И јас се приклучувам на клубот!!! Што е доста, доста е време е да се слабее. Една недела веќе намалувам со јадење и вежбам кардио, ама од утре планирам по строго да се зафатам со слабеење. Што мислите побрзо ќе ослабам со ун(пред 2-3год. успешно ја завршив цела со одлични резултати, но кг за жал ги вратив) или со мој режим без леб, благо, грицки, газирани сокови, алкохол, со повеќе овошје, зеленчук и овесни снегулки ? Со ун ќе имам повеќе дисциплина, повеќе би се држела до режимот, но при излегувања не може ни кафе (кое го пијам без шеќер), салата да јадам. Совет од поискусните!?
Здраво женски. Има ли некоја заинтересирана да купиме диета заедно + тренинг план од кој има мн.резултати, но мене ми е малку скап да си го дозволам сама. Пишете ми во порака.
Денес ништо од диетата,вечерва бев на гости и каснав повеќе од потребното. Ај од утре пак со нови сили,,,
Здраво девојки, како ви оди? Јас ја прекинав детоксикацијата уште во саботата, дека истовремено и вежбам па ми требаат протеини за повеќе енергија, а и во пмс и се убедив некако, после се покаав дека добро ми тргна да издржев уште две недели, но тоа е што е. Инаку и вака добро ми оди, благо не сум каснла ништо, внесов и месо за ручек и сиренце во салата, и по едно кафе турско. Плус си враќам полека кондиција и вежбам и наутро по малку на гладно и стандард вежбањето попладне и убаво се чувствувам, полесно. Мени: Вчера: појадок цеден лимон, и јаболко и портокал како салата, ручек пилешки копанчиња со шопска, едно турско кафе, вечера салата цвекло и морков незачинети. Денес: појадок цеден лимон, смути од малини, банана, лешници и чиа семе, ручек гравче и краставичка, едно турско кафе, вечера патлиџан со рендано сирење.
Оние програми за слабеење речиси се сите исти. Плус стимуалција. Најпроста верзија ви е УН диета. И најефтина. Во комбинација со вежбање, резултати ќе има. Ако можете да се контролирате и да имате сопствен режим, уште подобро.
Да ама програмите треба да се индивидуали, засебни за секого, по ККС, општа здравствена состојба, историјат на болести, крвна група, алергии и слично. од мене имаше кратка цензура, од причини шо би рекла Ариел декадентен викенд Вчера добро поминав- задоволна. Ѓеврек и јогурт, банана, 2 кафиња, и печен ориз со златна мешавина и шопска салата. Тоа за цел ден. Не дека не ми се науми да смачкам некое благо среде ноќ, али храбро одолеав на моите искушенија . Денес за сега бејк ролс, и семки печени, за ручек компир манџа ми е предвидено а до вечер ќе видиме. продолжуваме полека полека. килограмите ми се ко во песната Кило горе- кило доле Продолжете со дисциплината Само напред женски
Јас се одлучив за мој режим! Денот го започнав со кајгана (за енергија) и свежа краставица. Добив денес па вежбањето отпадна, но 3 часа чистев по дома и ќе си го рачунам тоа како некаква полесна активност Ручав ориз со многу салата. За ужинка имав сладолед За вечера планирам салата или пуканки дека има фудбал. Цел ден пијам вода со лимон, многу ме освежува и заситува. Од утре построго, без грешки. Идеја да дадам, за сладолед домашен. Овошје и вода. Во блендер овошјето (јас имам домашни замрзнати капини) да се изблендира, додадете малку вода и во длабоко да замрзне. Ниско калоричен сладолед кој многу освежува.
Un dieta i da treniras ke padnis vo nesves. Ne samo so nema dovolno makronutrienti,mozi i da se oslabi krvta i posle makite se golemi.
требаше да се мерам вчера ама заборавив и ај денес 9ти дн денес -2,5 кг за оваа недела едно тенко парче торта апнав коа бев на роденден претежно сум на зеленчук протеини и салати
Денес: мусли, салата со брускети, четвртина пастрмајлија, парче пита и топка сладолед. Питата и сладоледот се вишок. Вечер ако се оди во кафана, ова нема да е конечен список. На работа ок се држам, ама дома...
И јас ви се приклучувам. Денес 4ти ден како ја држам 8 часовната диета во комбинација со орбитрек вежбање. Супер е што речиси се можеш да јадеш. Јас лебот го заменив со црн леб и двопек, а благо сведов на минимум. Поентата на диетата е да не се јаде доцна. Не сакам строги диети затоа што се уште дојам, а ова супер ми се виде. Се надевам дека хормоните од доењето нема да ми ги намалат резултатите. 10 кг имам за симнување за да се вратам ви состојба пред бременост.
Да се приклучам и јас Си ветив дека од утре ќе почнам редовно со вежбање се надевам мотивацијата ќе ме додржи и нема да спласне. Не сум баш на диета, туку ова ми е начин на исхрана кој што планирам и понатака да го терам, ама некогаш знам да направам отстапки, па јадам јаглехидрати и навечер. За доручек обично вода со лимета или лимон, што се најде тоа, овошје (периодов диња најчесто). За ручек денес од прилика 2 компири варени и подпржени во соја сос, малце кечап (не ми требаше ова), сусам и зачини, плус салата од два големи домати и една бабура, само сол, без масло. Ужинка 2 банани изблендирани со какао, малку сол, малку шеќер од шеќерна трска (ниско процесиран), и лажица домашен путер од кикирики. Едвај пола изедов, блендирани банани не правам веќе, ми влијаат лошо на желудникот. За вечера пола мала диња, па после направив мини пица: тесто со малку масло и сол, подпечено на тава, а одозгоре премачкано со кечап, еден домат, една пиперка и млад кромид. Ова не ми требаше ич, ама ај. Ќе се мерам утре да видам дали сум ослабнала или само во обем ми се познава. Морам да вежбам, морам..
Од вчера се вратив. Вчера цел ден салата марула, краставица и чорбата од компир манџата без компирот. )) Денес го јадев компирот плус какао и две-три кафиња.
Jaс денес тешко некако ама издржав .претежно на овошје и малку зеленчук. Вишок ми беа кикиритките ама морав...