Предходните денови немав доволно мотивација да пишам во темава вагата си стои на место, метрото исто не мрда, а јас се утепувам од вежбање, ептен внимавам што јадам ама на организмот изгледа му треба повеќе време да се прилагоди. Исто беше и на почетокот на годинава, речиси два месеци не спуштив ни малку и после одеднаш 4 и нешто кг во минус. Се надевам дека и ова така ќе биде. Денес ден 14ти вчера ме дрмаше малку криза додека вежбав, ептен ми беше тешко да најдам мотивација, ама изгурав некако. Приметив дека кардио вежбите ме прават посреќна отколку кревањето тегови, па затоа вежбањето со кардио го завршувам. Ќе биде, тек почнав со вежбање а сакам да изгледам супер, не бива така
Ден 21, ден убав и срекен )) и jaс вчера и завчера бев под казна. Бар пица, хамбургери да беа во прашанje, a не микс зеленчуци - грашок, пченка, морков, брокула и павлака ) вкусно и фино беше, али невкусно и нелепо ме подуja ко балон. ке победиме! Ми се свигаше али одразот во излози и огледала шо го видов вчера. Може и болje.
Ден 15 Добро што ми текна да ги бројам деновите (фала Жапче за идејата), некако помотивирано си се осеќам вака. Ќе се мерам за 15 дена, да ме изненади резултатот (позитивно, се надевам ). Доручек за денес манго, ужинка бомбици од урми и кикирики со кафе, па после уште една тура (по две бомбици во секоја) со зелен чај. Ручек наут со зеленчук, а за вечера планирам спанаќ.
Јас не памтам кога почнав, а и сменав апликација во меѓувреме. Треба да видам на оваа апликација кога почнав и да си бројам. :3 Денес јас со менс, така да нема мрдање од кревет за вежби, исто како и вчера. Ама за разлика од вчера, денес немам апетит и тука е таа рамнотежа со менс мој. Вчера се частив кросан мал од 40г и банана за појадок, морам многу благо кога сум во мака. Исто и за ручек место два компири беше еден компир и кросана. Битно уште во дефицит сум. Утрово со план сум банана и праска една, така полесно. За ручек варен компир и две- три свежи печурки ќе пропржам. И пак не знам вечера, ама имам марула па се думам да напрам огромна салата од многу марула, краставица, домат или марула, салама, малку кашкавал, сирење, јајце и павлака. Едното посвежо, другото покалорично, треба да напрам математиката еднаш.
Ден 24ти. Ja малку заборавив на деновите. Борбата продолжува. Да не мислите на oткажуванje! Ке победиме.))) Ок е иначе. Фали вежбанje. Фали и мотивациja за вежбанje. Осекам али ке доjде.
Жабата ме потсеќа на политичар со она “Борбата продолжува” Како сте? Јас со 1.700+ се вратив од одмор. Не јадев многу,ама лоши комбинации,неколку сладоледи,кафе со млеко,и нередовна столица си го направија своето. Сега не знам кој пат да го фатам Ок сум денес,овес со јогурт,една банана,салата и две кафиња.. Ќе се потрудам да јадам “чисто” и без процесирана храна. И кето е супер,поготово за обем,ама не е долгорочно решение... До следното читање и мерење
Супер ќе бидиш, ќе видиш. Ако си каснеш нешто башка, ќе испливаш уште 1км плус, ако си на вода, а ако не си, ќе испешачиш повеќе...Еве ти вака - онака физичка активност. Среќно. Јас викендов не бев нешто одговорна. И онака дан за мерење си го земав петок, па имам можност да се оправам. Имајте убава недела во боите на зеленчукот и овошјето. Во боите на една пиљара
Pojadok 1 banana i edno tursko kafe Sea za sea dosta e Tuka moram da jadam leb toa mi e cela frka ama ke gledam da se drzam max Poz od Germanija
Здраво на сите денеска јас рршив да почнам со диетата утрово изедов 2 праски дали имате идеја како да го продолжам денот?
Ден -4. Почнувам од петок . А до тогаш се надевам само дека нема ептен да претерам. Не знам што ми е. До толку да се претерувало, како да е дојден судниот ден и што ќе се изеде денес - тоа е.
Јас од кога зедов да се хранам нормално, откако вклучив појадок, намалив благо и леб, без вечера или слаба, вагата мрдна вчера од 74 на 73. И полеко се осеќам. Вежбњето многу ми влијае и тоа утринско е. Завршив со диети и шејкови, сега сакам детокс да направам оти така ми препорачаа.
Јуле, сеа ќе се стабилизираш. Штом вежбаш тоа ти е огромна придобивка прво за здравјето, а потоа и за линијата. Најбитно е балансирана исхрана. Се сеќавам ти се обидуваше и со УН и со хроно. По мене хроно е се, освен балансирана исхрана. Мислам дека сега го правиш правиот избор. Задолжителни 3 оброка. Појадок обавезно, ручек за ручек, а вечера по можност салата. Без благо, бел леб и газирано Без пржено и сувомеснато Зголемен внес на овошје и зеленчук И ќе видиш Среќно Ај да не се понашам ко нутриоционист некој . Јас еве денес грешката веќе ја направив. Саатот е 12 и кусур а ја суште немам појадувано. И после шта??? Уф бре, да бев дете ќе си ги истегнев ушињата
Мрдна пак надоле вагата Добра сум вчера и денес,се држам фино,на работа имаше роденденска торта ама ја глеав ко смртен непријател Доручек overnight овесна каша,со рендано јаболко,и прелив од мед+путер од кикирики Ужина р’жани макарони со песто и свеж домат Вечера во план ми е зелена салата,со парче сирење