(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.308
    Допаѓања:
    259.446
    @ALISA0000 баш така планирам, да заменувам појадок и вечера, а ручек месо и салата или некоја манџа со салата.
    @Rubiii се тоа фино, ама јас ете така многу грешки правам и затоа сакам со шејкот сега да пробам.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Драга Џули, не се тоа грешки, тоа е слабост и недоволно цврст карактер за да одолееш на нешто.
    Сепак не ти се мешам, ти си знаеш најдобро како треба.
    Со лесно нека ти е!!!
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.539
    е тогаш спремај си 2кутии од хл
    со срека па кажи искуство
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    18, беjби! ]:) денес потенки ке сме со мезенjeто оти, вчера и завчера кеjф си направивме, мал, мал сепак. Мини ке станеме само ако кеифот остане мини :))) супа и салата. Толку. ]:) ке победимеее! :D
     
    На dunika, Bozica1980, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.539
    Жабо беее недела е спиј таму шо толку рано си станала
    ден незнам кој хахах
    појадок лимон цеден+чаша вода+банана
    ручек варена киноа со печурки +кисело млако хмхм со убавко ем најаден ем слабееш
    утре е ден за мерење
     
    На SV1911, Bozica1980, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Јас се навикнав со предпојадок, а ради жешково пешачам многу, гладна сум, а не можам да јадам. Па утрово предпојадок една рака овошје: дестина вишни, пет јаготки, една кајсија. Па излегов и шетав и дури после тоа појадок од три кајсии, банана, овес и семиња, без течности. Сега во план имам ужинка од пола краставица со малку сол, па ручек од една полнета пиперка. И после тоа ужинка со кикири. Уште вечерата никако да склопам што. Денес идеа на мајка беше полнети пиперки да прај, а јас за вечера планирав полнети пиперки со сирење и јајце. Па сега се думам за вечера.
     
    На SV1911, zhap4e и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  7. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.115
    Одамна се немав мерено, па сега после неколку месеци гледам дека сум качила 3 кила (од тоа што имав и тоа што сакам да имам). Па, за да не продолжам да качувам се' повеќе, време е да повнимавам идниот период што јадам.
    Тоа е многу важно, да се превземе контролата токму тогаш кога се забележува промена. Има луѓе кои со свои 80 кг посакуваат да имаат 60 кг, постојано се жалат дека имаат вишок килограми и се туфкаат да ослабат. Но, наместо да ослабат, напротив се здебелуваат и стигаат до на пример 100 килограми и тогаш веќе од очајност се решаваат конечно да ги намалат килограмите. И после подолг период со многу труд и упорност, стигаат до 80 кг, а да започнале на тие 80 килограми да слабеат, би стигнале до посакуваните 60. Поентата ми е, не чекајте до екстремен крај да започнете со слабеење, туку започнете веднаш.

    Anyway, мислејќи што да јадам во периодот кој следи, си направив еден мини план за недела дена кој изгледа вака:

    Ден 1 1.png Ден 1 2.png
    1.
    Појадок: 2 варени јајца, 2 оризови галети, 2 домати, 10 маслинки
    Ужинка 1: 1 јаболко, 10 лешници
    Ручек: 200 гр млад компир варен, 200 гр морков варен, една третина шолја варена хељда; салата од 1 шолја рендана зелка, 1 средна краставица и 1 голема лажица балсамико.
    Ужинка 2: 1 банана
    Вечера: салата од марула, 1 краставица, половина шолја пченка, 1 шолја урда
    Ужинка 3: измешани 2 големи лажици light ќефир, 1 мала лажичка чиа семе и исечкани 5 јагоди

    Ден 2 1.png Ден 2 2.png
    2.
    Појадок: варен пола шолја овес, откако оладен додадена исечкана 1 банана и 1 рамна мала лажица путер од кикирики
    Ужинка 1: 2 оризови галети, намачкани со по 1 мала лажичка урда и исечкана краставица
    Ручек: на 1 голема лажица маслиново масло, испечени 150 гр. пилешко месо и 1 средна тиквица; салата од марула, 2 ротквици, 2 големи лажици балсамико
    Ужинка 2: 2 големи лажици light ќефир помешани со 1 мала лажица чиа семе и исечкани 5 цреши
    Вечера: 2 варени јајца; салата од рукола, 1 домат, 10 маслинки, 10 печурки
    Ужинка 3: 10 јагоди

    Ден 3 1.png Ден 3 2.png
    3.
    Појадок: 1 интегрална тортиља, во неа марула, 1 исечкана ротквица, 50 гр. фета сирење и исечкано 1 варено јајце
    Ужинка 1: 3 свежи моркови, 1 краставица
    Ручек: 200 гр варен ориз, 200 гр варена брокула, 200 гр варен морков; салата од 1 шолја рендана зелка, 1 краставица, 1 голема лажица балсамико
    Ужинка 2: Банана со 2 рамни лажици путер од кикирики
    Вечера: салата со 125 гр моцарела, босилек (или рукола или марула), 2 домати
    Ужинка 3: 2 оризови галети премачкани со по 1 лажица light ќефир и исецкани 5 јагоди

