Јас денес јадам само јаглехидрати и шеќери. Појадував еден портокал, едно парче интегрален леб намачкано со мармалад. Потоа бидејќи не бев дома беб принудена да јадам надвор па за ручек јадев една кифла со сирење и накај 18 часот еден сладолед кој зачудувачки имаше 220 и нешто калории . И толку. Мајка ми ми купила и една крофна ама нема да ја јадам. Многу ќе ми дојде. Денес знам дека претерав, утре на овошје и зеленчик само. И да не заборавам да ви се пофалам, видно се гледа дека сум ослабнета, нозете почнуваат да слабеат, се приметува, а и синоќа на перани панталони по кои увидов дека сум поправена сега ми се широки. Добро е, не се многу кг, ама добри се за самодоверба и волја. Сега уште повеќе сум мотивирана. Овие денови ќе се мерам, престана ми менструацијата, па конечно ќе се измерам. Се повикува Гага да ми пресмета колку калории имам внесено денес, онака ради љубопитност .
На дужност. Портокал 80+Леб 60+Мармалад 80+Кифла 240+Сладолед 220=Околу 700 калории. бај д веј, ако кифлата е лиснато, додај уште 200 калории.
Бај д веј, Гага најискрено од срце ти кажувам, ми иде да земам да превртувам со очите кога ќе видам дека си пишала во темава. Искрено претеруваш и тоа над максималното претерување, јас не знам ти што би правела ако од не дај Боже причини накачиш некои 5-10 килограми. Соземисе дете додека ти е време. Апла претеруваш.
Епа сега, ако ти се превртуват имаш некое друго решение. Иди на очен лекар, белќим ќе ти помогне. И не ми е преоптеретување.
Ајде, ок твое си е терај работа. А до кај ќе стигнеш не знам. И за моите очи не се секирај, супер ми се. А ќе те поштедам од понатамошен коментар.
Мене денес ми е овошниот ден. Се канам нон-стоп да прекинам со диетава барем некое време, ама не можам бре. Немам контрола така и толку е. А вака ми е убаво, секој ден си е определено и не се замарам Ме боли проклетава нога многу, не можам да вежбам денес, ко старица некоја реума ме фати
ох цурки, се окозив саат време возев ролерки после се фатив за едно дрво и ролав напред назад, во полуклекната состојба доги стајл нешто у тој фазон т.е не, ко да сте потпрени на маса де! хахахах, перверзија се шалам, како и да е се запотив ко никад до сега, кој ја е‘е менструацијава, сега коа ќе фатам зумба саат време мора мора, не може ова вака, кога веќе гладувам, бар и рускиов телевизор да го затресам малце и така, супер се осеќам бре, имам желба уште да вежбам
и јас тоа го велам кога веќе толку вежбам не јадам од инает знае некој колку калории дневно се внесуваат со диетата на Жан Митрев од прилика ?
Портокалот немаше околку 60 калории? Како и да е не сум надминала 1200 калории, кифлата не беше лисната, баш на тоа пазев. И реков дека нема да јадам крофна ама каснав половина, што да правам, каква беше со кремче ммм. Ако е бал нека е масекнбал, денес и така се е во знакот на тестенини и шеќери. Утре овошјето и зеленчукот нека му ја мислат. Напаѓам . Ти благодарам Гага
НП. PS:Тоа е на 100 гр. а да речеме си изела 130-150 грама па затоа толку. Научи си, многу е поубаво да си знаеш пример колку треба да јадеш калории дневно и што и да јадеш да не надминеш. Ете денес јас милка со лешници, па грав + тостови едни и не надминав 1400 калории. Сепак не е важно што јадеш, туку колку јадеш.
Да прашам колку калории има во една порција макарони ??? зошто луѓево кога ќе кажам макарони сум јадела прават фаци како да сум изела два оброци од мекдоналдс ... Ме ставаат во дилема а ако нешто обожавам тоа се тестенини. И тие ли треба да ги баталам ... ?
