(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    98
    фала ти најјјмногу !!!
    Сега ми е јасно зошто и како! Најубаво е кога искуството се пренесува ! Се надевам дека овај пат ке бидам истрајна до крај и засекогаш. Фала ти уште еднаш
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  2. martin01

    martin01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Konecno nekoj da spodeli se detalno kako sto treba. Mnogu dobro kazano :)
     
    На bolest, Adriana.O, rokiroksana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Викендов лошо се понашав со храната. Си дозволив неколку грева. Денес понеделнички продолжувам со умерено темпо како и до сега.
    @ALISA0000 како си? Како тераш?
     
    На green.eyes и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.552
    Допаѓања:
    180.906
    Хајјјј еве ме си терам 4 ден си терам денес
    на мени денес појадок овошје ручек мелено месо со тиквички полнето исто и вечера
    мерење тек после 7дена

    Гледај да не правиш грешки оти сум приметила ај една грешка па втора трета и се опуштаме додека се свестиш ептен си забегал
    ти колку кг сакаш да симниш?
     
    На green.eyes и Espadrila им се допаѓа ова.
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    Од сега те натаму сакам да сум во минус 5кг. До сега симнав 3-4 (варијабилно ми е на вагата :) ).
    Знаам со грешките, ама сепак ти викам гледам да не терам режим, ами онака со умереност и пазење. Викенд ми е повеќе проблем, пошто дечкиве по дома си сакаат домашно, месенко, крофни, банички, палачинки и слични чуда.(знам не е оправдување) Грев ќе ми се пише, али знам и да им подметнам од продавница, а демек од мене правени, со тоа што ќе им земам по една, на пример крофна. Пошто ако правам дома ќе направам за едно село, ќе јадам и јас, и тоа не една ами 3-4 сигурно и тако даље до неповрат..... :)
    Денес појадок мандарини, круша, банана, семки од сончоглед- непечен несолен.
    Не сум сигурна дали ќе го додржам денот додека си одам од работа, ама имам уште овошје на залиха тука, па не е до толку страшно.
    За ручек предвидено боранија со телешко.
    За вечера не знам како ќе сум ама планирам таратор или слично.
    Мора да се вратиме во шема.
     
  6. bolest

    bolest Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2017
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    фала ти за ова! најпросто кажано се се сведува на калорискиот дефицит сакале нејкеле, а од лично искуство недај боже да го спомнеш зборот "калорија" на форумов главата ке ти ја исечат! сите се прават експерти а врска си немаат шо зборат.
     
    На cupicupicake и MissChievous им се допаѓа ова.
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Јас од денес почнав со трчање.
    3км,како за почеток,просек.
    Пред нешто помалку од 2 години трчав редово по околу 7-10км секој ден,два пати во денот,станував рано наутро,и приквечер пред заоѓање.Се чуствував многу добро,како физички,така и психички придобивки имав.
    Исто внимавав што јадам,поточно тоа ми беше начин на живот,не го правев за некоја одредена цел,пр да симнам 3-7-10 кг,ами имав потреба да потрошам енергија,после трчање,плус вежби се чуствува одлично.
    Имав идеална тежина(за мене),никогаш не сум се борела со вишок килограми,висока сум 166цм и бев 49 кг,затегната,тек- тук некое мускулче-просечно,ама бев задоволна од сама себе,се осеќав многу убаво во своја кожа.
    Потоа некои здравствени проблеми и слично,запоставив,не обраќав внимание и веќе година ипол јадев што стигнев.Не остана ништо од мене,се направив како слон после празнциве.Не сум се мерела страв ми е,али сигурно имам над 10кг накачено,и се осеќам многу неугодно.
    Почнав да се срамам од себе,во обични фармерки/пантолони носам мидер да ме стегне ,колку да не се познава колку сум дебела во бутовите особено.
    Сукнњи,фустани не се ни осмелувам.
    Нагоре и не сум толку страшна,од тенка половина што имав,ни т нема,сега има само сало.Не се лажев денес -утре,само чекав да дојде денот кога ќе бидам спремна психички,од корен ,повторно со сета сила да сменам начин на живот.Поминав низ депресии,низ врагови,ама морам почнам од некаде.
    Не очекувам да ослабам од таблети, чаеви,или диети,решив да се вратам на стариот начин на живот со здрава храна,спортска активност,престанав да пушам,избегнувам нездрава храна,газирани пијалоци.
    Поради што немав физичка активност(а цел живот сум имала),и што јадев што стигнав,имав проблеми и сеуште имам со дигестија.
    Од денес,почнав.
    Денес е тој ден.
    Премногу гордо се чуствувам моментално, не знам,сакам да споделам само дека се чуствувам многу посамоуверено и посилно од вчера,го направив првиот чекор,натаму е полесно.
     
