Овој начин на исхрана ми е познат. И моја блиска пријателка моментално го практикува ама 16 со 8. Но мора да се внимава на внесот на калории и во 8те часа а и во 5те дена. Инаку може само да се доведе организмот во шок состојба и да складира повеќе масни резерви за до наредно внесување на храна. Без редукција и внимавање при внес на калории, претходна подготовка на организмот итн. лесно може да се постигне контраефект. Примери за тоа има многу. Пријателкава има цел - 10 кг. За скоро 3 недели успеа – 2 кг. Промена во енергија според неа нема.
денес 20ден и -4кг подршка до сите што се на диета само верувајте во себе и ќе успеете,за убавина мора да се трпи
27ми ден откако почнав да вежбам! Вагата прееска покажа 69 кг!!! И тоа се мерев после доручек, со се облека и обувки на мене. Ептен полесно со чувствувам, посебно пределот околу стомакот кога седам веќе не се прават огромни спојлери, сега се малецки, работиме кон минијатурни да станат
Уу ама секси бројка @SV1911 Браво за тебе оти реално потешко е да слабееш кога си претежно дома И јас сум супер писледните 10 дена,надоле си иде вага и обем,и одам минимум 2 пати дневно во вц,а пред тоа 3 пати неделно одев(извинете ако сум гадна).Јадам полнозрнести житарки во сите облици,и многу свежа храна,изглеа до тоа е.Плус сезонава нуди такво шаренило од свежа храна,баш е лесно и вкусно. Вчера и сладолед каснав,и и ладно кафе со млеко се имам напиено тук таму ке грицнам нешто,ама не ми смета.Дај боже да продолжи вака И да,навечер речиси и да не јадам
Не можам да се вратам во колосек. Се нанервирав и земав да ги тргам алиштата од Орбитрекот, оти, нели ко закачалка служи и се уморив работава тргајќи ги. Ни едно крукче не свртев. За ништо не ставам (чинам) што би рекле Булгарето. Се надевам утре ќе е ден за враќање, уф.
И јас денес мрзливо, од кога станав - спијам. Се влечкав дома и дур се влечкав се сретнав со дете од теретана. Мислам дека ми е совеста зошто не бев. Се немам одамна мерено, денес ми напна и апликацијата за тоа. Па ќе биди утре си викам. Да имав вага полесно ќе беше.
Цели 50 jumping jacks напраив сабајле у 6.30. Изледа стварно се изнервирав )) Кај и да е, ќе стасам до една минута вежбање насабајле. Тешко мене. Тешка е староста и залежаноста, особено тежокеигазоткогатежиатежи Овошен ќе го направам денов. Смудиња и такви ствари.
Од 4ти Јуни до денес намалив од 69,8 до 69,3. Не знам дали да плачам или да се смеам. Мислам периодов ми беше стресен, имав мака со глава и желудник и не можев да вежбам како што си знам. Се хранев за нијанса понездраво и не знам дали е уствари ова успех што не стагнирав и што не кренав кила, или сепак е неуспех зошто е голем период во кој едвај ја мрднав вагата. Денес вежбав - душа ми излезе. Не знам во последно како друг чоек сум. Ама ај, кога се има редовност секој ден е полесен. Да си се мотивирам некако зошто и кардио ден се ближи. Деновиве правевме генералка дома, па со варосвање и теписи немам веќе неколку дена и е валкано, па ни домашните вежби не ги правам. Готово корен фатив на креветот.
Да ве поздравам сите, и да ви кажам дека сте на вистински пат и можете да постигнете се што ќе посакате. Во продолжение, ви давам неколку совети од нутриционист, со кој лично мене ме советувал. -По јадење, зборувам било кој оброк, не пијте вода и течности 2 до 3 часа по оброкот. Исто, не пијте вода и течности за време на оброкот. На храната и треба време за дс се свари, а водата само го усложнува тој процес. -Избегнувајте млеко, иако е со 0,9 или 1% масленост, отфрлете го целосно, истото важи и за кашкавалот, сирењето и другите сувомеснати производи -Манџите јадете ги без запршки -Не користете сол во јадењата, освен во манџи и таа сол нека биде Хималајска сол -Немате никаква корист ниту од кафеавиот а ниту од белиот шеќер -Знаеме дека треба да пиеме најмалку 2л вода на ден, но нека не биде од чешма. Најдобро е Пролом вода. -Белиот леб, пецивата и лиснатото треба да ги исфрлите.Додека Тонус лебот е совршен за вас. -По ручек не јадете овошје воопшто. -Користете маслиново масло, не сончогледово И верувајте дека можете да постигнете резулатати и без вежбање, според мене поголемо влијание има храната отколку вежбањето кога целта е да се ослабне. Само напред
Денес,сабајлечки, од физичка активност само пешачење. И синоќа исто. Соја шницли на мени. Циклусов нек пројде. Па да се видам.
не знам шо се дешава со мене, ама на спиење изгледа губам 1 кг, а после го надокнадувам одма Молчам оти не сум најпослушна како што сакам, али добро е. Некои навики сум ги прифатила значи Нема нешто промени во кг, см и слично.
Здраво девојки Еве да напишам и јас 20 дена без благо,леб,газирано. Мислев дека ќе испуштам душа без благо,ама не. Неможам да се држам кон специфична диета,некако ме напнува па решив да си го растерирам мозокот,да научи еднаш засекогаш што е убаво Многу ми е убаво,полесно ми е и не чувствувам глад. Си јадам се' само без леб. Внесувам мн течности и овошје. Пешачам по 1 час на ден сега додека поминат испитиве,па потоа планирам да преминам на поинтензивно вежбање. Ме интерсира дали некој се придржувал кон ваква исхрана и колку намалил ? Јас до сега 4 кг! Поздрав,убав ден ❤❤
Изгубив осет за денови. Понеделнички ќе почнам да ги бројам ко први ))) Не дека е први, не дека деновиве не се контролирам, ама, за да се контролирам и понатаму, ми треба редовен рапорт и ми треба чист, нов, фришка нов старт. yes sir, no sir! Спласнува издуеноста од циклусот па, ми олеснува. Не било салце Напорен циклус. Поиздуено и поуморно не сум се осеќала од не знам кога. Вчера, плус пуканки додадени во мени. Боља верзија од чипс и смоки. Денес, немам поима што би било. Осеќам потреба за некоја течност, лесна манџа. Утрински... вежби тро направени-грб, нозе и такви мити ствари. Јеа! Можда и ќе не биде. Ќе победиме!
Има еден рецепт за крем супа од тиквички од МисДиор кој ем е нискокалоричен ем е превкусен. Можеш и тоа наместо манџа А кога сме кај манџи летна манџа ми е омилено јадење