошје пред тоа цеден лимон +цеден портока +цитрон и вода за ручек и вечера е исто без леб еднаш неделно скроб еднаш неделно овошен ден другите денови на протеини и многу салати и многу вода во текот на денот кај емне имаше резултати тој режим затоа ке си терам исто
А кај ти виде дека јас избегавам протеини? Баш напротив 5дена ми се протеин еднаш скроб и еднаш овошен-зеленчуков-витамински како сакаш наречи го
Здраво феминки Јас еве 10ти ден како го сменив начинот на исхрана и се хранам многу поздраво а исто така и се чувствувам многу поздраво. Имам пробувано безброј диети, вежби итн итн, но тоа никогаш ми го нема дадено посакуваниот ефект односно или ќе ослабев и ќе се чувствував ицрпено, без енергија, гладно или немаше да ја симнам посакуваната бројка на кг и ќе чувствував демотивација, пораз, грижа на совест итн. По некое време сфатив дека нашата ментална состојба е многу битен фактор за губење на килограмите и со оглед на фактот дека до сега со никоја вежба, диета се немам чувствувано исполнето решив конечно работите да ги земам во свои раце. Решив да направам проект за подобра јас. Многу е едноставно, како што сите имаме правено проекти на училиште/факултет така е и овој проект единствената разлика е што тој се однесува на тебе. Името на проектот го ставив " The best version of me" - Најдобрата верзија од мене. Можеби звучи глупо но за мене досега функционира прекрасно со оглед на тоа што изгубив 3 кг за 10 дена . Под насловот ставив слика што ме инспирира да станам подобра и поздрава личност. Потоа ставив дел за Целта и Очекувањата на проектот каде што вие можете да ја напишете вашата цел и очекување. Јас одлучив времетраењето на овој проект да биде 60 дена.Потоа на друга страна напишав наслови Доручек, Ручек, Вечера каде што секојдневно ставам нови рецепти, примери за здрава храна.После тоа почнувам со бележењето на првиот ден во кој што пишувам што имам јадено на пример за денеска Доручек - 2 банани и интегрално чоколадо, Ручек- риба и ориз, Вечера - банани прелиени со топло црно чоколадо. Потоа додавам одел Внес на течности колку течности имам испиено во денот (препорачано е 2л вода, понекогаш пијам и 3), како и незасладени чаеви/кафе, пијалоци за детокстикација ( топла вода со лимон и нане итн..) и потоа бележам физичка активност. Бидејќи јас лично немам многу време за вежбање, физичката активност ја ставив како неопционална и секојдневно ја бележам со * ѕвездички од 1 до 5, *****- максимална физичка активност , бидејќи и не сум многу активна физички, а знам дека треба, се трудам да пешачам секој ден од факултет до дома и во зависност од тоа колку е далеку, јас имам 30 минути пешачење и го бележам со 3 *. Под овој одел го ставам оделот М.С - ментална состојба во кој што бележам како сум задоволна од денот, дали сум се соочувала со некој предизвик ( на пример јадење во доцните часови) и на тој начин го бележам секој ден. Навистина многу е лесно да го одржуваш планот кој сам ти си го создаваш и е прилагоден според тебе. И за крај да ви кажам некои совети кои до сега се покажаа како корисни за мене : пијте многуу вода од 2-3л, можеби во почетокот многу ќе ви се оди по нужда но подоцна ќе ви се навикне организмот. Водата ја намалува гладта навистина. Не се оптеретувајте со физичка активност (но секако доколку сакате и можете секогаш можете да вежбате), за физичка активност сметајте го пешачењето од дома до факултет/работа и обратно, чистењето по дома, шетањето на вашето милениче итн. Пијте до 2/3 чаши зелен чај на ден, го забрзува метаболизмот. Избегнувајте леб за вечера и гледајте да јадете интегрален леб и тоа до 2 парчиња највеќе или за појадок или