    На Касија, cupicupicake, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.552
    Допаѓања:
    180.906
    На Justicija, Espadrila, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Девојки зимава се здебелив цели 5 и пол кила од 59 рипнав на 64.5кг....секој понеделник почнувам по 3-4 дена се откажувам и некако почнав да наоѓам утеха во храна се нешто барав изговор де испит,де пмс, де кафана ова, де она ;( Среќа е уште зима па се прикривам ...оти секоја фармерка му пука(facepalm) Ве молам за поддршка да си ја вратам килажата, оти ке заокружам 70че вака хаха, многу ми фали мотивација и лесно се предавам, иако не ме знаат ко таква... Утре почнувам со протеински начин на исхрана (се надевам пак нема да трае 3 дена) и салата секој совет и критика е добредојден (hollest) Поддршка за сите феминки ! #wecandoit :muscle:
     
    На Касија и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  10. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    21.159
    M
    Nekako tesko mi odi mi paga pritisok i sl.Ne sum rigorozna ama teram...mora.si kazav poleka na dolgi stazi posto nabrzina..ke gi tripliram.. :)
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 јас добро си терав се до денес. Прво, бомбоњера од дечко ми која ја смачкав цела (facepalm) после си пиевме вино, на крај бевме на вечера во паб и јадев бургер и пирв пиво. Сега се чувствувам толку измалаксано и толку лошо, што не е од алкохолот туку од измешаната храна. Дефинитивно подобро функционирам и имам повеќе енергира со јогурт, зеленчуци, сирење, јајца и супа или манџа, такви нешта. И открив дека организмот ми се променил, т. е и да сакам да го јадам тоа што порано сум го јадела без никаков проблем, сега нема да можам и да сакам бидејќи си знам дека ќе ми биде тешко. Утре можеби цел ден ќе ми биде на течности. Малце демотивирачки испадна мојот пост ама се надевам дека оние кои си останале доследни на режимот ќе бидат горди на самите себе. :)
     
    Последна измена: 15 февруари 2018
    На Espadrila и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.552
    Допаѓања:
    180.906
    Станав пред пола саат
    спиев два саати
    станав жива вода со огромна желба за благо ме препотуваше жешка вода и мислев дека ек се онесвестам
    банана заврши работа
    мислам дека шекерот падна под нормалата
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.552
    Допаѓања:
    180.906
    Нема откажување бе какво откажување
    Грешки се прават ама се вракаш на прав пат
    грешките треба да се трудиме да се минимални ама па неможе да дозволите една грешка и да ве врате на почеток и да направиш грешка си тераш пак по принципот
    ете мене синока шо ми се деси да јадам банана тоа во режимот не постое ама морав и од сабајле си продолжувам ко ништо да не било

    Денес терам овошен ден до сеа
    лимон и портокал цедено со 1л вода банана и100 гр семки и суво овошје
    мерње утре званично после недела на режим
     
