И јас не можам да доручкувам освен некоја овошка или само кафе. Едноставно не чувствувам глад на сабајле и неможам со сила да јадам, секој организам си е различен, не важат истите правила за секој.
Епа еве да ви се пофалам дека симнав 10 килограми за 6 недели Се чувствувам дефинитивно полесно, но треба уште и јас не се откажувам! Незнам сега дали е многу или малку за овој временски рок, ама јас мислам дека е таман, или? Како и да е одам до крај. Ова е моја битка, а ќе биде и моја победа
јас да се пофалам за 2 месеци ослабев 15 килограми со секојдневно пешачење околу 10 километри ,2 литри вода секој ден и само по два оброка и многу сум задоволна
За оние од диетата на ирена, ви препорачувам ваков појадок (до 350 калории): Земете тесто за пица (350 калории максимум, ако не и помалку) пр. Frikom, стајте в рерна на 250* 5 мин. Извадете, премачкајте со 3 с.л. еуро крем (3х80=240, стајте 250 калории) пр. LUNA и по уште 5 мин. жежење - извадете и една банана (100 калории) пр. Купечка исечете ја на кругови и стајте врз „пицата“. Поделете ја (700 калории) на 4 дела, 4/4 и 1/4 земете (175 калории). Ако не ве најаде (во мој случај) земете + едно парче = 350 калории. Арно ама од 2 парче од првата гризка ко да се најадов, така да се предујав. Мама го ареса рецептот, белким и дада коа ќе стане ќе го ареса. Наздравје!
Здраво на сите!Еве и јас се вклучувам во акцијата за слабеење.Сакам до септември да симнам 7 кила.Возам ролерки секој ден по 1 час и не вечерам...Само уште да го оставам благото и ќе биде супер
Здраво Феминки ја сум нова се зачленив на форумов ради диетиве.. почнав да ја користам диетата на Ирена.. и денес за доручек јадев геврек и вода само.. Дали тоа смее ?
Лилит и Алиса, така сте го навикнале организмот, затоа кога сте смениле сте забележале дуење на стомакот. Всушност желудникот можеш да го истренираш на се буквално, сме виделе има луѓе метал, срчи, што се не јадат. Кога сте смениле режим, сте почнале да појадувате, нормално е дека ќе се јави промена, стомакот се навикнува на сето тоа. Да сте го одржеле сето тоа некој период, дуењето ќе прекинело. Но добро, сепак многу е битно да се потрудиме да јадеме во ист период од деновите, да речеме појадокот да го имаме околу 10 часот, ручекот околу 2... Тогаш организмот ќе си се навикне дека во тој период му пристига храна и ќе почне да лачи ензими за да ја разградат храната. Затоа и ако некој е навикнат да јаде секој ден во ист период, ако го скокне тој период веднаш чувствува глад. Одбегнувајте само МекДоналдс и нивните сендвичи и помфрит, заедно со сите вакви фаст фудови, чипсови, другото доколку се јаде секој ден во ист час, се пие вода и се спортува, не би требало да представува проблем. И тие што пушите, цигариштата да ги фрлите!!! Ништо добро не ви носат, само лошо, посебно за срцето, затоа што кога вдишувате цигара срцето чука побрзо и резултатот е зголемено чукање на срцето за отприлика 10 откуцувања. Со испушени 20 цигари му давате на срцето стрес исто како да имате +40 килограми од вашата идеална тежина. И да, се си има своја калорична вредност, не може да очекуваме нешто да не дебелее, кога самото е извор на енергија. Не може организмот без јадење, со тортури е само послаб. Има еден виц Мујо го научил магарето да му живее без јадење, ама по 1 недела му умрело. Ова општо го кажувам значи, за сите тие што мислат дека ако не јадат ќе ослабат.
Диеталкиии...како е денес?! Јас кајсии од утрово,околу 200 грама,не могу више и зелен чај (ме слупа срце малце...ама се изнервирав поише,ми имаше вкус на чад од цигари ). Покасно,едно варено парче пилешки гради и варен морков. И се разбира ЗУУУУМБАААА!