за ручек ( доколку сте јаделе за појадок за ручек не и обратно). Искрено јас сум апсолутно 100%сигурна дека ќе продолжам со оваа рутина затоа што пред се, се чувствувам многу енергично имам енергија за се, подобрен ми е сонот а исто така овие 10 дена немам напади на анксиозност кои што претходно многу често ми се случуваа Најбитно од се е да верувате во себе и да не се откажувате, јас дури првиот ден го утнав, цел ден се хранев здраво и вечерта кога ми се пријаде се што имаше изедов, сакав да не го напишам тоа во бележникот ама за среќа го напишав и утрето кога го прочитав ме предизвика да не го сторам тоа пак. Тоа е се од мене феминки се надевам дека ова ќе ви помогне. You can do it
Гледам тема: Датата на вашата свадба, мене ми се чита „Диетата за вашата свадба“. Време е да се врати човек во колосек. Минаа и празници, минаа и два циклуси по ред, на кои се вадев дека ради тоа на апетитов му нема сопирачка.. Веќе се осеќам како да се тркалам. Два месеци+, манџичка асална..чорбеста со минус зајре и минус калории немам сркнато. Калории дневно затоа пак 229938485757. Ден почнат со киви и кафе. За подоцна ќе видиме шо беше по правила и прописи.
Сега ми излезе во новости, од пријателите (вежбачи и пазачи на исхрана) по фејсбукот: Малку е доцна за ваква порака. Жаба веќе е Ласта. Како и да е, мотивацијата е присАтна и денеска.
Здраво ме интересира,дали да внесувам прости шејкери пред тренинг или после тренинг? прочитав овде на форумот дека шејкерите дават брза енергиа али и брз пад на енергиа па што е најдобро за пред тренинг за енергиа? само да не е овошје пошто не е препорачливо. секој совет добредојден
-6,5 кг. за 24дена и многу минуси во обем. Насабајле овошје ( банана не) и кафе турско без шеќер. За ручек нешто од овие работи: јајца+ печурки, пилешко, риба ослич, туна, свинско, телешко, леќа или грашок, полнети пиперки со киноа и печурки или мелено месо, ќофтиња. За вечера само салата, доколку почуствувате глад упола од ручекот. 7 ден нека ви биде за прочистување само на овошје или салати. Вечерата најдоцна до 8часот Пола саат или саат после секој оброк се пие зелен чај. Пред легнување млака вода со лимон и лажица мед ( по можност природен без шеќери) Вода што повеќе али два часа после оброк. Јас не вежбам, користам стандард сончогледов зејтин, оцет, сол , бибер, вегета (зачини било какви). Никако прејадување.Млечни продукти во фаза на слабеење никако, доколку некоа неможе кафе без млеко, може да ставе ама соино или бадемово млеко.
По постигнувањето на посакуваната тежина останува сето тоа јадење плус се уфрла два-три пати месечно интегрални шпагети или макарони со сос од домат (домашен), кафеав ориз, доколку има огромна желба за благо се јаде ред или два темно чоколадо со над 70%, и компир, но во две недели еднаш, пуканки само навечер колку две раце Ефикасно и трајно али овие храни после достигнување на посакуваната тежина!!! зелен чај се пие 4 месеци константно како што пишав во предходниот пост. Пробајте нема да зажалите.
Упорност на ниво!! Браво!! Нема да те критикувам јас имам пробано исто, но се одкажав на 5ти ден. Факт е дека се слабее, но и дека се враќаат исто така...пишав погоре режим доста ефикасен ако ти одговара пробај ке имаш резултати. И земаше некои витамини нешто колку ослабе за 10 дена?
Така , на вода . Ај ем ин хел , бт ај ем стил алјв Ова ми беше еден вид на прочистување на организмот , некогаш земав лимон и го цуцкав -9кг за 10 дена ослабнав
Искрено јас не функционирав. Немам храброст моментално за такво нешто. Имам многу низок притисок така да нема шанси, љубопитство беше тогаш некои 4кг симнав али ги вратив и покрај пазење на храната