    На Касија, kikkki и eminik им се допаѓа ова.
  15. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Тоа е тоа душо,само не се откажувај.За мене 3км е дури малку,ама дека прв ден, свесна бев дека следен ден нема да успеам да станувам од кревет поради болки,па не се форсирав.
    Денес,3,5 км,исто не сакам да се форсирам сеуште сум на почеток(после скоро 2 години пауза,кажав погоре) плус и циклус ,дека имам болки во стомак.Битно ми е да не одам наназад,ако можам повеќе-повеќе,ако не, да не е помалку од последната вредност.
    Мене тоа ме мотивира,да се надминувам себе си,да си давам нови,потешки предизвици,сега следно ми е 4км.Не се многу знам,не сакам наеднаш да скокам,вака е позабавно.:D
    Не губам мотив,напротив кога почнам повеќе се мотивирам,се раѓа таа желба за да успеам,ни на крај памет не ми доаѓа да се откажам.Ми зајакнува дисциплина,ме прави посамоуверена и поорганизирана.
    Исто,кога почнувам со трчање,вежби или некој друг спорт,од корен, само ми доаѓа да сменам начин на живот,да се запрашам дали тоа по што посегам,треба да го изедам.
    Така што внимавам и со храна,и да пијам над 2кг вода.
    И секако многу чаеви.
    За некому можеби глупаво,ова е нешто што мене ми помогнало ,а сакам да го споделам.
    1.Поздрава,помалку калорична храна,обавезно прв оброк протеински најчесто и најдобро,и овошје/зеленчук,многу свежи сокови...Никако тестенини и слични оброци кои вклучуваат брза храна која е тешко да се свари(дури невозможно да ја ,,изџвака" желудникот,конзервирана храна,грицки.
    2.Ова не го тропам од ракав,ама ве молам,не се изгладнувајте или да имате само еден оброк во денот,кога ќе стигнете,најдобро е барем појадок и ручек редовно,секој ден,во ист термин,колку се поблиску првите два оброка,толку подобро.Прво од здравствени,најбитни причини,потоа за нормално фунционирање во текот на денот.Замислете само кој е тоа шок за организмот,што се се случува во желудникот,тој постојано работи,желудечната киселина не престанува да се лачи,кога е доволно силна да ја разградува храната што ние ја внесуваме,што би се случило доколку не консумираме храна?
    Изгладнувањето не е паметен избор.
    Ок,признавам,со 5-6-7 дена изгладнување,или внесување минимално количество храна,ќе се намали некој килограм,а што потоа?Целиот метаболизам се пореметува,во тие дена се трошат вишокот,токсините веќе се исфрлени,и кога ќе имате следен оброк,организмот ќе бара многу повеќе храна од претходно и ќе започне да складира,а затоа се јавува и тој јо-јо ефект кога се држат диетите.И секако,колку долго може да бидете без храна,или со минимално количество?Здосадува,се откажуваш и после пак по старо.
    Тоа е многу нездраво за организмот,подоцна се појавуваат силни болки во желудник,непријатен мирис во уста,ph вредноста се променува-настанува гастритис,се оштетува заштитниот слој на слузницата на желудникот,и секако ако подолгтрајно се применува,нстанува трајно оштетување,а после ...знаете мислам.
    @ALISA0000 , веројатно и сама си свесна дека не си внесла доволно шеќери,што сите знаеме и те како се потребни на организмот.Добро е што си одбрала банана,бидејќи е потешка за варење од на пр.едно јаболко,можеш да ја внесуваш неколку часа после појадок.Поточно,мислам дека е тоа најдобро време за овошје.
    Ако шеќерите се потребни,не значи дека единствен начин на кој може да се внесат се чоколада,слатки и сл,пример чајот,ако не ви е вкусен да го пиете незасладен(никако со шеќер),пијте го со мед,исто наутро,со доручекот,како што реков,би било добро да се конзумира овошје(може и суво-наједноставно и најдостапно кај нас грозје,само без додадени шеќери,или пак брусница исто),што ќе обезбеди доволно енергија на телото,преку целиот ден.Шеќери на здрав начин освен преку овошје(на пр. јас јадам во мали количини ),може да си направите свеж цеден сок.
    3.Доколку има и вечера,тоа да е зеленчук/овошје или нешто лесно,колку да не дојдат кризи за благо што најчесто се случува во вечерните часови.
    4.Најмногу физичка активност,и регулирање на јадење,спиење-значи некој термин на кој ќе се придржувате секој ден.Ок,работа,обврски,не секој ден може да се држи ист термин,но барем да е околу тоа одредено од вас време за спортување или оброк.
    Најбитно,на тортата,грицките,сендвичите, не гледајте како нешто недостапно,забрането или некоја награда,туку на нешто што не е за вас.
    Нешто нездраво,штетно.Секој пат,при чуство на глад,пијте вода или незасладен чај,или свеж сок.
    Се надевам помогнав некому,и се извинувам за долгиот пост.:)
     
    На Касија, martin01, Espadrila и 4 други им се допаѓа ова.
  16. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Според мене различни диети различно влијаат кај различен метаболизам односно различен човек. Јас на пример се обидов со не знам какви диети за еден месец најмногу што ослабев се 3 килограми. Море трчање и по 7-8 километри дневно, само природно цедени сокови овошје без леб, месо,јајаца,млеко и се останато. Значи само овошје и цедени сокови. Првите 2 недели ме уби желудникот дури ниту во тоалет нормално не можев да одам да си ги завршам физиолошките потреби. После 4 недела мислев дека ќе рикнам и си се вратив на нормална исхрана само без леб и не се обидов никогаш повеќе инаку за физичката активност сега практикувам најмалку 2 дневно бидејќи сум фудбалски судија и треба да одржувам кондиција.
     
