Планот за јадење мене ми е утрово млеко со какао и турско кафе. По некој сат две и пол лајци овес, јогурт, вишни, третина банана и три малинки.Неколку вишни со павлака ужина. Ручекот малку ориз печен со телешко и салата со домат кромид и ептен малку масло за замешвање. Вечерата е планирана со зеленчукова супа и салата со краставица. Измеѓу е можно уште едно кафе, плус вода секако.
Лелееееее, имало тука екипа за слабеење. Иначе, се поправив цели 14 кила за 3 месеци. Од 40ка на.... на не носам веќе фармерки дојдов. Ај еве да окривиме болест за 10тина, другиве 4 знам дека се од јадење и недоволна физичка активност. Прво ослабев 9 наеднаш (пост-операт.), ама вратив 2 кога пројадов нормална храна со сол. Значи, ослабев 7, уште 8 имам сега. Нели е срамота да не можеш 8 кила да ослабеш? Еве и 5 нека се ко за почеток. Не знам што уште треба да ми направат за да ми дојде паметот со хранава. И не држам веќе диета, џабе. Само во магичен круг се вртам. Поштувам појадок од хроно, нејадење шеќер, нејадење бело брашно, бел леб, тестенини, неконзумирање млечни производи освен урда, кисело млеко и чат-пат млеко во кафе и све е супер... само сладоледов ми е проблем. Друга работа, дефинитивно треба да си намалам на порциите со јадење и да ставам акцент повеќе на тоа оброците да ми бидат со зеленчук. (plant-based diet со по некој протеин) Се согласувам со @theowndemon на тоа дека апликацијава е бааги корисна, ќе седнам некој ден да ја прокопам, таман имам кујнска вага. Гледам во светов актуелно е броење macros и слично, па уште тоа немам пробано. Само секакви замени имаат за све и свашта, овде ќе биде проблем да се најдат тие замени. А да... кога вежбав, еден сладолед на два-три дена не беше проблем. Ама сега кога не вежбам, проблем е. Надежно неделава ќе се вратам и на вежбање.
Да,над 80% треба да е.. Какви десерти има на пинтерест ги наоѓам,боли глава,со путер од кикирики,чизкејк-ови,ама уште не сум направила.Вчера го купив чоколадото инаку,после 3 недели,сакав да се одвикнам од шеќер скроз.Додуша ова кисело е ама ај,железо не е на одмет. Има доста дозволени фини работи,бадемово брашно,путер од бадеми,и останати брашна од јатки,чиста какао маса,само што се тродупло поскапи од конвенционална храна. И да,протеинската исхрана воопшто,е скапа,кој што сака нека рече.Се јаде помалце количински ама сепак мораш да го купиш..
Да протеинска изхрана кошта парички супер штом може чоколадце терај понатаму мери кг и обем обавезно од време на време резултати мора да има
13ти. Не се разбудив поубава, ама па, не е изговор да се прекине режимов ))))))))) мислев додуше ке се разбудам со желба за вежби али ни тоа не се деси, jбг. ке победиме! )
нов ден денес на менито за ручек ке има печурки со салата а за вечера само салата за ново мерење до понеделник ке почекаме не верувам дека оваа недела ке симнам бидејки сум со циклус а баш тогаш не симнувам и со -1 би била задоволна
Мене на орбитрек успеа да ми забега ногата уште ме боли, ама пак си продолжив со утрински и домашни вежби, некако мотивирана сум. Сега дур си ужинкам ме наболва зглобот и тој делот над ногата, не ме бива за објаснување ама морав да намалам една серија за скокање зошто не можам да застанам на прсти. Толку во ужинка не сум уживала од кога јадев оризова галета со лајче путер од кикири и овошје од горе, ама дестина вишни и дестина кикири е добитна комбинација. Само да се туширам и утнав внесувањето на кикиритките, згрешив од кое паковање внесив со кое го јадам. Ги внесив како солени, а јадев од несолените. Ама тоа приказна за после туш, уз кафе. @ALISA0000 какви печурки? Многу стрвам за печурки веќе три дена ми се во глава, и чекам на татко ми. Кај шо оди секој ден со другари, од спротива продаваат во продавницата убај свежи печурки и само од нив сакам. Секој ден ми вика дека сигурно ќе ми земи па си чекам ете ахахах ... Најмногу ги сакам со малку бел, варен ориз и пропржени свежи печурки од горе, со печен зеленчук од страна. За ручек денес планирам да се частам тост искрено. Ама се останато ми е здраво. Леле утринскиот овесен појадок со праска.... !! Највкусен ми е со праска. Од зеленчуковата супа си тргнав настрана за вечера, совршена е.
