Виножитке јас кога ја држев УН диетата, кога ме фаќаше криза јадев лешници и бадеми околу 100 грама дневно. Имам прочитано во книгата што е наменета за оваа диета дека оваа се препорачува во овошниот ден. Вака се издржува и плус заситува, па немаш мака.
Ама друго ми е кога ќе изедам доматче, мислам дека цел оброк сум изела А и мислам дека нема некој голема штета.
Секој ден пешачам по 4 км со брзо темпо и 20 минути зумба стандардно. Од завчера почнав да вртам и орбитрек, 2 x 15 минути дневно. Колку кг имам вишок? Премногу. Симнав 6, баш денеска се мерев. Сакам да симнам уште 14 кг. Не. Не е шега. Ако успеам, ќе бидам најслаба во целиот мој живот т.е. ќе имам 10 кг минус мојата препорачана тежина. Ама не се брзам. Полека и здраво. И таму сум.
Трендафилке јас те видов на слика во темата за модни критки и искрено не ми личеше дека имаш толку кг вишок. Можеби едно 5-6 кг вишок, ама 14 не беа . Убаво изгледаше.
^ Дечки, фала многу , работата е што никој не верува дека имам толку кг кога им кажувам на луѓето. Јас се дебелеам секаде подеднакво, освен во лицето. Таму за среќа, сум си секогаш скоро иста и нормална. Инаку, рамномерно ми одат кг - и во нозе и во стомак и задник и во раце. Затоа не личам на толкава. Башка, си љубам црна боја и облеката може да прави многу оптички мамки. (мајсторија која се усовршуваше во текот на годините) Тешко дека сум од оние кои одат против здравиот разум и здравјето, не претерувам со проценката, меѓутоа овојпат самата почувствував како после 15-тина скали одвај дишам. Брзо се заморував, мислев дека имам кнедла во грлото и почнав многу да се потам. Тоа се веќе страшните симптоми на гојазност. Почна да ме боли и кичмата и десното колено на нагло станување и сфативме со мајка ми дека проблемот се вишокот на кг. А и подобро 5-10 кг во минус од нормалата, него во плус. Бавно оди и многу потешко за разлика од пред 5 години, ама ако се поддржуваме , макар и виртуелно, верувам дека СИТЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ.
А јас имам колкови, односно се дебелеам во задникот и нозете ама горе над колената. Под колената нозете ми се слаби, рацете исто. И затоа кога ќе се поправам одма се приметува и затоа изгледам дебело. Кога носам тесна сукња, мислиш којзнае колку сум слаба. Ете тоа е мојот најголем проблем, мојата ноќна мора. Јас со 57 кг, висока сум 166, изгледам дебело. Значи 50- 52 кг морам да имам. Секој со својата мака. Ама ќе ослабееме, вака заедно, јас знам дека ќе има резултаи. Гледаш после еден месец, некаде крајот на јули, шеткаме згодни феминки на плажа. Ослабнети, затегнати.
О па добро е тогаш, в ред. Јас мислев дека имаш + 5 килограми, па искрено и се нервирам кога читам некои anorexic bitches (незнам колку ги погодив) валда сфаќаш што сакам да кажам..Кога толку се напнуваат и се ставаат на проклето тежок режим на исхрана а имаат едвај 5 килограми вишок. Да речеме од 55 направиле 60 Инаку и јас така... Супер, терај!
^ А не, дефинитивно не сум од тие со 5 кг вишок. И воедно апел со сите девојки кои се трескаат за 2-3 килца - ве молам немојте. Пишав и претходно, некои од нас навистина имаат многу кг за симнување и кога се жалите за вашите 3 или 5, буквално како да се потсмевате со нас. Јас барем така се чувствувам. Мислам жално е да се опседнувате со такви мали несовршености. 3 и 20 кг не е исто.
еј? чекај, јас нешто не ја капирам заебанцијата или оваа е некоја чудна, за мене нова информација Јас денес се надминав себе Сабајле цел саат на орбитрек, после пешачење со моите во природа саат ипол. Поручек тае бо и зумба заедно еден саат, па пак еден саат пешачење. И сега уште 20мин на орбитрек Не е убаво ни ова, ама денес се осеќам цело време дека имам вишок енергија, а ко за беља сите учат морав да правам нешто инаку ќе збеснев дома Ако можам јас, можете и вие. Сите што сте си го поминале денот на столче или кревет, рипајте ОДМА и да изрипате една зумба барем од 20тина мин. И во кревет да заспиете ко бебиња ГИТЛА! И еден совет од мене (не стручен ) - Вие што вежбате по дома зумба, симнете си и тае бо и комбинирајте, мене тае бо највеќе ме испотува и највеќе се изрипувам. И се зацврстуваат мускули
е валерин не си во право! еве јас сум рамно 59 кила моментално ама ми пречи бре! Hе можам да се движам асално, тромава сум, кога се наведнувам тешко ми е, по скали уште потешко, се тријам меѓу нозе и ме иритира! Hе е само естетски, туку и ти како си се осеќаш, а јас не се осеќам ама ич пријатно дури и ако имам 5 кила вишок! инаку денес, цел ден на факс испити ваму таму! и ништо не јадев... и во 20 часот, мајка ми пица направи, и јас стрвна викам ќе јадам и седнав изедов едно парче и луѓе од толку тешко што ми дојде, цела пица ја Spoiler исповратив ! значи не беше намерно, само по себе ми дојде, и веќе нечу пица ми се гади само што ќе ја помислам! од утре трчање, фри сум веќе
Еј мене ми останала во глава оваа чудна информација, и сега гледам дека Што значи сепак... зеленчук е Или сепак не? http://en.wikipedia.org/wiki/Tomato#Fru ... getable.3F
Ако видите сало низ скопските улици, мое е! Два пати по 50 минути на точак и мислам дека се препородив! Баш убаво ми дојде, од сега само вака. Инаку, не сфаќам зошто ви пречи кога на темава пишува некој со на пр., 5 килограми вишок. Сепак се вишок, без разлика на бројката, некого му сметаат и сака да ги симне исто како и вас. Никој не се потсмева на никого со пишување во темава, не знам зошто така гледате на тоа.
