Ден 40! На мени за денес: Д: Смуди од манго, омлет од брашно од наут со домати и пиперка и една краставица Р: Два сендвича со хумус и зеленчук и една шака индиски ореви и бадеми, предходно потопени во вода (подобро се усвојуваат доколку стојат неколку часа во вода предходно) В: Смуди од манго и супа со зеленчук и леќа Ќе се мерам наскоро, се надевам ќе има резултат и на вагата. Стомакот и нозете ми беа проблематични, па гледам дека вежбањето дава резултати се повеќе и повеќе. Има денови кога не ми се вежба баш, ама ќе се натерам и не попуштам. Утрово вежбав рано, пред работа, а не после како обично што правам и приметив дека подобро ми е вака во однос на енергија и правилно распоредување на приоритетите во текот на денот, па ќе вежбам вака рано секое сабајле. @kikin можеш и во двете теми да пишуваш, што има врска. Мислам дека денешното мени ти е добро. Мој совет ти е да најдеш барем 10-15 минути во текот на денот за кардио, побргу ќе ти помогне да ослабиш и општо ќе се чувствуваш подобро.
Да ви кажувам ли колку сум гладна или да си кутам хммм? турско и шопска огромна со маслинка и сирење денес за ручек вечера нема само вода имам 20и некој ден да симнам 6кг
Uff i ja sum mn gladna,drzam nekoja svoja dieta jadev samo ednas i toa makaroni so tuna i pijam po 2-3 l voda na den nekogas i limonada si pravam nekogas plus vezbam pa kje vidime dali kje ima rezultati
Денес 2 саати пливање. - Банана, чиа со јогурт и боровинки, макјато, топка вегански сладолед без шеќер, лубеница. - Риба со салата, супа, едно чајно колаче - Јаболко. Можам и подобро. Без сладолед и чајно колаче.
Ве читам и ви се чудам. Можам да кажам дека вашите 'грешки' околу ,,ДИЕТА" збор кој е лошо протолкуван, во превод значи исхрана, а не гладување, со никаков дневен внес на нутриенти, ме натера да креирам профил за да објаснам некои работи. Што мислите со гладување? Така не се слабее, т.е во зависност од процентот на масното ткиво се слабее до одредена граница и тоа нездраво, а што понатаму кога ќе дојде до стагнација? успорување на намалувањето на ,,боди фет", а ние имаме уште на пример 10 кг сурплус? Ќе се намалува храна додека не дојдеме до една банана дневно? Тоа доведува до губење на менструален циклус, успорување на тироидна жлезда, намалено либидо, лошо расположение, намалена енергија, лош хормонален баланс и т.н. Диета не постои, паметно е правилен начин на исхрана. Во фаза кога сакате да се доведете во форма се треба да е испланирано. Одреден дневен внес на калории во зависност од вашата активност, пол, години, метаболизам и минимален дефицит од вашата дневна потрошувачка на калории. Правилен внес на сите макронутриенти: Протеини, Хидрати, масти. Физичка активност, тежински тренинг и кардио вежби одредени во периодот кој е најдобар за користење на мастите за енергија со правилно дозиран интензитет. Девојките прават најголема грешка со саати кардио на ден, 6-7 пати во недела, со тоа што пумпате голема количина на кортизол, стрес хормон, кој складира масти, а притоа ги распаѓа мускулите, што во превод ви значи - успорување на метаболизмот, а откако ќе се вратите на "нормална" храна доаѓа до јо-јо ефект. Нашето тело е сложена машина. Она што треба да го разберете е дека со ниско калорична ,, Диета" без никаков правилен внес на нутриенти никогаш на крајот од ,,диетата" нема да дојдете до посакуваната форма, секогаш ќе остане сало кое ќе ни ја влошува цела фигура, а тоа е токму поради овие грешки кој ги споменав.
