Вреди дефинитивно, само не очекувај резултати веднаш. Јас почнав овој начин на постење да го практикувам поради здравствени причини, бидејќи слабите клетки се првите што одат кога телото е изложено под стрес (постењето без храна е стрес за телото).
Само уште ова: Дали е ова шемата што ја користиш? Како што рече @BB Clasic погоре, каде што се гладува и се внесуваат нутриентите во временска рамка. И дали кога постиш наутро е дозволено барем кафе, зелен чај или исклучиво само вода?
@SwanMay, на IF во време на постот дозволено е вода, зелен чај и чисто кафе без шеќер или засладувачи.
Јас искрено велев вака за 60кг. ама бев 72, па ослабев, едно време до 48 стигнав ама беше премалку за мене никаква бев.Сега 53-54 ми се таман.
Не е оваа, ама има разни начини на постење. Некои се 16 часа и 8 часа јадење, имам читано искуства на луѓе кои што секојдневно ова го практикуваат ама за мене лично ми се чини неизводливо. Исто постои и 5:2, пет дена јадеш нормално а два дена во неделата се ограничуваш до 500 калории (мислам дека ова е тој начин на постење кој го имаш постирано). Јас постам од петок после вечера која што е секогаш нешто лесно, како смуди и голема порција свежа салата и после во саботата пијам вода со лимон наутро, а преку целиот ден вода и чашка или две зелен чај без шеќер. За кафе не сум сигурна. Постам минимум 19 часа, бидејќи тогаш е пикот на аутофаги и тоа е тоа што сакам да го постигнам.
Многу ти благодарам и тебе. Нема да избрзувам, убаво ќе истражам пред да започнам, но дефинитивно ме заинтригира и ќе пробам.
Здраво згодни Викендашки правев мали испади,проследени со самообвинување и грижа на совест ама тоа е. Денес одма се вратив во игра Доручек овесна каша со сецкани кајсии,во меѓувреме мноогу вода и еспресо без шеќер,ручав печен сладок компир со маслиново и италијански зачини,јогурт сос и краставица свежа. Вечер ке биде зелено-брокула,спанаќ краставица.. Ако падне шеќер ке делнам лубеница
Денес појадок свежо цеден сок Ручек: полнета пиперка со киноа и печурки со салата Вечера: само салата Успешни 11 дена
Здраво лепотици! Еве краток осврт на денот Позитивни работи: - еден оброк ми беше салата - испив едно еспресо и два зелени чаја - во нормални услови ова ќе беа три макјата, со 100 калории секое - повежбав пола саат. Негативни: - сепак испив 2 макјата - можев и на едно да останам; - не беа њоките за ручек толкав проблем, колку што беше втората чинија . Утре ќе биде полошо, уште од сега знам .
не сум откажана од процесот, само послабо пишувам на темава. Скоро две ндели на некој здрав начин на исхрана. Се немам мерено, Ама по некое аливце приметувам дека во обем имам намалено. не е многу, па не сум напраена манекенка, да не се лажиме, ама најбитно ми е што се чувствувам поенергично. Ми одговара ваквата исхрана, башка што е лето и салатите ми се омилени и најприфатливи за јадење.
Дали со физички активна? Пробај со брзо пешачење, пливање или возење велосипед за да се убрза метаболизмот. Исто така, обиди се да ги поделиш оброците во повеќе помали порции. На пример, наместо 3 големи оброци, направи си 5-6 и распореди си ги до не подоцна од 19-20h... Деликатна е состојбата, ако не се лажам рече дека имаш проблеми со тироидната жлезда. Само намалувањето на калории веројатно не е доволно, мора да се вклучи и физичка активност.
@ALISA0000 јас никогаш првите две недели не слабеам. Од третата почнувам. Почекај уште малку, може ќе “тргне”.
не рано ми е суште незнам неам и друго чаре освен да продолжам оти ако почнам да јадам нормално отиде вагата нагоре
не. деновиве исклучи ЈХ внесувај протеин и салата. подбутни го организмот дошло до стагнација поради нешто.