Јас мислам дека добра идеја е цела тема за тае бо.Пред некоја година го вежбав,рака на срце...е тоа е изморување и стегнување,не знам зошто не ми текнало пак на него.Ама обезбедете си поголем простор и тоа од сите страни. Алиса,отвори нова тема,да не се меша со зумбата. Мене дечки...ми досади зумбата. Прееска се фатив како гледам уште колку минути имам...а тоа е секогаш така кога ќе видам дека веќе го можам без да се припотресувам.Петти ден експериментирав 40 плус 20 плус 15 и не ме стресе ко првите два дена,а и чекорите ги научив... Пилатес ќе си продолжам деновиве,некако подобро ми е за зацврстување,па после пак ќе продолжам со зумбата. Инаку и јас сум ко Џули...гз имам голем,со екстра гради и имам чудна градба на телото.Песочен часовник,ама не баш песочен часовник...и се што е екстра,не се складира рамномерно,туку...така си излегува.И сега купувам фармерки според задникот,ми се широки во половината,исто и во нозете,во задникот тамам,ќе купам потесни,едвај ќе влезам за да ми бидат тамам во нозете,ме цвикаат кај спојлерите,ма без везе...и заклучив,идеална тежина да се чувствувам супер ми е помеѓу 48 и 52. И друго...целулитот не слабее...и не тежи многу...само смета и прави слој и ми оди да излезам од кожа!!!Обемот и тежината немаат врска едно со друго,наравоучение по 100 пат!
Ах да, да не заборавам една битна работа ме потсети Лилит! Јас ослабев успешно 10 килограми НО не се забележува толку. Во обем сум помалку падната иако имам доста изгубено во тежина да речеме. Колковите наааааа како и рацете и задникот. Сало колку сакаш на распродажба... И да, уште една битна работа! од трето одделение почнав да се дебелеам со навечер полните сендвичи преполни кашкавал и сочна вешалица во селско лебче, како и пиците во Плава Лагуна (Фрути ди маре, ди маме), незнам ти се какви...и десерт палачинки П.С. Простете диеталки - морав! Ајде ајде...нека јаде детето слабичко е велеше баба ми И моите удрииииииииии ме наполнија како селско буре со сарма. Откако сменив личен опис што се вели, тогаш сфатија дека направиле огромна грешка и денес оправдувањето им е дека јас сум била иницијатор и виновната за мојот нагло зголемен апетит, а какво си бев срцлесто со тоа кратко косиче како мајмун до 4 години. Коските ми се броеа на прсти Ах да ми е сега тоа време. Уффф би ја оставила сета храна на светот само да неморам да се мачам вака денес. Ама тоа е тоа, да се издржи сепак мора
Инаку и јас сум ко Џули...гз имам голем,со екстра гради и имам чудна градба на телото.Песочен часовник,ама не баш песочен часовник...и се што е екстра,не се складира рамномерно,туку...така си излегува.И сега купувам фармерки според задникот,ми се широки во половината,исто и во нозете,во задникот тамам,ќе купам потесни,едвај ќе влезам за да ми бидат тамам во нозете,ме цвикаат кај спојлерите,ма без везе...и заклучив,идеална тежина да се чувствувам супер ми е помеѓу 48 и 52. И друго...целулитот не слабее...и не тежи многу...само смета и прави слој и ми оди да излезам од кожа!!!Обемот и тежината немаат врска едно со друго,наравоучение по 100 пат! [/quote] Баш таква сум, со голем газ и големи гради, а рацете како оние на гладните од Африка. Фармерки веќе несакам ни да носам. Цел месец барам пред да си купам. Ако ми се во газот точни во половина широко и обратно. За целулит не сакам ни да зборам, ама еве и он со тек на време се намалува. Некогаш сум премногу очајна, цело време внимавам што јадам, ама газот и нозете само некој сантим се смалиле. И за жал јас не смеам да сум физички активна, имам пишувано за тоа, па затоа слабеењето во тој дел ми е речиси и невозможен. Ех кога би се вратило времето кога имав 52 кг, а не јас јадев како некоја свиња. Милки, пици, кока кола, палачинки, хамбургер секој ден од 7.... Епа сега ќе кукам
Eве ме мене-ме немаше на темава,се мерев завчера,и од крајот на мај се до сега имам изгубено 5 кг,првите 2 кг беа од пазење што јадам,а другиве 3-од диетата на жан митрев,е сега си мислев да ја продолжам диетава,но јас како што сум стрвна се плашам дека нема да издржам и ке си ги вратам килограмиве и сега се решив да внимавам која количина ке јадам и секако нема да си дозволувам се-секој ден,ме замолија завчера лазања да им направам-маженцава дома,и зедов многу мало парче,и срекна сум што јадев многу малку,супи,салати,мусли,а порано секој ден си дозволував се Jас имам 10-15 вишок килограми,170 висока сум,и многу ке сум срекна да сум на 70кг Aјде се надевам лека-полека ке се симнуваат,сега се пазам што јадам и секако во мали количини
Добро е, значи можам да кркам домати без грижа на совест. Имам елиптична справа од биди фит - и ме мрзи да се качам. Помагајте... Ги побарав торентите со зумба и си велам дека ќе почнам да комбинирам зумба и возење...