Ден седми! Доручек манго, ручек омлет од наут, зеленчук и семки, плус салата.. за ужинка се мислам бомбици од урми и печени кикирики да направам, ептен се вкусни. Вагата покажува 70че, дефинитивно потешко е да се спуштат надолу. Не очекувам брзи резултати, па затоа долго ќе се дружиме на темава. За вечера ќе биде салата од зелка и краставици, може и хумус да додадам ако бидам многу гладна.
Јас земам свежи печурки малку ги обарувам цедам и после ги пропржувам и јадам со обилна салата Имаш симнато нешто или со толку почна
Почнав со речиси 77 пред пола година, а пред недела дена почнав и со вежбање. Пред да почнам со вежбање не се мерев, ама предпоставувам дека бев околу 71, не повеќе од тоа.
ке биде само немојте да се откажувате ете тука сме за подршка совети екипата ни е голема така да нема зимо за нас јас со милион трчканици и обврски денес успеав да ручам ама не и да вечерам да не се подречам вагата паѓа како луда дури ми е страв да се радувам да не застане
8ми! (Копирајт @zhap4e ) Немав овошје утрово, освен недозреани кајсии, па доручекот ми беше супа со зеленчук, мала порција бидејќи доцна станувам и вежбам некаде два-три часа после доручекот, па затоа јадам нешто што брзо ќе се свари. Ужинка, неколку помеки кајсии (брзо зреаат на топлово ), па вежбање кардио и вежби за стомакот и нозете. Ручек макарони со семиња и салата, а за вечера ќе биде нешто полесно, најверојатно салата само со семиња. Стомакот ми е многу порамен, не ми се верува дури дека после една недела вежбање ми стана ваков, ама па метрото покажува 75 цм во струк, така да може само ми се чини ама како и да е, ептен се чувствувам енергично и мотивирано. Вежбањето е дифинитивно лек за мозокот, не само за телото.
Браво @SV1911 По колку време вежбаш? Јас 4 дена одам двократно на работа и ми е ич немам време,среќа што се движам многу,и на работа сум на нога и активна. Се мислам да си нарачам еден статичен точак,место имам секако,ако не заврши ко закачалка Утрово се мерев,-3.200 до сега,арно е за 3 недели,се чудам и како кога кето-во ми е саде деликатеси... Од Петок сум на одмор,да најавам дека ке згрешам душа со нешто забрането.Грев е и да не пробам локална храна,тоа ми е must на секое патување. Ама нема да забегувам,ке се држам до салатки,ветувам
Фала Дуника! Вежбам од 25 мин па до кај 50 максимум, зависи.. ако е со тегови, можам долго да издржам, ама ако е кардио тогаш и 25 мин ми е успех Точак за вежбање немам зошто знам дека само ќе ми фаќа прашина јас сум повеќе за да возам на природа, отколку дома Ајде, купи си пар тегчиња, еден душек за вежбање и ќе се најдат по 15тина минути на тоа..
14 ден и уште не се разубавев малку ориз и многу домати и две шолји какао до сега. Пошто сите пишувате што јадете, ај и јас.
А бе јас се осеќам разубавена, ваму комшики комплименти делат, и се измерив сега у см и кг, ама не ми се верува баш... На арно оди, ама се си мислам да не нешѕо вагата е расипана а и сантиметрото??? Или кујзнае како ли сум се мерела? Утре преку ден, на денско видело, да видам поубо... Па ќе раскажам
Утре сабајле чекаме информации да знаеш Денес го поминав денот со 1банан 4 кајсии и рака цреши 2јајца и 2домати и парче сирење толку
Многу ептен многу ми беше бурен изминатиов период. Стагнација имав, или си мислам дека е од динамиката шо ја имав не доволното време за нешто сагламско за јадење. Освен ручек ко ручек, кој ми беше ок, за салати, смути, па јогурт со мусли и семиња немав време. Нажалост. Но, Можда и малку стрес периодов, а и враќање кон добрите навики за исхрана и оп .. Придонесоа.... Туку ај да не се филмам, ќе видам утре па ќе раскажам