Епа јадев пржени компири На здравје нека ми е...и тоа со сирење!! Да не случајно ми дојде многу посно!! Ама шо да праам и ја ме пукна ПМС, ме нервира бившиот, си го изгубив телефонот..и удри на компирите Ај ако може некој нека ме просветли колку е тоа во калории?? Нема да јадам ништо друго денес и ќе гледам да сум утре само на цреши...Ќе си пукнам
You wish. 1000 калори од чоколадо, чипс и тост, НИКАКО не е еднакво на 1000 калори од овошје, зеленчук, природна и свежа храна не е само до калориите, каде се мастите, холестеролот, јаглехидратите, шеќерите (оние шеќери во свежо овошје се тотално различни од оние во милката), протеини, витамини....и уште што не. Да се разбирав, ќе ти објаснев и стручно, ама толку ми е знаењето Јас повеќе би рекла дека - не е важно колку, туку што. Подобро едно кило овошје, од колку една милка...значи се сведува на што - здрава храна - основата на секоја диета
Интересна работа е што кога одеш кај Цвета, таа во денот кога имаш јаглехидрати ти препорачува да јадеш тестенини, можеш и пица вегетеријанска, цела. Исто и кај УН диетата, во оваа диета вечерата се состои од 3 топки сладолед и еден ред кујнско чоколадо, а за ручек еве да кажеме си јадел пица. И од овие две диети јас имам најмногу ослабнето. А јадев многу. Кога имаше риба, јас јадев филети или шарска, свинско месо. Значи јадев и калорична и не баш здрава исхрана, плус и мрсна. Овошје и зеленчук многу малку. Не сум нивни љубител. А кога држам диети исклучливо на база на зеленчук и овошје и на нискокалорична храна, јас не слабеам, само организмот ми ослабнува. Така да јас се повеќе и повеќе се уверувам самата дека всушност е битна комбинациијата на храна. Протеини со протеини, јаглехидрати со јаглехидрати. Единствена мана на ваквите диети е едноличноста и здосадуваат. Јас иако знам дека од нив најмногу се слабее и сум ослабнала и самата, неможам пак да ги држам, досадни ми се.
^ Aлиса, чоколадите воопшто не се штетни, напротив имаат доста витамини, влијаат позитивно на мозокот, штитат против алергии, зачи немаат т.н штетни материи како што има во џанк фуд, прженици, мрсни меса итн! чоколадото е убаво да се јаде умерено, дури и ако има повеќе калории! чипсот и таквите јадења, содржат голем процент на макронутритиенти, кои имаат огромна енергија (празна, зашто не те најадува) а имаат негативно дејство, значи не внесуваш ништо здраво,не се најадуваш, а сепак внесуваш многу калории!
Сакам да ослабам...ама никако да почнам...леле шо да правам..како да се убедам самата дека стварно ми треба диета или диета или помалце јадење
Теди една порција обични варени макарони одприлика 250-300 калории. Алиса, се гледаат и мастите и ј.хидратите, тие се поважни од протеините но сепак колку што е важно едното, важно е и другото. И да изедеш кило овошје наместо милка пак има шанса да се здебелиш... Ако си јадеш во нромални количини од се нема да се здебелиш. + пазење да не се надмине БМИ.
Теди, Цвета макароните ги дава во секоја диета, ама само со кечап. Пишав во претходниот пост јас од таа диета најмногу ослабнев, а јас јадев и лиснати кифли, за мене макароните беа „диетални“ .
Да да, и макарони дава( без сирење ама јас јадев со сирење ), значи таа може и бурек да ти даде, и сникерс ми давала да изедам, и пица вегетеријанска, риба кога имаше и јас менував друго месо или пушена риба јадев, и плус грешки правев па пак слабеев, а вака губам мотивација кога ќе ми превртат со очите за еден тањир макарони. Фала Гага.
Теди макароните на 100гр имаат 360 калории и патем, маслинов зејтин или било каков растителен зејтин е задолжително да се користи, зашто спречува срцеви заболувања, и содржи есенцијални маснотии, кои организамот не може сам да си ги произведе! зашто мора да се внесува и малце мрсно, ама кој да слуша :geek: 2 големи лажици на ден е сосема доволно