Јас почнав да слабеам кога престанав со диети и кога сменив начин на исхрана заради здравје. Дефинитивно имам мака со глутенот. Вчера јадев доста храна со глутен и бело брашно. Не знам што се не се напив за да смирам желудник и меше. Денес храна без глутен и одма сум подобра.
Само саси вода не ми помогна мене, мора во комбинација со здрав режим на исхрана, трпение и резултатите се видливи. Денес 10 ден Д: праски и кафе турско без шеќер Р: месо и зелка салата В:салата Има видливи резултати
Мој режим, јадам овошје, зеленчук,месо, јајца, леќа, грашок, риба секаква, киноа, печурки. Никако не внесувам млечни производи додека не дојдам до посакуваната тежина, алкохол никако и производи од бело брашно и никакви шеќери и засладувачи. Глад не осеќам ниту потреба за благо, а за само 10 дена имам видливи резултати и на вага и во обем.
Многу се форсирам со здрава храна и вежбање, ми се слоши денес. Имам уште две серии до крај, ќе цркнам. Ако не ви пишам до крајот на денот, се гледаме на гробишта Бутел, алеа 27. Поздрав.
@SV1911 те читам за постењето од храна. Колку често постиш и што внесуваш тие денови? Намалена ти е енергијата тие денови?
Еднаш неделно постам, некои 19 часа до кај 24, само со вода, без никаква храна. Првиот пат енергијата ми беше намалена, а кон крајот на денот чувствував и како трпнење во рацете и на јазикот. Второво било нормално поради тоа што телото се подготвува за лов на храна (инстинктот проработува) и сите сетила се изострени. Вториот пат веќе имав енергија, но трпнењето повторно стана присутно.. последниот пат имав енергија многу, а немав трпнење, можеби поради тоа што немав време да мислам на тоа. Наредниот ден продолжував да вежбам најнормално, дури вежбите со скокање ги правев подобро.. може ми се чини, ама таков впечаток добив. Прочитај за autophagy, тој е тој метод на постење за прочистување на организмот од слабите клетки.
Денес трети ден засега добро оди,вчера за малку ќе посегнев по нездрава храна но издржав денес полесно ми беше
Луѓе па јас на вага не сум мрднала ни 1кг. Се изнервирав од сабајле. А баш синоќа тетка ми беше може 2-3 недели не ме видела и ми викна оти сум се направила ко костур. И каишот понатака го закопчувам. А на вага пак сум 57
Па и дм тоа ми вели, сум згрешила во обем што не сум се мерела. Реално немав и некој стомак туку бев подуена ко трудница. Ке пробам од денес со мерење да видам за недела дена што ке се случи.
Да, во право е, мерењето со метро е многу поверодостојно. Запишувај си ги мерките за обем на раце, гради, струк, колкови и обем на нозе и од време на време следи ги. Многу подобар репер е тоа отколку вагата. Ке редактирам: Ме интересира дали некој од вас се обидел со intermittent fasting? Сум слушнала дека дава позитивни резултати, па ако некој има пробано ве молам споделете.
Повремен пост, најчесто 16 часа без храна, со 8 часа внесување на потребните нутриенти. На пример од 20ч навечер до 12 сабајлето пост, од 12 до 20ч ги внесуваш потребните калории. Немам искуство со ,,Интермитент фастинг", но веројатно доколку се спроведе како што треба може да даде позитивни резултати, калорискиот дефицит е најбитен на крајот од денот. Пробај, за некого е ок, за некого не одговара. Поздрав
@SwanMay постот на @SV1911 за којшто вчера ја прашував е таков пост, види и го мислењето од вчера, детално е опишано што прави.
Ти благодарам, @Ariel . Не ми беше познато дека @SV1911 се води по таа шема. Гледам на нет дека многу девојки имаат убави резултати и со вежбањето плус добиваат уште поубава дефиниција на телото. Вреди да се проба.