    На eminik, WarriorAngel и kikkki им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Си се вратив јас пак на мојот режим што досега ми успева да намалам тежина, а да не се изгладнувам. Појадок ми е обично јогурт и мешавина од овесни снегулки, житарици, сушено овошје. Знам дека во сушеното овошје има многу шеќери ама ставам ептен малце. Потоа кога ќе огладнам си правам салата, најчесто патлиџани, краставица и сирење, или морков. Нареден оброк - вечера, ми е јајце и пак салата и кашкавал или сирење, или варени компир, грашок и морков. Знам дека можеби денот треба да ми почне со повеќе протеин ама така функционирам, кога се будам не сум гладна и не можам да јадам многу т.е понекогаш ми е доволно и кафе и овошје.
    Измеѓу овие оброци грицкам ореви, кафе со млеко, чај со мед и двопек. Кога јадам исхрана со повеќе овошје многу побрзо изгладнувам и сум гладна цело време така да многу ретко јадам овошје, основна исхрана ми се зеленчуци. Со овој начин слабеам околу 1 кило неделно. Не мерам калории, не знам дали е многу или малку, јадам кога сум гладна и без да се прејадувам. Цел ми е да изгубам уште 8 кг, ама за почеток уште 3-4 да симнам и мислам дека ќе се чувствувам многу подобро.
    Исто така, кога јадам леб и друга потешка храна, после тоа ми е многу тешко така да мислам дека за одржување на тежината нема да имам голем проблем. :)
     
    На Касија, zhap4e, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    @RAF Camora
    Точно за диетите,јас сметам дека ниту една не е доволно добра.
    Нити една која вклучува откажување од некој вид на храна,освен од типот на брза храна.
    И дефинитивно,барем од здравствен аспект,не може да се јават болки или проблеми со дигестија од овошни сокови,или пак да е здраво да се јадат слатки,пијат газирани сокови,тостови и сендвичи,пржени колбаси...
    Не,не.
    Ти знаеш што погрешно си правел,ама лебот мислам дека не е добро да се исклучува целосно.
    Исто млекото,не е добро да се пие често,ако болки почнале да се јавуваат кога почна да пиеш млеко и конумираш и други млечни производи,можеби имаш интолеранција на лактоза.Најчесто надуеност и мачнини,грчеви се јавуваат поради тоа.
     
    На RAF Camora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    Можеби јас многу избрзав со откажување од се што сум сметал дека ми влијае лошо на мојот организам. Инаку откако почнав да одам на семинари за фудбалски тренери во чија програма исто така се обработуваше спортската исхрана, всушност сфатив дека сум му направил голем шок на организмот уште на стартот. Покрај исхраната голема улога имаат и сонот , како и периодот кога стануваме и нашиот организам започнува да работи. Најмногу имам ослабено кога бев на летен распуст кај баба ми и им помагав околу селските работи. Тогаш разбрав дека местото на живеење е клучен фактор, заедно со сите сегменти (надморска висина, воздухот, природата). Секогаш се будев во исто реме и легнувам во исто. Спиев само 7 часови, а сега моментално живеам во Скопје и ми требаат 9 часа најмалку да се чувствувам наспано и физички подготвено. Но никогаш не се будам со свежината со која се будев додека живеев на село. Сите наведени фактори имаат значајно влијание за да успееме да дојдеме до посакуваната фигура.
     
    На Espadrila и kikkki им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.104
    Мене карфиолот, брокулата, ротквицата и целката ми прават екстремни гасови (со јаки болки) и поприлично голема надуеност, ама нема везе, пак си ги јадам (и тоа пречесто) зошто вкусни ми се, а и здрави се. [​IMG]

    Јас сум од оние луѓе што освен ако не постои здравствена причина (како интолеранција на лактоза или глутен, на пример) сметам дека нема причина нешто да се извади од диета. Па дури и онаа нездравата процесирана храна. Нека биде сведена на минимум и секогаш нека се надокнади со здрава храна со високи нутритивни вредности, но! Луѓе сме. Касни си парче пица неделава или крофна наредната.
    Но, во фаза на слабеење која не трае вечно, помудро е да се издржи месец-два (или повеќе доколку е потребно) без нездрава храна, без грицки, без благо, без процерирана храна.
    Повторувај си: ова е само моментално! Ми се јаде чоколадово, но нема да го јадам бидејќи имам уште за симнување килажа! Кога ќе ги симнам килограмите кои посакувам да ги немам, тогаш ќе си дозволам малку чоколадо.

    Откако ќе ја стигнеш посакуваната килажа, трикот е да научиш да се контролираш да си дозволуваш и од тоа "недозволеното", но да не претеруваш. Да останеш фокусиран на здрава исхрана и да одржуваш контрола.
     
    На Касија, Espadrila, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.