Можеш ама не мораш @Ariel сеа до толку згодоноќа,шок е Јас имам супер главни оброци,избалансирани перфект,ама ми чепка рачето глупости на моменти,меѓу оброци,најлошото Се на се,добро се држам,не се мерам,оти нагла промена немам,варираат само некои 500/600 гр +/-.Битно ми е да се осеќам лесно и неподуено. Во глобала вртам иста храна-зеленчук,овошје,полнозрнести житарки во сите форми и обавезно без квасец,лосос и мисиркино,јатки,бадемово,јогурт.. Напредок ми е прво кафе без шеќер и млеко,во пласневното ставам малку каф.шеќер само.. @kikin вчерашното мени ти беше малку утка,а денешното перфект Лебот и бејк ролс-от се апсолутно ист ѓавол,не е битна формата кога внесуваш пченично бело брашно. Почни го денот што повеќе протеински можеш,и ако не те мрзи стисни си лимон во млака вода за добро утро Бананата исто премести ја за околу пладне,да ти дојде ко ужина баш кога енергијата почнува да опаѓа Чус,до утре
Edna drugarka sto ne se imavme videno 2-3 nedeli mi rece deka sum zdebelena. Znaci kakooo posle tolku maki? Cela motivacija mi iscezna. Nemam nadez... Ama ajde, prodolzuvam, moze ke se sluci cudo..
Ова нека ти биде мотивација, нареден пат кога ке те види да ти рече дека си ослабнала. Нема одкажување
Јас сега ке пишам вие утре ке прочитате па ке давате ум имам течности задржано отечени прсти на рацете шо да јадам пијам да изфрлам течностите
@ALISA0000 намали внес на шеќер најмногу што можеш,кафе,вклучувајќи газирани пијалоци кои содржат кофеин,и помалце процесирана храна. За да исфрлиш вода помага чај од магдонос(пази паѓа притисок),лимонада без засладувачи,чај од семе од анасон,и физичка активност т.е да се испотиш
Ќе го издржам шокот @dunika Колку лесно се качуваат, а тешко се симнуваат... Ајде, нов ден, идемо даље и пуно боље
благо не јадам газирано ич ете од сабајлето почнав со лимон цеден у млака вода да купам поручек магданос од утре и со него ке почнам Вчера терав со шопска +сиренце и маслинка а денес планирам скроз овошен да терам за почеток 1банана 2мали праски 3сливи црни +бадем 50гр ти до кај стигна? аман со овие староновите воскреснати профили Мислиш ние не го знаеме сето ова од погоре?
Синоќа направив грешка, каснав 2 коцки проја (малечки ама сепак), ама морав на гости бев. Иначе се на се супер ми се деновиве, терам некако без грешки и со многу физичка активност. Се разочарав многу синоќа после тоа што го слушнав дека сум била многу здебелена, а кој не би кога со денови и недели пази што јаде и подголтнува кога ги гледа другите како си јадат се и сешто, а и душата да му е падната од вежбање и работа. Нормално секој би се разочарал. Ништо ајде, си продолжувам вака, ако за еден месец не подослабнам барем малце е тогаш стварно ќе се откажам и никогаш веќе диета не почнувам. Смачено ми е цел живот се мачам за пак ваква дебела. Леле место да давам мотивации овде, јас демотивации. Ама изреволтирана сум ептен. Си порачав суќна фармерска преубава, ама ми влегува само до коленици, нагоре не оди. Што мислите, ќе можам да ја облечам за месец-два?
@waterllady таа што те видела ништо не знае! Не се разочарувај, ќе стигнеш до целта. И најважно, сакај ја храната што ја јадеш, зашто само така нема да гледаш на овој период како на мачење. Ден 41ви! Вежбав јога/пилатес со фокус на стомачните, убаво ми дојдоа сите растегнувања. Порано вежбав јога речиси секој ден, ама м-р-з-а и сега се задоволувам само со тегови и кардио. А можам подобро. Денес на мени: Чаша вода со лимон Д: (после вежбање) смуди од манго, две мали банани, неколку сливи и кајсии У: неколку кајсии Р: две големи манго, неколку кајсии, една мала банана, печени семки од диња и кокосови трошки Ужинка и вечера сакам само овошје и семки ми бидат, ама ќе видиме. Ова ми е прв пат чисто овошен ден.
многу сакам да се измериш на вага и на обем колку имаш симнато за овие 41ден се мислам дека си стопена
Me interesira onaka koga izlezete u kafic so piete ? Posto alkohol ne e dozvoleno,gazirani pijaloci ne se?
Ќе се мерам утре, зашто ако се измерам сега после толку храна ќе се депримирам. Вода! Или чај, кафе без шеќер, свежо цеден сок, смуди..