Бидејќи деновиве некако ми опадна мотивацијата за вежбање и не вежбав ни пола од тоа претходно, а јадев почесто и мааалку повеќе, очекував дека си ги имам вратено тие 2 килограми, ама за чудо сум ослабела уште пола кило. Знам дека не е многу, уствари тие 500 грама помалце може да се должат на било што, ама сепак, пак се охрабрив некако, сега јадев и до вечер нема ништо. Туку, сакав да прашам нешто. Вежбите кои ги правев до сега ми се мнооогу здосадени. Ми текна на нов начин за слабеење, само не знам колку би бил ефикасен. Слободна веќе немам, за до кај дечко ми менувам 2 автобуси, значи 120 денари на ден само за автобус, а тоа ми е многу. Мислев да почнам да одам до кај него со точак. Од кај мене до кај него има 10 км ко ништо, можеби и повеќе. Значи 10 натаму, 10 наваму, тоа се 20 км дневно. Ако возам така секој или евентуално секој втор ден, а повремено ги правам другите вежби(3 вида стомачни, 3 вида вежби за нозе, трчање по скали, 3 вида вежби за спојлерите), ќе има ли резултати? По повремено мислам два пати во неделата, многу ми се досадни вежбиве
Јас денес стек и салата јадев. Не ми беше денот за тоа, ама тоа се најде. Вежбањето никако не го оставам. До вечер ќе јадам нешто кајсии и тоа е.
Јас денеска ко да се прејадов за ручек. Јадев две чинии супа, малку ориз, зелка салата и едно житно чоколатце. Поим немам зошто го изедов, мислев ќе бидам премногу гладна додека се направи оризот. Чекам да помине уште саат време за да почнам да вежбам. Ќе ја дуплирам зумбата денеска. Плус, изненадувачки, почнав да го дружам раскрцканиот орбитрек и за 2 дена, т.е. завчера и вчера стигнав до 25 минути без пауза. Се радувам барем за тоа.
јас денес го прекршив и зеленчукот ... Не бива ми се јаде се повеќе од тие краставиците ... од утре планирам да ја почнам диетата на Жан Митрев ... абе сите ги имам пробано кога ќе размислам со таа постигнав најмногу резултати Држете ми среќа ...
Денес официјално решавам да почнам со mission hopefully possible слабеење. Директен напад со еден ден прочистување од 10 и 14 вечер-месечева диета. Сега се размислувам со која диета да продолжам, УН или некоја моја иновација
Јас сега ќе зумбам, а после ќе вежбам аеробик. Веќе 3 дена со сестра ми вежбаме аеробик вежби од youtube и многу е интересно. Не е тешко, лесни се вежбите и брзо се учат, а баш е многу забавно, не се ни приметува кога ни поминува времето - лево-десно, поминал еден час. И многу се поти, жива вода се правам секогаш. Плус, внимавам на храната, па би требало да покаже резултати.
Нати доколку немаш повеќе од 20 килограми вишок доволни ти се само 30 минути дневно 3-4 пати во неделата за да одржуваш тежина, па макар и да симнеш некое килце плус. Но доколку се решиш сепак за повеќе мој предлог е да не се презаморуваш само тие 2 дена во неделата со толку вежбање. Јас еве на пример уште можеби едно 17 килограми имам за симнување за да си дојдам на нормална тежина и вежбам секој ден по 60 минути. Но со две паузи. После ручек 30 минути и на вечера 30 минути Можеш и така! Повторно ти се минус - 400 калории дневно. Воедно ќе ти се забрза метаболизмот како и столицата. И најважно од се - не заборавај да пиеш многу вода и ќе има резулатати за едно 2-3 недели, може и побрзо!
Еве и од мене дневен извештај: За појадок во 13 часот јадев еден портокал, пола парче интегрален леб намачкан со мармалад и една тортичка половина од винчини. За ручек јадев грав и една виршла. И толку. Не сум вечерала не сум гладна, бидејќи ручав во 18 часот. Вода редовно секој ден од 2- 2,5 литри. Денес немав време да зумбам, цел ден не сум се прибрала дома. Утре дупла доза . Од утре ќе гледам да се будам порано, барем во 11 часот, не бива вака, секој ден ме разденува, и башка гладна ама и те како гладна со празен стомак заспивам.