Jaс да си се пожалам и да прашам...зошто стомаков ми е како балон подуван (не треба да добијам, не сум јадела грав, зелка и сл. храна која подувува, вода пијам нормална количина околу 8-9 чаши дневно...) тапан ми е, никако да се намали... Нели ослабев 7 кг., колковите ми се поднамалија, буткиве исто, веќе од колена надоле нозеве ми се чепкалки , конечно влегов и во еден фустан што ми е мерка колку треба да ослабам...(влегов ама не го закопчав до горе-патентот е од страна и се закопчува до под мишка... уште треба да ослабам горе кај градите ...) ама стомаков и рацеве не ми слабеат...рацеве веќе не можам да ги гледам како кечер сум Денешно мени -доручек-симитка -ужинка-банана -ручек-мусака со една корка леб и салата (патлиџан+краставица) -2-ра ужинка-неколку соленки -вечера-патлиџан со кисело млеко
во контекст на рацете, мајка ми ми вика како Pамбо сум била и кога ќе чучнам на земја вика, станувај станувај не можам да те гледам, ама си широка ко тетка ! и кажете ми дека не е за ќотек! ццц, 57652795623956562652945676275623647567239 пати на ден ми повторува дека треба да ослабам, страв имам до фрижидерот да дојдам бре! Aма многу јаде го*на, али сепак знам дека е во право! Kо руски телевизор сум во газот леле, не знам таму се ширам највеќе, цел клавир влечам позади! инаку лолита, и јас цело време во стомакот највеќе слабеам, а во нозете нај накрај Jас ко што учев, доматот е плодкаст зеленчук со 90% вода A по друг предмет па кажаа дека е овошје! е сега нзд нема овде
Во врска со вежбањето, да се понудам со торенти, ако некого го интересира Имам добра колекција Tae Bo. Toa e црнецот Били Бленкс што го комбинира аеробикот со некои боречки вештини. Верувам дека ви е познат Исто имам некое торентче за зумба, посиромашна сум на оваа тема И фамозното Pump It Up, ова е еден саат, ама ќе ви требаат месеци и месеци да можете цело да го вежбате првиот пат умрев на 15тата минута. Ама поделено е на три дела, вториот дел е нешто латино танц, така по лабаво. А делот High Energy е да си умреш млад Кој сака нека пише лп, ќе праќам торенти. А незнам дали би можела да ги ставам тука, онака во спојлер, м? да не ме караат
Не бе ludo не ме скапира...Јас зборам дека толку паничат - просто неверојатно. По скопскиве муабети главна тема е како да се симнат тие вишок 3 килограми Еве ти пример.. Седиме со другарка во кафич пред некој ден и слушаме две плавуши како зборат за дебелина... Еднава и вика на другава: Леле Ана абе ти незнаеш колку се здебелила онаа Тања, лани што бевме на одмор. Качила дури 5 килограми , се направила како стока! И оваа другава ни две ни три и враќа: Немој бе срце така, па и јас сум близу како неа, последниве четири месеци од обврскиве со факултетов сум качила 3 килограми, ми се плаче! А двете анорексични, бетер од оние манекенки на фешн тиви. Ма тие можат вода да им носат бре! Нозене чкорчиња...Грев да ти е да ги гледаш Јас и мојата исто така малку пополничка другарка само се погледнавме една со друга, се измеркавме од глава до пети и си премолчевме И така јас по малку навредена и изритирана од нивниот разговор цела ноќ не заспав размисувајки околу моите вишок 20 килограми. И сфатив дека навистина сум виновна за нивното качување, но ок не само јас туку и моите полицистични јајници, али тоа е друга приказна... Шала на страна, не мислев да ве ставам сите под ист кош бидејки факт е дека сите се чувствуваме различно во своја кожа...туку муабетот ми беше - едно е да се пожалиш еднаш два пати брате, али и да правиш драми од тоа (а да не изгледаш воопшто лошо) тоа е веќе друга работа. Всушност јас кога го пишував постот и зборував конкретно за таквите икс (посебни случаи) или незнам како веќе би ги нарекла...