    Ден 4 1.png Ден 4 2.png
    4
    Појадок: пола шолја сварен овес, 1 мала лажица мед, пола лажичка какао
    Ужинка 1: 2 овесни галети премачкани со 2 лажици light ќефир и исечкана краставица
    Ручек: испечени 200 гр пилешко месо, пола шолја црвен грав; салата од марула, 1 краставица, 2 ротквици
    Ужинка 2: 1 јаболко со 2 рамни мали лажички путер од кикирики
    Вечера: салата од 1 шолја урда, 10 искршени бадеми, 1 краставица; 2 оризови галети
    Ужинка 3: банана

    Ден 5 1.png Ден 5 2.png
    Појадок: 1 шолја варена киноа, откако оладена помешана со исечкан 1 домат и 10 маслинки; 1 варено јајце
    Ужинка 1: 1 шолја јагоди, 10 лешници
    Ручек: печени 200 гр млад компир, 1 тиквица, 20 печурки, 3 стандардни моркови; салата од 1 шолја рендана зелка и 1 краставица
    Ужинка 2: 2 оризови галети премачкани со по 1 лажица light ќефир и исецкани 5 јагоди
    Вечера: салата со марула, 1 домат, 1 шолја пченка, 85 гр туна
    Ужинка 3: 1 шолја цреши
     
    Последна измена: 3 јуни 2018
    На dunika, theowndemon, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.115
    Ден 6 1.png Ден 6 2.png
    6.
    Појадок: на 1 мала лажица маслиново масло кајгана од 3 јајца и 200 гр исечкана варена брокула; 180 течен light ќефир за пиење
    Ужинка 1: 1 банана, 10 бадеми
    Ручек: 150 гр варен грашок, 200 гр свинско; салата од марула и 1 краставица
    Ужинка 2: јаболко со 1 мала рамна лажичка путер од кикирики
    Вечера: 70 гр моцарела, 2 домати, 2 оризови галети
    Ужинка 3: шолја јагоди

    Ден 7 1.png Ден 7 2.png
    7.
    Појадок: мешаш пола шолја овес, 2 живи јајца и 1 изгмешена банана (по можност сето тоа во блендер) и со оваа состојка си правиш палачинки
    Ужинка 1: 1 краставица, 3 мали моркови
    Ручек: 200 печено пилешко месо; салата од марула, 1 краставица, 2 лажици балсамико
    Ужинка 2: банана, 10 бадеми
    Вечера: салата од марула, 1 краставица, половина шолја пченка, 1 шолја урда
    Ужинка 3: измешани 2 големи лажици light ќефир, 1 мала лажичка чиа семе и исечкани 5 јагоди

    Гледав калориите да стигаат до околу 1500 дневно, притоа внимавајќи и на внесот на протеини, масти и јх.
     
    На theowndemon, Bozica1980, ALISA0000 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    @MissChievous ми е иначе идол за здрава храна - сакам да се хранам како неа кога ќе пораснам. :D

    Патем, за мене, додека не почнам да вежбам, ништо не бива. Јадела, не јадела, не може да тераш 10 часа пред компјутер секој ден и да ослабеш. Ај здравје, ќе биде. :D

    Сите ве поддржувам, сите сме убави, најубави бре. :D
     
    На dunika, theowndemon, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.115
    Фала, се трудам. :hug::D
    Инаку, и јас како тебе поминувам сигурно 10 часа пред лаптоп, така да од тој аспект ниту сум фит, ниту е здраво, а најлошо од се', без разлика на килограмите, мевот си стои, оформен и стопчест од седење. :lol: Но, гледам барем секој втор ден да пешачам саат време, буквално излегувам од дома и се насочувам налево или надесно и почнувам да чекорам брзо, половина час во еден правец, половина назад. Колку-толку. Барем за периодов.

    И секако, no matter what:

    :D
     
    На Espadrila, dunika, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    @MissChievous не сериозно, ти жено да си размислиш да направиш Инстаграм профил и таму да сликаш оброци. Ме потсетуваш многу на луѓе како unfattening, meowmix и слично и мислам дека долготрајно, решението за симнување/одржување килажа е нешто што ти предлагаш и нешто како што ти се храниш, од се' по малку, но 80% од времето здрава исхрана.

    Фитнес пал ја користиш како апликација? Знам дека мерењето/броењето калории е потешко на почеток, после е навика а добиваш на осет колку ти е доста. А имам кујнска вага дома и фармерки што не ме копчаат, можеби треба да се потрудам малку повеќе да бројам калории. :D

    Моево е малце поспецифична ситуација и моментално не смеам да вежбам тоа што вежбав претходно, ама да не се лажеме - мев си е мев. :) Ај после ќе порипам на некое видео дома, пажљиво. :D

    А и уште ова - како спремаш оброци? Наеднаш за една недела или од ден за ден?
     
    На dunika, theowndemon, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.115
    Прееска само стигнав да прочитам, бев на излегување, па не можев одма да пишам.

