Еми, добро е за сега денот. За сега ... марула, краставица и ротквица. + едно макијато. Ќе се продолжи у таква некоја лајт верзија. Не можам да се ограничувам само овошје, само зеленчук и така да го терам денот. Ќе гледам калориски само да ми е лајт.
Јас денес скроб.Најбезвезе ми е. Доручек е кафе и јаболко.Ручек компири пржени(немам ни време а ни желба за друг начин на подготовка)и салата.Сега кафе,а вечер само салата планирам.
Е вчера малку се грешив од вечерта... На ручек си ручав леќа, ама за вечера.... Изедов парче милиброд.. (итоапојачаносомаренда ) Денес Мојте мусли за доручек, кои следната недела веќе ќе ги мразам 1 банана 2 турски кафиња Малку семки од тиква за грицкање Ручек пире и месо и пиперки залукчени... Тоа до сега За вечер планирам таратор или некоја салата али видеќемо. П. С. Се мерев. КГ исто, во задник - 2см. Друго све исто.
Вчера, супер мина денот. И вечерта заврши со марула (без масло и оцет) малку сиренje,краставичка (свиткано ко палачинка) и шака пуканки. Ем и доста пеш..тамам. Денес исто ке е лаjт оброци
Јас малку почнав да забушавам Морам да се стегнам,немам енергија воопшто ради психички замор си дозволувам прекршоци. Со исхрана сум океј,јадам балансирано,повеќе протеински и воглавно здраво. Мотив малку?
Вчера јајца пржени со кубаси +шопска Денес таратор до вечер уште една салата може мерење вторник сабајле таман недела да направам
на каква и да идеш диета или режим знајс дека кога ке поче да се топе салото се ствараат отрови и токсини кои се изфрлаат од телото преку потење ,преку мочката а се лачат и преку млекото Препорачано слабеење на доилка да не биде повеке од 2 кг месецно
Јас додека сум доела со нормална исхрана сум слабееле односно лесно си ја враќав претходната тежина. Ама одкако прекинува доење веднаш се поправав. Јас денес сум на овошjе и салата; 1 цитрон,па 1 банана 1 јаболко ,малку јатки од ореви,салата марула и до вечер незнам #мисејадемисеплаче#
Ме задума тро.. јас по 1кг слабеам со нормална исхрана месечно.. Ќе размислам дали ќе почнам уште од сега со слабеење не ќе ми јади детето отрови...
Постојано си велам ај од утре на диета. Лето иде а јас абер си немам. Сношти приметив како ММ ме мери некако со раката околу слабината. Денес му велам дали е така? Признај. Вели не, не те мерев. А што правеше велам: Можеби си ги топлеше рацете. Вели да се топлев .ОФФФФФ. Морам да почнам од некаде. XL носам и немаше број на тренјерки за по дома зедов ХХL. Денес почнав со јаболки и да видиме сега...... Ако ослабам многу што ќе им прам на трењерките ќе ми останат нови. Ај со лесно на сите
@Snow white јас ја имам држено УН додека доев. Се додека јадеш повеќе овошје и зеленчук, исфрлиш благо и не се прегладнуваш - немаш гајле. И многу полесно се слабее додека доиш, штета би било да не се искористи периодот .
Изфрли благо и тестенини понекогаш апни си благичко малце да не се тресеш јади си јајца месо чорби од грашок грав лека ориз гледај на мешаш месо со компир или ориз со месо такви комбинации и повеке салати и овошје и немаш потреба од диета и вака ке симнуваш 1-2 кг месечно
Ќе видам ама наместо зелен чај шо да пијам оти зелен чај лактација намалува како шо знам а во ун диетата има зелен чај