Леле, Алисо, ме настрви сега со тараторот и со шопската а мислев овошен ден да го правам + јогурт. Не ви ги читам од сега менијата.
Ај стварно да не пишуваме тука менија, има друга тема за тоа. Тука да си се фалиме за успеси и да си се жалиме за неуспеси. (Денес веќе изедов 2 ѓеврека, па сега не ми се пишува што сум јадела. Забушант ).
хахах ти затоа приговараш . јас бев дисциплинирана синоќа иако ме најде дури 1 час по полноќ кога легнав. Мислам ова мора да го потенцирам пошто инспирација за грев у јадење најчесто имам у овие саати.
Лец толк абаут д' синс ви мејд Вчера беше спанаќ. И фино почна. Дури ни кисело млеко не ставив. И после некаде приквечер и колбавче бидна. И кога веќе и колбавче бидна, оти да се гледа ТВ без пуканки, а? Не е можда моментот баш најпогоден за диета Ќе видиме од следен понеделник.
Кај мене беше полошо, не знам ни дали да пишувам. И на вагата одма се рефлектира. А уште викендот не почнал.
Јас сум 6 ден на УН диета. Прв циклус завршен со -2 кг. Но вежбам 3 пати неделно аеробик и пешачам доста. Вчера и добив и пак бев -2. Инаку, нека стои овде, стартував со 78 кг. Срамота, срамота. Како успев да дојдам до овој степен само. Диетава имам за цел да ја држам 3 месеци. Претходно се откажував на овошниот, ама сега е поинаку имам желба да ја држам. Единствено правам отстапки во појадокот, не јадам две исти овошки туку мешам.
вчера сум поминала со 2кафиња и две шопски салати вака арно терам не сум ни гладна денеска таратора планирам
Не се растресуваш само со салата за цел ден? Мене пример може да ми се растресе снагата, рацете, и да омлитавам. Мада, на несакајќи ми се има дешавано да сум на салата и овошје цел ден, тоа случајно.Ама нели кога си решил дека си на диета ...друго е Вчера културно. Појадок мусли овесни со ленено семе и сончоглед, банана. Две кафиња.(кафето го пијам без шеќер). Ручек полнети пиперки, без леб, со прилог место салата парче млад кромид и 1 краставица. Вечера ништо но бев на гости па јадев пуканки од се друго на масата . УТРЕ МЕРЕЊЕ Денес за сега мусли со јогурт и семиња, и 300гр. чаша вода со лимон и ѓумбир. До вечер- видеќемо.
Ако сум турбо со обврски цел ден не се стресувам ама ако сум дом ацел ден само мислам колку ми се јаде хахаха -2 кг на вага цело врее сум тука па тука за симнување 5 и -2 +2 и пак истите 5ги вртам цело време хахаха
Јас цело време мислам на храна, без разлика дали сум на диета или не. Само кога сум со обврски во движење заборавам да јадам.
После вчерашното прејадување, денес е подобро. Нормално, грижа на совест чуда прави. Мусли, салата и пола пица за денес. Макјато и две еспреса. Ау и две чајни колачиња .
До сега сум со една краставица и едно кисело млеко ми се јаде ми се лае ама,,,,,, имам обврски и сигурно дека до кај 9нема да јадам а тогаш планирам скара некое ребро и салата
Гледам убаво друштво се збрало па да се пријавам и јас. 9 ти ден на УН. Не ја држам ептрн строго ,знам да направам мали отстапки,ама да имам некоја прегледност и самодисциплина . И јас како Алиса имам некои 5-6 кг плус за симнување а успевам само -2 па пак +2 и така до недоглед. Дрчна сум и стално само на јдење мислам ,ама се обидувам да се контролирам инаку можам до 100 да заминам... Денес две киви,рака бадеми,чинија крем супа,пилешки желудци(по грешка купени намесио џигери),парче црн леб. И 3 кафиња со шеќер(грешка ама инаку не можам да издржам на работа до ручек само со 2 овошки) Туку кога сум на диета сум многу нервозна и раздразлива...
Втор ден денес добро се држам. Насабајле овошје и рака лешници, ручек салата и плескавица, вечера шопска салата. И многу вода, се осеќам лесно и се надевам ќе одам во -
Оф, не го оставате човека раат да е до понеделник... со оваа енергија и одлучност ваша Ајде, да не изводам и јас. Да си се вратам у нормала. Ќе го рачунам ко прв ден. Ден за овошки, јатки, течности, кисело млеко или такво нешто.