    До сега само фитнес пал имам користено, друга апликација не, бидејќи со таа почнав и лесна ми е за користење и мислам дека е точна. Пред година-година ипол кога започнав да учам да бројам калории, која храна има повеќе протеини, која повеќе јх, во колку грамажа што има, итн. користев Фитнес пал за секој залак што го внесував. Дури едно време се преопседнав, па после ја избришав. Но, преку таа мини опсесија и умерен интерес во храната во тој период ми даде некакво познавање преку кое до ден денес отприлика знам што и колку внесувам и што и колку да внесувам. Еднаш кога ќе научиш и ќе ти стане навика, потоа од око ќе ти биде полесно.
    Иако можда е малку потешко броењето калории, јас те советувам да пробаш еден период редовно да го правиш, ем ќе видиш со тек на време дека и e лесно, ем ќе научиш потоа и од око да си "мериш". Ако имаш кујнска вага, уште подобро! Јас мерам преку: 1. амбалажа, на пример ќесе 400 гр грашок го делам на половина од око, ако сакам да имам оброк од 200 гр, ако треба делам и на повеќе ќесина, зависи по потреба; 2. шолја/лажици, половина шолја ориз (внесувам на Фитнес пал), 1 лажица масло итн; и 3. парче, на пример 1 средна банана, 1 средно јаболко, кое е најнепрецизен начин, но сепак кога немаш избор и тоа врши работа, поготово со поточна апликација со многу избор како што е ФП. :D
    Се' на се' моево мерење не е 100% точно, но најчесто и внесувам малку повеќе во апликацијата од тоа што го конзумирам, за секој случај.

    Сега веќе си спремам оброци од оброк за оброк, језда горе-доле ми се слични од ден за ден, зошто претежно сезонска храна јадам. Никогаш немам пробано за цела недела, се мислам дека би заборавила на оброците и би пропаднала храната. :D
     
    На theowndemon и Doozy им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Јас Понеделнички официјално влегов во 60ка. Можеби е 69,8 ама не е поќе 70ка. Само никако не можев да вежбам, ПМСов ме уби, се заморив одма, почнаа да ме стегаат и јајниците па скратив малку зошто осеќав дека телото против мене работи. Ама усреќи нахнадното намалување. :3
     
    На Doozy, Espadrila, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.955
    Допаѓања:
    12.552
    Пол:
    Машки
    Само да се чекирам. Имам изнад 100ка, идеална ми е 90ка, значи 10че вишак. Ај некад ветувам ќе почнам, од наредната недела повише ке ве дружам, немам мотивација ниту услов неделава за физичка активност, ќе пазам прехрана и шеќер бар.
     
    На Doozy, dunika, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.539
    Денес ден за мерење понеделник
    завршена втора недела со -100 гр
    дал да плачам ил да се смеам
    ама си знам коа сум у цуклус таа недела нема надоле
    ок нипто продолжуваме надоле трета недела
     
    На Doozy, SV1911, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    @ALISA0000 јас во ПМС обично се дебелам, кога имам циклус наеднаш го вадам здебеленото од ПМС. Ама бар не си во плус така теши се. :lol:
    Затоа сум и изненадена последнава недела што намалив, и тоа многу за разлика од други недели, а во ПМС сум.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.599
    Допаѓања:
    181.539
    не е страшно па наредната недела ке поднамалам и ке биде ок
    не форсирам и не брзам најбитно ми е да сум најадена
    докрај на јули има време ке симниме
     
    На SV1911 и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    20 дена борба :)))))) и се осекам ко гомце, и вчера и денес. :))) ама тоа е ради вратот што ме боли.
    Ке победиме. :))
     
    На Doozy, Ariel, Espadrila и 5 други им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.197
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Кога и да му кажам на дечко ми дека целни кила ми се 55, го фаќа паника, мала бројка била. :lol: Инаку последниов месец забележувам дека нозете ми се намалени, фустаните ми седат поинаку и вчера во тесен фустан и стомакот не ми беше апла голем. И гзо ми е подигнат. Нормално не многу, ама се гледа таа едномесечна разлика. Сепак стомакот ми останува како најголем проблем, нозете не ми се мали како што сакам ама не ги гледам поќе како проблематични иако нема шанси да престанам со вежбање. Во обем се немам мерено ама треба и за тоа да си водам евиденција. Кај можам да најдам материјал за мерење во обем?
     
    На Doozy, ALISA0000, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    4.096
    Пол:
    Женски
    Хелоу згодници! (hollest)
    Браво за резултатите. Вистинска мотивација сте. (y)
    Мене супер ми одеше до пред недела ипол, еден месец некаде се хранев поздраво, со вежбање и се забележуваа резултати. Но после малку се опуштив и никако да се вратам пак на тој режим. Се уште внимавам до некој степен, не јадам леб, но грицки и благо јадам, и 5 дена немам време за вежбање. Добив коментар дека се уште слабеам, а и сама осеќам нозете ми се ослабнати, грбот, стомакот малку. Но, мора посериозно пак.
    Мислев и јас да почнам да бројам калории, може по ефикасно ќе ми биде така.
    Која апликација е најдобра?
    :hug:
     
    На Doozy, ALISA0000, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.