Денес одам на вечера во кинескиот. Ќе се наградам со слатко-кисело свинско или пилешко. Затоа до вечер сум на 1 банана за појадок и супа и салата за ручек. А утре прогласувам воден ден, чисто за баланс Башка изодев уште еден км екстра денеска, биднаа 5 раВно, и ќе почнам малку тае бо. Најдов видео на јутјуб, по препорака на Алиса, со Били Б.
Еве диеталки и јас да поднесам краток извештај:од сабајле возев ролерки пола саат и пешачев брзо 1 саат.А сега ќе седнам малце на статичниот точак.На храната не и посветувам многу внимание-не јадам многу, од сабајле само неколку парчиња двопек и сега ќе јадам јаготки
Jaс денес ќе изедам една мала пица После нормално, ќе имам чувство на вина, па ќе вежбам, ќе возам точак Ама па, и јас сум гревче
аа што е финтата со мене...некој ми викаат леле премногу си ослабена, некој не не супер си, некој паа си се здебелила малку и на крај јас не знам што да мислам.... висока 170цм и иам 47кг...и уште не задоволна од себе..може некој да ми ја каже фората ? не знам што се дешава со мене, а за јадење јадам прилично и не намеравам да се откажам од тоа
Немој да се лутиш, ама претеруваш, а и тие околу тебе.Јас имам 170цм и 67кг и пак не мислам дека сум дебела Опушти се, сигурна сум дека изгледаш супер...
^ Висока си 170 и имаш 47 кг?! И се мислиш дали да слабееш ?! Можам да замислам кој костур си. Јас сум висока 170 и има(в)м 63 кила, а сакам да стигнам до 55... дури и се мислам дали да одам до толку, да не изгледам премногу слабо. Не се занесувај, гледај да се здебелиш а не да слабееш
се тролаш така? Kаква врска има менструаццијата со слабеењето! леле девојко, извини вака ама 8 години да не имаш? Hекако не делуваш на 16 годишна!~ или се тролаш овдека со прашањава, или не знам што да ти кажам
ako ne znaese golema vrska ima menustracijata so slabeenjeto.zatoa sto pri mesecen ciklus se zadrzuva vodata vo organiznot i vtora rab togas metaboliznot e pobaven i moze da ne se slabee,i sto ima loso prasav dali nekoj drzel dieta vo toj period i imal rezultati
Дечки да ве прашам - дали и колку правите пауза со вежбањето? Дефинитивно не можам да издржам со ова темпо секој ден.
Јас деновиве не знам точно што и како јадев. Знам една вечер криза ме фати па изедов 2 кифлички мама што ги правела и вечерта желудникот ќе ме умреше од болка. Вчера јадев лазањи, а денес ништо не сум јадена освен еден чај. Не вежбав деновиве, освен нормална физичка активност. Сеуште немам добиено. И сум пред разболување па се осеќам како трактор да ме прегазил. Утре немам никаков посебен план, денес ако можам вода ќе пијам до после. За утре, отом потом. Трендафилке јас вежбам претежно преку еден ден.
Абе Тренди има и други теми за вежбање, ќе ја оптеретите темава и со вежби тука . Ја да ви дадам поддршка и да ви речам ЈУ КЕН ДУ ИТ . Помислете на бикини и плажи, згодни момци и девојки и акција. И не се подсмевам иако сакам уште пет кила да симнам БЕЗ диета, 163 сум, имам 52, ама без диети , гледам ми се појавил целутит или си го имало ама не ми се познавал, па морам да кажам иако не сум на диета, темава и те како ми влева храброст и мотивација кога гледам како сите упорно на ваков или онаков начин се грижиме за себе, само некако да ја отворевме темава пред два месеци рано ни текна а И се согласувам во потполност со Лудото дека и + пет да имаш ако не се чувствуваш убаво значи треба да превземиш нешто, немојте да ги бркате од темава тие со 5 па и со плус 3 , штом пишуваат им треба поддршка и нив очигледно, ако сакаш да ослабеш и плус 10 и плус 15 да се, додека дојдеш до тие пет малку се гледаат, ама ужасно сметаат и тие . Двено пијам минимум пола литар вода, ова се освестив со водава после согледувањето на целулитко што има да го нема!
Трендафилке не мора да вежбаш секој ден. Пример вежбај четири дена од неделата, а во останатите три прави само основни вежби за растегнување колку да не те болат мускулите и да одржиш ритам. Раздвижувај го барем половина час цело тело од горе спрема долу, како на час по физичко во тие денови. И Лукс, вежбањето и тоа како спаѓа во режимот за слабеење, впрочем за тоа е темава, не е само за диети.